ураган Archives - Република https://republika.mk/tema/uragan/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 15:49:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ураган Archives - Република https://republika.mk/tema/uragan/ 32 32 „Демократски“: Службеник им наредил на работниците да не им помагаат на гласачите на Трамп по ураганот https://republika.mk/vesti/svet/demokratski-sluzhbenik-im-naredil-na-rabotnitsite-da-ne-im-pomagaat-na-glasachite-na-tramp-po-uraganot/ Sun, 10 Nov 2024 16:07:51 +0000 https://republika.mk/?p=836131

Надзорник на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) е отпуштен затоа што им кажал на вработените кои им помагаат на жртви да ги заобиколат домовите со натписи за поддршка на Доналд Трамп.

Шефицата на агенцијата Дин Крисвел рече дека постапките на надзорникот се за осуда, нагласувајќи дека ФЕМА сериозно ја сфаќа својата мисија да им помогне на сите пред, за време и по катастрофи. Крисвел не прецизираше кога и каде се случил инцидентот.

Гувернерот на Флорида Рон ДеСантис изјави дека Одделот за управување со вонредни состојби ќе почне истрага. ДеСантис ја нарече ситуацијата насочена дискриминација на поддржувачите на Трамп во Флорида. Персоналот на ФЕМА беше во Флорида и им помагаше на жителите по ураганот Милтон минатиот месец.

Персоналот мораше да ја испита штетата на домовите за да процени кој има право да аплицира за федерална помош. Дејли Вајр во петокот соопшти дека персоналот на ФЕМА ги проверувал домовите во Лејк Плесид кога им било наредено да ги прескокнат имотите што во дворовите имале табли со името или слоганот на Трамп.

Крисвел нагласи дека ќе продолжи да прави се што може за да се погрижи тоа никогаш да не се повтори. Конгресменот Џејмс Комер најави дека ќе ја повика Крисвел на сослушување пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом.

Флорида во изминатите неколку месеци беше погодена од два големи урагани. Најмалку 24 луѓе загинаа за време на Милтон, што остави милиони домови и бизниси без струја. Две недели пред Милтон, ураганот Хелена стана најсмртоносната бура што стигнала на копно во САД од Катрина. Повеќе од 200 луѓе загинаа, главно во Северна Каролина, каде беа уништени цели заедници.

The post „Демократски“: Службеник им наредил на работниците да не им помагаат на гласачите на Трамп по ураганот appeared first on Република.

]]>

Надзорник на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) е отпуштен затоа што им кажал на вработените кои им помагаат на жртви да ги заобиколат домовите со натписи за поддршка на Доналд Трамп. Шефицата на агенцијата Дин Крисвел рече дека постапките на надзорникот се за осуда, нагласувајќи дека ФЕМА сериозно ја сфаќа својата мисија да им помогне на сите пред, за време и по катастрофи. Крисвел не прецизираше кога и каде се случил инцидентот. Гувернерот на Флорида Рон ДеСантис изјави дека Одделот за управување со вонредни состојби ќе почне истрага. ДеСантис ја нарече ситуацијата насочена дискриминација на поддржувачите на Трамп во Флорида. Персоналот на ФЕМА беше во Флорида и им помагаше на жителите по ураганот Милтон минатиот месец. Персоналот мораше да ја испита штетата на домовите за да процени кој има право да аплицира за федерална помош. Дејли Вајр во петокот соопшти дека персоналот на ФЕМА ги проверувал домовите во Лејк Плесид кога им било наредено да ги прескокнат имотите што во дворовите имале табли со името или слоганот на Трамп. Крисвел нагласи дека ќе продолжи да прави се што може за да се погрижи тоа никогаш да не се повтори. Конгресменот Џејмс Комер најави дека ќе ја повика Крисвел на сослушување пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом. Флорида во изминатите неколку месеци беше погодена од два големи урагани. Најмалку 24 луѓе загинаа за време на Милтон, што остави милиони домови и бизниси без струја. Две недели пред Милтон, ураганот Хелена стана најсмртоносната бура што стигнала на копно во САД од Катрина. Повеќе од 200 луѓе загинаа, главно во Северна Каролина, каде беа уништени цели заедници.

The post „Демократски“: Службеник им наредил на работниците да не им помагаат на гласачите на Трамп по ураганот appeared first on Република.

]]>
Ураганот „Оскар“ ги погоди југоисточните Бахами и се движи кон Куба https://republika.mk/vesti/svet/uraganot-oskar-gi-pogodi-jugoistochnite-bahami-i-se-dvizhi-kon-kuba/ Sun, 20 Oct 2024 17:17:40 +0000 https://republika.mk/?p=829217

Ураганот „Оскар“ денеска ги погоди југоисточните Бахами и се упати кон Куба, објави Центарот за урагани.

„Оскар“, кој Центарот го окарактеризира како многу мал ураган, се формираше вчера како тропска бура источно од островите Туркс и Каикос пред брзо да стане ураган.

Се очекува ураганот да стигне до заливот Гвантанамо или Холгин во источна Куба вечерва, каде што се очекува да донесе уште пороен дожд, соопшти Центарот за урагани.

„Оскар“ треба повторно да ги погоди Бахамите во вторник, само на друга локација.

Владите на Бахамите и Куба издадоа предупредување за ураган за југоисточните Бахами и кубанските провинции Холгин и Гвантанамо, до Пунта Маиси.

Кубанските власти издадоа предупредување и за северниот брег на провинцијата Лас Тунас.

Се очекува „Оскар“ да ослаби по падот на копното, но сепак би можел да има јачина на тропска бура додека се движи северно од Куба и назад кон централните Бахами утре вечер.

Максималната брзина на ветерот на ураганот е 80 милји на час, а центарот се наоѓа на околу десет милји југозападно од островот Велика Инагуа.

