универзитети Archives - Република https://republika.mk/tema/univerziteti/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 07:28:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png универзитети Archives - Република https://republika.mk/tema/univerziteti/ 32 32 Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети https://republika.mk/vesti/makedonija/vtor-upisen-rok-za-prva-godina-na-ukim-slobodni-mesta-ima-na-rechisi-site-fakulteti/ Tue, 17 Sep 2024 07:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=816969

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето во вториот рок за упис во прва година додипломски студии за учебната 2024/2025 година. По првиот уписен рок на 29 и 30 август, слободни места има на речиси сите факултети во состав на Скопскиот универзитет.

Според информациите од УКИМ, на Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233, од кои 123 се наменети за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а 110 за редовни студенти со школарина.

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) за редовни студенти во државна квота се слободни 194 места, а за тие што ќе ги кофинансираат студиите слободни се 99 места.

На ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство) за редовни студенти во државна квота има 59 места, од кои најмногу (41) на насоката компјутерско инженерство. За редовни студенти со школарина на ФИНКИ има 254 слободни места.

За редовни студенти на Машинскиот факултет за вториот уписен рок има 452 места, на Технолошко-металуршкиот факултет 238, на Природно-математичкиот факултет за редовни студенти во државна квота слободни се 418 места, за студенти во приватна квота 324 места, а за вонредни студенти 103 места.

На Економскиот факултет нема слободни места за студенти кои се финансираат од буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина слободни се 89 места и 49 за вонредни. На Правниот факултет „Јустинијан Први“ има 100 слободни места во државната квора, за студенти со школарина 323 и за вонредни студенти слободни се 49 места.

На Филозофскиот факултет слободни има 592, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ околу 300 места за сите насоки, за редовни и за вонредни студенти. На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ за редовни студенти во државна квота се слободни 96 места, за студенти со школарина 150, додека за вонредни студенти во вториот уписен рок има 46 места.

На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје нема слободни места за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а за редовни со кофинансирање има 73 места и за вонредни 98 места.

- Само девет места се слободни на Медицинскиот факултет за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина се слободни 106 места, а за вонредни 92 места. На Фармацевтскиот факултет се слободни 71 место, додека на Стоматолошкиот факултет само 13 места, соопшти УКИМ.

На Факултетот за земјоделски науки и храна има 292 слободни места за редовни студенти во државна квота, 120 за студенти со школарина и 83 за вонредни студенти. На Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ се слободни 161 место, на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер има 57 места и на Факултетот за ветеринарна медицина слободни се 52 места.

- Само едно место е слободно на Факултетот за драмски уметности, додека на Факултетот за ликовна уметност само седум места. На Факултетот за музичка уметност се слободни вкупно 141 место за вториот уписен рок на прв циклус студии, од кои 52 за студенти во државна квота, а 89 за студенти во приватна квота, информира УКИМ на чија веб-страница www.ukim.edu.mk има повеќе информации за уписот на додипломски студии.

The post Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети appeared first on Република.

