укина Archives - Република https://republika.mk/tema/ukina/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Apr 2024 08:14:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png укина Archives - Република https://republika.mk/tema/ukina/ 32 32 Укинат притворот на актерот Жерар Депардје кој е обвинет за сексуален напад https://republika.mk/scena/film/ukinat-pritvorot-na-akterot-zherar-depardje-koj-e-obvinet-za-seksualen-napad/ Tue, 30 Apr 2024 08:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=772468

На францускиот актер Жерар Депардје кој беше повикан на сослушување по обвиненијата за сексуален напад, а потоа бил испратен во притвор во Третото одделение на париската полиција, му е укинат притворот, соопшти париската полиција.

Две жени го обвинија Депардје за сексуални напади за време на две различни снимања: првиот пат во 2014 година, за време на снимањето на „Волшебникот и сијамските близнаци“ на Жан-Пјер Моки и вториот пат во 2021 година, за време на снимањето на „Зелените прозорци“ на Жан Бекер, пишува парискиот весник Фигаро.

Првата пријава ја поднела 24-годишна помошничка на филмски сет во 2014 година. Таа во јануари годинава поднела пријава за „полов напад врз ранливо лице од страна на лице кое ја злоупотребувало положбата“.

Втората пријава, поднесена во февруари годинава за „сексуален напад, сексуално вознемирување и сексистичка навреда“, дојде од 53-годишна филмска декоратерка.

Легендарниот француски филмски актер беше обвинет во декември 2020 година за „силување“ и „сексуален напад“ по пријава на актерката Шарлот Арно, која го тужеше за две силувања во неговиот дом во Париз на крајот на август 2018 година.

Пријавата на актерката Елен Дарас, која го обвини Жерар Депардје дека сексуално ја нападнал за време на снимање на филм во 2007 година, беше поднесена кон крајот на декември 2023 година, а шпанската новинарка и писателка Рут База исто така поднесе тужба во Шпанија за силување против Депардје.

 

The post Укинат притворот на актерот Жерар Депардје кој е обвинет за сексуален напад appeared first on Република.

]]>

На францускиот актер Жерар Депардје кој беше повикан на сослушување по обвиненијата за сексуален напад, а потоа бил испратен во притвор во Третото одделение на париската полиција, му е укинат притворот, соопшти париската полиција. Две жени го обвинија Депардје за сексуални напади за време на две различни снимања: првиот пат во 2014 година, за време на снимањето на „Волшебникот и сијамските близнаци“ на Жан-Пјер Моки и вториот пат во 2021 година, за време на снимањето на „Зелените прозорци“ на Жан Бекер, пишува парискиот весник Фигаро. Првата пријава ја поднела 24-годишна помошничка на филмски сет во 2014 година. Таа во јануари годинава поднела пријава за „полов напад врз ранливо лице од страна на лице кое ја злоупотребувало положбата“. Втората пријава, поднесена во февруари годинава за „сексуален напад, сексуално вознемирување и сексистичка навреда“, дојде од 53-годишна филмска декоратерка. Легендарниот француски филмски актер беше обвинет во декември 2020 година за „силување“ и „сексуален напад“ по пријава на актерката Шарлот Арно, која го тужеше за две силувања во неговиот дом во Париз на крајот на август 2018 година. Пријавата на актерката Елен Дарас, која го обвини Жерар Депардје дека сексуално ја нападнал за време на снимање на филм во 2007 година, беше поднесена кон крајот на декември 2023 година, а шпанската новинарка и писателка Рут База исто така поднесе тужба во Шпанија за силување против Депардје.  

The post Укинат притворот на актерот Жерар Депардје кој е обвинет за сексуален напад appeared first on Република.

]]>
„Вашингтон пост“ ја укина претплатата за читателите во Русија и Украина https://republika.mk/vesti/svet/vashington-post-ja-ukina-pretplatata-za-chitatelite-vo-rusija-i-ukraina/ Mon, 16 May 2022 14:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=502982

„Вашингтон пост“, еден од главните американски дневни весници, ја укина претплатата за пристап до својата онлајн содржина за читателите од Русија и Украина, соопшти денеска изданието.

Весникот отвори и свој канал на руската социјална мрежа Телеграм, каде се споделуваат содржини од известувањето во живо за војната во Украина, се навдува во Телеграм каналот на изданието.

По инвазијата на Украина во Русија беа затворени неколкуте преостанати независни медиуми, а новинарите кои работеа во тие медиуми ја напуштија земјата. Оние кои работат се под строга воена цензура. Војната во Украина не смее да се нарекува војна туку „специјална воена операција”, во спротивно физичките и правните лица се соочуват со драконски казни до 15 години затвор.

Социјалните мрежи, блогови и форуми се под 24 часовен надзор на специјални служби на руските безбедносни сили.

 

The post „Вашингтон пост“ ја укина претплатата за читателите во Русија и Украина appeared first on Република.