За време на оваа сезона на урагани, која започна на 1 јуни и завршува на 30 ноември, САД беа погодени од два моќни урагани во рок од две недели, „Хелена“ и „Милтон“.

The post Ураганот „Оскар“ ги погоди југоисточните Бахами и се движи кон Куба appeared first on Република.

]]>

Ураганот „Оскар“ денеска ги погоди југоисточните Бахами и се упати кон Куба, објави Центарот за урагани. „Оскар“, кој Центарот го окарактеризира како многу мал ураган, се формираше вчера како тропска бура источно од островите Туркс и Каикос пред брзо да стане ураган. Се очекува ураганот да стигне до заливот Гвантанамо или Холгин во источна Куба вечерва, каде што се очекува да донесе уште пороен дожд, соопшти Центарот за урагани. „Оскар“ треба повторно да ги погоди Бахамите во вторник, само на друга локација. Владите на Бахамите и Куба издадоа предупредување за ураган за југоисточните Бахами и кубанските провинции Холгин и Гвантанамо, до Пунта Маиси. Кубанските власти издадоа предупредување и за северниот брег на провинцијата Лас Тунас. Се очекува „Оскар“ да ослаби по падот на копното, но сепак би можел да има јачина на тропска бура додека се движи северно од Куба и назад кон централните Бахами утре вечер. Максималната брзина на ветерот на ураганот е 80 милји на час, а центарот се наоѓа на околу десет милји југозападно од островот Велика Инагуа. За време на оваа сезона на урагани, која започна на 1 јуни и завршува на 30 ноември, САД беа погодени од два моќни урагани во рок од две недели, „Хелена“ и „Милтон“.

The post Ураганот „Оскар“ ги погоди југоисточните Бахами и се движи кон Куба appeared first on Република.

]]>
Ураганот Кирк пристигнува во Европа https://republika.mk/vesti/svet/uraganot-kirk-pristignuva-vo-evropa/ Wed, 09 Oct 2024 07:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=824425

Делови од Флорида се подготвуваат за ураганот Милтон – бура од 5-та категорија која најверојатно ќе донесе опасни ветрови со брзина од 290 километри на час и ќе остави пустош по него.

Во исто време кон Европа се движи уште една бура – ​​ураганот Кирк, пишува Euronews. Иако Кирк повеќе не е класифициран како ураган, туку како тропска бура, сепак најверојатно ќе предизвика штета и нарушување во делови од Европа кога ќе пристигне оваа недела.

„Ова повеќе не е тропска бура со типична тркалезна, симетрична облачна структура и мирно око во центарот“, објаснува метеорологот Ларс Ловински за Euronews.


Кирк првично беше моќен ураган, кој се движеше помеѓу Бермудите на Карибите и Азорските Острови во централниот дел на Атлантикот во текот на викендот. Дури накратко стигна до категоријата 4 на скалата Сафир-Симпсон. „Сега ќе остане многу силна бидејќи ќе се развие во моќна атлантска бура каква што често ја гледаме над Северен Атлантик и Западна Европа во текот на есента и зимата“, објаснува Ларс.

Кирк ќе биде првиот таков систем оваа сезона, која вообичаено ќе трае од октомври до март во Европа.

Приближувајќи се кон европското копно, Кирк најверојатно од денес ќе почне да влијае на северна Португалија и северозападна Шпанија. Можни се многу силен ветер и пороен дожд пред да пристигне главниот систем.

Иако сè уште не е целосно јасно колкава штета ќе предизвика на западниот брег на Европа, бурата потоа ќе продолжи да се движи кон исток и северо-исток и од оваа вечер ќе стигне до Франција.

Ларс, исто така, предупредува дека обилниот дожд ќе претставува закана, главно во централните и северните делови на Франција. Можно е дождовите да ја зафатат и Белгија и западна Германија.

Обилните дождови може да предизвикаат и поројни поплави и поплави на реките, а во најлош случај и лизгање на земјиштето во планинските области.

Синоптичарите, исто така, велат дека Кирк би можел да донесе неколкучасовен силен дожд и силен ветер во делови од Велика Британија – но сè уште не е јасно колку точно ќе бидат силни.

The post Ураганот Кирк пристигнува во Европа appeared first on Република.

]]>

Делови од Флорида се подготвуваат за ураганот Милтон – бура од 5-та категорија која најверојатно ќе донесе опасни ветрови со брзина од 290 километри на час и ќе остави пустош по него. Во исто време кон Европа се движи уште една бура – ​​ураганот Кирк, пишува Euronews. Иако Кирк повеќе не е класифициран како ураган, туку како тропска бура, сепак најверојатно ќе предизвика штета и нарушување во делови од Европа кога ќе пристигне оваа недела. „Ова повеќе не е тропска бура со типична тркалезна, симетрична облачна структура и мирно око во центарот“, објаснува метеорологот Ларс Ловински за Euronews. Кирк првично беше моќен ураган, кој се движеше помеѓу Бермудите на Карибите и Азорските Острови во централниот дел на Атлантикот во текот на викендот. Дури накратко стигна до категоријата 4 на скалата Сафир-Симпсон. „Сега ќе остане многу силна бидејќи ќе се развие во моќна атлантска бура каква што често ја гледаме над Северен Атлантик и Западна Европа во текот на есента и зимата“, објаснува Ларс. Кирк ќе биде првиот таков систем оваа сезона, која вообичаено ќе трае од октомври до март во Европа. Приближувајќи се кон европското копно, Кирк најверојатно од денес ќе почне да влијае на северна Португалија и северозападна Шпанија. Можни се многу силен ветер и пороен дожд пред да пристигне главниот систем. Иако сè уште не е целосно јасно колкава штета ќе предизвика на западниот брег на Европа, бурата потоа ќе продолжи да се движи кон исток и северо-исток и од оваа вечер ќе стигне до Франција. Ларс, исто така, предупредува дека обилниот дожд ќе претставува закана, главно во централните и северните делови на Франција. Можно е дождовите да ја зафатат и Белгија и западна Германија. Обилните дождови може да предизвикаат и поројни поплави и поплави на реките, а во најлош случај и лизгање на земјиштето во планинските области. Синоптичарите, исто така, велат дека Кирк би можел да донесе неколкучасовен силен дожд и силен ветер во делови од Велика Британија – но сè уште не е јасно колку точно ќе бидат силни.