]]>

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето во вториот рок за упис во прва година додипломски студии за учебната 2024/2025 година. По првиот уписен рок на 29 и 30 август, слободни места има на речиси сите факултети во состав на Скопскиот универзитет. Според информациите од УКИМ, на Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233, од кои 123 се наменети за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а 110 за редовни студенти со школарина. На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) за редовни студенти во државна квота се слободни 194 места, а за тие што ќе ги кофинансираат студиите слободни се 99 места. На ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство) за редовни студенти во државна квота има 59 места, од кои најмногу (41) на насоката компјутерско инженерство. За редовни студенти со школарина на ФИНКИ има 254 слободни места. За редовни студенти на Машинскиот факултет за вториот уписен рок има 452 места, на Технолошко-металуршкиот факултет 238, на Природно-математичкиот факултет за редовни студенти во државна квота слободни се 418 места, за студенти во приватна квота 324 места, а за вонредни студенти 103 места. На Економскиот факултет нема слободни места за студенти кои се финансираат од буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина слободни се 89 места и 49 за вонредни. На Правниот факултет „Јустинијан Први“ има 100 слободни места во државната квора, за студенти со школарина 323 и за вонредни студенти слободни се 49 места. На Филозофскиот факултет слободни има 592, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ околу 300 места за сите насоки, за редовни и за вонредни студенти. На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ за редовни студенти во државна квота се слободни 96 места, за студенти со школарина 150, додека за вонредни студенти во вториот уписен рок има 46 места. На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје нема слободни места за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а за редовни со кофинансирање има 73 места и за вонредни 98 места. - Само девет места се слободни на Медицинскиот факултет за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина се слободни 106 места, а за вонредни 92 места. На Фармацевтскиот факултет се слободни 71 место, додека на Стоматолошкиот факултет само 13 места, соопшти УКИМ. На Факултетот за земјоделски науки и храна има 292 слободни места за редовни студенти во државна квота, 120 за студенти со школарина и 83 за вонредни студенти. На Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ се слободни 161 место, на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер има 57 места и на Факултетот за ветеринарна медицина слободни се 52 места. - Само едно место е слободно на Факултетот за драмски уметности, додека на Факултетот за ликовна уметност само седум места. На Факултетот за музичка уметност се слободни вкупно 141 место за вториот уписен рок на прв циклус студии, од кои 52 за студенти во државна квота, а 89 за студенти во приватна квота, информира УКИМ на чија веб-страница www.ukim.edu.mk има повеќе информации за уписот на додипломски студии.

The post Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Во МОН има пријави за еден државен и два приватни униерзитети https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-vo-mon-ima-prijavi-za-eden-drzhaven-i-dva-privatni-unierziteti/ Wed, 17 Jul 2024 07:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=797554

Во Министерството за образование и наука постојано стигнуваат поплаки за работата на одредени универзитети и факултети, но за ерозијата на високото образование се неопходни сериозни, транспарентни и законски засновани постапки, рече министерката за образование и наука во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ.

Во моментов работиме на 3 пријави, за еден државен и два приватни универзитети. За кои универзитети конкретно станува збор, ќе говориме кога ќе имаме сериозни докази. Дојде време да се работи по закон. Нема да има селективност. Она што сега можам да го кажам е дека ќе следи реевалуација и реакредитација на сите универзитети, нагласи министерката Јаневска.

Информираше дека Министерството за образование и наука на јавна расправа ќе стави и предлог за државни дипломи само во 9-то одделение и во завршна година од средно образование.

Добивме нов е-дневник со средства од ЕУ, којшто е многу посовремен и поефикасен. Тој е во фаза на тестирање и одобрување и истиот овозможува печатење на свидетелства. Но реално, учениците имаат потреба од свидетелства само во 9. одделение и во завршна година од средно образование, за да го продолжат образованието или за да се вклучат на пазарот на труд. Можеби е подобро и поекономично, училиштата да ги печатат другите свидетелства, а завршните свидетелства да ги печати државата. И овој предлог ќе го ставиме на јавна дискусија“, појасни министерката Јаневска.

The post Јаневска: Во МОН има пријави за еден државен и два приватни униерзитети appeared first on Република.

Џафери за протестите на пет државни универзитети: На закажани избори не се потпишуваат колективни договори https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-za-protestite-na-pet-drzhavni-univerziteti-na-zakazhani-izbori-ne-se-potpishuvaat-kolektivni-dogovori/ Wed, 06 Mar 2024 10:51:02 +0000 https://republika.mk/?p=751849

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска на прес-конференција, во врска со протестите на пет државни универзитети, кажа дека на закажани избори не се потпишуваат колективни договори и оти протестите се користат за дневно-политички цели.

Тој појасни дека секој има право на протест и штрајк, но оти решението за оваа ситуација, како што кажа, ќе се бара по изборите.

Членовите на синдикатите на петте државни универзитети „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“ и „Мајка Тереза“ во Скопје во понеделникот на мирен протест побараа потпишување на колективен договор на овие универзитети и изедначување на правата, обврските и одговорностите со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Тие го поздравија потпишувањето и спроведувањето на колективниот договор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, но истовремено укажаа на нееднаквиот статус на останатите пет јавни универзитети во земјата. Сметаат дека се игнорирани и дискриминирани од Владата и Собранието во однос на УКИМ, чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.

