упис Archives - Република https://republika.mk/tema/upis/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 07:28:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png упис Archives - Република https://republika.mk/tema/upis/ 32 32 Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети https://republika.mk/vesti/makedonija/vtor-upisen-rok-za-prva-godina-na-ukim-slobodni-mesta-ima-na-rechisi-site-fakulteti/ Tue, 17 Sep 2024 07:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=816969

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето во вториот рок за упис во прва година додипломски студии за учебната 2024/2025 година. По првиот уписен рок на 29 и 30 август, слободни места има на речиси сите факултети во состав на Скопскиот универзитет.

Според информациите од УКИМ, на Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233, од кои 123 се наменети за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а 110 за редовни студенти со школарина.

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) за редовни студенти во државна квота се слободни 194 места, а за тие што ќе ги кофинансираат студиите слободни се 99 места.

На ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство) за редовни студенти во државна квота има 59 места, од кои најмногу (41) на насоката компјутерско инженерство. За редовни студенти со школарина на ФИНКИ има 254 слободни места.

За редовни студенти на Машинскиот факултет за вториот уписен рок има 452 места, на Технолошко-металуршкиот факултет 238, на Природно-математичкиот факултет за редовни студенти во државна квота слободни се 418 места, за студенти во приватна квота 324 места, а за вонредни студенти 103 места.

На Економскиот факултет нема слободни места за студенти кои се финансираат од буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина слободни се 89 места и 49 за вонредни. На Правниот факултет „Јустинијан Први“ има 100 слободни места во државната квора, за студенти со школарина 323 и за вонредни студенти слободни се 49 места.

На Филозофскиот факултет слободни има 592, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ околу 300 места за сите насоки, за редовни и за вонредни студенти. На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ за редовни студенти во државна квота се слободни 96 места, за студенти со школарина 150, додека за вонредни студенти во вториот уписен рок има 46 места.

На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје нема слободни места за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а за редовни со кофинансирање има 73 места и за вонредни 98 места.

- Само девет места се слободни на Медицинскиот факултет за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина се слободни 106 места, а за вонредни 92 места. На Фармацевтскиот факултет се слободни 71 место, додека на Стоматолошкиот факултет само 13 места, соопшти УКИМ.

На Факултетот за земјоделски науки и храна има 292 слободни места за редовни студенти во државна квота, 120 за студенти со школарина и 83 за вонредни студенти. На Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ се слободни 161 место, на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер има 57 места и на Факултетот за ветеринарна медицина слободни се 52 места.

- Само едно место е слободно на Факултетот за драмски уметности, додека на Факултетот за ликовна уметност само седум места. На Факултетот за музичка уметност се слободни вкупно 141 место за вториот уписен рок на прв циклус студии, од кои 52 за студенти во државна квота, а 89 за студенти во приватна квота, информира УКИМ на чија веб-страница www.ukim.edu.mk има повеќе информации за уписот на додипломски студии.

The post Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети appeared first on Република.