The post Ураганот Кирк пристигнува во Европа appeared first on Република.

]]>
Ураганот Кирк се движи кон Европа, ќе ги погоди Франција, Белгија, Холандија и Германија https://republika.mk/vesti/svet/uraganot-kirk-se-dvizhi-kon-evropa-ke-gi-pogodi-frantsija-belgija-holandija-i-germanija/ Mon, 07 Oct 2024 15:39:21 +0000 https://republika.mk/?p=823908

Во Атлантскиот Океан е забележана интензивна активност на урагани, додека во Јужна Америка потпросечните врнежи неколку месеци доведоа до силна суша.

Ураганот Кирк се движи кон Европа. Во централниот дел на Атлантикот тој достигна статус на четврта категорија, со максимална брзина на ветерот од околу 233 километри на час. Додека Кирк се движи североисточно кон Европа, оставајќи зад себе топли води, се очекува до понеделник да биде намален на ураган од прва категорија.

Во текот на следните неколку дена, ураганот Кирк ќе помине низ процес познат како екстратропска транзиција, што значи дека ќе го изгуби статусот на ураган кога ќе стигне до европските брегови во вторник или среда. Иако постојат одредени несигурности во метеоролошките модели за точниот пат на овој екстратропски циклон, се предвидува дека ќе се движи над северна Европа.

Франција, Белгија, Холандија и северна Германија очекуваат најсилни ветрови и најобилни врнежи. Ако системот се придвижи малку подалеку на север, најјужните делови на Велика Британија исто така би можеле да доживеат обилни врнежи.

Во Јужна Америка, пак, сушата е сериозна криза за многу региони по неколку месеци на потпросечни врнежи. Таа ситуација неодамна предизвика големи шумски пожари во Бразил. Нивото на водата во реката Амазон опаѓа со месеци и го достигна најниското ниво во последните 120 години, особено на пристаништето Манус. Сегашниот водостој е 12,66 метри, додека просечното ниво е 21 метар. Се очекува нивото на водата да продолжи да се намалува во текот на следните неколку недели.

The post Ураганот Кирк се движи кон Европа, ќе ги погоди Франција, Белгија, Холандија и Германија appeared first on Република.

]]>

Во Атлантскиот Океан е забележана интензивна активност на урагани, додека во Јужна Америка потпросечните врнежи неколку месеци доведоа до силна суша. Ураганот Кирк се движи кон Европа. Во централниот дел на Атлантикот тој достигна статус на четврта категорија, со максимална брзина на ветерот од околу 233 километри на час. Додека Кирк се движи североисточно кон Европа, оставајќи зад себе топли води, се очекува до понеделник да биде намален на ураган од прва категорија. Во текот на следните неколку дена, ураганот Кирк ќе помине низ процес познат како екстратропска транзиција, што значи дека ќе го изгуби статусот на ураган кога ќе стигне до европските брегови во вторник или среда. Иако постојат одредени несигурности во метеоролошките модели за точниот пат на овој екстратропски циклон, се предвидува дека ќе се движи над северна Европа. Франција, Белгија, Холандија и северна Германија очекуваат најсилни ветрови и најобилни врнежи. Ако системот се придвижи малку подалеку на север, најјужните делови на Велика Британија исто така би можеле да доживеат обилни врнежи. Во Јужна Америка, пак, сушата е сериозна криза за многу региони по неколку месеци на потпросечни врнежи. Таа ситуација неодамна предизвика големи шумски пожари во Бразил. Нивото на водата во реката Амазон опаѓа со месеци и го достигна најниското ниво во последните 120 години, особено на пристаништето Манус. Сегашниот водостој е 12,66 метри, додека просечното ниво е 21 метар. Се очекува нивото на водата да продолжи да се намалува во текот на следните неколку недели.

The post Ураганот Кирк се движи кон Европа, ќе ги погоди Франција, Белгија, Холандија и Германија appeared first on Република.

]]>
Бројот на загинати од ураганот Хелена во САД се искачи на над 130, милиони без струја https://republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zaginati-od-uraganot-helena-vo-sad-se-iskachi-na-nad-130-milioni-bez-struja/ Tue, 01 Oct 2024 06:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=821198

Бројот на жртвите на ураганот Хелена во шест американски држави се искачи на над 130, а милиони луѓе останаа без струја или пристап до интернет.

Спасувачките тимови во западните делови на Северна Каролина се обидуваат да стигнат до луѓето чија судбина се уште е непозната, три дена откако ураганот Хелена го опустоши југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави.

Бројот на загинати продолжува да расте бидејќи работниците за итна помош стигнаа до областите кои се изолирани поради урнатите патишта и големите поплави.

Советникот за домашна безбедност на Белата куќа, Лиз Шервуд Рандал, изјави дека до понеделник попладне, дури 600 лица кои се водат за исчезнати не се пронајдени, со проценки дека некои можеби се веќе мртви. Во тешко погодениот планински округ Бумкум во Северна Каролина, каде што се наоѓа градот Ешвил, загинаа 40 лица, изјави вчера локалниот шериф.

Залихите на вода и храна беа доставени со хеликоптери и авиони до жителите на областите кои останаа изолирани поради поплавите и прекините на електричната енергија.

