украсување Archives - Република https://republika.mk/tema/ukrasuvanje/ За подобро да се разбереме Sun, 31 Dec 2023 16:04:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png украсување Archives - Република https://republika.mk/tema/ukrasuvanje/ 32 32 Нов тренд во китењето новогодишни елки – без украси! https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nov-trend-vo-kiteneto-novogodishni-elki-bez-ukrasi/ Sun, 31 Dec 2023 14:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=728304

Доколку сакате нешто поразлично и минималистичко за овие празници, ваквата декорација е идеален избор за вашиот дом…

TikTok често ни носи нови трендови и не информира за нив, а пред новогодишните и божиќните празници оваа социјална мрежа е преплавена со идеи за украсување на елката и домот.

Така е и годинава, а за украсување повеќе не ви се потребни класични украси, туку има нов тренд – машнички, пишува NY Post.

На TikTok клиповите за машни достигнаа повеќе од 10 милијарди прегледи, а многу дизајнери веднаш ги вградија во нивните украси.

 

The post Нов тренд во китењето новогодишни елки – без украси! appeared first on Република.

]]>

Доколку сакате нешто поразлично и минималистичко за овие празници, ваквата декорација е идеален избор за вашиот дом… TikTok често ни носи нови трендови и не информира за нив, а пред новогодишните и божиќните празници оваа социјална мрежа е преплавена со идеи за украсување на елката и домот. Така е и годинава, а за украсување повеќе не ви се потребни класични украси, туку има нов тренд – машнички, пишува NY Post. На TikTok клиповите за машни достигнаа повеќе од 10 милијарди прегледи, а многу дизајнери веднаш ги вградија во нивните украси.  

The post Нов тренд во китењето новогодишни елки – без украси! appeared first on Република.

]]>
Град Скопје: Украсувањето на плоштадот, сообраќајниците и новогодишниот базар е финансирано преку јавен повик https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-ukrasuvaneto-na-ploshtadot-soobrakajnitsite-i-novogodishniot-bazar-e-finansirano-preku-javen-povik/ Thu, 21 Dec 2023 14:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=725372

Украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој беше објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици, информираат од Град Скопје.

Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно презентирано на јавноста. Оттука, секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации.

Разликата сепак, помеѓу овогодинешното организирање на украсувањето на градот и претходните години е што сега имаме за 10 пати помали трошоци од она што било трошено изминатите две децении - разликата е и во тоа што оваа година парите за оваа намена не ги добила истата фирма која ги добивала досега. Фирма блиска до Шилегов која од бројни тендери испумпувала пари од градската каса. За ова, веќе се подготвени соодветни пријави.

Жалиме што и покрај апелите за точно, балансирано и вистинито известување, дел од медиумите се уште одработуваат политички агенди на заборавени „политичари“, велат од Град Скопје.

The post Град Скопје: Украсувањето на плоштадот, сообраќајниците и новогодишниот базар е финансирано преку јавен повик appeared first on Република.

]]>

Украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој беше објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици, информираат од Град Скопје. Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно презентирано на јавноста. Оттука, секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации. Разликата сепак, помеѓу овогодинешното организирање на украсувањето на градот и претходните години е што сега имаме за 10 пати помали трошоци од она што било трошено изминатите две децении - разликата е и во тоа што оваа година парите за оваа намена не ги добила истата фирма која ги добивала досега. Фирма блиска до Шилегов која од бројни тендери испумпувала пари од градската каса. За ова, веќе се подготвени соодветни пријави. Жалиме што и покрај апелите за точно, балансирано и вистинито известување, дел од медиумите се уште одработуваат политички агенди на заборавени „политичари“, велат од Град Скопје.

The post Град Скопје: Украсувањето на плоштадот, сообраќајниците и новогодишниот базар е финансирано преку јавен повик appeared first on Република.

]]>
Финансика полиција ќе истражува како Арсовска го украси Скопје за 30.000 евра без тендер https://republika.mk/vesti/crna-hronika/finansika-politsija-ke-istrazhuva-kako-arsovska-go-ukrasi-skopje-za-30-000-evra-bez-tender/ Thu, 21 Dec 2023 14:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=725340

Финансиската полиција следната недела ќе отвори предмет за украсувањето на главниот град за кое градоначалничката Данела Арсовска тврди дека чини само 30.000 евра.

Ова доаѓа откако Арсовска јавно се пофали дека Градот годинава за оваа намена потрошил 30.000 евра, наместо претходните години кога цифрата се движела помеѓу 90.000 и 245.000 евра. Сепак, на веб страницата на Јавни набавки сè уште не е објавен тендерот за украсувањето на Скопје. Токму тоа е и причината зошто Финансиската полиција ќе го истражува целиот случај.

Од Јавното обвинителство велат дека за да постапат, прво Финансиска ќе мора да оформи предмет.

-Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки.

 

The post Финансика полиција ќе истражува како Арсовска го украси Скопје за 30.000 евра без тендер appeared first on Република.