Решението е да се чека да се завршат изборите. Собранието е основач. Собранието ниту е политичка партија, ниту е личност. Собранието е државна институција и тоа највисок орган. Во кој било формат после изборите продолжува процедурата започната по однос на барањата. Кој и да е претседател на Собранието и кој и да е составот на наредното мнозинство ќе мора да го овласти претседателот на Собранието затоа што актуелниот после избори физички нема време тоа да го прави. Во време на избори не може да пристапи кон ова, значи решението е да продолжи постапката по изборите. Имајќи предвид дека искуствено оние слабости што ги имаше барањето на УКИМ веќе се надминати затоа што имаа сите примерок од содржината како треба да изгледа целината на договорот го имаа од УКИМ како пример, им го дадов уште таму кога беа кај мене, така што полесно ќе може да се заврши процедурата - рече Џафери.

Вели дека тие не биле дискриминирани, бидејќи немале формирано навремено синдикати.

Немаа синдикати, затоа што дел од професорите беа по инерција членови на синдикати, општи синдикати во МОН. И кога виделе на примерот на УКИМ коишто земале и читале закони па требале да имаат самостоен синдикат како самостојна институција, на тој пример. Значи, како се дискриминирани? Колку време постојат универзитетиве, најновиот е УНК – значи Универзитетот „Мајка Тереза“. Па зошто не формираа навреме синдикати да имаат како што ги формираа после кога им укажав дека треба да прават тоа - рече тој.

Пратеникот Арбр Адеми вчера изјави дека пратениците од владејачкото мнозинство до Собранието поднеле измени на Законот за високото образование, со кои, се очекува, да се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи. Тој очекува дека законот да биде донесен во текот на оваа недела на пленарна седница.

Имајќи предвид дека изборите се распишани, а претседателот на Собранието иако сака, но членот 8а од Изборниот законик забранува потпишување на колективни договори. Наоѓајќи се во таква ситуација кога не може да се потпише колективен договор со другите универзитети, ние пратениците од владејачкото мнозинство презедовме иницијатива тие членови кои се во Колективниот договор што Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ го склучи со претседателот на Собранието во декември 2022 година, да бидат внесени овде со помоќен правен акт – со закон и кои одредби ќе важат за сите јавни универзитети. Во предложениот закон е наведено и дека овој закон ќе стапи во сила осмиот ден од објавувањето во Службен весник, што значи дека ќе стапи во сила во текот на овој месец - истакна Адеми изразувајќи надеж дека овие законски измени ќе ја добијат поддршката од сите пратеници во Собранието.

The post Џафери за протестите на пет државни универзитети: На закажани избори не се потпишуваат колективни договори appeared first on Република.