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, предвиде дека бројот на загинати ќе се зголеми бидејќи спасувачите се приближуваат до областите отсечени од урнатите патишта, оштетената инфраструктура и големите поплави. Повеќе од два милиони домови и деловни објекти во Флорида, Џорџија, Северна и Јужна Каролина беа без струја вчера, според веб-страницата PowerOutage.us.

Официјалните лица предупредуваат дека обновата и закрепнувањето од големите материјални штети по ураганот ќе биде тешко и ќе трае долго.

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера разговараше со гувернерите на Џорџија и Северна Каролина и вети дека ќе ја продолжи федералната помош за жртвите од ураганот „колку што е потребно“.

Потпретседателката на САД, Камала Харис, ги откажа планираните активности во кампањата во Лас Вегас, Невада и се врати во Вашингтон порано од планираното за да учествува на брифинзи во седиштето на Федералната агенција за вонредни состојби (ФЕМА). Нејзиниот изборен штаб објави дека Харис ќе го посети регионот погоден од ураганот „што е можно поскоро без да ги попречува операциите за спасување во итни случаи“.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја критикуваше Харис дека не е повеќе вклучена во одговорот на ураганот и најави дека ќе го посети погодениот регион.

Тој ја посети Валдоста во Џорџија, наводно за да дознае за невремето и да помогне во дистрибуцијата на хуманитарна помош.

Трамп, исто така, рече дека разговарал со милијардерот Илон Маск за да обезбеди бесплатен сателитски интернет Старлинк (Starlink) за жителите на погодените области кои останале без интернет.

Маск претходно и официјално го поддржа Трамп како кандидат на претседателските избори. Ураганот Хелена го зафати брегот на Флорида во четвртокот навечер, носејќи неколкудневни врнежи од дожд и уништувајќи домови кои со децении се справуваат со невремето.

The post Бројот на загинати од ураганот Хелена во САД се искачи на над 130, милиони без струја appeared first on Република.

]]>

Бројот на жртвите на ураганот Хелена во шест американски држави се искачи на над 130, а милиони луѓе останаа без струја или пристап до интернет. Спасувачките тимови во западните делови на Северна Каролина се обидуваат да стигнат до луѓето чија судбина се уште е непозната, три дена откако ураганот Хелена го опустоши југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави. Бројот на загинати продолжува да расте бидејќи работниците за итна помош стигнаа до областите кои се изолирани поради урнатите патишта и големите поплави. Советникот за домашна безбедност на Белата куќа, Лиз Шервуд Рандал, изјави дека до понеделник попладне, дури 600 лица кои се водат за исчезнати не се пронајдени, со проценки дека некои можеби се веќе мртви. Во тешко погодениот планински округ Бумкум во Северна Каролина, каде што се наоѓа градот Ешвил, загинаа 40 лица, изјави вчера локалниот шериф. Залихите на вода и храна беа доставени со хеликоптери и авиони до жителите на областите кои останаа изолирани поради поплавите и прекините на електричната енергија. Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, предвиде дека бројот на загинати ќе се зголеми бидејќи спасувачите се приближуваат до областите отсечени од урнатите патишта, оштетената инфраструктура и големите поплави. Повеќе од два милиони домови и деловни објекти во Флорида, Џорџија, Северна и Јужна Каролина беа без струја вчера, според веб-страницата PowerOutage.us. Официјалните лица предупредуваат дека обновата и закрепнувањето од големите материјални штети по ураганот ќе биде тешко и ќе трае долго. Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера разговараше со гувернерите на Џорџија и Северна Каролина и вети дека ќе ја продолжи федералната помош за жртвите од ураганот „колку што е потребно“. Потпретседателката на САД, Камала Харис, ги откажа планираните активности во кампањата во Лас Вегас, Невада и се врати во Вашингтон порано од планираното за да учествува на брифинзи во седиштето на Федералната агенција за вонредни состојби (ФЕМА). Нејзиниот изборен штаб објави дека Харис ќе го посети регионот погоден од ураганот „што е можно поскоро без да ги попречува операциите за спасување во итни случаи“. Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја критикуваше Харис дека не е повеќе вклучена во одговорот на ураганот и најави дека ќе го посети погодениот регион. Тој ја посети Валдоста во Џорџија, наводно за да дознае за невремето и да помогне во дистрибуцијата на хуманитарна помош. Трамп, исто така, рече дека разговарал со милијардерот Илон Маск за да обезбеди бесплатен сателитски интернет Старлинк (Starlink) за жителите на погодените области кои останале без интернет. Маск претходно и официјално го поддржа Трамп како кандидат на претседателските избори. Ураганот Хелена го зафати брегот на Флорида во четвртокот навечер, носејќи неколкудневни врнежи од дожд и уништувајќи домови кои со децении се справуваат со невремето.

The post Бројот на загинати од ураганот Хелена во САД се искачи на над 130, милиони без струја appeared first on Република.

]]>
Најмалку 69 загинати од ураганот Хелена, уништена инфраструктура и стотина милијарди долари штета https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-69-zaginati-od-uraganot-helena-unishtena-infrastruktura-i-stotina-milijardi-dolari-shteta/ Mon, 30 Sep 2024 06:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=820848

На југоистокот на САД вчера започнаа големи активности за чистење и обнова на штетите од силните ветрови, дождови и надојдената вода и песок предизвикани од ураганот Хелена што остави милиони луѓе без струја, разурна патишта и мостови и предизвикаа катастрофални поплави од Флорида до Вирџинија.

Според податоците на властите од Јужна Каролина, Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, смртниот биланс од ураганот досега изнесува најмалку 69 лица кои го изгубиле животот. Властите стравуваат бројот на жртви да се зголеми.

Проценките за штетите варираат од 15 до над 100 милијарди долари, соопштија викендов осигурителните компании и економистите. Материјалната штета и економските загуби ќе се прецизираат додека се оценува деструкцијата.

