уличен жаргон Archives - Република https://republika.mk/tema/ulichen-zhargon/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 09:32:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уличен жаргон Archives - Република https://republika.mk/tema/ulichen-zhargon/ 32 32 Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ се служи со уличен жаргон и малограѓанство https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-vmro-dpmne-se-sluzhi-so-ulichen-zhargon-i-malograganstvo/ Thu, 29 Feb 2024 09:32:55 +0000 https://republika.mk/?p=749536

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски реагираше на навредливите оценки од ВМРО-ДПМНЕ околу неговото претседателствување изминатите четири години.

„ВМРО-ДПМНЕ, во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да го дискредитира претседателот Пендаровски и неговиот кредибилитет.

Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните.Доколу се сериозна политичка опција која има понуда за граѓаните, им препорачуваме да се фокусираат на тоа, отколку на малограѓанско политиканство“, стои во реакцијата од кабинетот на Пендаровски.

Соопштението е реакција на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ од денеска во која стоеше дека „Стево Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, или со други зборови лиже таму кај што плукал“.

Во периодот кој што следи ќе направиме реминисценција на случаи во кои Пендаровски си го погазил својот личен збор и интегритет, а со тоа и го погазил достоинството на народот и на Македонија.Најдобар опис за неговиот карактер е еден бениген пример околу неговата кандидатура за претстојните избори. Пишман Стево Пендаровски успеа да постави рекорд и сам себе да се надмине, односно сам себе да се демантира.

Пендаровски на 6 декември на пладне одговори дека не планира да се кандидира повторно за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година, а веќе после еден до два часа да испратат соопштение од неговиот кабинет и да го дообјаснуваат. Или ова е случај на феноменот Стево го демантира Пендаровски, или некој насила го тера пак да се кандидира затоа што во СДС никој не се нафаќа да ги изгуби изборите. Но, едно е сигурно. Пендаровски не е човек од збор и нема свој интегритет. Едно зборува претпладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта сосема спротивно прави. Најлошото е што целиот овој мандат Пендаровски од својата позиција го газеше достоинството на народот и на државата“, стои во, според Пендаровски, „уличарското“ соопштение на оваа партија.

 

The post Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ се служи со уличен жаргон и малограѓанство appeared first on Република.

]]>

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски реагираше на навредливите оценки од ВМРО-ДПМНЕ околу неговото претседателствување изминатите четири години.
„ВМРО-ДПМНЕ, во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да го дискредитира претседателот Пендаровски и неговиот кредибилитет. Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните.Доколу се сериозна политичка опција која има понуда за граѓаните, им препорачуваме да се фокусираат на тоа, отколку на малограѓанско политиканство“, стои во реакцијата од кабинетот на Пендаровски.
Соопштението е реакција на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ од денеска во која стоеше дека „Стево Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, или со други зборови лиже таму кај што плукал“. Во периодот кој што следи ќе направиме реминисценција на случаи во кои Пендаровски си го погазил својот личен збор и интегритет, а со тоа и го погазил достоинството на народот и на Македонија.Најдобар опис за неговиот карактер е еден бениген пример околу неговата кандидатура за претстојните избори. Пишман Стево Пендаровски успеа да постави рекорд и сам себе да се надмине, односно сам себе да се демантира. Пендаровски на 6 декември на пладне одговори дека не планира да се кандидира повторно за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година, а веќе после еден до два часа да испратат соопштение од неговиот кабинет и да го дообјаснуваат. Или ова е случај на феноменот Стево го демантира Пендаровски, или некој насила го тера пак да се кандидира затоа што во СДС никој не се нафаќа да ги изгуби изборите. Но, едно е сигурно. Пендаровски не е човек од збор и нема свој интегритет. Едно зборува претпладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта сосема спротивно прави. Најлошото е што целиот овој мандат Пендаровски од својата позиција го газеше достоинството на народот и на државата“, стои во, според Пендаровски, „уличарското“ соопштение на оваа партија.  

The post Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ се служи со уличен жаргон и малограѓанство appeared first on Република.

]]>