]]>

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето во вториот рок за упис во прва година додипломски студии за учебната 2024/2025 година. По првиот уписен рок на 29 и 30 август, слободни места има на речиси сите факултети во состав на Скопскиот универзитет. Според информациите од УКИМ, на Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233, од кои 123 се наменети за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а 110 за редовни студенти со школарина. На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) за редовни студенти во државна квота се слободни 194 места, а за тие што ќе ги кофинансираат студиите слободни се 99 места. На ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство) за редовни студенти во државна квота има 59 места, од кои најмногу (41) на насоката компјутерско инженерство. За редовни студенти со школарина на ФИНКИ има 254 слободни места. За редовни студенти на Машинскиот факултет за вториот уписен рок има 452 места, на Технолошко-металуршкиот факултет 238, на Природно-математичкиот факултет за редовни студенти во државна квота слободни се 418 места, за студенти во приватна квота 324 места, а за вонредни студенти 103 места. На Економскиот факултет нема слободни места за студенти кои се финансираат од буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина слободни се 89 места и 49 за вонредни. На Правниот факултет „Јустинијан Први“ има 100 слободни места во државната квора, за студенти со школарина 323 и за вонредни студенти слободни се 49 места. На Филозофскиот факултет слободни има 592, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ околу 300 места за сите насоки, за редовни и за вонредни студенти. На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ за редовни студенти во државна квота се слободни 96 места, за студенти со школарина 150, додека за вонредни студенти во вториот уписен рок има 46 места. На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје нема слободни места за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а за редовни со кофинансирање има 73 места и за вонредни 98 места. - Само девет места се слободни на Медицинскиот факултет за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина се слободни 106 места, а за вонредни 92 места. На Фармацевтскиот факултет се слободни 71 место, додека на Стоматолошкиот факултет само 13 места, соопшти УКИМ. На Факултетот за земјоделски науки и храна има 292 слободни места за редовни студенти во државна квота, 120 за студенти со школарина и 83 за вонредни студенти. На Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ се слободни 161 место, на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер има 57 места и на Факултетот за ветеринарна медицина слободни се 52 места. - Само едно место е слободно на Факултетот за драмски уметности, додека на Факултетот за ликовна уметност само седум места. На Факултетот за музичка уметност се слободни вкупно 141 место за вториот уписен рок на прв циклус студии, од кои 52 за студенти во државна квота, а 89 за студенти во приватна квота, информира УКИМ на чија веб-страница www.ukim.edu.mk има повеќе информации за уписот на додипломски студии.

The post Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети appeared first on Република.

]]>
На УКИМ започнува вториот уписен рок за прв циклус студии, останати се слободни места на речиси сите факултети https://republika.mk/zivot/servisi/na-ukim-zapochnuva-vtoriot-upisen-rok-za-prv-tsiklus-studii-ostanati-se-slobodni-mesta-na-rechisi-site-fakulteti/ Mon, 16 Sep 2024 12:41:13 +0000 https://republika.mk/?p=816787

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнува вториот уписен рок за прв циклус студии за учебната 2024/2025, каде се останати слободни места на речиси сите факултети. Сите заинтересирани можат да аплицираат на 17 и 18 септември.

На Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233 , од кои 123 се наменети за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија, а 110 за редовни студенти со школарина.

На Факултетот за електротехника и информациски технологии за редовни студенти во државна квота се слободни 194 места, додека за приватна квота се слободни 99 места.

На Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ слободни се 59 места, од кои најмногу - 41, на смерот компјутерско инженерство. За редовни студенти со школарина слободни се 254 места на ФИНКИ.

Четиристотини педесет и две места за редовни студенти во вториот уписен рок се слободни и на Машинскиот факултет, додека на Технолошко-металуршкиот факултет се слободни 238 места.

На Природно-математички факултет, за редовни студенти во државна квота слободни се 418 места, за студенти во приватна квота слободни се 324 места, додека за вонредни студенти слободни се 103 места.

На Економски факултет нема слободни места за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина слободни се 89 места, а за редовни 49 места.

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ , за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ слободни се 100 места, за студенти со школарина 323, додека за вонредни студенти се слободни 49 места.

Петстотини деведесет и две места за вториот уписен рок за прв циклус студии се слободни и на Филозофскиот факултет, додека на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се слободни околу 300 места за сите смерови, за редовни и вонредни студенти.

На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ за редовни студенти во државна квота се слободни 96 места, за студенти со школарина 150, додека за вонредни студенти со школарина се слободни 46 места.

На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје нема слободни места за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија, додека за редовни студенти со школарина се слободни 73 места, а за вонредни студенти 98 места.

Само девет места се слободни на Медицинскиот факултет за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина се слободни 106 места, а за вонредни 92 места.

На Фармацевтскиот факултет се слободни 71 место, додека на Стоматолошкиот факултет само 13 места.

