упад Archives - Република https://republika.mk/tema/upad/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jan 2024 11:22:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png упад Archives - Република https://republika.mk/tema/upad/ 32 32 Демократски сојуз: Најостро ги осудуваме обидите на власта да ја релативизира одговорноста за упадот во М-НАВ https://republika.mk/vesti/makedonija/demokratski-sojuz-najostro-gi-osuduvame-obidite-na-vlasta-da-ja-relativizira-odgovornosta-za-upadot-vo-m-nav/ Mon, 08 Jan 2024 11:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=730807

Демократскиот сојуз најостро ги осудува обидите на власта да ја релативизира одговорноста за упадот во Контролната кула за летање на Аеродромот во Петровец.

Да се тврди дека со упадот и насилството на осуммина бандити на ДУИ во Кулата за контрола на летање не се загрозува воздушниот сообраќај е театар на апсурдот, бидејќи аргументиран и издржан став презентираа и експертите. Но, не треба да бидеш експерт за да знаеш дека со неовластен упад и насилство спрема контролорите за летање директно е загрозен авиосообраќајот. Само среќата спасила можна катастрофа.

Сакаме посебно да укажеме на причините за „бегството“ на еден од тепаните, кој бил под силен притисок и закани да не дава изјава пред Јавниот обвинител.

Да потсетиме на идентичен случај во 2010 година, кога Беким Незири претепал контролор на летање, потоа го избркале и него и неговата сопруга од работа, по што тој избегал во една од скандинавските земји.

Затоа Владата мораше да ги разреши директорите на М-НАВ, Беким Незири да биде суспендиран од работното место во М-НАВ, а Судот на сите осуммина да им определи притвор.

Но ништо од тоа, на дело се партиските влијанија, партиските раководства во МВР, ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И СУДОТ, кои на смислен начин го опструираат целиот криминален настан.

Партиската блокада на институциите води кон анархија, криминал и дестабилизација на државата.

Одговорност мора да има за сите кои ги кршат законите, или сега или после изборите по промената на власта, нагласуваат од Демократскиот сојуз.

The post Демократски сојуз: Најостро ги осудуваме обидите на власта да ја релативизира одговорноста за упадот во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Демократскиот сојуз најостро ги осудува обидите на власта да ја релативизира одговорноста за упадот во Контролната кула за летање на Аеродромот во Петровец. Да се тврди дека со упадот и насилството на осуммина бандити на ДУИ во Кулата за контрола на летање не се загрозува воздушниот сообраќај е театар на апсурдот, бидејќи аргументиран и издржан став презентираа и експертите. Но, не треба да бидеш експерт за да знаеш дека со неовластен упад и насилство спрема контролорите за летање директно е загрозен авиосообраќајот. Само среќата спасила можна катастрофа. Сакаме посебно да укажеме на причините за „бегството“ на еден од тепаните, кој бил под силен притисок и закани да не дава изјава пред Јавниот обвинител. Да потсетиме на идентичен случај во 2010 година, кога Беким Незири претепал контролор на летање, потоа го избркале и него и неговата сопруга од работа, по што тој избегал во една од скандинавските земји. Затоа Владата мораше да ги разреши директорите на М-НАВ, Беким Незири да биде суспендиран од работното место во М-НАВ, а Судот на сите осуммина да им определи притвор. Но ништо од тоа, на дело се партиските влијанија, партиските раководства во МВР, ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И СУДОТ, кои на смислен начин го опструираат целиот криминален настан. Партиската блокада на институциите води кон анархија, криминал и дестабилизација на државата. Одговорност мора да има за сите кои ги кршат законите, или сега или после изборите по промената на власта, нагласуваат од Демократскиот сојуз.

The post Демократски сојуз: Најостро ги осудуваме обидите на власта да ја релативизира одговорноста за упадот во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Им се соблекувал на службеничките, па фрлал со филџани по нив: Пијан неготинчанец упаднал во центар за социјална работа https://republika.mk/vesti/crna-hronika/im-se-soblekuval-na-sluzhbenichkite-pa-frlal-so-fildhani-po-niv-pijan-negotinchanets-upadnal-vo-tsentar-za-sotsijalna-rabota/ Thu, 11 May 2023 12:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=639720

Вработена во Центар за социјални работи Неготино, денеска јавно реагира, по заканите што завчера ги добиле од корисник на гарантирана минимална помош. Во изјава за МИА, таа информираше дека завчера во просториите на ЈУМ ЦСР Неготино, демонстративно влегол корисник на гарантирана минимална помош, без никаква претходна покана, ниту пак потреба.

