унгарско претседателство Archives - Република https://republika.mk/tema/ungarsko-pretsedatelstvo/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 06:17:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png унгарско претседателство Archives - Република https://republika.mk/tema/ungarsko-pretsedatelstvo/ 32 32 ЕУ да му даде нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан https://republika.mk/vesti/makedonija/eu-da-mu-dade-nov-impuls-na-protsesot-na-integratsija-na-zemjite-od-zapadniot-balkan/ Wed, 25 Sep 2024 06:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=819408

Еден од клучните приоритети на унгарското претседателство со Советот на ЕУ е да водиме избалансирана и кредибилна политика на проширување заснована на заслуги и да му дадеме нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан, признавајќи дека Унијата не е целосна без нивното приклучување, порача министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока.

Очекуваме да постигнеме видлив напредок во пристапувањето на овие земји кандидати во ЕУ, продлабочувајќи ја соработката преку претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан и Европската политичка заедница, додаде Бока по завршувањето на вчерашното заседание на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК).

Главна тема на состанок на ГАК, на кој учествуваше и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

Владеењето на правото има централна улога во процесот на проширување како основен услов за членство во ЕУ. Оваа година, Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија, како најнапредни земји кандидати во процесот на пристапување и во однос на нивото на подготвеност за владеење на правото, за првпат беа вклучени во извештајот на Комисијата за владеење на правото, се наведува во соопштението од заседанието на ГАК.

Во дебатата, која опфати четири области поврзани со владеењето на правото: правосудниот систем, антикорупциската рамка, медиумскиот плурализам и слобода и други институционални прашања поврзани со контролните механизми, министрите го поздравија добриот севкупен напредок во исполнувањето на препораките на Комисијата и вклучувањето на земјите кандидати во овогодишниот извештај.

Министрите ги поздравија сеопфатните реформи што ги спроведоа или иницираа четирите земји кандидати за зајакнување на владеењето на правото и ги охрабрија да продолжат со своите реформски напори додека се подготвуваат за членство во ЕУ. Дискусијата се фокусираше само на општите трендови за владеење на правото и по дебатата не беа донесени официјални заклучоци. Дискусиите за владеењето на правото во поединечните земји кандидати ќе продолжат да се одржуваат во рамките на процесот на проширување, се наведува во соопштението.

Покрај за состојбите во четирите земји кандидати за членство од Западниот Балкан, министрите за европски прашања на членките на ЕУ, како дел од годишниот дијалог на Советот за владеење на правото, расправаа и за општите состојби поврзани со владеењето на правото во Унијата, врз основа на Извештајот на Комисијата. Учесниците на состанокот на ГАК оценија и дека е важно да се продолжи дијалогот со целосно почитување на принципите на објективност, недискриминација и еднаков третман  на сите земји членки на ЕУ.

Дополнително, актуелното унгарско претседателство со Советот на ЕУ ги претстави приоритетите на своето претседавање, кои вклучуваат подготовка на нов европски договор за конкурентност, зајакнување на европската одбранбена политика, водење конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, спречување на илегалната миграција, обликување на иднината на кохезивната политика, изработка на земјоделска политика на ЕУ насочена кон земјоделците и справување со демографските предизвици.

Во делот на надлежностите на ГАК, унгарското претседателство ќе продолжи со активности кон спроведување на Стратешката агенда, зајакнување на владеењето на правото, транспарентноста, интегритетот и демократска отпорност, креирањето на иднината на Европа, проширувањето на Унијата, борбата против антисемитизмот, зајакнување на односите на ЕУ со Велика Британија и Швајцарија и склучување на договори за асоцијација со Андора и Сан Марино.

На заседанието започнаа и подготовките за Самитот на ЕУ предвиден за 17 и 18 октомври 2024 година, со дискусија за предлог-дневниот ред за средбата на шефовите на држави или влади на членките на Унијата.

Според првичната предлог агенда, лидерите на ЕУ ќе се осврнат на руската агресија врз Украина и на ситуацијата на Блискиот Исток, а ќе ја одржат и прва размена за извештајот на поранешниот италијански премиер Марио Драги за иднината на европската конкурентност.

Другите теми на Самитот се поврзани со миграцијата, безбедноста и одбраната, подготовките за самитите за климатски промени КОП29 и за биолошка разновидност КOP16, како и за случувањата во Грузија и Молдавија.