Двесте деведесет и две места се слободни за редовни студенти во државна квота на Факултетот за земјоделски науки и храна, 120 за студенти со школарина и 83 за вонредни студенти.

На Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ се слободни 161 место, на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер се слободни 57 места, додека на Факултетот за ветеринарна медицина се слободни 52 места.

Само едно место е слободно на Факултетот за драмски уметности, додека на Факултетот за ликовна уметност, само седум места.

На Факултетот за музичка уметност се слободни вкупно 141 место за вториот уписен рок на прв циклус студии, од кои 52 за студенти во државна квота, а 89 за студенти во приватна квота.

Сите детални информации за уписите можете да ги најдете на официјалната веб-страна на УКИМ: http://www.ukim.edu.mk.

 

The post На УКИМ започнува вториот уписен рок за прв циклус студии, останати се слободни места на речиси сите факултети appeared first on Република.

]]>

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнува вториот уписен рок за прв циклус студии за учебната 2024/2025, каде се останати слободни места на речиси сите факултети. Сите заинтересирани можат да аплицираат на 17 и 18 септември. На Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233 , од кои 123 се наменети за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија, а 110 за редовни студенти со школарина. На Факултетот за електротехника и информациски технологии за редовни студенти во државна квота се слободни 194 места, додека за приватна квота се слободни 99 места. На Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ слободни се 59 места, од кои најмногу - 41, на смерот компјутерско инженерство. За редовни студенти со школарина слободни се 254 места на ФИНКИ. Четиристотини педесет и две места за редовни студенти во вториот уписен рок се слободни и на Машинскиот факултет, додека на Технолошко-металуршкиот факултет се слободни 238 места. На Природно-математички факултет, за редовни студенти во државна квота слободни се 418 места, за студенти во приватна квота слободни се 324 места, додека за вонредни студенти слободни се 103 места. На Економски факултет нема слободни места за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина слободни се 89 места, а за редовни 49 места. На Правниот факултет „Јустинијан Први“ , за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ слободни се 100 места, за студенти со школарина 323, додека за вонредни студенти се слободни 49 места. Петстотини деведесет и две места за вториот уписен рок за прв циклус студии се слободни и на Филозофскиот факултет, додека на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се слободни околу 300 места за сите смерови, за редовни и вонредни студенти. На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ за редовни студенти во државна квота се слободни 96 места, за студенти со школарина 150, додека за вонредни студенти со школарина се слободни 46 места. На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје нема слободни места за редовни студенти кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија, додека за редовни студенти со школарина се слободни 73 места, а за вонредни студенти 98 места. Само девет места се слободни на Медицинскиот факултет за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина се слободни 106 места, а за вонредни 92 места. На Фармацевтскиот факултет се слободни 71 место, додека на Стоматолошкиот факултет само 13 места. Двесте деведесет и две места се слободни за редовни студенти во државна квота на Факултетот за земјоделски науки и храна, 120 за студенти со школарина и 83 за вонредни студенти. На Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ се слободни 161 место, на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер се слободни 57 места, додека на Факултетот за ветеринарна медицина се слободни 52 места. Само едно место е слободно на Факултетот за драмски уметности, додека на Факултетот за ликовна уметност, само седум места. На Факултетот за музичка уметност се слободни вкупно 141 место за вториот уписен рок на прв циклус студии, од кои 52 за студенти во државна квота, а 89 за студенти во приватна квота. Сите детални информации за уписите можете да ги најдете на официјалната веб-страна на УКИМ: http://www.ukim.edu.mk.  

The post На УКИМ започнува вториот уписен рок за прв циклус студии, останати се слободни места на речиси сите факултети appeared first on Република.

]]>
Електронско пријавување за упис во средно образование од 20 до 25 јуни https://republika.mk/vesti/makedonija/elektronsko-prijavuvane-za-upis-vo-sredno-obrazovanie-od-20-do-25-juni/ Tue, 18 Jun 2024 07:51:53 +0000 https://republika.mk/?p=788591

Од четврток (20 јуни) до вторник (25 јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот.

Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, Министерството за образование и наука и оваа година овозможи електронско аплицирање. Пријавувањето е преку линк до порталот за електронски услуги на МОН (https://e-uslugi.mon.gov.mk) со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Од МОН појаснија дека регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.

Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава, посочи МОН.

На крајот на март МОН го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Во него се наведени потребните документи, начинот на аплицирање и конкурсните рокови.

Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места по првото пријавување, секое училиште треба да ја објави на 26 јуни најдоцна до 9 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница.

Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање ќе се организира на 28 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 28 јуни на јавно место во училиштето.

The post Електронско пријавување за упис во средно образование од 20 до 25 јуни appeared first on Република.

]]>

Од четврток (20 јуни) до вторник (25 јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот. Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, Министерството за образование и наука и оваа година овозможи електронско аплицирање. Пријавувањето е преку линк до порталот за електронски услуги на МОН (https://e-uslugi.mon.gov.mk) со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. Од МОН појаснија дека регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.
Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава, посочи МОН.
На крајот на март МОН го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Во него се наведени потребните документи, начинот на аплицирање и конкурсните рокови. Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места по првото пријавување, секое училиште треба да ја објави на 26 јуни најдоцна до 9 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница. Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање ќе се организира на 28 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 28 јуни на јавно место во училиштето.

The post Електронско пријавување за упис во средно образование од 20 до 25 јуни appeared first on Република.

]]>
Родителите имаат можност да поднесат електронско барање за упис на новороденче https://republika.mk/vesti/makedonija/roditelite-imaat-mozhnost-da-podnesat-elektronsko-barane-za-upis-na-novorodenche/ Mon, 05 Jun 2023 13:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=648087

Електронски упис на новороденче за издавање извод од матична книга на родените е овозможен преку националниот портал www.uslugi.gov.mk.

Преку новата услуга родителите сега имаат можност да поднесат електронско барање за упис на нивното новороденче, без да одат на шалтерите на Управата за водење на матичните книги (УВМК). Аплицирањето преку услугата "eID" од порталот www.uslugi.gov.mk ќе овозможи поднесување на барање за овој извод, лесно и без доцнење, рече министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на промоцијата на новата услуга во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза" - Чаир.

Алиу порача дека дигитализацијата е единствениот начин да се промени животот на граѓаните и најави дека до крајот на годината ќе се промовираат повеќе од 150 нови онлајн услуги на Националниот портал за е-Услуги.

Како Министерство работиме напорно за дигитализација и дигитална трансформација на државата, каде што неодамна ја промовиравме „ДигиталнаЕра“- новата платформа на МИОА, која носи зголемување на електронските услуги за граѓаните и администрацијата, рече министерот Алиу.

Тоа, укажа, ќе значи пократко време и намалени трошоци за добивање на овие услуги, но и зголемување на довербата на граѓаните кон институциите.

На промоцијата на новата услуга присуствуаваа и министерот за здравство, Фатмир Меџити, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на Гинекологија Башким Исмаили.

The post Родителите имаат можност да поднесат електронско барање за упис на новороденче appeared first on Република.

]]>

Електронски упис на новороденче за издавање извод од матична книга на родените е овозможен преку националниот портал www.uslugi.gov.mk.
Преку новата услуга родителите сега имаат можност да поднесат електронско барање за упис на нивното новороденче, без да одат на шалтерите на Управата за водење на матичните книги (УВМК). Аплицирањето преку услугата "eID" од порталот www.uslugi.gov.mk ќе овозможи поднесување на барање за овој извод, лесно и без доцнење, рече министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на промоцијата на новата услуга во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза" - Чаир.
Алиу порача дека дигитализацијата е единствениот начин да се промени животот на граѓаните и најави дека до крајот на годината ќе се промовираат повеќе од 150 нови онлајн услуги на Националниот портал за е-Услуги.
Како Министерство работиме напорно за дигитализација и дигитална трансформација на државата, каде што неодамна ја промовиравме „ДигиталнаЕра“- новата платформа на МИОА, која носи зголемување на електронските услуги за граѓаните и администрацијата, рече министерот Алиу.
Тоа, укажа, ќе значи пократко време и намалени трошоци за добивање на овие услуги, но и зголемување на довербата на граѓаните кон институциите. На промоцијата на новата услуга присуствуаваа и министерот за здравство, Фатмир Меџити, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на Гинекологија Башким Исмаили.

