уна Archives - Република https://republika.mk/tema/una/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Aug 2023 14:45:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уна Archives - Република https://republika.mk/tema/una/ 32 32 Авион со американски маринци се урна во Австралија https://republika.mk/vesti/svet/avion-so-amerikanski-marintsi-se-urna-vo-avstralija/ Sun, 27 Aug 2023 08:13:27 +0000 https://republika.mk/?p=676227

Во тек е спасувачка операција откако американски воен авион со 23 маринци се урна кај северниот брег на Австралија.

Повредени се 23 американски маринци и правиме се што можеме за да ги однесеме на лекување во Дарвин. Петмина маринци веќе се во болница во Дарвин, а останатите останаа на островот Мелвил. Дополнителен полициски и воен персонал е распореден на островот Мелвил за да ја поддржи операцијата – рече полицискиот комесар Мајкл Марфи, пренесе „AБЦ Њус“.

Едно лице е во критична состојба, а две се во стабилна состојба, а нема извештаи за смртни случаи, јавуваат медиумите во Австралија.

Авионот „Osprey V-22“ се урна во близина на островот Мелвил, на околу 60 километри од австралискиот град Дарвин.

Австралиското Министерство за одбрана соопшти дека несреќата се случила за време на годишната вежба „Predator Run“ во која учествувале војските на Австралија, САД, Источен Тимор, Индонезија и Филипините.

Австралиските одбранбени сили (ADF) соопштија дека на авионит „Osprey“ немало австралиски персонал.

Во оваа критична рана фаза, нашиот фокус е да одговориме на инцидентот и да ги обезбедиме инволвираните – се вели во соопштението на „АДФ“.

САД и Австралија, клучните сојузници во Пацификот, ја зајакнаа воената соработка во последниве години поради Кина.

Четворица австралиски војници загинаа минатиот месец кога нивниот хеликоптер се урна во морето кај брегот на Квинсленд.

 

The post Авион со американски маринци се урна во Австралија appeared first on Република.

]]>

Во тек е спасувачка операција откако американски воен авион со 23 маринци се урна кај северниот брег на Австралија.
Повредени се 23 американски маринци и правиме се што можеме за да ги однесеме на лекување во Дарвин. Петмина маринци веќе се во болница во Дарвин, а останатите останаа на островот Мелвил. Дополнителен полициски и воен персонал е распореден на островот Мелвил за да ја поддржи операцијата – рече полицискиот комесар Мајкл Марфи, пренесе „AБЦ Њус“.
Едно лице е во критична состојба, а две се во стабилна состојба, а нема извештаи за смртни случаи, јавуваат медиумите во Австралија. Авионот „Osprey V-22“ се урна во близина на островот Мелвил, на околу 60 километри од австралискиот град Дарвин. Австралиското Министерство за одбрана соопшти дека несреќата се случила за време на годишната вежба „Predator Run“ во која учествувале војските на Австралија, САД, Источен Тимор, Индонезија и Филипините. Австралиските одбранбени сили (ADF) соопштија дека на авионит „Osprey“ немало австралиски персонал.
Во оваа критична рана фаза, нашиот фокус е да одговориме на инцидентот и да ги обезбедиме инволвираните – се вели во соопштението на „АДФ“.
САД и Австралија, клучните сојузници во Пацификот, ја зајакнаа воената соработка во последниве години поради Кина. Четворица австралиски војници загинаа минатиот месец кога нивниот хеликоптер се урна во морето кај брегот на Квинсленд.  

The post Авион со американски маринци се урна во Австралија appeared first on Република.

]]>