Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека денеска е последниот ден за поднесување ДДВ - 04 мсечни и тримесечни пријави. Следејќи го процесот на поднесување, утврдена е забавена динамика во поднесувањето на месечните и тримесечните ДДВ пријави на квартално ниво.
Според податоците до 15.07.2024 година, поднесени биле 13 проценти од очекуваните ДДВ 04 пријави, додека до 15.10.2024 година, овој процент опаднал на помалку од девет проценти.
Анализите покажуваат дека од 16 до 24 јули годинава, поднесени биле 72 проценти од очекуваните пријави, а во периодот од 16 до 24 октомври, поднесувањето изнесува 67 проценти од очекуваните ДДВ – 04 пријави, што укажува на забавено темпо во поднесувањето на пријавите во текот на октомври во однос на јули.
Управата за јавни приходи потсетува на важноста на навременото исполнување на даночните обврски и посочува дека ја разбира загриженоста на сметководителите од една страна, а ја охрабрува бизнис заедницата да ги поднесе своите документи до сметководителите без одлагање и со цел навремено поднесување на ДДВ – 04 пријавите. Потсетува дека законските рокови течат, а системите на УЈП работат 24/7, дури и за време на празниците ги поддржуваат даночните обврзници во овој процес.
-Вчера беа поднесени пријави од вкупно 6 873 даночни обврзници, а денес до пладне, поднесени се ДДВ – 04 пријави од 3 234 даночни обврзници, што укажува на вообичаена дневна динамика на поднесување. Континуирано потсетуваме на важноста на почитувањето на роковите и обврската на даночните обврзници да бидат одговорни во исполнувањето на своите даночни обврски, наведува УЈП.
The post УЈП: Последен ден за поднесување на ДДВ – 04 пријавите, динамиката забавена appeared first on Република.
]]>-Вчера беа поднесени пријави од вкупно 6 873 даночни обврзници, а денес до пладне, поднесени се ДДВ – 04 пријави од 3 234 даночни обврзници, што укажува на вообичаена дневна динамика на поднесување. Континуирано потсетуваме на важноста на почитувањето на роковите и обврската на даночните обврзници да бидат одговорни во исполнувањето на своите даночни обврски, наведува УЈП.
The post УЈП: Последен ден за поднесување на ДДВ – 04 пријавите, динамиката забавена appeared first on Република.
]]>Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти октомври 2024 година (петок). Оваа обврска важи и за оние даночни обврзници кои во соодветниот период немаат реализирано оданочив промет.
До моментов поднесени се само 6.607 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што укажува на значителен број обврзници кои сè уште не ја исполниле својата обврска.
Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е важно не само за даночната усогласеност на фирмите, туку и за општата финансиска стабилност на секој бизнис. Со исполнување на даночните обврски се придонесува за развојот на економијата и одржувањето на позитивната деловна средина.
Управата за јавни приходи потсетува дека поднесувањето на ДДВ-04 пријавата не е само законска обврска, туку и начин да се заштитите од непредвидливи трошоци и понатамошни постапки. Не чекајте до последен момент, навремено доставете ги пријавите и избегнете стрес.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации и поддршка можат да ги упатат своите прашања и коментари, поткрепени со документација на инфо сандачето [email protected]. Нашите даночни службеници ќе ги разгледаат и ќе помогнат во решавањето на истите.
За дополнителна поддршка, доколку се јавувате од фиксна линија, можете да се обратите на телефонскиот број 0800 33 000, а доколку се јавувате од мобилен телефон, повикајте 02 3253 200.
Управата за јавни приходи и нејзините вработени се тука за да ви понудат навремени, точни и јасни информации со цел исполнување на даночните обврски.
The post УЈП: Даночни обврзници, не чекајте, поднесете ги ДДВ-04 пријавите навреме appeared first on Република.
]]>The post УЈП: Даночни обврзници, не чекајте, поднесете ги ДДВ-04 пријавите навреме appeared first on Република.
]]>Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници 10/2024, за долгови доспеани до 30.06.2024 и неплатени до крајот на септември по основ на даноци, односно ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата се најдоа 1976 должници правни лица, и 3786 физички лица. Вкупниот нето долг изнесува 11.042.537.967 денари.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089 денари, (помалку за 45.943.439 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 158.109.878 денари (помалку за 18.931.314 денари од претходната листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете ТУКА.
The post УЈП ја објави најновата листа на должници: Еве кои фирми и физички лица најмногу должат appeared first on Република.
]]>The post УЈП ја објави најновата листа на должници: Еве кои фирми и физички лица најмногу должат appeared first on Република.
]]>Управата за јавни приходи е во корелација со Министерството за финансии за најавениот проект за намалување на даноци, а кој го најави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова која денеска одговараше на новинарско прашање дали се вклучени во овои проекции истакна дека Министерството за финансии е орган кој ги креира даночните политики и од него ги очекуваат деталите, коишто потоа треба да бидат имплементирани практично од страна на УЈП.
-Значи во поглед на прилагодување на даночните пријави и системите преку коишто даночните обврзници ќе ги исполнуваат даночните обврски, вели Петрова.
Што се однесува на прашањето за состојбата со повратот на ДДВ, Петрова истакна дека секоја недела има исплати на поврат на ДДВ, но се прават и потемелни анализи, во кои се опфатени и нивото на дејност, како и на ниво на даночен обврзник, а се со цел какошто вели Петрова да бидат осигурани оти се превенираат сите ризици, кои можат да се јават во врска со повратот на ДДВ и испумпувањето на буџетски средства.
-Во овој момент се уште се справуваме со тие заостанати неодобрени побарувања за ДДВ од претходните пет години, кои изнесуваат 1,7 милјарди денари или околу една третина од вкупниот поврат на ДДВ, којшто ни е сега во процес на обработка, одобрување и реализација. Значи паралелно со тој заостанат од претходната раководна структура заостанат и неодобрен поврат на ДДВ стигнуваат и новите ДДВ пријави.
The post УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци appeared first on Република.
]]>-Значи во поглед на прилагодување на даночните пријави и системите преку коишто даночните обврзници ќе ги исполнуваат даночните обврски, вели Петрова.Што се однесува на прашањето за состојбата со повратот на ДДВ, Петрова истакна дека секоја недела има исплати на поврат на ДДВ, но се прават и потемелни анализи, во кои се опфатени и нивото на дејност, како и на ниво на даночен обврзник, а се со цел какошто вели Петрова да бидат осигурани оти се превенираат сите ризици, кои можат да се јават во врска со повратот на ДДВ и испумпувањето на буџетски средства.
-Во овој момент се уште се справуваме со тие заостанати неодобрени побарувања за ДДВ од претходните пет години, кои изнесуваат 1,7 милјарди денари или околу една третина од вкупниот поврат на ДДВ, којшто ни е сега во процес на обработка, одобрување и реализација. Значи паралелно со тој заостанат од претходната раководна структура заостанат и неодобрен поврат на ДДВ стигнуваат и новите ДДВ пријави.
The post УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци appeared first on Република.
]]>Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот рок, 25-ти септември (среда) 2024 година до полноќ, за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период.
Од УЈП денеска упатија апел навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите доколку истите ги испратите последниот ден.
Во моментов, системот на УЈП работи непречено, до денеска поднесени се 1706, ДДВ – 04 пријави од вкупно очекуваните 7405, што е 23,4% од вкупно очекуваните ДДВ – 04 пријави за овој оданочив период. Обврска да поднесат ДДВ-04 пријава, имаат сите даночни обврзници, вклучително и оние кои во соодветниот период немале извршен оданочив промет, се посочува во соопштението од УЈП.
Се подвлекува дека процесот на поднесување на пријавите е под постојан мониторинг, а сите заинтересирани можат редовно да го следат трендот на статистиките за поднесените ДДВ-04 пријави по региони на веб-страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/javni_informacii/category/2005
The post УЈП: Уште три дена за поднесување ДДВ-04 пријави за изминатиот оданочив период appeared first on Република.
]]>The post УЈП: Уште три дена за поднесување ДДВ-04 пријави за изминатиот оданочив период appeared first on Република.
]]>Управата за јавни приходи и овој месец ги продолжува контролите за даночна усогласеност и кај објектите на отворено.