Во Северна Каролина, бројот на загинатите се зголеми на 11 лица, изјави вчера гувернерот Рој Купер. Според него, сите патни делници во западниот дел на државата треба да се сметаат за затворени, а за нивна обнова ќе бидат потребни месеци. Во овие области со авион се доставуваат храна и вода.

Ова е трагедија без преседан која бара одговор без преседан, рече Купер на прес-конференцијата.

Во градот Флет-Рок, Северна Каролина, електричната енергија е исклучена, а луѓето стојат со часови во редови за бензин.

Според податоците на Федералната агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА), бурата оштетила водоснабдувачки системи, кабелски комуникации и важни транспортни патишта низ целиот регион.

Инженерскиот корпус на американската армијата вчера започна со проценување на штетите на системите за водоснабдување, соопштија од ФЕМА.

Според претставник на Министерството за енергетика, околу 2,7 милиони корисници вчера останале без струја, што е 40 проценти помалку од петокот, откако штетите од брановите, силните ветрови и опасните услови се проширија на стотици милји во внатрешноста на земјата.

The post Најмалку 69 загинати од ураганот Хелена, уништена инфраструктура и стотина милијарди долари штета appeared first on Република.

]]>

На југоистокот на САД вчера започнаа големи активности за чистење и обнова на штетите од силните ветрови, дождови и надојдената вода и песок предизвикани од ураганот Хелена што остави милиони луѓе без струја, разурна патишта и мостови и предизвикаа катастрофални поплави од Флорида до Вирџинија. Според податоците на властите од Јужна Каролина, Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, смртниот биланс од ураганот досега изнесува најмалку 69 лица кои го изгубиле животот. Властите стравуваат бројот на жртви да се зголеми. Проценките за штетите варираат од 15 до над 100 милијарди долари, соопштија викендов осигурителните компании и економистите. Материјалната штета и економските загуби ќе се прецизираат додека се оценува деструкцијата. Во Северна Каролина, бројот на загинатите се зголеми на 11 лица, изјави вчера гувернерот Рој Купер. Според него, сите патни делници во западниот дел на државата треба да се сметаат за затворени, а за нивна обнова ќе бидат потребни месеци. Во овие области со авион се доставуваат храна и вода.
Ова е трагедија без преседан која бара одговор без преседан, рече Купер на прес-конференцијата.
Во градот Флет-Рок, Северна Каролина, електричната енергија е исклучена, а луѓето стојат со часови во редови за бензин. Според податоците на Федералната агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА), бурата оштетила водоснабдувачки системи, кабелски комуникации и важни транспортни патишта низ целиот регион. Инженерскиот корпус на американската армијата вчера започна со проценување на штетите на системите за водоснабдување, соопштија од ФЕМА. Според претставник на Министерството за енергетика, околу 2,7 милиони корисници вчера останале без струја, што е 40 проценти помалку од петокот, откако штетите од брановите, силните ветрови и опасните услови се проширија на стотици милји во внатрешноста на земјата.

The post Најмалку 69 загинати од ураганот Хелена, уништена инфраструктура и стотина милијарди долари штета appeared first on Република.

]]>
Офелија ѝ се заканува на Америка – три држави прогласија вонредни состојби https://republika.mk/vesti/svet/ofelija-se-zakanuva-na-amerika-tri-drzhavi-proglasija-vonredni-sostojbi/ Sat, 23 Sep 2023 10:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=684347

Тропската бура Офелија се очекува утринава да стигне до брегот на Северна Каролина, поради што се прогласени вонредни состојби во Северна Каролина, Вирџинија и Мериленд, соопшти американскиот Центар за урагани.

Во соопштението се наведува дека метеоролозите предвиделе дека бурата Офелија ќе предизвика поплави опасни по живот во источните делови на Северна Каролина и југоисточна Вирџинија.

Бурата засега има максимални постојани ветрови од 113 километри на час со повремени налети, но синоптичарите предвидуваат дека бурата ќе ослабне откако ќе стигне на копно во југоисточниот дел на САД, информира центарот за урагани

The post Офелија ѝ се заканува на Америка – три држави прогласија вонредни состојби appeared first on Република.

]]>

Тропската бура Офелија се очекува утринава да стигне до брегот на Северна Каролина, поради што се прогласени вонредни состојби во Северна Каролина, Вирџинија и Мериленд, соопшти американскиот Центар за урагани. Во соопштението се наведува дека метеоролозите предвиделе дека бурата Офелија ќе предизвика поплави опасни по живот во источните делови на Северна Каролина и југоисточна Вирџинија. Бурата засега има максимални постојани ветрови од 113 километри на час со повремени налети, но синоптичарите предвидуваат дека бурата ќе ослабне откако ќе стигне на копно во југоисточниот дел на САД, информира центарот за урагани

The post Офелија ѝ се заканува на Америка – три држави прогласија вонредни состојби appeared first on Република.

]]>
Стотици илјади Американци без струја поради ураганот Идалија https://republika.mk/zivot/servisi/stotitsi-iljadi-amerikantsi-bez-struja-poradi-uraganot-idalija/ Thu, 31 Aug 2023 06:21:32 +0000 https://republika.mk/?p=677433

Откако ја погоди Флорида во средата, ураганот Идалија се пресели во Џорџија со силни ветришта и потенцијално опасни услови по живот, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, јави Би-Би-Си.

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека Идалија, која ја погоди Флорида како ураган од трета категорија, сега е од прва категорија, но „сè уште е многу опасно“.

Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека неговото влијание се чувствува „ширум југоистокот“.

Повеќе од 400.000 луѓе останаа без струја во Флорида и Џорџија.

Некои области на Флорида се поплавени, а Националниот центар за урагани предупредува дека бранот на бура продолжува да ги загрозува крајбрежните области.

