украинско воздухопловство Archives - Република https://republika.mk/tema/ukrainsko-vozduhoplovstvo/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Nov 2022 20:28:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png украинско воздухопловство Archives - Република https://republika.mk/tema/ukrainsko-vozduhoplovstvo/ 32 32 Украинско воздохопловство: Немаме ефикасна одбрана од иранските балистички ракети што ќе ги набави Русија https://republika.mk/vesti/svet/ukrainsko-vozdohoplovstvo-nemame-efikasna-odbrana-od-iranskite-balistichki-raketi-shto-kje-gi-nabavi-rusija/ Tue, 01 Nov 2022 20:47:10 +0000 https://republika.mk/?p=568467

Украинските воздухопловни сили соопштија дека во моментов немаат ефикасна одбрана од балистичките ракети, за кои Киев тврди дека Иран планира да и ги испорача на Русија.

Портпаролот на украинските воздухопловни сили, Јуриј Ихнат, изјави дека дострелот на иранските балистички ракети кои наводно пристигнуваат во Русија е од 300 до 700 километри, што и овозможува на Русија да гаѓа цели каде било во Украина.

Постои голема веројатност ракетите да бидат испорачани северно од украинската граница, од каде ќе можат да бидат лансирани на целата територија на Украина, изјави Ихнат на прес-конференција одржана во Киев.

Претходно, „Си-Ен-Ен“ објави дека Иран се подготвува да испрати дополнителни илјада парчиња оружје во Русија, вклучувајќи балистички ракети земја-земја и беспилотни летала - камикази.

На прашањето дали оружените сили се подготвени да се одбранат од таквите типови ирански ракети, Ихнат изјави дека Украина „ќе ги преземе сите заштитни мерки“, но предупреди дека во моментов украинските сили немаат ефикасна одбрана од такви ракети.

Теоретски е можно да ги собориме, но многу е тешко да се направи со она што моментално го имаме на располагање. Имаме противвоздушна, а не противракетна одбрана, изјави Ихнат пред медиумите споделувајќи ги проценките на Киев дека Русија има се помалку од ракетите „Искандер-М“ и недостигот го надополнува со ракети од иранско производство.

Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Зеленски, го нарече Техеран „учесник во агресијата“.

Иран испраќа ракети до Руската Федерација и знае дека Русите со нив ќе ги нападнат нашите градови. Тие ги обучуваат Русите да користат дронови, знаејќи дека ќе го нападнат украинскиот енергетски сектор и ќе предизвикаат нов бегалски бран кон Европската Унија, објави Подољак на Твитер.

The post Украинско воздохопловство: Немаме ефикасна одбрана од иранските балистички ракети што ќе ги набави Русија appeared first on Република.

]]>

Украинските воздухопловни сили соопштија дека во моментов немаат ефикасна одбрана од балистичките ракети, за кои Киев тврди дека Иран планира да и ги испорача на Русија. Портпаролот на украинските воздухопловни сили, Јуриј Ихнат, изјави дека дострелот на иранските балистички ракети кои наводно пристигнуваат во Русија е од 300 до 700 километри, што и овозможува на Русија да гаѓа цели каде било во Украина.
Постои голема веројатност ракетите да бидат испорачани северно од украинската граница, од каде ќе можат да бидат лансирани на целата територија на Украина, изјави Ихнат на прес-конференција одржана во Киев.
Претходно, „Си-Ен-Ен“ објави дека Иран се подготвува да испрати дополнителни илјада парчиња оружје во Русија, вклучувајќи балистички ракети земја-земја и беспилотни летала - камикази. На прашањето дали оружените сили се подготвени да се одбранат од таквите типови ирански ракети, Ихнат изјави дека Украина „ќе ги преземе сите заштитни мерки“, но предупреди дека во моментов украинските сили немаат ефикасна одбрана од такви ракети.