упасени Archives - Република https://republika.mk/tema/upaseni/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Mar 2022 09:26:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png упасени Archives - Република https://republika.mk/tema/upaseni/ 32 32 Уапсени 14 педофили во Белград, преку социјалните мрежи разменувале експлицитни фотографии од деца https://republika.mk/vesti/balkan/uapseni-14-pedofili-vo-belgrad-preku-socijalnite-mrezi-razmenuvale-eksplicitni-fotografii-od-deca/ Wed, 02 Mar 2022 09:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=466330

Во продолжение на акцијата „Армагедон“ уапсени се 14 лица осомничени дека сториле кривични дела во кои жртви се деца, пренесуваат српските медиуми.

Станува збор за кривични дела прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетно лице за порнографија, користење компјутерска мрежа или комуникација со други технички средства за извршување на кривични дела против сексуалната слобода врз малолетно лице и сексуално вознемирување.

Во операцијата „Армагедон“ уапсени се повеќе лица.

Тие се товарат за преземање, складирање на компјутерски хард дискови и споделување содржини создадени со експлоатација на деца во порнографски цели, во подолг временски период, преку интернет апликации и користење на прелистувачи кои овозможуваат прикривање на локацијата.

Се осомничени дека преку социјалните мрежи контактирале со малолетници од нивните сметки, а преку тие мрежи испраќале и фотографии и видеа од порнографски содржини создадени со експлоатација на малолетници.

При претресот, полициските службеници пронашле поголемо количество видео снимки и фотографии на малолетници искористени за порнографски цели, сексуална експлоатација на деца на возраст од 7-14 години, како и пораки со сексуална содржина со кои осомничените сексуално вознемирувале деца и малолетници.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното обвинителство, а против еден 36-годишник до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетник за порнографија.

The post Уапсени 14 педофили во Белград, преку социјалните мрежи разменувале експлицитни фотографии од деца appeared first on Република.

]]>

Во продолжение на акцијата „Армагедон“ уапсени се 14 лица осомничени дека сториле кривични дела во кои жртви се деца, пренесуваат српските медиуми. Станува збор за кривични дела прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетно лице за порнографија, користење компјутерска мрежа или комуникација со други технички средства за извршување на кривични дела против сексуалната слобода врз малолетно лице и сексуално вознемирување. Во операцијата „Армагедон“ уапсени се повеќе лица. Тие се товарат за преземање, складирање на компјутерски хард дискови и споделување содржини создадени со експлоатација на деца во порнографски цели, во подолг временски период, преку интернет апликации и користење на прелистувачи кои овозможуваат прикривање на локацијата. Се осомничени дека преку социјалните мрежи контактирале со малолетници од нивните сметки, а преку тие мрежи испраќале и фотографии и видеа од порнографски содржини создадени со експлоатација на малолетници. При претресот, полициските службеници пронашле поголемо количество видео снимки и фотографии на малолетници искористени за порнографски цели, сексуална експлоатација на деца на возраст од 7-14 години, како и пораки со сексуална содржина со кои осомничените сексуално вознемирувале деца и малолетници. На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното обвинителство, а против еден 36-годишник до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетник за порнографија.

The post Уапсени 14 педофили во Белград, преку социјалните мрежи разменувале експлицитни фотографии од деца appeared first on Република.

]]>