Поплави се очекуваат и во Џорџија и Јужна и Северна Каролина.

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, изјави дека нема официјално потврдени жртви од невремето, иако патролата на автопатот на Флорида соопшти дека двајца возачи загинале во сообраќајни несреќи.

Шефот на Федералната агенција за управување со вонредни состојби вели дека Идалија е најмоќната бура што го погодила овој дел на Флорида во повеќе од 100 години.

The post Стотици илјади Американци без струја поради ураганот Идалија appeared first on Република.

]]>

Откако ја погоди Флорида во средата, ураганот Идалија се пресели во Џорџија со силни ветришта и потенцијално опасни услови по живот, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, јави Би-Би-Си. Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека Идалија, која ја погоди Флорида како ураган од трета категорија, сега е од прва категорија, но „сè уште е многу опасно“. Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека неговото влијание се чувствува „ширум југоистокот“. Повеќе од 400.000 луѓе останаа без струја во Флорида и Џорџија. Некои области на Флорида се поплавени, а Националниот центар за урагани предупредува дека бранот на бура продолжува да ги загрозува крајбрежните области. Поплави се очекуваат и во Џорџија и Јужна и Северна Каролина. Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, изјави дека нема официјално потврдени жртви од невремето, иако патролата на автопатот на Флорида соопшти дека двајца возачи загинале во сообраќајни несреќи. Шефот на Федералната агенција за управување со вонредни состојби вели дека Идалија е најмоќната бура што го погодила овој дел на Флорида во повеќе од 100 години.

The post Стотици илјади Американци без струја поради ураганот Идалија appeared first on Република.

]]>
Мексико се подготвува за Розлин: Ураганот има ветрови со брзина од 215 километри на час и се наоѓа на 145 километри од Кабо Кориентес https://republika.mk/vesti/svet/meksiko-se-podgotvuva-za-rozlin-uraganot-ima-vetrovi-so-brzina-od-215-kilometri-na-chas-i-se-naogja-na-145-kilometri-od-kabo-korientes/ Sun, 23 Oct 2022 11:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=564583

Жителите на крајбрежните области во западно Мексико се подготвуваат за ураганот Розлин, кој се движи низ Тихиот Океан откако се засили до категорија 4 и се очекува денеска да го погоди копното.

Ураганот има ветрови со брзина од 215 километри на час и се наоѓа на 145 километри од Кабо Кориентес, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Ураганот се смета за силен кога ќе ја надмине категоријата три на петстепената скала Сафир-Симпсон.

Се очекува невремето со полна сила да ја погоди државата Халиско, вклучувајќи го и туристичкото место Пуерто Ваљарта. Продавниците во одморалиштето почнаа да се затвораат вчера попладне, откако владата ги советуваше да го прекинат целиот бизнис.

Вкупно 303 лица се евакуирани во близина на местото каде што се очекува да погоди ураганот. Во неколку населени места се формирани прифатилишта за лица кои живеат во ранливи области.

The post Мексико се подготвува за Розлин: Ураганот има ветрови со брзина од 215 километри на час и се наоѓа на 145 километри од Кабо Кориентес appeared first on Република.

]]>

Жителите на крајбрежните области во западно Мексико се подготвуваат за ураганот Розлин, кој се движи низ Тихиот Океан откако се засили до категорија 4 и се очекува денеска да го погоди копното. Ураганот има ветрови со брзина од 215 километри на час и се наоѓа на 145 километри од Кабо Кориентес, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Ураганот се смета за силен кога ќе ја надмине категоријата три на петстепената скала Сафир-Симпсон. Се очекува невремето со полна сила да ја погоди државата Халиско, вклучувајќи го и туристичкото место Пуерто Ваљарта. Продавниците во одморалиштето почнаа да се затвораат вчера попладне, откако владата ги советуваше да го прекинат целиот бизнис. Вкупно 303 лица се евакуирани во близина на местото каде што се очекува да погоди ураганот. Во неколку населени места се формирани прифатилишта за лица кои живеат во ранливи области.

The post Мексико се подготвува за Розлин: Ураганот има ветрови со брзина од 215 километри на час и се наоѓа на 145 километри од Кабо Кориентес appeared first on Република.

]]>
Тропската бура Џулија прерасна во ураган https://republika.mk/vesti/svet/tropskata-bura-dzulija-prerasna-vo-uragan/ Sun, 09 Oct 2022 06:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=558935

Националниот центар за урагани на САД соопшти дека тропската бура Џулија прераснала во ураган. Невремето е со ветрови со брзина од 120 километри на час.

Неколку земји од Централна Америка беа ставени во состојба на готовност поради приближувањето на „Џулија“. Меѓу нив се Никарагва, Колумбија и Гватемала. Бурата може да ги зафати и Хондурас и Ел Салвадор.

Сега минува во близина на колумбиските острови Сан Адрес и Провиденсија и се очекува да ја погоди Никарагва.

The post Тропската бура Џулија прерасна во ураган appeared first on Република.

]]>

Националниот центар за урагани на САД соопшти дека тропската бура Џулија прераснала во ураган. Невремето е со ветрови со брзина од 120 километри на час. Неколку земји од Централна Америка беа ставени во состојба на готовност поради приближувањето на „Џулија“. Меѓу нив се Никарагва, Колумбија и Гватемала. Бурата може да ги зафати и Хондурас и Ел Салвадор. Сега минува во близина на колумбиските острови Сан Адрес и Провиденсија и се очекува да ја погоди Никарагва.

The post Тропската бура Џулија прерасна во ураган appeared first on Република.