Тој под дејство на алкохол почна да вика на висок тон, да упатува погрдни вулгарни зборови кон три службенички во канцеларија, да се заканува по живот, безбедност и здравје на нас и нашите семејства. За истото е пријавено во полиција веднаш по чинот на влегување во канцеларијата, бидејќи претходно веќе имавме сознанија дека тој вознемирувал граѓани и деца во училиштата и гимназијата во Неготино за што е пријавено во полиција. Тој во период додека беше во канцеларија фрлаше службени досиеа кон нас, со стаклено шише алкохол, со филџани, екранот од комјутер кој стоеше на празното биро и се соблекуваше пред нас, со намера, како што рече, да правел што сака со нас. Бидејќи веќе ни стана секојдневие во ова наше ново општество без морални вредности да се соочуваме со недолично однесување на лицата кои се во социјален ризик, сметаме дека бевме професионални и соодветно постапивме, соопшти социјалната работничка Павлинка Волканоска.

Таа напоменеа оти се чувствуваат незаштитени како стручни работници.

Ние сме први на удар кога станува збор за дејствувањето и постапувањето на лицата кои се во социјален ризик. Оттука сакам да напоменам дека се повеќе колеги од центрите си дадоа отказ од постојаниот притисок, ризик и секојдневно омаловажување кои придонесуваат за секојдневен стрес и страв, нагласи таа.

Се заканувал кон вработена во Центар за социјални работи Неготино и се соблекол пред неа, неготинец бил лишен од слобода, потврди денеска за МИА, портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Завчера, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Л.Ф.(50) од Неготино, затоа што во Центарот за социјални работи во Неготино, упатил закани кон една вработена и се соблекол пред неа. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во писмениот одговор до МИА.

The post Им се соблекувал на службеничките, па фрлал со филџани по нив: Пијан неготинчанец упаднал во центар за социјална работа appeared first on Република.

]]>

Вработена во Центар за социјални работи Неготино, денеска јавно реагира, по заканите што завчера ги добиле од корисник на гарантирана минимална помош. Во изјава за МИА, таа информираше дека завчера во просториите на ЈУМ ЦСР Неготино, демонстративно влегол корисник на гарантирана минимална помош, без никаква претходна покана, ниту пак потреба.
Тој под дејство на алкохол почна да вика на висок тон, да упатува погрдни вулгарни зборови кон три службенички во канцеларија, да се заканува по живот, безбедност и здравје на нас и нашите семејства. За истото е пријавено во полиција веднаш по чинот на влегување во канцеларијата, бидејќи претходно веќе имавме сознанија дека тој вознемирувал граѓани и деца во училиштата и гимназијата во Неготино за што е пријавено во полиција. Тој во период додека беше во канцеларија фрлаше службени досиеа кон нас, со стаклено шише алкохол, со филџани, екранот од комјутер кој стоеше на празното биро и се соблекуваше пред нас, со намера, како што рече, да правел што сака со нас. Бидејќи веќе ни стана секојдневие во ова наше ново општество без морални вредности да се соочуваме со недолично однесување на лицата кои се во социјален ризик, сметаме дека бевме професионални и соодветно постапивме, соопшти социјалната работничка Павлинка Волканоска.
Таа напоменеа оти се чувствуваат незаштитени како стручни работници.
Ние сме први на удар кога станува збор за дејствувањето и постапувањето на лицата кои се во социјален ризик. Оттука сакам да напоменам дека се повеќе колеги од центрите си дадоа отказ од постојаниот притисок, ризик и секојдневно омаловажување кои придонесуваат за секојдневен стрес и страв, нагласи таа.
Се заканувал кон вработена во Центар за социјални работи Неготино и се соблекол пред неа, неготинец бил лишен од слобода, потврди денеска за МИА, портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Завчера, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Л.Ф.(50) од Неготино, затоа што во Центарот за социјални работи во Неготино, упатил закани кон една вработена и се соблекол пред неа. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во писмениот одговор до МИА.

