ултрамаратон Archives - Република https://republika.mk/tema/ultramaraton/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 11:49:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ултрамаратон Archives - Република https://republika.mk/tema/ultramaraton/ 32 32 Улрамаратонците пристигнаа во Нова Градишка, ќе го почнат 17-тиот маратон за Тоше https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ulramaratontsite-pristignaa-vo-nova-gradishka-ke-go-pochnat-17-tiot-maraton-za-toshe/ Mon, 14 Oct 2024 11:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=826588

Маратонците на 17-тиот ултрамаратон во чест на Тоше Проески пристигнаа во Нова Градишка, Хрватска и во попладневните часови ќе го почнат ултрамаратонот кој од Нова Градишка, преку Србија, во Македонија, на 16 октомври напладне треба да го завршат во Крушево, на 17-годишнината од трагичното загинување на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. Тоше загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Маратонците вчера пристигнаа во Загреб, Хрватска. Беа пречекани од претставниците на македонското друштво, а во македонската православна црква во Загреб, ги пречека протојереј ставрофор, отец Кирко Велински и се одржа света литургија за помен на Тоше.

Му се заблагодаруваме на отец Кирко кој сите овие години ни дава посебна енергија за исполнување на нашата цел. Воедно посебна благодарност и од фановите на Тоше во Хрватска кои не забораваат да ја укажат почита кон Тоше, вели Наум Капричевски кој го води овој ултрамаратон сите изминати години.

Како што информира Капричевски, во 16:30 часот 14-те ултрамаратонци ќе положат свежи цвеќиња на спомен-обележјето посветено на Тоше во Нова Градишка, а од 17 часот ќе го почнат годинашниов Ултрамаратон. Цела Хрватска ќе ја поминат штафетно, низ Србија ќе се возат со возила, и се очекува утре, на 15 октомври околу 13 часот да пристигнат на граничниот премин Табановце и да влезат во Македонија. Утре околу 18 часот, маратонците ќе бидат на плоштадот во Скопје, а потоа од 20 часот го продолжуваат ултрамаратонот. Ќе поминат кај Велес, Градско, Росоман, Прилеп за на 16 октомври, в среда напладне да пристигнат во Крушево. Во родниот град на Тоше ќе бидат пречекани од учениците од основното и средно училиште кои ќе даруваат 500 рози во чест на Тоше Проески. Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево.

The post Улрамаратонците пристигнаа во Нова Градишка, ќе го почнат 17-тиот маратон за Тоше appeared first on Република.

]]>

Маратонците на 17-тиот ултрамаратон во чест на Тоше Проески пристигнаа во Нова Градишка, Хрватска и во попладневните часови ќе го почнат ултрамаратонот кој од Нова Градишка, преку Србија, во Македонија, на 16 октомври напладне треба да го завршат во Крушево, на 17-годишнината од трагичното загинување на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. Тоше загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Маратонците вчера пристигнаа во Загреб, Хрватска. Беа пречекани од претставниците на македонското друштво, а во македонската православна црква во Загреб, ги пречека протојереј ставрофор, отец Кирко Велински и се одржа света литургија за помен на Тоше.
Му се заблагодаруваме на отец Кирко кој сите овие години ни дава посебна енергија за исполнување на нашата цел. Воедно посебна благодарност и од фановите на Тоше во Хрватска кои не забораваат да ја укажат почита кон Тоше, вели Наум Капричевски кој го води овој ултрамаратон сите изминати години.
Како што информира Капричевски, во 16:30 часот 14-те ултрамаратонци ќе положат свежи цвеќиња на спомен-обележјето посветено на Тоше во Нова Градишка, а од 17 часот ќе го почнат годинашниов Ултрамаратон. Цела Хрватска ќе ја поминат штафетно, низ Србија ќе се возат со возила, и се очекува утре, на 15 октомври околу 13 часот да пристигнат на граничниот премин Табановце и да влезат во Македонија. Утре околу 18 часот, маратонците ќе бидат на плоштадот во Скопје, а потоа од 20 часот го продолжуваат ултрамаратонот. Ќе поминат кај Велес, Градско, Росоман, Прилеп за на 16 октомври, в среда напладне да пристигнат во Крушево. Во родниот град на Тоше ќе бидат пречекани од учениците од основното и средно училиште кои ќе даруваат 500 рози во чест на Тоше Проески. Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево.

The post Улрамаратонците пристигнаа во Нова Градишка, ќе го почнат 17-тиот маратон за Тоше appeared first on Република.

]]>
Ќе се трча од Прилеп до Трескавец и Камена Баба: Планинска трка „Крали Марко Треилс“ во Прилеп https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ke-se-trcha-od-prilep-do-treskavets-i-kamena-baba-planinska-trka-krali-marko-treils-vo-prilep/ Sun, 10 Mar 2024 08:00:44 +0000 https://republika.mk/?p=753188

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250 пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,... На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон, Лиса Ринг.

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп. Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

„Крали Марко Треилс“ се одржува од 2011 година. Ги поттикнува учесниците да вложат во својот психо-физички развој и да ги надминат личните граници. Преку грижливо одбраните рути, им нуди единствена можност да ги поминат живописните предели на прилепскиот регион со уникатното природно опкружување. Настанот е вид платформа за промоција на туризмот, привлекува посетители да го искусат од прва рака неспоредливиот шарм и гостопримство што го дефинираат прилепскиот регион, а преку прикажувањето на неспоредливата убавина на прилепските патеки и пејзажи, не само што ја зајакнува локалната економија, туку и поттикнува чувство на глобално другарство меѓу учесниците, волонтерите и публиката.

