УКЛО Archives - Република https://republika.mk/tema/uklo/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Apr 2023 10:18:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png УКЛО Archives - Република https://republika.mk/tema/uklo/ 32 32 44 години Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола https://republika.mk/vesti/makedonija/44-godini-univerzitet-sv-kliment-ohridski-bitola-2/ Wed, 26 Apr 2023 10:18:37 +0000 https://republika.mk/?p=634210

Со музиката на унгарскиот великан Франц Лист и делото за пијано „Легенда - Свети Фрањо оди по брановите" во изведба на наградуваниот млад пијанист Арсениј Ангелевски од Државното музичко училиште во Битола, започна свечениот старт на прославата посветена на оваа значајна годишнина на УКЛО.

44 години се број во кој знаење вградиле или презеле личности чии имиња и презимиња значат дома и надвор и во академските кругови и во практикување на наученото.

Паралелно со неколку настани посветени на годишнината, течеше и целодневниот Отворен ден, под наслов УКЛО И ПРИЈАТЕЛИТЕ – НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ кој беше посветен на промоција на студиските програми, условите, можностите за мобилност, актуелни проекти и лаборатории кои студентите ги имаат на располагање.

Денот на основањето на нашиот Универзитет го празнуваме со отворени врати, со Отворен ден на УКЛО, но и Ден на УКЛО и пријателите, бидејќи УКЛО е Битола, но УКЛО е и повеќе од Битола.

Универзитетот има свои единици во шест други градови и затоа на овој ден ја имаме пред сѐ нашата Општина Битола како стратешки партнер, го имаме бизнис секторот и невладиниот сектор, претставници од Владата и од МОН: министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска и раководителот на Секторот за високо образование Ахмед Ќазими.

Со ова покажуваме дека имаме многу поддржувачи, дека имаме пријатели, бидејќи образованието и науката ако функционираат сами за себе ја губат својата смисла.

Ние сме тука како Универзитет да се грижиме за јавниот интерес на нашата држава, општините во кои делуваме, пред сѐ општина Битола како главно јадро.

Нашата најголема мисија денес е задржување на младите во своите родни градови, не само преку миграцијата во странство, туку и внатрешната миграција кон главниот град.

На тој начин сакаме да овозможиме просперитет на нашите општини, во нашиот регион, истакна Ректорот проф. д-р Игор Неделковски во обраќањето.

Ректорот на УКЛО со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски потпишаа меморандум за реализација на Универзитетска летна пракса, заеднички и значаен проект со којшто студенти од УКЛО ќе остваруваат платена пракса во институции од надлежност на Општина Битола, а на настанот беа промовирани првите избрани студенти кои во текот на летото ќе учат практично.

Успешноста во едно општество се создава само преку заедничко делување на сите релевантни фактори кои имаат за цел да изградат здрави, едуцирани личности, за потоа токму тие млади луѓе да бидат движечка сила за успешната иднина на местото во кое живееме, за иднината на нашиот град. Токму денешниот настан, претставува едно вмрежување на младоста, искуството, иновативноста, креативноста со можностите и перспективите за напредок, истакна градоначалникот Коњановски пред присутните.

 

На Отворениот ден на УКЛО се обрати и Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска чија кариера како универзитетски професор е токму на УКЛО.

 

„Чест ми е што денеска стојам пред вас и како професорка по англиски јазик на УКЛО и како министерка за култура. Задоволство ми е да ви пожелам добредојде на Отворениот ден на Универзитетот, кој ветува дека ќе биде настан за паметење под мотото „Нови перспективи“. Овој настан е одличен пример за партиципативен пристап и активно партнерство кое обезбедува средина за поддржување на младите и студентите да останат во Битола и да ги направат своите вештини достапни за локалната заедница”- истакна министерката во својот говор.

 

Пријателите на УКЛО од реалниот сектор, меѓу кои компанијата БИМИЛК Млекара АД Битола која додели уписнини за студентите на УКЛО, а Регионалната стопанска комора донираше електричен велосипед, со потпишување на меморандумите за соработка беа врачени овие вредни донации, а и промовирани заложбите за континуирана мотивација и конкретна поддршка на овој универзитет.