The post ЕУ да му даде нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>

Еден од клучните приоритети на унгарското претседателство со Советот на ЕУ е да водиме избалансирана и кредибилна политика на проширување заснована на заслуги и да му дадеме нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан, признавајќи дека Унијата не е целосна без нивното приклучување, порача министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока.
Очекуваме да постигнеме видлив напредок во пристапувањето на овие земји кандидати во ЕУ, продлабочувајќи ја соработката преку претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан и Европската политичка заедница, додаде Бока по завршувањето на вчерашното заседание на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК).
Главна тема на состанок на ГАК, на кој учествуваше и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.
Владеењето на правото има централна улога во процесот на проширување како основен услов за членство во ЕУ. Оваа година, Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија, како најнапредни земји кандидати во процесот на пристапување и во однос на нивото на подготвеност за владеење на правото, за првпат беа вклучени во извештајот на Комисијата за владеење на правото, се наведува во соопштението од заседанието на ГАК.
  Во дебатата, која опфати четири области поврзани со владеењето на правото: правосудниот систем, антикорупциската рамка, медиумскиот плурализам и слобода и други институционални прашања поврзани со контролните механизми, министрите го поздравија добриот севкупен напредок во исполнувањето на препораките на Комисијата и вклучувањето на земјите кандидати во овогодишниот извештај.
Министрите ги поздравија сеопфатните реформи што ги спроведоа или иницираа четирите земји кандидати за зајакнување на владеењето на правото и ги охрабрија да продолжат со своите реформски напори додека се подготвуваат за членство во ЕУ. Дискусијата се фокусираше само на општите трендови за владеење на правото и по дебатата не беа донесени официјални заклучоци. Дискусиите за владеењето на правото во поединечните земји кандидати ќе продолжат да се одржуваат во рамките на процесот на проширување, се наведува во соопштението.
Покрај за состојбите во четирите земји кандидати за членство од Западниот Балкан, министрите за европски прашања на членките на ЕУ, како дел од годишниот дијалог на Советот за владеење на правото, расправаа и за општите состојби поврзани со владеењето на правото во Унијата, врз основа на Извештајот на Комисијата. Учесниците на состанокот на ГАК оценија и дека е важно да се продолжи дијалогот со целосно почитување на принципите на објективност, недискриминација и еднаков третман  на сите земји членки на ЕУ. Дополнително, актуелното унгарско претседателство со Советот на ЕУ ги претстави приоритетите на своето претседавање, кои вклучуваат подготовка на нов европски договор за конкурентност, зајакнување на европската одбранбена политика, водење конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, спречување на илегалната миграција, обликување на иднината на кохезивната политика, изработка на земјоделска политика на ЕУ насочена кон земјоделците и справување со демографските предизвици.   Во делот на надлежностите на ГАК, унгарското претседателство ќе продолжи со активности кон спроведување на Стратешката агенда, зајакнување на владеењето на правото, транспарентноста, интегритетот и демократска отпорност, креирањето на иднината на Европа, проширувањето на Унијата, борбата против антисемитизмот, зајакнување на односите на ЕУ со Велика Британија и Швајцарија и склучување на договори за асоцијација со Андора и Сан Марино. На заседанието започнаа и подготовките за Самитот на ЕУ предвиден за 17 и 18 октомври 2024 година, со дискусија за предлог-дневниот ред за средбата на шефовите на држави или влади на членките на Унијата. Според првичната предлог агенда, лидерите на ЕУ ќе се осврнат на руската агресија врз Украина и на ситуацијата на Блискиот Исток, а ќе ја одржат и прва размена за извештајот на поранешниот италијански премиер Марио Драги за иднината на европската конкурентност. Другите теми на Самитот се поврзани со миграцијата, безбедноста и одбраната, подготовките за самитите за климатски промени КОП29 и за биолошка разновидност КOP16, како и за случувањата во Грузија и Молдавија.

The post ЕУ да му даде нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>
Преговорите на едни земји веќе нема да се врзуваат со други земји: Сијарто вели дека за време на унгарското претседателство ќе има најголемо проширување на ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/pregovorite-na-edni-zemji-veke-nema-da-se-vrzuvaat-so-drugi-zemji-sijarto-veli-deka-za-vreme-na-ungarskoto-pretsedatelstvo-ke-ima-najgolemo-proshiruvane-na-eu/ Tue, 20 Feb 2024 17:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=746245

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, порача дерка за време на унгарското претседателство ќе дојде до „најголемото проширување на Европската Унија досега“.

Сијарто додаде дека за време на пристапните преговори фокусот ќе биде ставен на „актуелната состојба“ на кандидатите, а не на „попуштање пред политичките притисоци“.

Нема да дозволиме пристапните преговори на некои земји вештачки да се врзуваат со други земји. Нема да дозволиме пристапниот процес на која било земја што е поблиску до влез да зависи од земја која заостанува (во реформите)“, рече Сијарто во Брисел.

Тој додаде дека за време на претседавањето со ЕУ, Унгарија ќе и помогне на Србија да отвори нови поглавја за пристап и да затвори повеќе поглавја, а ќе им помогне и на Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија да почнат важни преговори.

ЕУ треба да има нови членки кои можат да донесат свежина, нов моментум, како што се земјите од Западен Балкан, Грузија или Молдавија“, рече Сијарто.

Унгарија ќе претседава со ЕУ во втората половина на оваа година.

The post Преговорите на едни земји веќе нема да се врзуваат со други земји: Сијарто вели дека за време на унгарското претседателство ќе има најголемо проширување на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, порача дерка за време на унгарското претседателство ќе дојде до „најголемото проширување на Европската Унија досега“. Сијарто додаде дека за време на пристапните преговори фокусот ќе биде ставен на „актуелната состојба“ на кандидатите, а не на „попуштање пред политичките притисоци“.