Универзитет Св Климент Охридски Битола Archives - Република https://republika.mk/tema/univerzitet-sv-kliment-ohridski-bitola/ За подобро да се разбереме Mon, 16 May 2022 08:04:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Универзитет Св Климент Охридски Битола Archives - Република https://republika.mk/tema/univerzitet-sv-kliment-ohridski-bitola/ 32 32 Ораторството не е само вештина, туку и уметност https://republika.mk/zivot/kariera/oratorstvoto-ne-e-samo-veshtina-tuku-i-umetnost/ Mon, 16 May 2022 08:04:27 +0000 https://republika.mk/?p=502762

На почетокот беше Збор…In principio erat Verbum... Збор, говор, беседа, реторика, беседништво, елоквенција, ораторство…. Многу поими кои се обидуваат да ја опишат една од најчудесните човечки особини, онаа по која човекот се разликува од сите други врсти. Божествена дарба е да можат луѓето меѓусебно да се разберат со зборови или како што денес модерно ќе кажеме…вербално да комуницираат.

Во чест на уметноста на зборувањето, јавната беседа и ораторството, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, во организација на Универзитетското студентско собрание, десетина млади оратори јавно зборуваа за општествените проблеми, а професорите ги повикаа да не бидат тивки, туку гласно да зборуваат за она што треба да се менува.

Проректорот за студентски работи Марјан Ѓуровски, го отвори настанот повикувајќи ги студентите да не бидат само неми набљудувачи на општествените случувања, туку јавно да зборуваат за проблемите.

Професорката Билјана Граматковски од Педагошкиот факултет во Битола, која ја предводеше жири-комисијата, рече дека ораторството во последно време е подзаборавено, но има високообразовни институции кои го негуваат.

Ораторството не е само вештина, туку и уметност и за јавниот настап потребна е голема подготовка, храброст, но и желба и волја да се направи тоа. Во последно време сведоци сме дека младите луѓе се летаргични и незаинтересирани, тоа го вклучува, за жал, и ораторството и го става во една позиција на подзаборавеност, апстрахирање и маргинализирање.

Софистите биле првите кои ги поставиле правилата на говорништвото и реториката, а денес на бројни универзитети ширум светот ораторските настани се начин да се презентира најдоброто меѓу ораторите. Битолскиот универзитет ова го прави по 5 пат со својот настан УКЛО ТРИВИУМ.

Локацијата беше осмислено избрана, свечената сала на Офицерски дом. Имаше и гламур и сведена тишина која свечено одекнуваше во просторот. Имаше и трема и воздишки, што е сосем нормално пред јавен настап. Имаше и громогласни аплаузи. Се слушаа напишани есеи на теми кои ги допираат студентите, а се вреднуваат начинот на кој тие тоа го комуницираа со публиката.

Честитки до сите учесници, а ова се победниците:
Антонио Чоневски - Педагошки факултет
Јасна Талевска - Педагошки факултет
Стефани Мирческа - Висока медицинска школа

The post Ораторството не е само вештина, туку и уметност appeared first on Република.

]]>

На почетокот беше Збор…In principio erat Verbum... Збор, говор, беседа, реторика, беседништво, елоквенција, ораторство…. Многу поими кои се обидуваат да ја опишат една од најчудесните човечки особини, онаа по која човекот се разликува од сите други врсти. Божествена дарба е да можат луѓето меѓусебно да се разберат со зборови или како што денес модерно ќе кажеме…вербално да комуницираат. Во чест на уметноста на зборувањето, јавната беседа и ораторството, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, во организација на Универзитетското студентско собрание, десетина млади оратори јавно зборуваа за општествените проблеми, а професорите ги повикаа да не бидат тивки, туку гласно да зборуваат за она што треба да се менува. Проректорот за студентски работи Марјан Ѓуровски, го отвори настанот повикувајќи ги студентите да не бидат само неми набљудувачи на општествените случувања, туку јавно да зборуваат за проблемите. Професорката Билјана Граматковски од Педагошкиот факултет во Битола, која ја предводеше жири-комисијата, рече дека ораторството во последно време е подзаборавено, но има високообразовни институции кои го негуваат. Ораторството не е само вештина, туку и уметност и за јавниот настап потребна е голема подготовка, храброст, но и желба и волја да се направи тоа. Во последно време сведоци сме дека младите луѓе се летаргични и незаинтересирани, тоа го вклучува, за жал, и ораторството и го става во една позиција на подзаборавеност, апстрахирање и маргинализирање. Софистите биле првите кои ги поставиле правилата на говорништвото и реториката, а денес на бројни универзитети ширум светот ораторските настани се начин да се презентира најдоброто меѓу ораторите. Битолскиот универзитет ова го прави по 5 пат со својот настан УКЛО ТРИВИУМ. Локацијата беше осмислено избрана, свечената сала на Офицерски дом. Имаше и гламур и сведена тишина која свечено одекнуваше во просторот. Имаше и трема и воздишки, што е сосем нормално пред јавен настап. Имаше и громогласни аплаузи. Се слушаа напишани есеи на теми кои ги допираат студентите, а се вреднуваат начинот на кој тие тоа го комуницираа со публиката. Честитки до сите учесници, а ова се победниците: Антонио Чоневски - Педагошки факултет Јасна Талевска - Педагошки факултет Стефани Мирческа - Висока медицинска школа

The post Ораторството не е само вештина, туку и уметност appeared first on Република.

]]>