 

Во спектарот активности на Отворениот ден на УКЛО, промовиран е уште еден значаен проект - УКЛО Мрежа. Потпишани се меморандуми за соработка со дел Преда Плус Фондацијата и МКЦ Битола.

 

Настанот опфати презентација на неколку програми: МКЦ – Битола во соработка со Агенција за вработување и Регионална комора Битола организираа поврзување на бизнис заедницата со невработени лица. Над 20 компании понудија 100-на работни позиции за различни профили.

 

Преда Плус Фондацијата претстави програма за поддршка на стратапи во AgriTech iTourTech, соодветна за иновативна стартап идеја за поттикнување иновации во земјоделско-прехранбената индустрија и одржливиот туризам.

 

Во текот на целиот ден се одвиваше и богата музичка програма која ги задржа матурантите и студентите на платото пред Офицерски дом во Битола.

 

The post 44 години Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола appeared first on Република.

]]>

Со музиката на унгарскиот великан Франц Лист и делото за пијано „Легенда - Свети Фрањо оди по брановите" во изведба на наградуваниот млад пијанист Арсениј Ангелевски од Државното музичко училиште во Битола, започна свечениот старт на прославата посветена на оваа значајна годишнина на УКЛО. 44 години се број во кој знаење вградиле или презеле личности чии имиња и презимиња значат дома и надвор и во академските кругови и во практикување на наученото. Паралелно со неколку настани посветени на годишнината, течеше и целодневниот Отворен ден, под наслов УКЛО И ПРИЈАТЕЛИТЕ – НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ кој беше посветен на промоција на студиските програми, условите, можностите за мобилност, актуелни проекти и лаборатории кои студентите ги имаат на располагање.
Денот на основањето на нашиот Универзитет го празнуваме со отворени врати, со Отворен ден на УКЛО, но и Ден на УКЛО и пријателите, бидејќи УКЛО е Битола, но УКЛО е и повеќе од Битола. Универзитетот има свои единици во шест други градови и затоа на овој ден ја имаме пред сѐ нашата Општина Битола како стратешки партнер, го имаме бизнис секторот и невладиниот сектор, претставници од Владата и од МОН: министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска и раководителот на Секторот за високо образование Ахмед Ќазими. Со ова покажуваме дека имаме многу поддржувачи, дека имаме пријатели, бидејќи образованието и науката ако функционираат сами за себе ја губат својата смисла. Ние сме тука како Универзитет да се грижиме за јавниот интерес на нашата држава, општините во кои делуваме, пред сѐ општина Битола како главно јадро. Нашата најголема мисија денес е задржување на младите во своите родни градови, не само преку миграцијата во странство, туку и внатрешната миграција кон главниот град. На тој начин сакаме да овозможиме просперитет на нашите општини, во нашиот регион, истакна Ректорот проф. д-р Игор Неделковски во обраќањето.
Ректорот на УКЛО со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски потпишаа меморандум за реализација на Универзитетска летна пракса, заеднички и значаен проект со којшто студенти од УКЛО ќе остваруваат платена пракса во институции од надлежност на Општина Битола, а на настанот беа промовирани првите избрани студенти кои во текот на летото ќе учат практично.
Успешноста во едно општество се создава само преку заедничко делување на сите релевантни фактори кои имаат за цел да изградат здрави, едуцирани личности, за потоа токму тие млади луѓе да бидат движечка сила за успешната иднина на местото во кое живееме, за иднината на нашиот град. Токму денешниот настан, претставува едно вмрежување на младоста, искуството, иновативноста, креативноста со можностите и перспективите за напредок, истакна градоначалникот Коњановски пред присутните.
  На Отворениот ден на УКЛО се обрати и Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска чија кариера како универзитетски професор е токму на УКЛО.   „Чест ми е што денеска стојам пред вас и како професорка по англиски јазик на УКЛО и како министерка за култура. Задоволство ми е да ви пожелам добредојде на Отворениот ден на Универзитетот, кој ветува дека ќе биде настан за паметење под мотото „Нови перспективи“. Овој настан е одличен пример за партиципативен пристап и активно партнерство кое обезбедува средина за поддржување на младите и студентите да останат во Битола и да ги направат своите вештини достапни за локалната заедница”- истакна министерката во својот говор.   Пријателите на УКЛО од реалниот сектор, меѓу кои компанијата БИМИЛК Млекара АД Битола која додели уписнини за студентите на УКЛО, а Регионалната стопанска комора донираше електричен велосипед, со потпишување на меморандумите за соработка беа врачени овие вредни донации, а и промовирани заложбите за континуирана мотивација и конкретна поддршка на овој универзитет.   Во спектарот активности на Отворениот ден на УКЛО, промовиран е уште еден значаен проект - УКЛО Мрежа. Потпишани се меморандуми за соработка со дел Преда Плус Фондацијата и МКЦ Битола.   Настанот опфати презентација на неколку програми: МКЦ – Битола во соработка со Агенција за вработување и Регионална комора Битола организираа поврзување на бизнис заедницата со невработени лица. Над 20 компании понудија 100-на работни позиции за различни профили.   Преда Плус Фондацијата претстави програма за поддршка на стратапи во AgriTech iTourTech, соодветна за иновативна стартап идеја за поттикнување иновации во земјоделско-прехранбената индустрија и одржливиот туризам.   Во текот на целиот ден се одвиваше и богата музичка програма која ги задржа матурантите и студентите на платото пред Офицерски дом во Битола.  