]]>

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска на прес-конференција, во врска со протестите на пет државни универзитети, кажа дека на закажани избори не се потпишуваат колективни договори и оти протестите се користат за дневно-политички цели. Тој појасни дека секој има право на протест и штрајк, но оти решението за оваа ситуација, како што кажа, ќе се бара по изборите. Членовите на синдикатите на петте државни универзитети „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“ и „Мајка Тереза“ во Скопје во понеделникот на мирен протест побараа потпишување на колективен договор на овие универзитети и изедначување на правата, обврските и одговорностите со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Тие го поздравија потпишувањето и спроведувањето на колективниот договор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, но истовремено укажаа на нееднаквиот статус на останатите пет јавни универзитети во земјата. Сметаат дека се игнорирани и дискриминирани од Владата и Собранието во однос на УКИМ, чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.
Решението е да се чека да се завршат изборите. Собранието е основач. Собранието ниту е политичка партија, ниту е личност. Собранието е државна институција и тоа највисок орган. Во кој било формат после изборите продолжува процедурата започната по однос на барањата. Кој и да е претседател на Собранието и кој и да е составот на наредното мнозинство ќе мора да го овласти претседателот на Собранието затоа што актуелниот после избори физички нема време тоа да го прави. Во време на избори не може да пристапи кон ова, значи решението е да продолжи постапката по изборите. Имајќи предвид дека искуствено оние слабости што ги имаше барањето на УКИМ веќе се надминати затоа што имаа сите примерок од содржината како треба да изгледа целината на договорот го имаа од УКИМ како пример, им го дадов уште таму кога беа кај мене, така што полесно ќе може да се заврши процедурата - рече Џафери.
Вели дека тие не биле дискриминирани, бидејќи немале формирано навремено синдикати.
Немаа синдикати, затоа што дел од професорите беа по инерција членови на синдикати, општи синдикати во МОН. И кога виделе на примерот на УКИМ коишто земале и читале закони па требале да имаат самостоен синдикат како самостојна институција, на тој пример. Значи, како се дискриминирани? Колку време постојат универзитетиве, најновиот е УНК – значи Универзитетот „Мајка Тереза“. Па зошто не формираа навреме синдикати да имаат како што ги формираа после кога им укажав дека треба да прават тоа - рече тој.
Пратеникот Арбр Адеми вчера изјави дека пратениците од владејачкото мнозинство до Собранието поднеле измени на Законот за високото образование, со кои, се очекува, да се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи. Тој очекува дека законот да биде донесен во текот на оваа недела на пленарна седница.
Имајќи предвид дека изборите се распишани, а претседателот на Собранието иако сака, но членот 8а од Изборниот законик забранува потпишување на колективни договори. Наоѓајќи се во таква ситуација кога не може да се потпише колективен договор со другите универзитети, ние пратениците од владејачкото мнозинство презедовме иницијатива тие членови кои се во Колективниот договор што Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ го склучи со претседателот на Собранието во декември 2022 година, да бидат внесени овде со помоќен правен акт – со закон и кои одредби ќе важат за сите јавни универзитети. Во предложениот закон е наведено и дека овој закон ќе стапи во сила осмиот ден од објавувањето во Службен весник, што значи дека ќе стапи во сила во текот на овој месец - истакна Адеми изразувајќи надеж дека овие законски измени ќе ја добијат поддршката од сите пратеници во Собранието.

The post Џафери за протестите на пет државни универзитети: На закажани избори не се потпишуваат колективни договори appeared first on Република.

]]>
Австрискиот министер за образование ги повика универзитетите да ја прекинат соработката со Русија https://republika.mk/vesti/svet/avstriskiot-minister-za-obrazovanie-gi-povika-univerzitetite-da-ja-prekinat-sorabotkata-so-rusija/ Wed, 09 Mar 2022 08:21:47 +0000 https://republika.mk/?p=469911

Министерот за образование на Австрија, Мартин Полашек ги повика австриските универзитети и научни институции да ја замрзнат соработката со Русија.

Откако Европската комисија утврди санкции во областа на науката и истражувањето, министерот Полашек им препорача на австриските институции од таа област да ја замрзнат досегашната соработка со руските институции до дополнително известување и критички да ги разгледаат поединечните контакти.

Во изјавата, Поласек укажа на напорите на австриската влада да им помогне на Украинците кои ја напуштиле својата земја.

Министерството за образование ја укина наплатата за студии за околу 2.300 украински студенти во Австрија за летниот семестар.

The post Австрискиот министер за образование ги повика универзитетите да ја прекинат соработката со Русија appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование на Австрија, Мартин Полашек ги повика австриските универзитети и научни институции да ја замрзнат соработката со Русија. Откако Европската комисија утврди санкции во областа на науката и истражувањето, министерот Полашек им препорача на австриските институции од таа област да ја замрзнат досегашната соработка со руските институции до дополнително известување и критички да ги разгледаат поединечните контакти. Во изјавата, Поласек укажа на напорите на австриската влада да им помогне на Украинците кои ја напуштиле својата земја. Министерството за образование ја укина наплатата за студии за околу 2.300 украински студенти во Австрија за летниот семестар.

The post Австрискиот министер за образование ги повика универзитетите да ја прекинат соработката со Русија appeared first on Република.

]]>
Студентките добија дозвола да се вратат на настава: Повторно отворени државните универзитети во Авганистан https://republika.mk/vesti/svet/studentkite-dobija-dozvola-da-se-vratat-na-nastava-povtorno-otvoreni-drzavnite-univerziteti-vo-avganistan/ Wed, 02 Feb 2022 09:43:28 +0000 https://republika.mk/?p=452839

Во Авганистан од денеска се отворени неколку државни универзитети, за прв пат откако талибанците ја презедоа власта, а настава можат да посетуваат и студентки, но не во исто време со мажи, соопштија властите.