- Изминатиот продолжен викенд УЈП направи 20 контроли кај деловни субјекти кои продавале производи и услуги на отворено, односно на манифестациите „Егзит" во Струмица и „Тиквешки Гроздобер" во Кавадарци. Од извршените контроли, кај пет даночни обврзници утврдени се неправилности кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки и неводење книга за дневен финансиски извештај, соопшти УЈП.
Управата за јавни приходи, како што се наведува во соопштението, пред одржување настани на отворено одржува работни средби со учесниците кои закупиле штандови на настаните и им посочува на почитување и усогласување со даночните закони.
Работните средби со исто темпо, велат оттаму, продолжуваат и понатаму
The post УЈП со полни раце работа: На Тиквешки гроздобер и на Егзит во Струмица не издавале фискални appeared first on Република.
]]>- Изминатиот продолжен викенд УЈП направи 20 контроли кај деловни субјекти кои продавале производи и услуги на отворено, односно на манифестациите „Егзит" во Струмица и „Тиквешки Гроздобер" во Кавадарци. Од извршените контроли, кај пет даночни обврзници утврдени се неправилности кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки и неводење книга за дневен финансиски извештај, соопшти УЈП.Управата за јавни приходи, како што се наведува во соопштението, пред одржување настани на отворено одржува работни средби со учесниците кои закупиле штандови на настаните и им посочува на почитување и усогласување со даночните закони. Работните средби со исто темпо, велат оттаму, продолжуваат и понатаму
The post УЈП со полни раце работа: На Тиквешки гроздобер и на Егзит во Струмица не издавале фискални appeared first on Република.
]]>Вкупно 129 вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) ќе треба да враќаат пари, зашто од 12 февруари годинава со незаконски склучени договори земале поголема плата. Тие биле административни службеници, но во текот на изборниот процес потпишале договори со кои станале даночни службеници.
Одлуката за потпишувањето на договорите била колективна и незаконска, констатирал Државниот инспекторат за труд (ДИТ) кој извршил проверки откако е назначена новата директорка на УЈП Елена Петрова. ДИТ поради тоа и наложил на Петрова да ги поништи тие договори на овие 129 вработени. Финансиската штета од целата оваа ситуација изнесува околу 18 милиони денари.
Како што информира Петрова на брифинг со новинарите, УЈП во моментов бара најсоодветно решение за 129-те вработени кои денеска треба да потпишат нови договори за даночни службеници. Една од опциите е дури и потпишување нов колективен договор или анекс на веќе постојниот, за што се разговарало и со синдикалните здруженија. УЈП, нагласи директорката, чека и одговор од ДИТ за „најбезболно“ да се реши настанатиот проблем за кој, потенцира, вработените не се воопшто виновни. Намерата, рече, веројатно била добра, да имаат повисоки плати, но изгубила смисла поради незаконитост. Со новите договори, пак, што ќе бидат потпишани, секој од овие 129 вработени ќе добие плата според работното место.
Како што подвлече Петрова, вработените практично ќе добијат решенија за даночни службеници зашто актуелниот Закон за УЈП не предвидува администрстивни службеници, за што имало и негативно мислење од поранешното Министерство за информатичко општество и администрација.
Претходната директорка на УЈП донела одлука и акти кои се незаконски и поради кои внатре сега имаме хаос во организирањето на некои работни процеси и сме соочени со исправање последици. Незаконитоста и формално правните неправилности ги констатираа и ДКСК и Државниот инспекторат за труд. Во моментов јас сум соочена и треба да извршам наредба на Трудовиот инспекторат со која ми се наложува поништување на одлуката со која претходната директорка на УЈП во февруари ги откажала договорите за вработување на сите вработени во УЈП, а воедно им наредила да продолжат да работат до склучувањето нови договори според новите интерни правилници. Поништувањето на оваа одлука сега значи поништување и на сите нејзини правни последици, односно тоа значи дека ќе се поништат договорите со вработените склучени по распишувањето на изборите што има свое влијание и врз платите исплатени на определени вработени кои добиле повисока плата со промена на нивниот статус. Најмногу засегнатите вработени во УЈП сега се изложени на трпење последици од одлуката на претходната директорка на УЈП. Процесите на поништување на старите и склучувањето нови договори со сите вработени во УЈП се одвивале во тек на изборниот процес, истакна Петрова.
Сетоа ова, според неа, можело да се избегне доколку се испочитувале законските рокови.
Согласно измените на Законот за УЈП овие акти во УЈП требало да бидат донесени во законскиот рок до 3 ноември 2023 година, а се донесени со задоцнување на 9 февруари оваа година во пресрет на изборниот период. Согласноста од МИОА за овие правилници била издадена врз основа на своевидна манипулација и вметнување работни места во правилниците за кои немало намера да бидат пополнети и не се пополнети. Согласноста е издадена истиот ден, на 9 февруари, кога министерот кој ја потпишал бил разрешен, што е морален и политички хазард. Ова фрла црна дамка на целиот процес, а и целиот процес на усогласување на сите вработени во УЈП по статус и плата ја изгуби својата смисла и добра намера токму поради лошото менаџирање, ненавремено постапување надвор од законските рокови, а потоа непромислено и избрзано постапување, формални и правни неправилности и незаконитости“, објасни Петрова.
The post Вработени во УЈП ќе треба да ги враќаат платите што незаконски им биле зголемени appeared first on Република.
]]>Претходната директорка на УЈП донела одлука и акти кои се незаконски и поради кои внатре сега имаме хаос во организирањето на некои работни процеси и сме соочени со исправање последици. Незаконитоста и формално правните неправилности ги констатираа и ДКСК и Државниот инспекторат за труд. Во моментов јас сум соочена и треба да извршам наредба на Трудовиот инспекторат со која ми се наложува поништување на одлуката со која претходната директорка на УЈП во февруари ги откажала договорите за вработување на сите вработени во УЈП, а воедно им наредила да продолжат да работат до склучувањето нови договори според новите интерни правилници. Поништувањето на оваа одлука сега значи поништување и на сите нејзини правни последици, односно тоа значи дека ќе се поништат договорите со вработените склучени по распишувањето на изборите што има свое влијание и врз платите исплатени на определени вработени кои добиле повисока плата со промена на нивниот статус. Најмногу засегнатите вработени во УЈП сега се изложени на трпење последици од одлуката на претходната директорка на УЈП. Процесите на поништување на старите и склучувањето нови договори со сите вработени во УЈП се одвивале во тек на изборниот процес, истакна Петрова.Сетоа ова, според неа, можело да се избегне доколку се испочитувале законските рокови.
Согласно измените на Законот за УЈП овие акти во УЈП требало да бидат донесени во законскиот рок до 3 ноември 2023 година, а се донесени со задоцнување на 9 февруари оваа година во пресрет на изборниот период. Согласноста од МИОА за овие правилници била издадена врз основа на своевидна манипулација и вметнување работни места во правилниците за кои немало намера да бидат пополнети и не се пополнети. Согласноста е издадена истиот ден, на 9 февруари, кога министерот кој ја потпишал бил разрешен, што е морален и политички хазард. Ова фрла црна дамка на целиот процес, а и целиот процес на усогласување на сите вработени во УЈП по статус и плата ја изгуби својата смисла и добра намера токму поради лошото менаџирање, ненавремено постапување надвор од законските рокови, а потоа непромислено и избрзано постапување, формални и правни неправилности и незаконитости“, објасни Петрова.
The post Вработени во УЈП ќе треба да ги враќаат платите што незаконски им биле зголемени appeared first on Република.
]]>Мобилните екипи на Управата за јавни приходи и викендов продолжуваат со редовните контроли за фискализација, особено на местата каде што се одржуваат настани на отворено, како што се Виница и Свети Николе.
-Трговците и вршители на дејност кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, односно, плаќањата го вршат во готово (готовински плаќања), треба да користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет. Без разлика дали се ДДВ обврзник, ако вршат промет на добра или услуги во готово, должни се да воведат и употребуваат фискален апарат, се вели во денешното соопштение од УЈП.
Оттаму ги потсетуваат и физичките лица, да се усогласат со Законот за данок на личен доход (ЗДЛД) , односно да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен (сезонски) карактер, во подрачната единица на УЈП.
Воедно апелираат претходно да го имаат запазено условот за користење на градскиот простор, односно да имаат дозвола од Општината. На основ поднесеното барање УЈП ќе им издаде решение со утврдени аконтации на данокот на личен доход, со прилог налог за плаќање на данокот.
The post УЈП ќе контролира и настани на отворено appeared first on Република.