]]>

„Вашингтон пост“, еден од главните американски дневни весници, ја укина претплатата за пристап до својата онлајн содржина за читателите од Русија и Украина, соопшти денеска изданието. Весникот отвори и свој канал на руската социјална мрежа Телеграм, каде се споделуваат содржини од известувањето во живо за војната во Украина, се навдува во Телеграм каналот на изданието. По инвазијата на Украина во Русија беа затворени неколкуте преостанати независни медиуми, а новинарите кои работеа во тие медиуми ја напуштија земјата. Оние кои работат се под строга воена цензура. Војната во Украина не смее да се нарекува војна туку „специјална воена операција”, во спротивно физичките и правните лица се соочуват со драконски казни до 15 години затвор. Социјалните мрежи, блогови и форуми се под 24 часовен надзор на специјални служби на руските безбедносни сили.  

The post „Вашингтон пост“ ја укина претплатата за читателите во Русија и Украина appeared first on Република.

]]>
Белгија ги укина речиси сите антиковид мерки https://republika.mk/vesti/belgija-gi-ukina-rechisi-site-antikovid-merki/ Mon, 07 Mar 2022 10:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=468879

Две години по прогласувањето на вонредната состојба и влегувањето во карантин, Белгија од денеска ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки, вклучително и обврската за носење маски и ковид пропусници.

Во Белгија од денеска престанува да важи обврската за носење маски на јавни места, вклучувајќи продавници и училишта, со исклучок на здравствените установи и јавниот превоз.

Белгиските власти забележуваат дека иако обврската за носење маски е укината, тие се препорачуваат на места каде што не може да се одржува безбедно растојание.

Од денеска престанува да се користат пропусниците за ковид, како доказ за вакцинација или негативен тест, кои беа неопходни за влез во сите угостителски и спортски објекти, како и во културните институции.

Укинати се ограничувањата на работното време на угостителските објекти, а повторно се дозволени максималните капацитети на театрите, кината и концертните сали.

Белгија ги ублажува и ограничувањата за патување, па од 11 март ќе можете да влегувате во земјата без задолжителен патен лист во случај да сте целосно вакцинирани.

Образецот останува задолжителен за оние кои доаѓаат во Белгија од трета земја што не е на списокот на ЕУ на епидемиолошки безбедни земји, а забраната за влез останува на сила за несуштинските патувања на државјани на трети земји кои немаат потврда за вакцинација или закрепнување. и за патници од земји со висок ризик за кои е идентификувана нова варијанта на вирусот.

Укинувањето на епидемиолошките мерки во Белгија доаѓа по верижното подобрување на епидемиолошката состојба во земјата.

На почетокот на март, бројот на новозаразени лица на дневна основа падна под 6.000, а помалку од 2.000 лица се во болница поради последиците од инфекцијата со корона вирусот.

Просечниот број на луѓе кои умираат секој ден од вирусот се намали за 37 проценти на 20, со што вкупниот број на смртни случаи од пандемијата во Белгија достигна 30.000.

The post Белгија ги укина речиси сите антиковид мерки appeared first on Република.

]]>

Две години по прогласувањето на вонредната состојба и влегувањето во карантин, Белгија од денеска ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки, вклучително и обврската за носење маски и ковид пропусници. Во Белгија од денеска престанува да важи обврската за носење маски на јавни места, вклучувајќи продавници и училишта, со исклучок на здравствените установи и јавниот превоз. Белгиските власти забележуваат дека иако обврската за носење маски е укината, тие се препорачуваат на места каде што не може да се одржува безбедно растојание. Од денеска престанува да се користат пропусниците за ковид, како доказ за вакцинација или негативен тест, кои беа неопходни за влез во сите угостителски и спортски објекти, како и во културните институции. Укинати се ограничувањата на работното време на угостителските објекти, а повторно се дозволени максималните капацитети на театрите, кината и концертните сали. Белгија ги ублажува и ограничувањата за патување, па од 11 март ќе можете да влегувате во земјата без задолжителен патен лист во случај да сте целосно вакцинирани. Образецот останува задолжителен за оние кои доаѓаат во Белгија од трета земја што не е на списокот на ЕУ на епидемиолошки безбедни земји, а забраната за влез останува на сила за несуштинските патувања на државјани на трети земји кои немаат потврда за вакцинација или закрепнување. и за патници од земји со висок ризик за кои е идентификувана нова варијанта на вирусот. Укинувањето на епидемиолошките мерки во Белгија доаѓа по верижното подобрување на епидемиолошката состојба во земјата. На почетокот на март, бројот на новозаразени лица на дневна основа падна под 6.000, а помалку од 2.000 лица се во болница поради последиците од инфекцијата со корона вирусот. Просечниот број на луѓе кои умираат секој ден од вирусот се намали за 37 проценти на 20, со што вкупниот број на смртни случаи од пандемијата во Белгија достигна 30.000.

The post Белгија ги укина речиси сите антиковид мерки appeared first on Република.

]]>