Студенти од денеска почна настава на државните универзитети во провинциите Лагман, Нагархар и Хелманд.

Од септември минатата година, само на приватните универзитети им беше дозволено повторно да се отворат и за жени и за мажи, кои посетуваа настава одделно. Пред талибанците да ја преземат власта во август минатата година, жените и мажите учеа заедно.

Ова е среќен момент, повторно да одиме на часови, но сепак постои страв дека талибанците би можеле да ги спречат - вели студентка по политички науки на Универзитетот Нангархар во Џалалабад.

Во Мехтарлам, пред кампусот на Универзитетот Лахман, утринава биле видени многу малку студентки, јавија светските агенции.

Сите можат да дојдат, од 8 до 12 часот часовите се резервирани за жени, а од 13 до 16 часот ќе има настава за мажи - вели вработен во универзитетот.

Новинарите на некои странски агенции виделе само шест жени кои носеле бурки или никаб како влегуваат на настава на првиот час во кампусот што го обезбедуваат вооружени талибански борци.

Јавните универзитети денеска повторно се отворени во провинциите Лагман, Нангархар, Хелманд, Нимроз, Фарах и Кандахар, а на 26 февруари ќе бидат повторно отворени во уште 28 провинции, соопштија властите.

Мисијата на ОН во Авганистан оцени дека повторното отворање на универзитетите е нешто многу важно за земјата.

https://twitter.com/ReutersAsia/status/1488806945339453440?cxt=HHwWgMC9weuBp6kpAAAA

Повторното отворање на јавните универзитети уследи по разговорите на крајот на јануари меѓу талибанците и западните дипломати во Норвешка, првата европска земја што ги прифати талибанците откако тие ја презедоа власта.

Западните земји го условуваат деблокирањето на меѓународната помош од милијарди долари со почитување на човековите права.

Новите власти во Авганистан наведуваат дека се модернизираат во однос на нивното претходно владеење (1996-2001) кога во голема мера ги прекршиле човековите права. Но, тие не чекаа повторно да ги прекршат основните права на жените, воведувајќи строги ограничувања на нивното право на работа, образование и патувања.

The post Студентките добија дозвола да се вратат на настава: Повторно отворени државните универзитети во Авганистан appeared first on Република.

]]>

Во Авганистан од денеска се отворени неколку државни универзитети, за прв пат откако талибанците ја презедоа власта, а настава можат да посетуваат и студентки, но не во исто време со мажи, соопштија властите. Студенти од денеска почна настава на државните универзитети во провинциите Лагман, Нагархар и Хелманд. Од септември минатата година, само на приватните универзитети им беше дозволено повторно да се отворат и за жени и за мажи, кои посетуваа настава одделно. Пред талибанците да ја преземат власта во август минатата година, жените и мажите учеа заедно.
Ова е среќен момент, повторно да одиме на часови, но сепак постои страв дека талибанците би можеле да ги спречат - вели студентка по политички науки на Универзитетот Нангархар во Џалалабад.
Во Мехтарлам, пред кампусот на Универзитетот Лахман, утринава биле видени многу малку студентки, јавија светските агенции.
Сите можат да дојдат, од 8 до 12 часот часовите се резервирани за жени, а од 13 до 16 часот ќе има настава за мажи - вели вработен во универзитетот.
Новинарите на некои странски агенции виделе само шест жени кои носеле бурки или никаб како влегуваат на настава на првиот час во кампусот што го обезбедуваат вооружени талибански борци. Јавните универзитети денеска повторно се отворени во провинциите Лагман, Нангархар, Хелманд, Нимроз, Фарах и Кандахар, а на 26 февруари ќе бидат повторно отворени во уште 28 провинции, соопштија властите. Мисијата на ОН во Авганистан оцени дека повторното отворање на универзитетите е нешто многу важно за земјата. https://twitter.com/ReutersAsia/status/1488806945339453440?cxt=HHwWgMC9weuBp6kpAAAA Повторното отворање на јавните универзитети уследи по разговорите на крајот на јануари меѓу талибанците и западните дипломати во Норвешка, првата европска земја што ги прифати талибанците откако тие ја презедоа власта. Западните земји го условуваат деблокирањето на меѓународната помош од милијарди долари со почитување на човековите права. Новите власти во Авганистан наведуваат дека се модернизираат во однос на нивното претходно владеење (1996-2001) кога во голема мера ги прекршиле човековите права. Но, тие не чекаа повторно да ги прекршат основните права на жените, воведувајќи строги ограничувања на нивното право на работа, образование и патувања.