]]>-Трговците и вршители на дејност кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, односно, плаќањата го вршат во готово (готовински плаќања), треба да користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет. Без разлика дали се ДДВ обврзник, ако вршат промет на добра или услуги во готово, должни се да воведат и употребуваат фискален апарат, се вели во денешното соопштение од УЈП.Оттаму ги потсетуваат и физичките лица, да се усогласат со Законот за данок на личен доход (ЗДЛД) , односно да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен (сезонски) карактер, во подрачната единица на УЈП. Воедно апелираат претходно да го имаат запазено условот за користење на градскиот простор, односно да имаат дозвола од Општината. На основ поднесеното барање УЈП ќе им издаде решение со утврдени аконтации на данокот на личен доход, со прилог налог за плаќање на данокот.
The post УЈП ќе контролира и настани на отворено appeared first on Република.
]]>Поднесувањето на даночните пријави за данокот на додадена вредност се одвива непрекинато и без застој. Во текот на вчерашниот ден, 523 даночни обврзници ја поднеле даночната пријава - образец ДДВ-04 и ја исполниле даночната обврска за пријава на ДДВ за даночниот период 01.07.2024-31.07.2024 година, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).
Како што посочуваат, во Скопје од очекувани 3.462 до денеска ДДВ-04 пријава поднеле 815 даночни обврзници или 23,54 отсто, во Битола од очекувани 735 до сега даночни пријави поднеле 109 даночни обврзници или 14,83 отсто, во Прилеп од очекувани 650 до сега даночни пријави поднеле 93 даночни обврзници или 14,31 отсто, во Струмица од очекувани 719 до сега даночни пријави поднеле 135 даночни обврзници или 18,78 отсто, во Тетово од очекувани 728 до сега даночни пријави поднеле 210 даночни обврзници или 28,85 отсто, во Штип од очекувани 823 до сега даночни пријави поднеле 174 даночни обврзници или 21,14 отсто, во другите даночни одделенија во државата од очекувани 290 до сега даночни пријави поднеле 59 даночни обврзници, или 20,34 отсто.
На државно ниво до денеска од вкупно 7.407 даночни обврзници даночната обврска за пријава на ДДВ за даночниот период 01.07.2024-31.07.2024 година до сега ја исполниле 1.595 даночни обврзници, односно 21,53 отсто.
Од Управата за јавни приходи апелираат и ги повикуваат сите даночни обврзници и сметководители со време да ја исполнат даночната обврска.
The post УЈП: Поднесувањето на ДДВ-04 се одвива без застој appeared first on Република.
]]>The post УЈП: Поднесувањето на ДДВ-04 се одвива без застој appeared first on Република.
]]>Управата за јавни приходи соопшти дека во тек се интезивни подготовки за имплементација на проектот е-фактура. Вчера во просториите на УЈП се одржа состанок со претставници од неколку ИТ компании кои развиваат софтвери за поддршка на работењето на домашните фирми во делот на изготвување на фактури.
На состанокот се дискутираше за нивните перцепции и прашања во врска со импликациите што ќе произлезат од прилагодувањето на софтверите кај домашните фирми заради воведувањето на е-фактура.
- ИТ компаниите ја препознаваат е-фактурата не само како алатка за намалување на даночната евазија, туку и како алатка која ќе има додадена вредност за фирмите. Нема хартија, нема тонери, нема вреќи со фактури по пошта, нема носење фактури на сметководители. Воедно, подготвени се активно да соработуваат со УЈП, да ги споделат своите искуства, да дадат придонес во тестирањето и сл, се наведува во соопштението од УЈП.
Системот е-фактура Управата за јавни приходи планира да го развива и тестира во 2025 година.
The post Интензивни подготовки во УЈП за старт на проектот е-фактура appeared first on Република.
]]>The post Интензивни подготовки во УЈП за старт на проектот е-фактура appeared first on Република.
]]>Управата за јавни приходи постави рекорд со наплата на 217 милиони евра од даноци во месец јули.
Директорката Елена Петрова вели дека наплатата на годишно ниво е зголемена за 42 отсто, затоа што била поефикасна наметнатата дисциплина на плаќање во однос на претходниот период кога „се замижувало“ пред должниците.
– УЈП треба постојано да ги потсетува и опоменува должниците и тоа го правевме претходниот месец. Испраќавме пораки преку медиумите и имавме состаноци на национално и локално ниво со сметководители и стопански комори. Но испраќавме и персонализирани пораки до таргетирани групи на даночни обврзници при што пораките содржеа конкретна содржина за самиот даночен обврзник, вели Петрова во изјава во вестите на „Сител“.
Директорката на УЈП најави анализи кои ќе овозможат во следниот период да се прошири даночната база со дејности кои досега прикривале приходи.
И Царинската управа направи рекорд со 195 милиони евра наплатени во јули, а директорот Бобан Николовски вели дека се обратиле до „сите субјекти кои од најразлични причини имале долгувања кон Царината“.
– Втора работа е тоа што се обративме до сите комитенти да си ги платат долговите што ги имаат за закуп на објектите во сопственост на Царинската управа, рече Николовски.
The post УЈП собрала рекордни 217 милиони евра од даноци во месец јули appeared first on Република.
]]>– УЈП треба постојано да ги потсетува и опоменува должниците и тоа го правевме претходниот месец. Испраќавме пораки преку медиумите и имавме состаноци на национално и локално ниво со сметководители и стопански комори. Но испраќавме и персонализирани пораки до таргетирани групи на даночни обврзници при што пораките содржеа конкретна содржина за самиот даночен обврзник, вели Петрова во изјава во вестите на „Сител“.Директорката на УЈП најави анализи кои ќе овозможат во следниот период да се прошири даночната база со дејности кои досега прикривале приходи. И Царинската управа направи рекорд со 195 милиони евра наплатени во јули, а директорот Бобан Николовски вели дека се обратиле до „сите субјекти кои од најразлични причини имале долгувања кон Царината“.
– Втора работа е тоа што се обративме до сите комитенти да си ги платат долговите што ги имаат за закуп на објектите во сопственост на Царинската управа, рече Николовски.
The post УЈП собрала рекордни 217 милиони евра од даноци во месец јули appeared first on Република.
]]>Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници да поднесат даночни пријави за Данокот на додадена вредност (ДДВ) за јули годинава и порачува дека очекува вкупно 7.407 даночни обврзници да ја исполнат оваа обврска.
-ДДВ пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет. Рокот за поднесување на пријавата истекува на 25 август, но бидејќи недела е неработен ден, последниот ден за поднесување ќе биде 26 август во понеделник, посочуваат од УЈП.
Управата им препорачува на даночните обврзници да не го чекаат последниот ден за поднесување на даночните пријави, туку да поднесат што поскоро со цел да ги избегнат последиците од ненавремено поднесување и плаќање на даночните обврски.
Од УЈП посочуваат дека досега најмногу пријави се поднесени од обврзниците од Тетово, а најмалку од Прилеп.
The post УЈП ги повикува даночните обврзници навреме да поднесат ДДВ пријави за јули appeared first on Република.
]]>-ДДВ пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет. Рокот за поднесување на пријавата истекува на 25 август, но бидејќи недела е неработен ден, последниот ден за поднесување ќе биде 26 август во понеделник, посочуваат од УЈП.Управата им препорачува на даночните обврзници да не го чекаат последниот ден за поднесување на даночните пријави, туку да поднесат што поскоро со цел да ги избегнат последиците од ненавремено поднесување и плаќање на даночните обврски. Од УЈП посочуваат дека досега најмногу пријави се поднесени од обврзниците од Тетово, а најмалку од Прилеп.
The post УЈП ги повикува даночните обврзници навреме да поднесат ДДВ пријави за јули appeared first on Република.
]]>Работиме на унапредување на условите за водење бизнис, како и на жестока борба против сивата економија, при што сме фокусирани на системски мерки и активности, меѓу коишто е и понатамошна интеграција на системите на Царинската управа со системите на Управата за јавни приходи. Денеска директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова одржаа состанок на кој беше истакната потребата од поголема координација, размена на податоци и поврзување на системите се со цел сузбивање на сивата економија.
„Фирмите кои работат во рамките на неформалната економија стравуваат да влезат во радарот на царинските и даночните служби, а наша задача е да ги сузбиеме ваквите појави. На овој начин овозможуваме подобри услови за фер конкуренција, поголеми инвестиции во производство и крајно повеќе приходи во Буџетот“, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.