The post 44 години Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола appeared first on Република.

]]>
Студентите во Битола оставени без оброк https://republika.mk/vesti/makedonija/studentite-vo-bitola-ostaveni-bez-obrok/ Fri, 17 Feb 2023 12:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=610146

Студентите од Педагошкиот Факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, поради бирократски проблеми се оставени без средства за субвенционираниот студентски оброк од почетокот на академската година во октомври, алармираат од Студентски отпор.

До студентското движење во изминатиов период пристигнале голем број на поплаки во однос на овој проблем, кој, според нивните дојави, е настанат од „неспособноста на деканатот на Педагошкиот факултет во Битола, кој навреме не доставил листа до МОН на редовни студенти“.

Откако во МОН со задоцнување пристигнала листата на редовни студенти, поради непознати за нас причини се уште на студентите од овој факултет им немаат исплатено средства. Додека стотици илјади евра за патни трошоци на пратениците има, за исплата на субвенциониран студентски оброк за сите студенти, очигледно нема. Затоа јавно, повторно повикуваме министерот за образование Јетон Шаќири, како одговорен за најнеспособното министерство за образование во историја на независна Македонија да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА. Бидејќи очигледно не е способен да ја врши оваа функција на задоволително ниво, велат од Студентски отпор.

The post Студентите во Битола оставени без оброк appeared first on Република.

]]>

Студентите од Педагошкиот Факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, поради бирократски проблеми се оставени без средства за субвенционираниот студентски оброк од почетокот на академската година во октомври, алармираат од Студентски отпор. До студентското движење во изминатиов период пристигнале голем број на поплаки во однос на овој проблем, кој, според нивните дојави, е настанат од „неспособноста на деканатот на Педагошкиот факултет во Битола, кој навреме не доставил листа до МОН на редовни студенти“.
Откако во МОН со задоцнување пристигнала листата на редовни студенти, поради непознати за нас причини се уште на студентите од овој факултет им немаат исплатено средства. Додека стотици илјади евра за патни трошоци на пратениците има, за исплата на субвенциониран студентски оброк за сите студенти, очигледно нема. Затоа јавно, повторно повикуваме министерот за образование Јетон Шаќири, како одговорен за најнеспособното министерство за образование во историја на независна Македонија да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА. Бидејќи очигледно не е способен да ја врши оваа функција на задоволително ниво, велат од Студентски отпор.

The post Студентите во Битола оставени без оброк appeared first on Република.

]]>