The post Им се соблекувал на службеничките, па фрлал со филџани по нив: Пијан неготинчанец упаднал во центар за социјална работа appeared first on Република.

]]>
Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за упадот на изложбата на Андреевски https://republika.mk/vesti/balkan/preliminarna-istraga-na-obvinitelstvoto-vo-solun-za-upadot-na-izlozhbata-na-andreevski/ Thu, 27 Apr 2023 18:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=634769

По наредба на првиот човек на Солунското обвинителство Димитрис Смирнис, обвинителот за кривични дела ќе започне итна прелиминарна истрага за откривање на сторителите на упадот на изложбата во Солун на македонскиот сликар Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агеција АНА-МПА, истрагата е доделена на Одделот за расистичко насилство, ќе се провери материјалот објавен од сторителите на интернет, ќе бидат повикани да сведочат организаторите на изложбата и сите кои имаат сознанија за инцидентот, а ќе се истражи расно мотивирано насилство, соучесништво и поттикнување за извршување на кривични дела, насилство или раздор.

Како што утрово објави МИА, група маскирани членови на Златна зора, која со судска одлука е криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е се одржуваше изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски.

Во објавеното видео на т.н „Фронт на подмладокот- Златна зора“ тврдат дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“, коментираат дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, а тие морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“.

Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, според судската пресуда од 2020 година е криминална организација, а раководството на партијата, поранешни пратеници и членови издржуваат затворска казна.

Портпаролот на грчката Влада Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека „не постои никаква толеранција за таканаречените паравоени нацистички групи, никаква толеранција за беззаконието, никаква толеранција за заплашувањето на граѓаните“, додека пак партискиот огранок на СИРИЗА од Солун излезе со осуда на „варварскиот упад на маскираните Златнзорци“ во општинската галерија во Солун и побара полицијата да ги уапси сторителите.

The post Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за упадот на изложбата на Андреевски appeared first on Република.

]]>

По наредба на првиот човек на Солунското обвинителство Димитрис Смирнис, обвинителот за кривични дела ќе започне итна прелиминарна истрага за откривање на сторителите на упадот на изложбата во Солун на македонскиот сликар Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агеција АНА-МПА, истрагата е доделена на Одделот за расистичко насилство, ќе се провери материјалот објавен од сторителите на интернет, ќе бидат повикани да сведочат организаторите на изложбата и сите кои имаат сознанија за инцидентот, а ќе се истражи расно мотивирано насилство, соучесништво и поттикнување за извршување на кривични дела, насилство или раздор. Како што утрово објави МИА, група маскирани членови на Златна зора, која со судска одлука е криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е се одржуваше изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски. Во објавеното видео на т.н „Фронт на подмладокот- Златна зора“ тврдат дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“, коментираат дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, а тие морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“. Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, според судската пресуда од 2020 година е криминална организација, а раководството на партијата, поранешни пратеници и членови издржуваат затворска казна. Портпаролот на грчката Влада Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека „не постои никаква толеранција за таканаречените паравоени нацистички групи, никаква толеранција за беззаконието, никаква толеранција за заплашувањето на граѓаните“, додека пак партискиот огранок на СИРИЗА од Солун излезе со осуда на „варварскиот упад на маскираните Златнзорци“ во општинската галерија во Солун и побара полицијата да ги уапси сторителите.

The post Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за упадот на изложбата на Андреевски appeared first on Република.

]]>
Грчката влада за упадот кај Андреевски: Никаква толеранција за беззакокине и за заплашување на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/grchkata-vlada-za-upadot-kaj-andreevski-nikakva-tolerantsija-za-bezzakokine-i-za-zaplashuvane-na-graganite/ Thu, 27 Apr 2023 11:42:29 +0000 https://republika.mk/?p=634631

Грција нама да „толерира беззаконие и заплашување на граѓаните“, изјави портпаролот на грчката Влада Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на упадот на маскирана група од Златна зора на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреески во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

https://republika.mk/vesti/makedonija/maskirani-mazhi-od-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-makedonskiot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/

Одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот во галеријата во солунската општина Каламариа, каде што се изложени делата на Андреески, Скерцос рече дека нема толеранција ниту за нацистичките паравоени групи, термин кој во Грција се користи за организираните групи на Златна зора.