На состанокот воедно се говореше за искуствата кои ги има Царина во имплементација на податочен склад и анализа на ризик.
The post Средба Николовски – Петрова: Жестока борба со сивата економија, на радар фирмите што избегнуваат данок appeared first on Република.
]]>The post Средба Николовски – Петрова: Жестока борба со сивата економија, на радар фирмите што избегнуваат данок appeared first on Република.
]]>Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека даночните инспектори и контролори изминатиот викенд извршиле повеќе контроли во туристичко-угостителските објекти во Охрид, Струга и Дојран. Контролите биле спроведени по Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП) во вкупно 108 објекти.
Како што е наведено во соопштението од УЈП, од извршените контроли, кај 49 даночни обврзници биле утврдени неправилности.
Неправилностите се однесуваат на: прекршок согласно член 21-б од Законот за регистрирање на готовинските плаќања за неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра (член 2), прекршок согласно член 21 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку не закупи и не регистрира резервна фискална апаратура (член 13); прекршок согласно член 21 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку не води книга за дневни финансиски извештаи (член 11 став 4); прекршок согласно член 21-а од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку не води итна сметковотствена книга за извршениот промет на добра, односно на услуга (член 12 став 2); прекршок согласно член 21 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку на видно место не поставил соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка (член 7); прекршок согласно член 21-а од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку не ги чува и одржува во исправна состојба фискалните апарати (член 14 став 1), се наведува во соопштението од УЈП.
За констатираните прекршоци согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од страна на Управата за јавни приходи изречени се глоби за даночните обврзници и одговорните лица.
Согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, односно плаќањата ги вршат во готово (готовински плаќања), должни се да да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет односно услугата.
Граѓаните кои се соочуваат со неиздавање на фискална сметка или им се издава сметка која не ги содржи елементите на фискалната сметка ги повикуваме да пријавуваат на бесплатните телефонски линии на УЈП 198, или да поднесат претставка писмено во канцелариите на УЈП или на e - маил на [email protected] како и преку апликацијата МојДДВ, се наведува во соопштението.
Од Управата за јавни приходи посочуваат дека редовно вршат контроли над спроведувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања. Основ за постапување е самиот Закон а контроли се вршат и по пристигнати пријави на линијата 198, пријави во писмена форма на инфо линијата, контроли координирано со други институции како и контроли согласно годишниот план на Управата за јавни приходи.
The post УЈП контролираше во Охрид, Струга и Дојран: Инспекторите викендов утврдиле неправилности кај 49 туристичко-угостителски објекти appeared first on Република.
]]>Неправилностите се однесуваат на: прекршок согласно член 21-б од Законот за регистрирање на готовинските плаќања за неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра (член 2), прекршок согласно член 21 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку не закупи и не регистрира резервна фискална апаратура (член 13); прекршок согласно член 21 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку не води книга за дневни финансиски извештаи (член 11 став 4); прекршок согласно член 21-а од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку не води итна сметковотствена книга за извршениот промет на добра, односно на услуга (член 12 став 2); прекршок согласно член 21 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку на видно место не поставил соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка (член 7); прекршок согласно член 21-а од Законот за регистрирање на готовинските плаќања доколку не ги чува и одржува во исправна состојба фискалните апарати (член 14 став 1), се наведува во соопштението од УЈП.За констатираните прекршоци согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од страна на Управата за јавни приходи изречени се глоби за даночните обврзници и одговорните лица. Согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, односно плаќањата ги вршат во готово (готовински плаќања), должни се да да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет односно услугата.
Граѓаните кои се соочуваат со неиздавање на фискална сметка или им се издава сметка која не ги содржи елементите на фискалната сметка ги повикуваме да пријавуваат на бесплатните телефонски линии на УЈП 198, или да поднесат претставка писмено во канцелариите на УЈП или на e - маил на [email protected] како и преку апликацијата МојДДВ, се наведува во соопштението.Од Управата за јавни приходи посочуваат дека редовно вршат контроли над спроведувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања. Основ за постапување е самиот Закон а контроли се вршат и по пристигнати пријави на линијата 198, пријави во писмена форма на инфо линијата, контроли координирано со други институции како и контроли согласно годишниот план на Управата за јавни приходи.
The post УЈП контролираше во Охрид, Струга и Дојран: Инспекторите викендов утврдиле неправилности кај 49 туристичко-угостителски објекти appeared first on Република.
]]>Управата за јавни приходи по сумирани податоци од обработката на ДДВ пријавите информира дека ДДВ долг за јуни пријавиле 4,030 месечни даночни обврзници во вкупен износ од 3,168,673,344 ден. За кварталот април-јуни пријавиле 16.534 тримесечни даночни обврзници во вкупен износ од 1,982,960,788 ден.
https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=691s
Од УЈП ги повикуваме останатите 1,277 месечни обврзници, кои имаат долг од 817,061,527 денари, и 7,661 тримесечни обврзници, кои не го платиле својот ДДВ долг во износ од 967,855,467 денари, тоа да го сторат веднаш.
- Управата за јавни приходи по доставените опомени ќе пристапи кон присилна наплата на долгот согласно законските надлежности. За секој ден задоцнето плаќање се пресметува камата од 0,03% од преостанатиот долг, се наведува во денешното соопштение од УЈП
The post УЈП потсетува : Даночните обврзници да платат ДДВ во законскиот рок, по доставените опомени ќе пристапи кон присилна наплата appeared first on Република.
]]>- Управата за јавни приходи по доставените опомени ќе пристапи кон присилна наплата на долгот согласно законските надлежности. За секој ден задоцнето плаќање се пресметува камата од 0,03% од преостанатиот долг, се наведува во денешното соопштение од УЈП
The post УЈП потсетува : Даночните обврзници да платат ДДВ во законскиот рок, по доставените опомени ќе пристапи кон присилна наплата appeared first on Република.
]]>Црната економија во денешно време од пазарите и улиците се префрли на интернет, вели директорката на УЈП Елена Петрова.
Таа е децидна дека мора да се најде начин да се оданочуваат сите оние страници на Фејсбук и Инстарам кои продаваат се и сешто а не ги плаќаат давачките кон државата.
https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=677s
Oваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска.Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП-открива Петрова за „Република“.
The post Страниците за продажба преку Фејсбук и Инстаграм ќе мора да плаќаат данок appeared first on Република.
]]>Oваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска.Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП-открива Петрова за „Република“.
The post Страниците за продажба преку Фејсбук и Инстаграм ќе мора да плаќаат данок appeared first on Република.
]]>Директорката на УЈП Елена Петрова ги смирува граѓаните дека проектот „Мој ДДВ“ ќе продолжи и оти наскоро ќе започне исплатата на парите за второто тромесечие.
https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=670s
Не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот-објасни Петрова во интерјуто за „Република“.
На прашањето дали ќе има некакви измени, Петрова објаснува.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-predizvitsite-na-ujp-se-borba-so-zatajuvachite-na-danok-i-silen-chovechki-kapatsitet/
Toa прашање не може да се адресира на УЈП, затоа што исплатата на буџетски средства на граѓаните врз основа на скенирање на фискални сметки преку систем Мој ДДВ по својата суштина е економско-социјална мерка. Што се однесува до даночниот аспект, даночниот карактер на оваа мерка е индиректен, преку очекувано влијание врз мотивацијата и свеста на граѓаните да бараат фискални сметки кога набавуваат разни добра и услуги и да вршат„притисок” врз продавачите да го регистрираат готовинскиот промет со што ја регистрираат и обврската за плаќање на ДДВ во државниот трезор.
Во однос на влијанието на оваа мерка од даночен аспект, дали е постигнато зголемено пријавување на готовинскиот промет, јавноста е доволно свесна дека нема дисциплина воиздавањето на фискални сметки. Очигледно е, ноторен факт е дека многу регистрирани трговци иугостители не издаваат фискални сметки, како и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејност. Има и појави на издавање на сметки кои не се фискални и сл. Ова потврдува дека мерката Мој ДДВ од даночен аспект е далеку од најавата дека секој граѓанин ќе биде даночен инспектор и дека оваа мерка ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, а непријавувањето на готовинскиот промет е една, но по обем најголема појавна форма на сивата економија
The post Проектот „Мој ДДВ“ продолжува, исплатата на парите од второто тромесечие по ребалансот на буџетот appeared first on Република.
