Универзитетот „Мајка Тереза“ Archives - Република https://republika.mk/tema/univerzitetot-majka-tereza/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Mar 2024 14:54:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Универзитетот „Мајка Тереза“ Archives - Република https://republika.mk/tema/univerzitetot-majka-tereza/ 32 32 Протест на вработените на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/protest-na-vrabotenite-na-univerzitetot-majka-tereza-vo-skopje/ Mon, 04 Mar 2024 14:54:12 +0000 https://republika.mk/?p=751127

Синдикатот на Универзитетот „Мајка Тереза“ (УМТ) денеска одржа мирен протест пред влезот на образовната установа поради непотпишувањето на Колективниот договор со овој Универзитет.

Претседателот на Синдикатот на УМТ Авни Авдиу во изјава за МИА посочи дека протестот се одржува заедно и во исто време со уште четири државни универзитети со цел да го изразат својот став и негодување дека се игнорирани и дискриминирани од страна на Собранието и на Владата откако колективен договор е потпишан само со Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје.

-Го поздравуваме спроведувањето на колективниот договор со УКИМ, но на надлежните им порачуваме дека истовремено спроведуваат двојни стандарди, дискриминација и нееднаквост бидејќи останатите пет јавни универзитет го уживаат истиот статус, реализираат иста општествена дејност со иста одговорност, а со непотпишување на колективниот договор неправедно се ставени настрана од државата. Здружени и обединети синдикатите со овој протест порачуваме дека настапуваме обединети, без никаква политичка боја, организирани за враќање на достоинството, интегритетот и правдата, вели Авдиу.

Тој нагласува дека доколку не биде потпишан колективниот договор ќе преземат други мерки како што е протест пред Собранието, бојкот на наставата. Мерките ќе бидат донесени во координација со останатите четири универзитети.

 

The post Протест на вработените на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Универзитетот „Мајка Тереза“ (УМТ) денеска одржа мирен протест пред влезот на образовната установа поради непотпишувањето на Колективниот договор со овој Универзитет. Претседателот на Синдикатот на УМТ Авни Авдиу во изјава за МИА посочи дека протестот се одржува заедно и во исто време со уште четири државни универзитети со цел да го изразат својот став и негодување дека се игнорирани и дискриминирани од страна на Собранието и на Владата откако колективен договор е потпишан само со Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. -Го поздравуваме спроведувањето на колективниот договор со УКИМ, но на надлежните им порачуваме дека истовремено спроведуваат двојни стандарди, дискриминација и нееднаквост бидејќи останатите пет јавни универзитет го уживаат истиот статус, реализираат иста општествена дејност со иста одговорност, а со непотпишување на колективниот договор неправедно се ставени настрана од државата. Здружени и обединети синдикатите со овој протест порачуваме дека настапуваме обединети, без никаква политичка боја, организирани за враќање на достоинството, интегритетот и правдата, вели Авдиу. Тој нагласува дека доколку не биде потпишан колективниот договор ќе преземат други мерки како што е протест пред Собранието, бојкот на наставата. Мерките ќе бидат донесени во координација со останатите четири универзитети.  

The post Протест на вработените на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Италијанскот амбасадор во посета на Универзитетот „Мајка Тереза“ https://republika.mk/vesti/makedonija/italijanskot-ambasador-vo-poseta-na-univerzitetot-majka-tereza/ Tue, 01 Feb 2022 14:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=452523

Делегација на Амбасадата на Италија во Скопје, предводена од амбасадорот Андреа Силвестри, денеска го посети Универзитетот „Мајка Тереза“ (УМТ) во Скопје и имаше средба со ректорот проф. д-р Азиз Положани.

За време на средбата, ректорот Положани го информираше амбасадорот Силвестри за активностите на УМТ воопшто, а особено за соработката со Италија, како што се двојната мастер студиска програма „Менаџмент на миграцијата“ со Универзитетот во Сасари, размената на студенти и професори во рамките на програмата „Еразмус плус“, како и наставата по италијански јазик како изборен предмет која се спроведува изминатите две години на Факултетот за социјални науки - соопшти УМТ.

Од Универзитетот посочуваат дека факултативното изучување на италијанскиот јазик почнало со професорот Едуардо Натале, кој ја имал првата група студенти на УМТ, и продолжило со професорката Маја Милевска-Кулевска.

Италијанскиот амбасадор се сретна со студенти кои го изучуваат италијанскиот јазик и ја посети уметничката галерија „Омер Калеши“ која функционира во рамките на УМТ, а ректорот Положани му подари плакета во знак на благодарност за придонесот во развојот и афирмацијата на италијанскиот јазик на Универзитетот „Мајка Тереза“.

На средбата присуствуваа и заменик-амбасадорот Марио де Роса, лингвистот проф. Марко Пешетели и проректорот за образование на УМТ, проф. д-р. Зоран Трифунов.

The post Италијанскот амбасадор во посета на Универзитетот „Мајка Тереза“ appeared first on Република.

]]>

Делегација на Амбасадата на Италија во Скопје, предводена од амбасадорот Андреа Силвестри, денеска го посети Универзитетот „Мајка Тереза“ (УМТ) во Скопје и имаше средба со ректорот проф. д-р Азиз Положани.
За време на средбата, ректорот Положани го информираше амбасадорот Силвестри за активностите на УМТ воопшто, а особено за соработката со Италија, како што се двојната мастер студиска програма „Менаџмент на миграцијата“ со Универзитетот во Сасари, размената на студенти и професори во рамките на програмата „Еразмус плус“, како и наставата по италијански јазик како изборен предмет која се спроведува изминатите две години на Факултетот за социјални науки - соопшти УМТ.
Од Универзитетот посочуваат дека факултативното изучување на италијанскиот јазик почнало со професорот Едуардо Натале, кој ја имал првата група студенти на УМТ, и продолжило со професорката Маја Милевска-Кулевска. Италијанскиот амбасадор се сретна со студенти кои го изучуваат италијанскиот јазик и ја посети уметничката галерија „Омер Калеши“ која функционира во рамките на УМТ, а ректорот Положани му подари плакета во знак на благодарност за придонесот во развојот и афирмацијата на италијанскиот јазик на Универзитетот „Мајка Тереза“. На средбата присуствуваа и заменик-амбасадорот Марио де Роса, лингвистот проф. Марко Пешетели и проректорот за образование на УМТ, проф. д-р. Зоран Трифунов.

The post Италијанскот амбасадор во посета на Универзитетот „Мајка Тереза“ appeared first on Република.

]]>