The post Родителите имаат можност да поднесат електронско барање за упис на новороденче appeared first on Република.

]]>
Од утре упис на првачиња за учебната 2023/2024 година https://republika.mk/vesti/od-utre-upis-na-prvachina-za-uchebnata-2023-2024-godina/ Sun, 30 Apr 2023 15:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=635556

Од утре и до крајот на мај ќе трае електронското запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година. Уписот е преку порталот uslugi.gov.mk каде што родителите/старателите треба да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.

Условите за запишување прваче се да има наполнето шест години до крајот на календарската година, да биде доставена потврда за примените задолжителни вакцини за детето, како и потврди за офталмолошки и стоматолошки прегледи издадени од надлежни установи.

По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Родителот, односно старателот, има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување или доколку ученикот од другиот реон или општина нема можност за следење на наставата на својот мајчин јазик во својот реон односно општина.

Оваа дигитална услуга преку порталот uslugi.gov.mk МОН ја воведе пред две години за упис на првачињата во учебната 2021/2022 година.

The post Од утре упис на првачиња за учебната 2023/2024 година appeared first on Република.

]]>

Од утре и до крајот на мај ќе трае електронското запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година. Уписот е преку порталот uslugi.gov.mk каде што родителите/старателите треба да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето. Условите за запишување прваче се да има наполнето шест години до крајот на календарската година, да биде доставена потврда за примените задолжителни вакцини за детето, како и потврди за офталмолошки и стоматолошки прегледи издадени од надлежни установи. По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето. Родителот, односно старателот, има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување или доколку ученикот од другиот реон или општина нема можност за следење на наставата на својот мајчин јазик во својот реон односно општина. Оваа дигитална услуга преку порталот uslugi.gov.mk МОН ја воведе пред две години за упис на првачињата во учебната 2021/2022 година.

The post Од утре упис на првачиња за учебната 2023/2024 година appeared first on Република.

]]>
Завршува електронското пријавување за упис во средно, стигнале над 14 илјади апликации https://republika.mk/vesti/makedonija/zavrshuva-elektronskoto-prijavuvanje-za-upis-vo-sredno-stignale-nad-14-iljadi-aplikacii/ Wed, 15 Jun 2022 13:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=515579

Електронското аплицирање за упис во средно образование за учебната 2022/2023 година завршува во 15 часот. Пријавувањето почна на 10 јуни во 10 часот преку линк до порталот за електронски услуги https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk. Еден час пред затворањето на е-системот, министерот за образование и наука Јетон Шаќири на прес-конференција соопшти дека стигнале над 14 илјади апликации од ученици.

Бројот е сличен како и минатата година во првиот уписен рок што, според Шаќири, е потврда дека процесот е функционален, а онаму каде што имало проблеми при аплицирањето, учениците и родителите добивале поддршка од Секторот за средно образование.

Оваа дигитална услуга МОН ја воведе оваа година. Шаќири истакна дека новиот начин на уписи резултирал со, како што рече, евидентно релаксиран процес за разлика од минатите години – учениците имаа увид во поените од успехот и можност да ја менуваат, ажурираат и дополнуваат пријавата односно да се премислат во изборот на училиштето.