]]>

Финансиската полиција следната недела ќе отвори предмет за украсувањето на главниот град за кое градоначалничката Данела Арсовска тврди дека чини само 30.000 евра. Ова доаѓа откако Арсовска јавно се пофали дека Градот годинава за оваа намена потрошил 30.000 евра, наместо претходните години кога цифрата се движела помеѓу 90.000 и 245.000 евра. Сепак, на веб страницата на Јавни набавки сè уште не е објавен тендерот за украсувањето на Скопје. Токму тоа е и причината зошто Финансиската полиција ќе го истражува целиот случај. Од Јавното обвинителство велат дека за да постапат, прво Финансиска ќе мора да оформи предмет. -Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки.  

The post Финансика полиција ќе истражува како Арсовска го украси Скопје за 30.000 евра без тендер appeared first on Република.

]]>
Пецаков: Охрид блесна во сиот свој сјај! https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/petsakov-ohrid-blesna-vo-siot-svoj-sjaj/ Tue, 27 Dec 2022 10:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=590463

Охрид блесна во сиот свој сјај!, напиша градоначалникот Кирил Пецаков на својот фејсбук профил.

Сите оние кои сакаат да ја почувствуваат празничната атмосфера се добредојдени во Охрид!

За новогодишната ноќ се потрудивме да обезбедиме забава за сечиј вкус, а за тоа ќе се погрижат веќе докажани македонски естрадни уметници.

Денска забава на Градскиот плоштад ќе има и наредниот ден.

Ве очекуваме!

The post Пецаков: Охрид блесна во сиот свој сјај! appeared first on Република.

]]>

Охрид блесна во сиот свој сјај!, напиша градоначалникот Кирил Пецаков на својот фејсбук профил.

Сите оние кои сакаат да ја почувствуваат празничната атмосфера се добредојдени во Охрид!
За новогодишната ноќ се потрудивме да обезбедиме забава за сечиј вкус, а за тоа ќе се погрижат веќе докажани македонски естрадни уметници.
Денска забава на Градскиот плоштад ќе има и наредниот ден.

Ве очекуваме!

The post Пецаков: Охрид блесна во сиот свој сјај! appeared first on Република.

]]>
Во Солун украсувањето за Божик и Нова година ќе се исклучува во 1 часот по полноќ https://republika.mk/vesti/balkan/vo-solun-ukrasuvanjeto-za-bozik-i-nova-godina-kje-se-iskluchuva-vo-1-chasot-po-polnokj/ Tue, 01 Nov 2022 12:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=568294

За божиќните и новогодишните празници, украсувањето и осветлувањето на Солун ќе биде на 7 декември, подоцна од вообичаеното, а светилките ќе се исклучуваат во 1 часот по полноќ со цел да се заштеди енергија, јави дописничката на МИА од Атина.

Градоначалникот на Солун Константинос Зервас за време на општинскиот совет го претставил планот за празниците, посочил дека се преземени мерки за значително намалување на потрошувачката на енергија, но сепак нагласил дека општината во никој случај „нема да го остави градот во мрак, ненакитен и без сјај“.

Со цел да се постигне голема заштеда на енергија за време на празничниот период, Зервас соопштил три конкретни мерки: осветлувањето на празничното украсување на градот ќе биде на 7 декември, а не на крајот на ноември; празничните светилки ќе се гасат во 1 часот по полноќ со помош на специјални паметни системи за осветлување и користење лед светилки.

Дополнително, објаснил дека оваа година потрошувачката на енергија за празничното осветлување на градот ќе биде за 58 отсто помала во однос на 2021 година.

Нашата цел е за време на празничниот период, Солун да го претвориме во дестинација за посетители од Грција и странство. Паралелно да го разубавиме, да ја дадеме онаа празнична атмосфера што му одговара на град со амбиција, оптимизам, на динамичен европски град, рекол Зервас.

 

The post Во Солун украсувањето за Божик и Нова година ќе се исклучува во 1 часот по полноќ appeared first on Република.

]]>

За божиќните и новогодишните празници, украсувањето и осветлувањето на Солун ќе биде на 7 декември, подоцна од вообичаеното, а светилките ќе се исклучуваат во 1 часот по полноќ со цел да се заштеди енергија, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на Солун Константинос Зервас за време на општинскиот совет го претставил планот за празниците, посочил дека се преземени мерки за значително намалување на потрошувачката на енергија, но сепак нагласил дека општината во никој случај „нема да го остави градот во мрак, ненакитен и без сјај“. Со цел да се постигне голема заштеда на енергија за време на празничниот период, Зервас соопштил три конкретни мерки: осветлувањето на празничното украсување на градот ќе биде на 7 декември, а не на крајот на ноември; празничните светилки ќе се гасат во 1 часот по полноќ со помош на специјални паметни системи за осветлување и користење лед светилки. Дополнително, објаснил дека оваа година потрошувачката на енергија за празничното осветлување на градот ќе биде за 58 отсто помала во однос на 2021 година.
Нашата цел е за време на празничниот период, Солун да го претвориме во дестинација за посетители од Грција и странство. Паралелно да го разубавиме, да ја дадеме онаа празнична атмосфера што му одговара на град со амбиција, оптимизам, на динамичен европски град, рекол Зервас.
 

The post Во Солун украсувањето за Божик и Нова година ќе се исклучува во 1 часот по полноќ appeared first on Република.

]]>