]]>Не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот-објасни Петрова во интерјуто за „Република“.На прашањето дали ќе има некакви измени, Петрова објаснува. https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-predizvitsite-na-ujp-se-borba-so-zatajuvachite-na-danok-i-silen-chovechki-kapatsitet/
Toa прашање не може да се адресира на УЈП, затоа што исплатата на буџетски средства на граѓаните врз основа на скенирање на фискални сметки преку систем Мој ДДВ по својата суштина е економско-социјална мерка. Што се однесува до даночниот аспект, даночниот карактер на оваа мерка е индиректен, преку очекувано влијание врз мотивацијата и свеста на граѓаните да бараат фискални сметки кога набавуваат разни добра и услуги и да вршат„притисок” врз продавачите да го регистрираат готовинскиот промет со што ја регистрираат и обврската за плаќање на ДДВ во државниот трезор. Во однос на влијанието на оваа мерка од даночен аспект, дали е постигнато зголемено пријавување на готовинскиот промет, јавноста е доволно свесна дека нема дисциплина воиздавањето на фискални сметки. Очигледно е, ноторен факт е дека многу регистрирани трговци иугостители не издаваат фискални сметки, како и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејност. Има и појави на издавање на сметки кои не се фискални и сл. Ова потврдува дека мерката Мој ДДВ од даночен аспект е далеку од најавата дека секој граѓанин ќе биде даночен инспектор и дека оваа мерка ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, а непријавувањето на готовинскиот промет е една, но по обем најголема појавна форма на сивата економија
The post Проектот „Мој ДДВ“ продолжува, исплатата на парите од второто тромесечие по ребалансот на буџетот appeared first on Република.
]]>Борбата против затајувачите на данок ќе биде бескомпромисна. Праксата на објавување на листата на должници ќе продолжи, но ќе ја надополниме со објавување на лица со даночен рејтинг, односно позитивните примери, најавува директорката на УЈП Елена Петрова. Таа во интевјуто за „Република“ говори што затекнала во Управата за јавни приходи и во кој правец треба да се развива во иднина.
Повратот на „Мој ДДВ“ е нешто што најмногу ги интересира граѓаните. Дали има некои измени во спроведувањето на оваа мерка, во поглед на начинот на реализација, сумата на поврат?
Најнапред би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот.
За прашањето дали ќе има измени во спроведувањето на оваа мерка до сега слушнавме појаснувања и од Премиерот и од Министерката за финансии, и тоа дека оваа мерка ќе остане и ќе се надгради со други исплати кон таргет групи на граѓани. Toa прашање не може да се адресира на УЈП, затоа што исплатата на буџетски средства на граѓаните врз основа на скенирање на фискални сметки преку систем Мој ДДВ по својата суштина е економско-социјална мерка. Што се однесува до даночниот аспект, даночниот карактер на оваа мерка е индиректен, преку очекувано влијание врз мотивацијата и свеста на граѓаните да бараат фискални сметки кога набавуваат разни добра и услуги и да вршат„притисок” врз продавачите да го регистрираат готовинскиот промет со што ја регистрираат и обврската за плаќање на ДДВ во државниот трезор.
Во однос на влијанието на оваа мерка од даночен аспект, дали е постигнато зголемено пријавување на готовинскиот промет, јавноста е доволно свесна дека нема дисциплина воиздавањето на фискални сметки. Очигледно е, ноторен факт е дека многу регистрирани трговци иугостители не издаваат фискални сметки, како и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејност. Има и појави на издавање на сметки кои не се фискални и сл. Ова потврдува дека мерката Мој ДДВ од даночен аспект е далеку од најавата дека секој граѓанин ќе биде даночен инспектор и дека оваа мерка ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, а непријавувањето на готовинскиот промет е една, но по обем најголема појавна форма на сивата економија.
Викенд без ДДВ е нешто што СДСМ го спроведе само еден викенд, но наиде на добар одзив кај граѓаните. Дали постои можност повторно да се реализира ваква акција?
Ова е во иста линија со претходното прашање. И мерката „Викенд без ДДВ” се реализираше преку скенирање на фискални сметки. Овие мерки се економско-социјални мерки.УЈП како даночен орган нема надлежност да креира политика за спроведување на вакви мерки.УЈП го хостира апликативниот софтвер за Мој ДДВ и дава услуги на граѓаните поврзани сокористењето на софтверот. Преку овој софтвер во УЈП се собираат податоците за скенираните фискални сметки и УЈП го менаџира процесот за исплата врз основа на собраните податоци.Ако или кога Владата преку надлежните министерства ќе донесе нови мерки кои ќе може да сеспроведуваат преку овој систем, УЈП ќе треба да прави соодветни прилагодувања и надградби на софтверот.При тоа мора да напоменам дека овој софтвер како технологија е напредно решение, смарт апликација. Во УЈП веќе разговараме за можноста за користење на овој софтвер за даночни цели, нови услуги на даночните обврзници.
Веднаш по стапувањето на функција, најавивте засилена борба со затајувачите на данок. Од сегашна ваша процена дали затајувањето на даноци е многу поголемо од она што претходната власт го претставуваше?
Токму така, највив бескомпромисна борба со појавите кои претставуваат неплаќање на данок, даночни затајувања и криминалните даночни измами.Во однос на процена колкаво е затајувањето, колкав е гапот, колку данок не е наплатен, првичните податоци со кои располагам говорат дека треба да затвориме повеќе „дупки” кои овозможуваат даночните приходи да не влезат во државниот трезор.
За собирање на даночните приходите во трезорот, во системот на самооданочување прв чекор е секој даночен обврзник да се регистрира, да го пресмета точно својот данок, да поднесе даночна пријава во законски рок и да го плати пресметаниот данок во законскиот рок. Да одиме по овој законски и логичен редослед. Надлежните служби во УЈП ми обезбедија податоци кои покажуваат дека над 2,500 даночни обврзници немаат поднесени даночни пријави за ДДВ за првите петмесеци од годината. Имаме над 800 даночни обврзници со неподнесени даночни биланси за 2023 година. За секој месец од почетокот на годината има над 5,000 работодавачи кои не поднеле месечна пресметка за интегрирана наплата. Тоа значи дека во тие случаи данокот (ДДВ, данок на добивка, данок на личен доход за плата) и придонесите не се пресметани, не се пријавени и не се платени.Друга индикација дека има данок или приходи што се губат и не влегуваат во државниот трезор ни покажува и самата структура на прометите што се прикажани во ДДВ пријавите. Ако ги сумираме податоците од сите ДДВ пријави и ги гледаме како една збирна пријава на ниво на цела држава, повеќе години наназад во таа вкупна пријава речиси секој месец имаме вишок
ДДВ за враќање/поврат, наместо ДДВ долг за плаќање. Тоа се нарекува негативен даночен ефект. Да го појасниме ова поедноставно. Во ДДВ пријавите во првиот дел се искажува реализираниот промет и ДДВ што се должи за тој промет, а во вториот дел се искажува влезниот промет, набавките за кои е платенДДВ.
Разликата меѓу ДДВ што се должи и платениот ДДВ за влезниот промет на крајот на месецот или кварталот е или разлика за доплата / долг, или повеќе платен ДДВ за поврат. Значи, повеќе години наназад, во сите региони и на ниво на цела држава, збирната даночна пријава покажува дека завршуваме со вишок ДДВ за поврат. Вишок ДДВ за поврат вообичаено имаат компаниите коиизвезуваат, компаниите кои се во инвестиции и сл. Но ако е ваква вкупната состојба на ниво на држава, тоа изгледа како нашата економија, нашето стопанство да не создава додадена вредност заоданочување.
Тоа е една сериозна индикација на која треба да се посвети значајно внимание, индикација и прашање дали прометите и данокот во ДДВ пријавите се пријавени точно и целосно, или имаме помалку пресметан, непријавен и неплатен ДДВ и помалку собраниданочни приходи во државниот трезор. Оваа информација особено треба да се земе во контекст на случувањата во блиското минато кога имаше злоупотреби и измами со ДДВ повратот иоштетување на буџетот.
Едноставно вкрстување на податоци во даночните биланси покажа дека има една група даночни обврзници кои во минатите години искористиле даночни олеснувања повеќе отколку што е можеле и со тоа платиле помалку данок на добивка.
Шеми за неплаќање на даночните обврски се прават и со злоупотреби во регулативата и процесите за регистрирање и дерегистрирање на компании и сл.
