управен судија Archives - Република https://republika.mk/tema/upraven-sudija/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jul 2023 11:39:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png управен судија Archives - Република https://republika.mk/tema/upraven-sudija/ 32 32 Поранешен управен судија осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба https://republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshen-upraven-sudija-osuden-na-pet-godini-zatvor-za-zloupotreba-na-sluzhbenata-polozhba/ Wed, 19 Jul 2023 11:39:11 +0000 https://republika.mk/?p=663112

Управниот судија М.Ш. денеска е осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Судијата, претходно како адвокат, за роднини повел постапка за денационализација за имот од речиси 2000 квадрати, односно плажа во Струга и бил исплатен надомест, а во меѓувреме, станал управен судија и го земал токму предметот по тужба на роднините и им го вратил имотот спротивно на повеќе закони.

Основниот кривичен суд Скопје, денеска на јавна расрпава, ја објави првостепенaта пресуда за предметот со КОК бр. 61/20 против обвинетиот М.Ш., судија во Управниот суд, за кој во 2019 година беше отворена истрага по сомнение за Злоупотреба на службената положба и овластување. Според сите изведени материјални и вербални докази на обвинителството и одбраната, а имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности, судот донесе пресуда со која обвинетиот М.Ш. го огласи за виновен за кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.3 и в.в. со ст.1 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 5 години, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

М.Ш. како адвокат ги застапувал интересите по Барање за денационализација на две лица, на чиј правен претходник му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на барањето за денационализација. Во меѓувреме, М.Ш. бил избран за судија на Управниот суд и во септември 2018 година за предметот за денационализација по кој постапувал во својство на адвокат, до Управниот суд била поднесена Тужба, а тој ја земал во работа.

Според Јавното обвинителство, злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, иако знаел дека како поранешен застапник – адвокат на тужителите не смее да постапува и е должен да се изземе од постапувањето по однос на тужбата, осомничениот не ја прекинал работата врз предметот и не го известил претседателот на Управниот суд. Постапувајќи по предметот, иако поднесената тужба била неуредна, не го повикал тужителот да ги отстрани недостатоците, ниту ја отфрлил, туку продолжил да постапува и притоа оневозможил Државното правобранителство како заинтересирано лице да се вклучи во управниот спор и да презема мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси на државава.

Како претседател на Совет, осомничениот, учествувал во донесување на Пресуда со која спротивно на одредбите од „Законот за води“, „Законот за заштита на Охридското, Дојранското и Преспанското езеро“, „Законот за денационализација“ и „Законот за Управните Спорови“, недвижниот имот – градежно неизградено земјиште во Струга, било вратено во приватна сопственост на барателите. Воедно за недвижен имот со површина од 171 м2 што претставува јавно добро – крајбрежен појас и што не смее да биде вратенo во приватна сопственост, определил надомест во износ од 119.700,00 денари во вид на обврзници за денационализација. Свесно и со намера да оневозможи заштита на имотните права и интереси на Р.С.М., примерок од Пресудата, иако е задолжително заради право на жалба, не бил доставен до Државното правобранителство на Р.С.М. и со својот потпис, осомничениот, овозможил правосилност на пресудата. Со ваквите дејствија на барателите им било овозможено преку упис на вратената недвижност во јавните книги на недвижности во Агенцијата за катастар на недвижности, противправно да се стекнат со имотна корист – површина од 1958.49 м2 со усвоена пазарна вредност од 12.044.713,00 денари и противправна имотна корист во вид на обврзници во вредност од 119.700,00 денари, односно вкупна противправна имотна корист во износ од 12.164.413,00 денари на штета на имотот и интересите на Р.Македонија, се наведува во соопштението на ЈОРСМ од почетокот на истражната постапка.

The post Поранешен управен судија осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба appeared first on Република.

]]>

Управниот судија М.Ш. денеска е осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Судијата, претходно како адвокат, за роднини повел постапка за денационализација за имот од речиси 2000 квадрати, односно плажа во Струга и бил исплатен надомест, а во меѓувреме, станал управен судија и го земал токму предметот по тужба на роднините и им го вратил имотот спротивно на повеќе закони.
Основниот кривичен суд Скопје, денеска на јавна расрпава, ја објави првостепенaта пресуда за предметот со КОК бр. 61/20 против обвинетиот М.Ш., судија во Управниот суд, за кој во 2019 година беше отворена истрага по сомнение за Злоупотреба на службената положба и овластување. Според сите изведени материјални и вербални докази на обвинителството и одбраната, а имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности, судот донесе пресуда со која обвинетиот М.Ш. го огласи за виновен за кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.3 и в.в. со ст.1 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 5 години, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.
М.Ш. како адвокат ги застапувал интересите по Барање за денационализација на две лица, на чиј правен претходник му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на барањето за денационализација. Во меѓувреме, М.Ш. бил избран за судија на Управниот суд и во септември 2018 година за предметот за денационализација по кој постапувал во својство на адвокат, до Управниот суд била поднесена Тужба, а тој ја земал во работа. Според Јавното обвинителство, злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, иако знаел дека како поранешен застапник – адвокат на тужителите не смее да постапува и е должен да се изземе од постапувањето по однос на тужбата, осомничениот не ја прекинал работата врз предметот и не го известил претседателот на Управниот суд. Постапувајќи по предметот, иако поднесената тужба била неуредна, не го повикал тужителот да ги отстрани недостатоците, ниту ја отфрлил, туку продолжил да постапува и притоа оневозможил Државното правобранителство како заинтересирано лице да се вклучи во управниот спор и да презема мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси на државава.