укинати Archives - Република https://republika.mk/tema/ukinati/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Apr 2023 13:51:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png укинати Archives - Република https://republika.mk/tema/ukinati/ 32 32 Во Германија веќе нема никакви антиковид-мерки, сите се укинати https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-germanija-veke-nema-nikakvi-antikovid-merki-site-se-ukinati/ Sat, 08 Apr 2023 13:51:06 +0000 https://republika.mk/?p=628730

Во Германија денеска, по повеќе од три години, завршуваат заштитните мерки против пандемијата на коронавирус, но политичарите предупредуваат дека коронавирусот сè уште претставува ризик по здравјето.

„Мерките се укинуваат, но тоа не значи дека коронавирусот исчезна. Внимателноста и набљудувањето на ситуацијата на терен сè уште остануваат инструменти на политиката на заштита од заразни болести“, рече Јанош Дахмен, портпарол на владејачката партија Зелени задолжен за здравствена политика.

Од денеска престануваат да важат последните мерки како што е обврската за носење FFP2 маска во здравствените установи и домовите за стари лица за посетителите. Овие институции можат сами да одлучуваат за правилата за носење маска. Од 8 април ќе престанат и ограничувањата за влез во Германија поради пандемијата на коронавирус. Мерките како обврската за носење маски во јавниот превоз беа укинати уште во февруари.

Правилата за вакцинација против коронавирусот се префрлаат од вонредна состојба на редовен здравствен систем. Во Германија секој ден сè уште се регистрираат неколку илјади нови случаи на инфекција со коронавирус. Во четвртокот, според Федералниот институт за заразни болести, Институтот Роберт Кох, во Германија се регистрирани 3.136 нови случаи на инфекција во споредба со претходниот ден.

И покрај тоа, министерот за здравство Карл Лаутербах минатата недела рече дека пандемијата во Германија е „успешно надмината“.

 

The post Во Германија веќе нема никакви антиковид-мерки, сите се укинати appeared first on Република.

]]>

Во Германија денеска, по повеќе од три години, завршуваат заштитните мерки против пандемијата на коронавирус, но политичарите предупредуваат дека коронавирусот сè уште претставува ризик по здравјето. „Мерките се укинуваат, но тоа не значи дека коронавирусот исчезна. Внимателноста и набљудувањето на ситуацијата на терен сè уште остануваат инструменти на политиката на заштита од заразни болести“, рече Јанош Дахмен, портпарол на владејачката партија Зелени задолжен за здравствена политика. Од денеска престануваат да важат последните мерки како што е обврската за носење FFP2 маска во здравствените установи и домовите за стари лица за посетителите. Овие институции можат сами да одлучуваат за правилата за носење маска. Од 8 април ќе престанат и ограничувањата за влез во Германија поради пандемијата на коронавирус. Мерките како обврската за носење маски во јавниот превоз беа укинати уште во февруари. Правилата за вакцинација против коронавирусот се префрлаат од вонредна состојба на редовен здравствен систем. Во Германија секој ден сè уште се регистрираат неколку илјади нови случаи на инфекција со коронавирус. Во четвртокот, според Федералниот институт за заразни болести, Институтот Роберт Кох, во Германија се регистрирани 3.136 нови случаи на инфекција во споредба со претходниот ден. И покрај тоа, министерот за здравство Карл Лаутербах минатата недела рече дека пандемијата во Германија е „успешно надмината“.  

The post Во Германија веќе нема никакви антиковид-мерки, сите се укинати appeared first on Република.

]]>
Укинати уште четири линии од Скопје до европски дестинации https://republika.mk/vesti/ekonomija/ukinati-ushte-chetiri-linii-od-skopje-do-evropski-destinacii/ Sun, 11 Dec 2022 15:13:47 +0000 https://republika.mk/?p=584331

Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе прекине да сообраќа на авионски линии од Скопје и од Охрид до четири европски градови.

Авионите на оваа компанија нема да летаат од Скопје кон Финска, односно, Турку и Билунд, и линијата до Турин, а се укинува и линијата Охрид-Фридрихсхафен, објавува exyuaviation.com

Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември минатата година.

Освен што оваа авиокомпанија укинува летово од Скопје, ќе бидат прекинати и авиолиниите меѓу меѓу Шарлeроа во Брисел и Љубљана, Белград и аеродромот Хан во Франкфурт, како и меѓу Тузла и Ваксјо во Шведска.

The post Укинати уште четири линии од Скопје до европски дестинации appeared first on Република.

]]>

Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе прекине да сообраќа на авионски линии од Скопје и од Охрид до четири европски градови. Авионите на оваа компанија нема да летаат од Скопје кон Финска, односно, Турку и Билунд, и линијата до Турин, а се укинува и линијата Охрид-Фридрихсхафен, објавува exyuaviation.com Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември минатата година. Освен што оваа авиокомпанија укинува летово од Скопје, ќе бидат прекинати и авиолиниите меѓу меѓу Шарлeроа во Брисел и Љубљана, Белград и аеродромот Хан во Франкфурт, како и меѓу Тузла и Ваксјо во Шведска.

The post Укинати уште четири линии од Скопје до европски дестинации appeared first on Република.

]]>
Германија ги укина ковид-мерките https://republika.mk/zivot/zdravje/germanija-gi-ukina-kovid-merkite/ Wed, 06 Apr 2022 13:05:52 +0000 https://republika.mk/?p=484124

Германија ги укина речиси сите ограничувања за коронавирусот.

Оваа недела најверојатно ќе се одлучи дали ќе се воведе вакцинација на одредени возрасни групи.

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах деновиве отворено признава дека товарот пред владата е исклучително тежок.

Војната во Украина, постојаниот прилив на лоши вести и секако пандемијата. Сето тоа предизвикува постојан стрес.

Од почетокот на пандемијата, Лаутербах, по професија виролог, постојано предупредува за опасностите од вирусот.

Тоа подоцна го направи како пратеник во Бундестагот и редовен гостин во ТВ-емисии, а потоа, од декември минатата година, како министер во новата германска влада составена од СПД, Зелените и либералите.

The post Германија ги укина ковид-мерките appeared first on Република.

]]>

Германија ги укина речиси сите ограничувања за коронавирусот. Оваа недела најверојатно ќе се одлучи дали ќе се воведе вакцинација на одредени возрасни групи. Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах деновиве отворено признава дека товарот пред владата е исклучително тежок. Војната во Украина, постојаниот прилив на лоши вести и секако пандемијата. Сето тоа предизвикува постојан стрес. Од почетокот на пандемијата, Лаутербах, по професија виролог, постојано предупредува за опасностите од вирусот. Тоа подоцна го направи како пратеник во Бундестагот и редовен гостин во ТВ-емисии, а потоа, од декември минатата година, како министер во новата германска влада составена од СПД, Зелените и либералите.

The post Германија ги укина ковид-мерките appeared first on Република.

]]>