Очигледно е дека постојат „дупки” каде што се губат даночните приходи заради различни состојби кои претставуваат даночно избегнување и затајување преку непријавување или прикривање на приходи и промет, погрешно и извртено толкување и примена на регулативата,користење на празнини во регулативата и сл. И да се вратам на почеток, затоа најавив силна борба против сите вакви форми на даночно избегнување и даночни измами. УЈП мора да обезбеди рамноправни услови во кои чесните даночни обврзници нема да го носат товарот на полнење на државниот трезор за сметка на другите кои не го плаќаат својот данок. Оваа борба ќе вклучи различни мерки за зајакнување на програмата за даночната контрола, наплатата на заостанатите долгови исанкциите, сѐ до одговорност и казни за секој поединец што презема дејства со кои ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.
Какви други реформи се планираат во УЈП?
Мојата визија и план за УЈП се однесува за реформа во четири столбови или области: даночни приходи, даночни обврзници, даночни службеници и дигитализација. Сега е период кога треба да сеработи на Стратешки план за следниот тригодишен период 2025 – 2028 и таму ќе дадеме јасен приказ на визијата, реформскиот патоказ и проекти.
Може да издвојам неколку проекти кои веќе ги имаме најавено. Веќе формиравме проектен тим и почнавме работа за електронско издавање на уверенија. Со овој проект ќе обезбедиме процесот да обезбеди заштеда на време и трошоци кај даночните обврзници и во УЈП, исти стандарди во постапката во сите регионални дирекции и даночни одделенија, како и бесконтактна услуга. Ќе одиме чекор по чекор, односно едно по едно уверение.
Следно, формиравме проектен тим за унапредување на внатрешните процеси за ДДВ повратот. Ова ќе вклучи и автоматизација на чекори во работниот процес и зајакнување на внатрешнитеконтроли при регистрацијата за ДДВ и одобрување на ДДВ повратот, со цел за поголема заштита на даночните приходи од можни злоупотреби и поголема сигурност на даночните обврзници кои точно пријавуваат и побаруваат средства од вишокот влезен ДДВ.
Веќе го најавивме и проектот е-фактура. Ова ќе биде нова дигитална услуга која ќе го олесни деловното работење на компаниите, а од аспект на даночниот процес овој систем ќе обезбеди податоците за оданочивите промети да доаѓаат до УЈП во реално време и да имаме точно пресметани даночни обврски.
Дигитализацијата како глобална норма и стандард за модерна даночна администрација е предуслов за успешно работење. Колку УЈП е подготвено да се приклучи на овие современи барања и текови?
Дигитализацијата е голем реформски процес кој бара лидерство, голема посветеност, назначени ресурси и раздвојување на оваа реформа од приоритетите од тековното даночно работење. Воизминатите години УЈП потроши доста време, но не направи вистински исчекор да започне дигитализација согласно современите барања и можности. УЈП имаше и доста консултантска помош од меѓународните организации со цел да ја придвижи оваа реформа, дури и целосно подготвена документација – деловни спецификации, па сепак процесот остана да тапка во место.
Но, дигитализацијата во УЈП едноставно мора да почне да се случува, нема простор да се одложува, затоа што и самите даночни обврзници, и други страни со кои УЈП мора да биде поврзана, воведуваат нови дигитални технологии во своето работење. Никој нема да ја чека УЈП. Тука е и притисокот за искористување на финансиски средства од заем од Светска банка со кој се финансираат некои компоненти на новиот интегриран ИТ систем на УЈП.
Во УЈП постои Работно тело за имплементација на нов интегриран ИТ систем, кое е поврзано со исто такво Работно тело и Проектна канцеларија во Министерството за финансии. По моето назначување работиме на дневна основа со ова тело за да го „откочиме” процесот и активностите поврзани со реформата за дигитализација да започат да се одвиваат со дневно темпо и рутина.
Се најавува и дека се бара начин како да се оданочи производството во домашни услови, односно оние што произведуваат торти и колачи, изработувачите на накит, како и за лицата што поставуваат кафемати?
За овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н паушално оданочување на дејности од времен карактер.Но,очигледно затаиле некои механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници.Прво ќе се оди кон информирање на даночните обврзници и нивните обврски.Паушалот ќе биде различен, ќе се прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на часови, односно сразмерно на приходите што може да се остварат од вршењето на дејноста-објаснува Петрова за „Република“.
Во таа наскока е и онлајн шопинот и оданочување на сите што продаваат производи преку Фејсбук и Инстаграм.
Сега сивата економија од пазарите и улиците се префрли на интернет и оваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска.Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП-открива Петрова за „Република“.
Дали УЈП има можности да имплементира многу посигурни системи за известување за даночните обврски и е-услуги?
Кога зборуваме за посигурни системи за известување и е-услуги мислиме на нови дигитални солуции, како на пример систем за е-фактура, е-плаќање, е-издавање на документи, кои ќе овозможат поврзаност и комуницирање на УЈП со „природните” системи на даночните обврзници и преземање на трансакции, односно, процесите на оданочување и известување до УЈП ќе се преместат во системите на даночните обврзници како вграден дел од нивното бизнис работење.Пресметувањето на даночните обврски на некој начин ќе биде интегрирано во самото деловно работење, во системите на даночните обврзници кои ќе бидат поврзани со УЈП.
Ваквите нови дигитални солуции ќе ги вклучуваат во себе правилата за пресметување на данокот и тоа ќе биде гаранција дека данокот ќе биде пресметан точно, во точен износ, а известувањето до УЈП ќе се случи во реално време, тогаш кога настанува оданочивиот промет, или приход.Вакви нови редизајнирани процеси за пресметување на даночните обврски и пријавување или известување до УЈП треба да бидат придобивка од дигитализацијата на УЈП.
Дали ќе продолжите со праксата за објавување на листите на должници и дали според вас тие листи се зголемуваат или намалуваат, односно дали јавното објавување на даночните должници има некој ефект врз намалување на нивниот број?
Оваа пракса ќе продолжи, но и ќе ја надополниме со објавување на даночен рејтинг, со што ќе ги промовираме и позитивните обрасци (примери) за усогласено даночно однесување.За ефектот од објавата врз намалување на бројот на должници, ако мислите на тоа дали некој должник го „расчистува” долгот по основ на даноци под притисок на јавната објава, сметам дека кај нас сеуште нема таков даночен морал. Бидејќи работев во функцијата наплата на долгови, можам да кажам дека има должници кои навистина навлегле во некои деловни потешкотии и изнаоѓаат модуси за плаќање на даночниот долг за да можат нормално да ја вршат својата стопанска дејност, но има и такви кои попрво се насочени кон тоа деловниот потфат да го продолжат под нова фирма, да ги пренесат своите средства на други лица и сл., отколку да најдат начин за плаќање на заостанатиот даночен долг. Генерално, ефектот од јавната објава доаѓа повеќе како реакција од чесните даночни обврзници кои редовно ги плаќаат своите даночни долгови и, во тој контекс, УЈП мора да покаже дека своите законски овластувања за наплата на заостанатите долгови ги применува неселективно, ажурно и ефективно.
Што се однесува до тенденцијата, нагорна или надолна, на бројот на должници, генерално низ годините на листата има намален број на должници. Во текот на една година, односно од месец во месец бројката на должници и износот на долгот зависат од тоа за кој месец станува збор. Имаме месеци кога доспеваат обврски на тримесечни ДДВ обврзници, потоа имаме месец кога доспеваат обврските по годишните даночни биланси, па во тие месеци вообичаено има некое зголемување на бројот на должници и износот на долгот.
Можам да наведам и дека оваа листа треба да помине низ едно големо чистење за да ги прикажува оние долгови кои се реално наплативи. На листата сега се објавени починати физички лица, неактивни фирми и сл.
Пред неколку дена имавте средба со сметководителите. Што слушнавте од нив, се научија ли граѓаните и фирмите навремено и точно да плаќаат данок?