The post Студентките добија дозвола да се вратат на настава: Повторно отворени државните универзитети во Авганистан appeared first on Република.

]]>
Универзитетите во САД се враќаат на онлајн настава https://republika.mk/vesti/svet/univerzitetite-vo-sad-se-vrakjaat-na-onlajn-nastava/ Sun, 02 Jan 2022 16:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=439647

Во време кога бројот на случаи на Ковид 19 растеи кога студентите треба да се вратат од зимскиот распуст, многу американски колеџи се враќаат на онлајн настава.

Универзитетите најавуваат дека таквата одлука би можела да биде продолжена доколку бранот на инфекции наскоро не помине.

Харвард во првите три недели од новата година ќе одржува онлајн настава, а враќањето во кампусот е закажано за крајот на јануари, но само „доколку условите го дозволат тоа“, пренесува Гласот на Америка.

Универзитетот во Чикаго го одложува почетокот на новиот семестар и првите две недели ќе одржува онлајн настава.

Некои други колеџи, како што е Универзитетот во Мичиген, ги повикаа студентите да се вратат во кампусот, но наставата ќе почне онлајн.

Многу универзитети се надеваат дека дополнителна недела или две онлајн часови ќе им помогнат да го „преминат“ врвот на новиот бран на пандемијата предизвикан од омикрон варијантата на корона вирусот.

Досега, повеќе од 70 универзитети во 26 американски сојузни држави одлучија да почнат со онлајн часови по празниците, а други ја разгледуваат таквата опција.

Многу од универзитетите кои се префрлаат на онлајн настава се наоѓаат во области кои неодамна повторно беа жаришта на вирусот.

Меѓу нив се Џорџ Вашингтон, Јеил и Источна Колумбија, како и државниот универзитет Вејн во Детроит или Нортвестерн во близина на Чикаго.

Списокот ги вклучува и повеќето кампуси на Универзитетот во Калифорнија и Универзитетот Рајс во Хјустон.

The post Универзитетите во САД се враќаат на онлајн настава appeared first on Република.

]]>

Во време кога бројот на случаи на Ковид 19 растеи кога студентите треба да се вратат од зимскиот распуст, многу американски колеџи се враќаат на онлајн настава. Универзитетите најавуваат дека таквата одлука би можела да биде продолжена доколку бранот на инфекции наскоро не помине. Харвард во првите три недели од новата година ќе одржува онлајн настава, а враќањето во кампусот е закажано за крајот на јануари, но само „доколку условите го дозволат тоа“, пренесува Гласот на Америка. Универзитетот во Чикаго го одложува почетокот на новиот семестар и првите две недели ќе одржува онлајн настава. Некои други колеџи, како што е Универзитетот во Мичиген, ги повикаа студентите да се вратат во кампусот, но наставата ќе почне онлајн. Многу универзитети се надеваат дека дополнителна недела или две онлајн часови ќе им помогнат да го „преминат“ врвот на новиот бран на пандемијата предизвикан од омикрон варијантата на корона вирусот. Досега, повеќе од 70 универзитети во 26 американски сојузни држави одлучија да почнат со онлајн часови по празниците, а други ја разгледуваат таквата опција. Многу од универзитетите кои се префрлаат на онлајн настава се наоѓаат во области кои неодамна повторно беа жаришта на вирусот. Меѓу нив се Џорџ Вашингтон, Јеил и Источна Колумбија, како и државниот универзитет Вејн во Детроит или Нортвестерн во близина на Чикаго. Списокот ги вклучува и повеќето кампуси на Универзитетот во Калифорнија и Универзитетот Рајс во Хјустон.

The post Универзитетите во САД се враќаат на онлајн настава appeared first on Република.

]]>