Покрај рекреативната привлечност, трката има и културно значење. И оддава почит на легендарната фигура на Крали Марко - симбол на издржливост, храброст и издржлив дух кои се длабоко вкоренети во фолклорот на нашето поднебје. Настанот служи и како катализатор за поттикнување чувство на гордост и припадност меѓу членовите на нашата заедница, инспирирајќи ја новата генерација да го прифати наследството со страст и почит, наведуваат организаторите.

The post Ќе се трча од Прилеп до Трескавец и Камена Баба: Планинска трка „Крали Марко Треилс“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250 пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,... На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон, Лиса Ринг. „Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп. Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи. Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
„Крали Марко Треилс“ се одржува од 2011 година. Ги поттикнува учесниците да вложат во својот психо-физички развој и да ги надминат личните граници. Преку грижливо одбраните рути, им нуди единствена можност да ги поминат живописните предели на прилепскиот регион со уникатното природно опкружување. Настанот е вид платформа за промоција на туризмот, привлекува посетители да го искусат од прва рака неспоредливиот шарм и гостопримство што го дефинираат прилепскиот регион, а преку прикажувањето на неспоредливата убавина на прилепските патеки и пејзажи, не само што ја зајакнува локалната економија, туку и поттикнува чувство на глобално другарство меѓу учесниците, волонтерите и публиката.   Покрај рекреативната привлечност, трката има и културно значење. И оддава почит на легендарната фигура на Крали Марко - симбол на издржливост, храброст и издржлив дух кои се длабоко вкоренети во фолклорот на нашето поднебје. Настанот служи и како катализатор за поттикнување чувство на гордост и припадност меѓу членовите на нашата заедница, инспирирајќи ја новата генерација да го прифати наследството со страст и почит, наведуваат организаторите.

The post Ќе се трча од Прилеп до Трескавец и Камена Баба: Планинска трка „Крали Марко Треилс“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Србин победи на најтешката трка во светот – ултрамаратонот долг 483 километри https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/srbin-pobedi-na-najteshkata-trka-vo-svetot-ultramaratonot-dolg-483-kilometri/ Sun, 11 Feb 2024 19:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=742934

Српскиот ултрамаратонец Јовица Спајиќ победи на најтешката трка во светот - ултрамаратонот долг 483 километри.

Ултрамаратонската трка „Јукон Арктик Ултра“, долга 483 километри, се смета за најтешкиот ултрамаратон на светот бидејќи температурите во Јукон достигнуваат и -50 степени.

Спајиќ има црн појас во јапонско џиу-џицу и џудо, е Гинисов рекордер за правење 30.000 стомачни во рок од 24 часа и е припадник на српската Специјална антитерористичка единица (САЈ).

Од 2012 година е репрезентативец на Србија во ултрамаратон и оттогаш бележи успеси низ светот, но дефинитивно ова е круна на неговата кариера.

The post Србин победи на најтешката трка во светот – ултрамаратонот долг 483 километри appeared first on Република.

]]>

Српскиот ултрамаратонец Јовица Спајиќ победи на најтешката трка во светот - ултрамаратонот долг 483 километри. Ултрамаратонската трка „Јукон Арктик Ултра“, долга 483 километри, се смета за најтешкиот ултрамаратон на светот бидејќи температурите во Јукон достигнуваат и -50 степени. Спајиќ има црн појас во јапонско џиу-џицу и џудо, е Гинисов рекордер за правење 30.000 стомачни во рок од 24 часа и е припадник на српската Специјална антитерористичка единица (САЈ). Од 2012 година е репрезентативец на Србија во ултрамаратон и оттогаш бележи успеси низ светот, но дефинитивно ова е круна на неговата кариера.

The post Србин победи на најтешката трка во светот – ултрамаратонот долг 483 километри appeared first on Република.

]]>
Штипскиот ултрамаратонец Иван Радев го освои четврто место на трка во Пирин https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shtipskiot-ultramaratonets-ivan-radev-go-osvoi-chetvrto-mesto-na-trka-vo-pirin/ Sun, 10 Sep 2023 12:34:49 +0000 https://republika.mk/?p=680589

Штипскиот ултрамаратонец Иван Радев, на маратон во Пирин во Бугарија, го освои четвртото место во генерален пласман. Тој на својот фејсбук профил напиша дека е задоволен од овој резултат.

Официјалното време е 10:12:20 потребно за прошетката од 71 километар  низ убавините и бруталносисте на Пирин и финиш на четвртото место во генерален пласман. Очекувано тешка, неочекувано претешка, но сепак на крај те остава без здив и посакуваш повторно и повторно да ја трчаш, вели Радев.

Тој посочува дека ова е трка во која за првпат се соочил со ситуација во која моменталната физичка спремност не можел да ја преточи во подобар резултат заради недоволна подготвеност за трчање по ваков технички терен, но сепак, како што вели, е бескрајно благодарен и среќен.

Последна голема трка за и тоа како посакуван конечен крај на оваа долга тркачка сезона, која и покрај 5 километар дополнително лутање по планината, и покрај менталните падови и блокови, сепак презадоволен од остварениот резултат, како на денешната трка, така и на секоја за оваа година, напиша Радев на својот фејсбук профил.

Инаку, Радев годинава го освои првото место на „Охрид ултра-трејл“.

The post Штипскиот ултрамаратонец Иван Радев го освои четврто место на трка во Пирин appeared first on Република.