За да се научат граѓаните и фирмите, односно даночните обврзници, навремено и точно да плаќаат данок, важна улога имаат повеќе фактори.Еден фактор е даночните обврзници да имаа лесно достапни информации за своите обврски и начинот на исполнување на тие обврски. Тука не мислам само на едноставни информации од типот на рокови, обрасци, начин на уплата и сл., туку и на информации кои ќе обезбедат поголемасигурност на даночните обврзници како треба да се постапува од даночен аспект за одредена деловна трансакција. Комуникацијата меѓу даночните обврзници и УЈП е клучна, за да се намали јазот во нивното знаење и да се обезбеди влијание кое ќе води кон даночна усогласеност (точно пресметување и плаќање на даночната обврска). Од овој аспект, сметководителите се значајна таргет група за УЈП, бидејќи тие имаат советодавна и посредничка улога меѓу УЈП и даночните обврзници. УЈП треба да соработува со сметководителите за да добие уверување дека даночните обврзници добиваат кредибилни совети и услуги од сметководителите.
Освен овие информации со кои се гради свеста на данчните обврзници за нивните даночни обврски, има и други фактори кои влијаат на тоа даночните обврзници да научат да ги плаќаат навремено даноците. Таа друга група фактори се нарекува даночен морал. Даночниот морал претставува збир на прифатени норми, вредности и вреднувања кои го создаваат моделот на однесување на даночниот обврзник.
Даночниот морал се гради генерално на темел на она што претставува опкружување, разни социо-економски и институционални фактори: степенот на даночно оптоварување, корисноста на јавните расходи, согледувањето на придобивките од плаќањето даноци, перцепцијата за однесувањето на другите обврзници – дали ги плаќаат или ги избегнуваат даночнитеобврски, нивото на сивата економија, перцепција за ризикот за откривање на незаконско однесување, постоењето или недостатокот на санкции за затајувачите, нивото на корупцијата и др. Во врска со сите овие фактори сите сме свесни дека се потребни трансформативни промени во нашетоопштество кои, меѓудругото ќе водат и кон повисок даночен морал.
Што се случува со аферата која го откри ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци а во кој наводно беше вмешаната и поранешната директорка Лукаревска за поврат на 22 милиони евра поврат на ДДВ?
Ги очекувам информациите за сите постапки иницирани од УЈП пред истражните органи и надлежните јавни обвинителства.УЈП има обврска до надлежното јавно обвинителство да поднесе кривична пријава во случаи во кои, врз основа на информации до кои ќе дојде, ќе има сомнение за даночно затајување или друго кривично дело, како што се фалсификување на исправа, симнување или оштетување на службен печат и др.
Во тек на надворешна контрола, ако постои сомнение за даночно казниво работење УЈП поднесува кривична пријава или пак соработува со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи, особено во случаите кога даночниот обврзник избегнува да соработува и да ја обезбеди потребната книговодствена документација за контрола, односно случаи бараат примена на истражни мерки. Но, УЈП мора да има и повратен механизам и собирање на повратни инфромации за исходот на сите овие постапки.
Врз основа на информациите со кои располагам, само за сомнение за кривично дело даночно затајување бројката на поднесени кривични пријави од страна на УЈП изнесува: во 2020 год. 11 кривични пријави притив 12 правни лица и 13 одговорни лица, во 2021 год. 12 кривични пријави против 12 правни лица и 24 одговорни лица, во 2022 год. 12 кривични пријави против 4 правни лица и 11 одговорни лица и во 2023 год. 5 кривични пријави против 7 правни лица и 9 одговорни лица, за затаен данок во вкупен износ од 345 милиони денари (5,6 милиони евра). Отворено прашање е што значат овие бројки, дали е доволен капацитетот на службениците во УЈП за распознавање на сомнителните дејства.
Вие доаѓате внатре од УЈП. Знаете како било пред доаѓањето на Лукаревска и што затековте после нејзиното менаџирање. Се соочувате ли со проблем на партиски и нестручни кадри?
За состојбата што ја затекнав во делот на кадрите, врз основа на податоците кои ги добив од СЧР, можам слободно да кажам дека во УЈП се правени „акробации” за да се обезбеди отворен влез во УЈП на некои конкретни службеници. Прво, прашање кое треба да се препровери е и дали биле годишните планови за вработување биле навремено изготвувани согласно потребите на функциите.
УЈП нема годишен план за вработување за 2024 год. Во однос на „акробациите” кои ги споменав, како пример ќе наведам дека голем број службеници се вработени во УЈП преку мобилност, односно со преземање од други државни и јавни органи и тела. Да, тоа е легитимна, регуларна постапка. Но, ако навлезе подлабоко, ќе може да се види дека службеникот билангажиран во УЈП одреден период по договор на дело или преку АПВ, а потоа е вработен со преземање од некое јавно комунално претпријатие или општина, па се поставува прашање како е возможно и да бил ангажиран во УЈП и во исто време да бил вработен во друг орган? Или, службеник со место на живеење во Скопје е вработен со преземање од општина Кривогаштани. Ева таквите примери покажуваат дека има случаи за кои регрутацијата не била транспарентна, не било овозможено слободно пријавување и учество на разни кандидати и избор меѓу повеќе кандидати кои исполнуваат услови, туку регрутацијата се однесувала на точно определни лица по партиска или друга линија.
Ако се оди понатаму, голем број од овие службеници се распоредени директно на позиции со повисоки звања, или имале брзи унапредувања после вработувањето во УЈП, за разлика од постојните вработени во УЈП кои со години назад стоеле на иста позиција во својот кариерен развој. Ова доведе до еден внатрешен раздор и создавање на токсична работна средина.Што се однесува до прашањето за стручноста на тие службеници, не е спроведено оценувањето на службениците. Но ако ги гледаме резултатите од работењето глобално, на ниво на некои функции и некои регионални дирекции резултатите се многу лоши, по неколку години стојат отворени работни налози, незапочнати постапки, или започнати, а незавршени, оддолжени постапки.
Информациите кои ги имам ги доставив до организационите единици во УЈП надлежни за внатрешна ревизија и внатрешна контрола (професионални стандарди) и ова понатаму ќе се спушти и на ниво на преиспитување на учинокот и резултатите од вработењето, кои се директен одраз на професионалноста и стручноста на конкретни вработени.
Паралелно со овие процеси на ревизија и контрола, мојот план како директор е да имплементираме регуларни институционални механизми за поддршка на професионалниот развој на вработените, УЈП да ја врати препознатливоста на даночните службеници по нивниот професионализам и интегритет. Една од тие мерки ќе биде воведување на постапка за лиценцирање на даночните инспектори.
https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY
The post Петрова: Предизвиците на УЈП се борба со затајувачите на данок и силен човечки капацитет appeared first on Република.
]]>Најнапред би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот. За прашањето дали ќе има измени во спроведувањето на оваа мерка до сега слушнавме појаснувања и од Премиерот и од Министерката за финансии, и тоа дека оваа мерка ќе остане и ќе се надгради со други исплати кон таргет групи на граѓани. Toa прашање не може да се адресира на УЈП, затоа што исплатата на буџетски средства на граѓаните врз основа на скенирање на фискални сметки преку систем Мој ДДВ по својата суштина е економско-социјална мерка. Што се однесува до даночниот аспект, даночниот карактер на оваа мерка е индиректен, преку очекувано влијание врз мотивацијата и свеста на граѓаните да бараат фискални сметки кога набавуваат разни добра и услуги и да вршат„притисок” врз продавачите да го регистрираат готовинскиот промет со што ја регистрираат и обврската за плаќање на ДДВ во државниот трезор. Во однос на влијанието на оваа мерка од даночен аспект, дали е постигнато зголемено пријавување на готовинскиот промет, јавноста е доволно свесна дека нема дисциплина воиздавањето на фискални сметки. Очигледно е, ноторен факт е дека многу регистрирани трговци иугостители не издаваат фискални сметки, како и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејност. Има и појави на издавање на сметки кои не се фискални и сл. Ова потврдува дека мерката Мој ДДВ од даночен аспект е далеку од најавата дека секој граѓанин ќе биде даночен инспектор и дека оваа мерка ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, а непријавувањето на готовинскиот промет е една, но по обем најголема појавна форма на сивата економија.Викенд без ДДВ е нешто што СДСМ го спроведе само еден викенд, но наиде на добар одзив кај граѓаните. Дали постои можност повторно да се реализира ваква акција?