Не постои никаква толеранција за т.н. правоени нацистички групи, никаква толранција за беззаконието, никаква толеранција за заплашувањето на грѓаните, кусо одговори Скерцос.

 

The post Грчката влада за упадот кај Андреевски: Никаква толеранција за беззакокине и за заплашување на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Грција нама да „толерира беззаконие и заплашување на граѓаните“, изјави портпаролот на грчката Влада Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на упадот на маскирана група од Златна зора на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреески во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. https://republika.mk/vesti/makedonija/maskirani-mazhi-od-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-makedonskiot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/ Одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот во галеријата во солунската општина Каламариа, каде што се изложени делата на Андреески, Скерцос рече дека нема толеранција ниту за нацистичките паравоени групи, термин кој во Грција се користи за организираните групи на Златна зора.
Не постои никаква толеранција за т.н. правоени нацистички групи, никаква толранција за беззаконието, никаква толеранција за заплашувањето на грѓаните, кусо одговори Скерцос.
 

The post Грчката влада за упадот кај Андреевски: Никаква толеранција за беззакокине и за заплашување на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Маскирани мажи од Златна зора упаднаа на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во Солун https://republika.mk/vesti/makedonija/maskirani-mazhi-od-zlatna-zora-upadnaa-na-izlozhbata-na-makedonskiot-umetnik-sergej-andreevski-vo-solun/ Thu, 27 Apr 2023 08:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=634516

Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е прогласена за криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина.

Во објавено видео на т.н „Фронт на подмладокот - Златна зора“ се тврди дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“ и се додава дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, па затоа морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“.

На влезот од галеријата залепиле плакати кои, како што велат, се однесуваат на жителите и на „неприфатливата толеранција на градоначалникот“.

Се забранува секаква реклама или отстапување на јавен простор со пари од грчките граѓани за организации или личности како што е Сергеј Андреевски, кои ја поткопуваат грчката историја, го оспоруваат грчкиот карактер на нашата земја, ги отстапуваат нашите национални симболи и одобруваат криминал врз Грците, пишува на плакатот.

Златна зора како политичка партија во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а со судска пресуда од 2020 година е прогласена за криминална организација и нејзиното раководство, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворска казна.

Изложбата „Неизложени дела на хартија“ на ликовниот уметник Сергеј Андреевски беше свечено отворена во петокот во Солун, во присуство на голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги неговите впечатоци за МИА, вчера истакна дека уметноста не познава граници, нејзиниот јазик е универзален.

The post Маскирани мажи од Златна зора упаднаа на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во Солун appeared first on Република.

]]>

Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е прогласена за криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина. Во објавено видео на т.н „Фронт на подмладокот - Златна зора“ се тврди дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“ и се додава дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, дека станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, па затоа морале да „интервенираат“ и пред сѐ да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации не остануваат без одговор“. На влезот од галеријата залепиле плакати кои, како што велат, се однесуваат на жителите и на „неприфатливата толеранција на градоначалникот“.
Се забранува секаква реклама или отстапување на јавен простор со пари од грчките граѓани за организации или личности како што е Сергеј Андреевски, кои ја поткопуваат грчката историја, го оспоруваат грчкиот карактер на нашата земја, ги отстапуваат нашите национални симболи и одобруваат криминал врз Грците, пишува на плакатот.
Златна зора како политичка партија во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а со судска пресуда од 2020 година е прогласена за криминална организација и нејзиното раководство, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворска казна. Изложбата „Неизложени дела на хартија“ на ликовниот уметник Сергеј Андреевски беше свечено отворена во петокот во Солун, во присуство на голем број посетители, а уметникот, пренесувајќи ги неговите впечатоци за МИА, вчера истакна дека уметноста не познава граници, нејзиниот јазик е универзален.

The post Маскирани мажи од Златна зора упаднаа на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во Солун appeared first on Република.

]]>
Полиција упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски, уредник на порталот ДоказМ https://republika.mk/vesti/makedonija/politsija-upadnala-vo-domot-na-novinarot-marjan-stamenkovski-urednik-na-portalot-dokazm/ Thu, 09 Feb 2023 20:09:49 +0000 https://republika.mk/?p=607105

Доцна попладневно полицијата упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски во скопската населба Влае, објави Плусинфо.