]]>
Го купил пред една недела: Ураганот Иан му го однесе новото „мекларен“ вредно милион долари https://republika.mk/vesti/svet/go-kupil-pred-edna-nedela-uraganot-ian-mu-go-odnese-novoto-meklaren-vredno-milion-dolari/ Thu, 29 Sep 2022 19:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=555793

Рон ДеСантис, гувернерот на Флорида, ја опиша како историска штетата која ураганот Иан ја предизвика во јужната американска држава. Тој рече дека ќе бидат потребни години за државата да се опорави од ураганот.

Десантис на прес-конференција соопшти дека засега има сомнежи оти две лица станале жртви на стихијата. Тој рече дека ураганот го променил изгледот на голем дел од државата, а на некои места нивото на водата се зголемило за половина метар за неколку часа. – Никогаш не сме виделе вакви поплави, рече тој. Засега се уште е рано да се процени штетата, наведуваат американските медиуми.

Ураганот вчера попладне по локално време ја погоди државата Флорида како бура од четврта категорија. Тој го погоди копното во југозападниот дел на државата пред да продолжи да напредува кон исток. Потоа ослабе до тропска бура.

Утрово повеќе од 2,6 милиони домови и деловни објекти на Флорида се без струја од вкупно 11 милиони.

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на значајна природна катастрофа за државата, овозможувајќи да се деблокираат дополнителни федерални средства за погодените области.

Форт Мајерс, Кејп Корал, Пунта Горда, островите во окрузите Ли, Шарлот и Колиер се тешко погодени. Во централно-источниот дел на државата поплавите, исто така беа катастрофални.

Бурата сега се движи кон Јужна Каролина, а потоа се очекува да се врати над океанот до крајот на денот. Според метеоролозите, Иан може повторно да зајакне.

На Куба, од каде ураганот помина пред да ја погоди Флорида предизвика прекин на електричната енергија во голем дел од земјата, пренесе ТАСС. Голем дел од главниот град Хавана остана без струја, а општинските работници продолжуваат да ги чистат улиците од паднатите дрвја.

Еден жител на Флорида по име Ерни на социјалните мрежи сподели дека неговото ново луксузно возило „мекларен П1“ било уништено во невремето. Тој го купил пред околу една недела и неговата цена била над 1 милион долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ernie (@lambo9286)

Забележано е дека автомобилот е извлечен од целосно потопената гаража и како лебди по патот блиску до неговиот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ernie (@lambo9286)

The post Го купил пред една недела: Ураганот Иан му го однесе новото „мекларен“ вредно милион долари appeared first on Република.

]]>

Рон ДеСантис, гувернерот на Флорида, ја опиша како историска штетата која ураганот Иан ја предизвика во јужната американска држава. Тој рече дека ќе бидат потребни години за државата да се опорави од ураганот. Десантис на прес-конференција соопшти дека засега има сомнежи оти две лица станале жртви на стихијата. Тој рече дека ураганот го променил изгледот на голем дел од државата, а на некои места нивото на водата се зголемило за половина метар за неколку часа. – Никогаш не сме виделе вакви поплави, рече тој. Засега се уште е рано да се процени штетата, наведуваат американските медиуми. Ураганот вчера попладне по локално време ја погоди државата Флорида како бура од четврта категорија. Тој го погоди копното во југозападниот дел на државата пред да продолжи да напредува кон исток. Потоа ослабе до тропска бура. Утрово повеќе од 2,6 милиони домови и деловни објекти на Флорида се без струја од вкупно 11 милиони. Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на значајна природна катастрофа за државата, овозможувајќи да се деблокираат дополнителни федерални средства за погодените области. Форт Мајерс, Кејп Корал, Пунта Горда, островите во окрузите Ли, Шарлот и Колиер се тешко погодени. Во централно-источниот дел на државата поплавите, исто така беа катастрофални. Бурата сега се движи кон Јужна Каролина, а потоа се очекува да се врати над океанот до крајот на денот. Според метеоролозите, Иан може повторно да зајакне. На Куба, од каде ураганот помина пред да ја погоди Флорида предизвика прекин на електричната енергија во голем дел од земјата, пренесе ТАСС. Голем дел од главниот град Хавана остана без струја, а општинските работници продолжуваат да ги чистат улиците од паднатите дрвја. Еден жител на Флорида по име Ерни на социјалните мрежи сподели дека неговото ново луксузно возило „мекларен П1“ било уништено во невремето. Тој го купил пред околу една недела и неговата цена била над 1 милион долари.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Ernie (@lambo9286)

Забележано е дека автомобилот е извлечен од целосно потопената гаража и како лебди по патот блиску до неговиот дом.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Ernie (@lambo9286)

The post Го купил пред една недела: Ураганот Иан му го однесе новото „мекларен“ вредно милион долари appeared first on Република.

]]>
Два милиони луѓе без струја на Флорида поради ураганот Ијан https://republika.mk/vesti/svet/dva-milioni-lugje-bez-struja-na-florida-poradi-uraganot-ijan/ Thu, 29 Sep 2022 08:36:26 +0000 https://republika.mk/?p=555451

Ураганот Ијан остави патека на уништување во југозападна Флорида и повеќе од два милиона луѓе без струја откако синоќа го погоди брегот со катастрофална сила. Носејќи ветрови од 240 километри на час, поројни дождови и силни бранови, Ијан потопи крајбрежни заедници како ураган од четврта категорија и еден од најнасилните во историјата на САД.

Најтешко погоден град е Форт Маерс, во чија близина беше центарот на ураганот.

Осум часа по доаѓањето, тој беше деградиран во ураган од прва категорија, со ветрови до 150 километри на час. Сепак, тој и натаму е проследен со поројни дождови на копното, заканувајќи се со дополнителни поплави.

Нема информации дали има загинати и повредени, зашто граѓаните со денови беа предупредувани на опасностите од ураганот. Гувернерот Рон ДеСантис кажа дека неодреден број луѓе е заглавен во своите домови откако не ги послушале наредбите за евакуација.