Со цел оптимизирање на целиот процес на уписите во средните училишта, МОН првпат оваа година воведе нова дигитална услуга која овозможи електронско аплицирање на учениците за упис во прва година. Согласно поените од успехот во основното образование, учениците имаат можност да изберат училиште и вид на образование и за сето тоа им беа потребни не повеќе од 5 до 10 минути за аплицирање. На овој начин ги намаливме гужвите во средните училишта за пријавување, со што се минимизира неизвесноста и нервозата од исходот на уписите. Исто така, ја зголемивме транспарентноста и ја намаливме улогата на човечкиот фактор - рече Шаќири.

По затворањето на електронскиот систем, денеска во 15 часот, утре и задутре (16 и 17 јуни) училишните комисии ќе вршат проверка на идентичноста на податоците од пристигнатите апликации со доставените документи, а в сабота, 18 јуни, ќе бидат објавени конечните ранг-листи на огласните табли на училиштата и на веб-страницата на МОН (mon.gov.mk).

Шаќири соопшти дека новина идната година ќе биде надградба на Е-дневникот со побрзи сервери за полесна функционалност, мобилна апликација за Е-дневникот и подобра комуникација во реално време со родителите, воведување електронско свидетелство, а ќе се работи и на автоматско аплицирање на матурантите за упис на универзитетите. Исто така, рече Шаќири, се планира целосна електронска евиденција на сите студенти на универзитетите.

The post Завршува електронското пријавување за упис во средно, стигнале над 14 илјади апликации appeared first on Република.

]]>

Електронското аплицирање за упис во средно образование за учебната 2022/2023 година завршува во 15 часот. Пријавувањето почна на 10 јуни во 10 часот преку линк до порталот за електронски услуги https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk. Еден час пред затворањето на е-системот, министерот за образование и наука Јетон Шаќири на прес-конференција соопшти дека стигнале над 14 илјади апликации од ученици. Бројот е сличен како и минатата година во првиот уписен рок што, според Шаќири, е потврда дека процесот е функционален, а онаму каде што имало проблеми при аплицирањето, учениците и родителите добивале поддршка од Секторот за средно образование. Оваа дигитална услуга МОН ја воведе оваа година. Шаќири истакна дека новиот начин на уписи резултирал со, како што рече, евидентно релаксиран процес за разлика од минатите години – учениците имаа увид во поените од успехот и можност да ја менуваат, ажурираат и дополнуваат пријавата односно да се премислат во изборот на училиштето.
Со цел оптимизирање на целиот процес на уписите во средните училишта, МОН првпат оваа година воведе нова дигитална услуга која овозможи електронско аплицирање на учениците за упис во прва година. Согласно поените од успехот во основното образование, учениците имаат можност да изберат училиште и вид на образование и за сето тоа им беа потребни не повеќе од 5 до 10 минути за аплицирање. На овој начин ги намаливме гужвите во средните училишта за пријавување, со што се минимизира неизвесноста и нервозата од исходот на уписите. Исто така, ја зголемивме транспарентноста и ја намаливме улогата на човечкиот фактор - рече Шаќири.
По затворањето на електронскиот систем, денеска во 15 часот, утре и задутре (16 и 17 јуни) училишните комисии ќе вршат проверка на идентичноста на податоците од пристигнатите апликации со доставените документи, а в сабота, 18 јуни, ќе бидат објавени конечните ранг-листи на огласните табли на училиштата и на веб-страницата на МОН (mon.gov.mk). Шаќири соопшти дека новина идната година ќе биде надградба на Е-дневникот со побрзи сервери за полесна функционалност, мобилна апликација за Е-дневникот и подобра комуникација во реално време со родителите, воведување електронско свидетелство, а ќе се работи и на автоматско аплицирање на матурантите за упис на универзитетите. Исто така, рече Шаќири, се планира целосна електронска евиденција на сите студенти на универзитетите.

The post Завршува електронското пријавување за упис во средно, стигнале над 14 илјади апликации appeared first on Република.

]]>