Стаменковски е сопственик и уредник на порталот ДоказМ.

Полицијата врши комплетен претрес во домот на Стаменковски, во обид да најде докази за извршени противзаконски дејствија.

Во моментов, не се знае точно што бара полицијата. Според сознанија на Плусинфо, можно е претресот да е поврзан со написи на Марјан Стаменковски за полицијата и за Јавното обвинителство.

Стаменковски има помош од адвокат, но МВР засега не соопштува ништо за настанот. Засега дознаваме дека претресот се врши по налог на Основното јавно обвинителство.

The post Полиција упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски, уредник на порталот ДоказМ appeared first on Република.

]]>

Доцна попладневно полицијата упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски во скопската населба Влае, објави Плусинфо. Стаменковски е сопственик и уредник на порталот ДоказМ. Полицијата врши комплетен претрес во домот на Стаменковски, во обид да најде докази за извршени противзаконски дејствија. Во моментов, не се знае точно што бара полицијата. Според сознанија на Плусинфо, можно е претресот да е поврзан со написи на Марјан Стаменковски за полицијата и за Јавното обвинителство. Стаменковски има помош од адвокат, но МВР засега не соопштува ништо за настанот. Засега дознаваме дека претресот се врши по налог на Основното јавно обвинителство.

The post Полиција упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски, уредник на порталот ДоказМ appeared first on Република.

]]>
По 18-месечна истрага, собраниската комисија за упадот на Капитол ќе ги објави заклучоците https://republika.mk/vesti/svet/po-18-mesechna-istraga-sobraniskata-komisija-za-upadot-na-kapitol-kje-gi-objavi-zakluchocite/ Mon, 19 Dec 2022 08:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=587428

По 18-месечна истрага, парламентарната анкетна комисија за упадот на Капитол денеска ќе ги објави своите заклучоци и се очекува да гласа дали да препорача Доналд Трамп и некои од неговите соработници да бидат кривично гонети.

Нејзините членови, седум демократи и двајца републиканци, ќе одржат јавен состанок во 13 часот по локално време за да ги претстават своите наоди за настаните од 6 јануари 2021 година, собрани во осум поглавја.

На тој ден, приврзаници на поранешниот претседател Трамп, тврдејќи заедно со него дека Џо Бајден ги „украл“ претседателските избори во 2020 година, ја нападнаа зградата на Конгресот.

Комисијата денеска треба да одлучи дали ќе препорача Министерството за правда да го обвини Трамп за поттикнување бунт, попречување официјална процедура (за потврдување на изборниот резултат во 2020 година) и заговор против американската држава.

Овие три обвиненија може да доведат до казни кои вклучуваат затвор и забрана за вршење јавна функција во САД, а поранешниот претседател веќе рече дека ќе се кандидира за функцијата во 2024 година.

Конечниот извештај на комисијата ќе биде објавен на 21 декември.

The post По 18-месечна истрага, собраниската комисија за упадот на Капитол ќе ги објави заклучоците appeared first on Република.

]]>

По 18-месечна истрага, парламентарната анкетна комисија за упадот на Капитол денеска ќе ги објави своите заклучоци и се очекува да гласа дали да препорача Доналд Трамп и некои од неговите соработници да бидат кривично гонети. Нејзините членови, седум демократи и двајца републиканци, ќе одржат јавен состанок во 13 часот по локално време за да ги претстават своите наоди за настаните од 6 јануари 2021 година, собрани во осум поглавја. На тој ден, приврзаници на поранешниот претседател Трамп, тврдејќи заедно со него дека Џо Бајден ги „украл“ претседателските избори во 2020 година, ја нападнаа зградата на Конгресот. Комисијата денеска треба да одлучи дали ќе препорача Министерството за правда да го обвини Трамп за поттикнување бунт, попречување официјална процедура (за потврдување на изборниот резултат во 2020 година) и заговор против американската држава. Овие три обвиненија може да доведат до казни кои вклучуваат затвор и забрана за вршење јавна функција во САД, а поранешниот претседател веќе рече дека ќе се кандидира за функцијата во 2024 година. Конечниот извештај на комисијата ќе биде објавен на 21 декември.

The post По 18-месечна истрага, собраниската комисија за упадот на Капитол ќе ги објави заклучоците appeared first on Република.

]]>