Американските гранични власти кажаа дека 20-ина кубански мигранти се водат како исчезнати откако нивниот чамец се превртел покрај брегот на Флорида додека Ијан се доближуваше.

Во очекување на ураганот, сојузните држави Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина и Вирџинија прогласија вонредна состојба.

 

The post Два милиони луѓе без струја на Флорида поради ураганот Ијан appeared first on Република.

]]>

Ураганот Ијан остави патека на уништување во југозападна Флорида и повеќе од два милиона луѓе без струја откако синоќа го погоди брегот со катастрофална сила. Носејќи ветрови од 240 километри на час, поројни дождови и силни бранови, Ијан потопи крајбрежни заедници како ураган од четврта категорија и еден од најнасилните во историјата на САД. Најтешко погоден град е Форт Маерс, во чија близина беше центарот на ураганот. Осум часа по доаѓањето, тој беше деградиран во ураган од прва категорија, со ветрови до 150 километри на час. Сепак, тој и натаму е проследен со поројни дождови на копното, заканувајќи се со дополнителни поплави. Нема информации дали има загинати и повредени, зашто граѓаните со денови беа предупредувани на опасностите од ураганот. Гувернерот Рон ДеСантис кажа дека неодреден број луѓе е заглавен во своите домови откако не ги послушале наредбите за евакуација. Американските гранични власти кажаа дека 20-ина кубански мигранти се водат како исчезнати откако нивниот чамец се превртел покрај брегот на Флорида додека Ијан се доближуваше. Во очекување на ураганот, сојузните држави Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина и Вирџинија прогласија вонредна состојба.  

The post Два милиони луѓе без струја на Флорида поради ураганот Ијан appeared first on Република.

]]>
Ураганот Јан се приближува до Флорида https://republika.mk/vesti/svet/uraganot-jan-se-priblizuva-do-florida/ Tue, 27 Sep 2022 20:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=555024

Ураганот Јан денеска го зафати западниот дел на Куба и се придвижи на север кон Флорида. Ураганот е од трета категорија со максимална брзина на ветерот од околу 200 километри на час, соопшти Националниот центар за урагани (НХЦ).

Од НХЦ соопштуваат дека Јан треба да премине во четврта категорија пред да се доближи до западниот брег на Флорида откако ќе удри по фармерските задруги на Куба западно од престолнината Хавана и ќе премина над југоисточниот дел на Мексиканскиот залив.

Дел од кубанските медиуми јавуваат дека Јан денеска наутро дошол до провинцијата Пињар дел Рио што ги натерало локалните власти да ја исклучат струјата во цела провинција со население од 850.000 луѓе како мерка на претпазливост, а од крајбрежјето биле евакуирани 40.000 луѓе.

На Флорида, ураганот се очекува да удри во околината на Тампа в среда навечер и в четврток, со силина од 209 километри на час и 60 сантиметри падежи, соопштија од Националната метеоролошка служба.

Приливот од бурата може да предизвика уништување или катастрофални разурнувања а некои реони можат да бидат неподобни за престој со недели или со месеци.

Последниот голем ураган кој удрил на Тампа бил во 1921 година, кога ветер со брзина од 190 км/ч убил осум лица, соопшти службата.

The post Ураганот Јан се приближува до Флорида appeared first on Република.

]]>

Ураганот Јан денеска го зафати западниот дел на Куба и се придвижи на север кон Флорида. Ураганот е од трета категорија со максимална брзина на ветерот од околу 200 километри на час, соопшти Националниот центар за урагани (НХЦ). Од НХЦ соопштуваат дека Јан треба да премине во четврта категорија пред да се доближи до западниот брег на Флорида откако ќе удри по фармерските задруги на Куба западно од престолнината Хавана и ќе премина над југоисточниот дел на Мексиканскиот залив. Дел од кубанските медиуми јавуваат дека Јан денеска наутро дошол до провинцијата Пињар дел Рио што ги натерало локалните власти да ја исклучат струјата во цела провинција со население од 850.000 луѓе како мерка на претпазливост, а од крајбрежјето биле евакуирани 40.000 луѓе. На Флорида, ураганот се очекува да удри во околината на Тампа в среда навечер и в четврток, со силина од 209 километри на час и 60 сантиметри падежи, соопштија од Националната метеоролошка служба. Приливот од бурата може да предизвика уништување или катастрофални разурнувања а некои реони можат да бидат неподобни за престој со недели или со месеци. Последниот голем ураган кој удрил на Тампа бил во 1921 година, кога ветер со брзина од 190 км/ч убил осум лица, соопшти службата.

The post Ураганот Јан се приближува до Флорида appeared first on Република.

]]>
Ураганот Фиона ја погоди Канада, дува ветер со брзина од 150 километри на час https://republika.mk/vesti/svet/uraganot-fiona-ja-pogodi-kanada-duva-veter-so-brzina-od-150-kilometri-na-chas/ Sat, 24 Sep 2022 14:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=553823

Бурата Фиона, пропратена со ургански ветрови денеска го погоди источниот дел на Канада, речиси една седмица откако разурна делови од Карибите.

Брзината на ветрот достигна до 150 километри на час.

Поради Фиона канадскиот премиер Џастин Трудо ја откажа посетата на Јапонија, каде требаше да присуствува на погребот на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе.

 

The post Ураганот Фиона ја погоди Канада, дува ветер со брзина од 150 километри на час appeared first on Република.

]]>

Бурата Фиона, пропратена со ургански ветрови денеска го погоди источниот дел на Канада, речиси една седмица откако разурна делови од Карибите. Брзината на ветрот достигна до 150 километри на час. Поради Фиона канадскиот премиер Џастин Трудо ја откажа посетата на Јапонија, каде требаше да присуствува на погребот на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе.  

The post Ураганот Фиона ја погоди Канада, дува ветер со брзина од 150 километри на час appeared first on Република.

]]>