Ова е во иста линија со претходното прашање. И мерката „Викенд без ДДВ” се реализираше преку скенирање на фискални сметки. Овие мерки се економско-социјални мерки.УЈП како даночен орган нема надлежност да креира политика за спроведување на вакви мерки.УЈП го хостира апликативниот софтвер за Мој ДДВ и дава услуги на граѓаните поврзани сокористењето на софтверот. Преку овој софтвер во УЈП се собираат податоците за скенираните фискални сметки и УЈП го менаџира процесот за исплата врз основа на собраните податоци.Ако или кога Владата преку надлежните министерства ќе донесе нови мерки кои ќе може да сеспроведуваат преку овој систем, УЈП ќе треба да прави соодветни прилагодувања и надградби на софтверот.При тоа мора да напоменам дека овој софтвер како технологија е напредно решение, смарт апликација. Во УЈП веќе разговараме за можноста за користење на овој софтвер за даночни цели, нови услуги на даночните обврзници.Веднаш по стапувањето на функција, најавивте засилена борба со затајувачите на данок. Од сегашна ваша процена дали затајувањето на даноци е многу поголемо од она што претходната власт го претставуваше?
Токму така, највив бескомпромисна борба со појавите кои претставуваат неплаќање на данок, даночни затајувања и криминалните даночни измами.Во однос на процена колкаво е затајувањето, колкав е гапот, колку данок не е наплатен, првичните податоци со кои располагам говорат дека треба да затвориме повеќе „дупки” кои овозможуваат даночните приходи да не влезат во државниот трезор. За собирање на даночните приходите во трезорот, во системот на самооданочување прв чекор е секој даночен обврзник да се регистрира, да го пресмета точно својот данок, да поднесе даночна пријава во законски рок и да го плати пресметаниот данок во законскиот рок. Да одиме по овој законски и логичен редослед. Надлежните служби во УЈП ми обезбедија податоци кои покажуваат дека над 2,500 даночни обврзници немаат поднесени даночни пријави за ДДВ за првите петмесеци од годината. Имаме над 800 даночни обврзници со неподнесени даночни биланси за 2023 година. За секој месец од почетокот на годината има над 5,000 работодавачи кои не поднеле месечна пресметка за интегрирана наплата. Тоа значи дека во тие случаи данокот (ДДВ, данок на добивка, данок на личен доход за плата) и придонесите не се пресметани, не се пријавени и не се платени.Друга индикација дека има данок или приходи што се губат и не влегуваат во државниот трезор ни покажува и самата структура на прометите што се прикажани во ДДВ пријавите. Ако ги сумираме податоците од сите ДДВ пријави и ги гледаме како една збирна пријава на ниво на цела држава, повеќе години наназад во таа вкупна пријава речиси секој месец имаме вишок ДДВ за враќање/поврат, наместо ДДВ долг за плаќање. Тоа се нарекува негативен даночен ефект. Да го појасниме ова поедноставно. Во ДДВ пријавите во првиот дел се искажува реализираниот промет и ДДВ што се должи за тој промет, а во вториот дел се искажува влезниот промет, набавките за кои е платенДДВ. Разликата меѓу ДДВ што се должи и платениот ДДВ за влезниот промет на крајот на месецот или кварталот е или разлика за доплата / долг, или повеќе платен ДДВ за поврат. Значи, повеќе години наназад, во сите региони и на ниво на цела држава, збирната даночна пријава покажува дека завршуваме со вишок ДДВ за поврат. Вишок ДДВ за поврат вообичаено имаат компаниите коиизвезуваат, компаниите кои се во инвестиции и сл. Но ако е ваква вкупната состојба на ниво на држава, тоа изгледа како нашата економија, нашето стопанство да не создава додадена вредност заоданочување. Тоа е една сериозна индикација на која треба да се посвети значајно внимание, индикација и прашање дали прометите и данокот во ДДВ пријавите се пријавени точно и целосно, или имаме помалку пресметан, непријавен и неплатен ДДВ и помалку собраниданочни приходи во државниот трезор. Оваа информација особено треба да се земе во контекст на случувањата во блиското минато кога имаше злоупотреби и измами со ДДВ повратот иоштетување на буџетот. Едноставно вкрстување на податоци во даночните биланси покажа дека има една група даночни обврзници кои во минатите години искористиле даночни олеснувања повеќе отколку што е можеле и со тоа платиле помалку данок на добивка. Шеми за неплаќање на даночните обврски се прават и со злоупотреби во регулативата и процесите за регистрирање и дерегистрирање на компании и сл. Очигледно е дека постојат „дупки” каде што се губат даночните приходи заради различни состојби кои претставуваат даночно избегнување и затајување преку непријавување или прикривање на приходи и промет, погрешно и извртено толкување и примена на регулативата,користење на празнини во регулативата и сл. И да се вратам на почеток, затоа најавив силна борба против сите вакви форми на даночно избегнување и даночни измами. УЈП мора да обезбеди рамноправни услови во кои чесните даночни обврзници нема да го носат товарот на полнење на државниот трезор за сметка на другите кои не го плаќаат својот данок. Оваа борба ќе вклучи различни мерки за зајакнување на програмата за даночната контрола, наплатата на заостанатите долгови исанкциите, сѐ до одговорност и казни за секој поединец што презема дејства со кои ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.Какви други реформи се планираат во УЈП?
Мојата визија и план за УЈП се однесува за реформа во четири столбови или области: даночни приходи, даночни обврзници, даночни службеници и дигитализација. Сега е период кога треба да сеработи на Стратешки план за следниот тригодишен период 2025 – 2028 и таму ќе дадеме јасен приказ на визијата, реформскиот патоказ и проекти. Може да издвојам неколку проекти кои веќе ги имаме најавено. Веќе формиравме проектен тим и почнавме работа за електронско издавање на уверенија. Со овој проект ќе обезбедиме процесот да обезбеди заштеда на време и трошоци кај даночните обврзници и во УЈП, исти стандарди во постапката во сите регионални дирекции и даночни одделенија, како и бесконтактна услуга. Ќе одиме чекор по чекор, односно едно по едно уверение. Следно, формиравме проектен тим за унапредување на внатрешните процеси за ДДВ повратот. Ова ќе вклучи и автоматизација на чекори во работниот процес и зајакнување на внатрешнитеконтроли при регистрацијата за ДДВ и одобрување на ДДВ повратот, со цел за поголема заштита на даночните приходи од можни злоупотреби и поголема сигурност на даночните обврзници кои точно пријавуваат и побаруваат средства од вишокот влезен ДДВ. Веќе го најавивме и проектот е-фактура. Ова ќе биде нова дигитална услуга која ќе го олесни деловното работење на компаниите, а од аспект на даночниот процес овој систем ќе обезбеди податоците за оданочивите промети да доаѓаат до УЈП во реално време и да имаме точно пресметани даночни обврски.Дигитализацијата како глобална норма и стандард за модерна даночна администрација е предуслов за успешно работење. Колку УЈП е подготвено да се приклучи на овие современи барања и текови?
Дигитализацијата е голем реформски процес кој бара лидерство, голема посветеност, назначени ресурси и раздвојување на оваа реформа од приоритетите од тековното даночно работење. Воизминатите години УЈП потроши доста време, но не направи вистински исчекор да започне дигитализација согласно современите барања и можности. УЈП имаше и доста консултантска помош од меѓународните организации со цел да ја придвижи оваа реформа, дури и целосно подготвена документација – деловни спецификации, па сепак процесот остана да тапка во место. Но, дигитализацијата во УЈП едноставно мора да почне да се случува, нема простор да се одложува, затоа што и самите даночни обврзници, и други страни со кои УЈП мора да биде поврзана, воведуваат нови дигитални технологии во своето работење. Никој нема да ја чека УЈП. Тука е и притисокот за искористување на финансиски средства од заем од Светска банка со кој се финансираат некои компоненти на новиот интегриран ИТ систем на УЈП. Во УЈП постои Работно тело за имплементација на нов интегриран ИТ систем, кое е поврзано со исто такво Работно тело и Проектна канцеларија во Министерството за финансии. По моето назначување работиме на дневна основа со ова тело за да го „откочиме” процесот и активностите поврзани со реформата за дигитализација да започат да се одвиваат со дневно темпо и рутина.Се најавува и дека се бара начин како да се оданочи производството во домашни услови, односно оние што произведуваат торти и колачи, изработувачите на накит, како и за лицата што поставуваат кафемати?
За овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н паушално оданочување на дејности од времен карактер.Но,очигледно затаиле некои механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници.Прво ќе се оди кон информирање на даночните обврзници и нивните обврски.Паушалот ќе биде различен, ќе се прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на часови, односно сразмерно на приходите што може да се остварат од вршењето на дејноста-објаснува Петрова за „Република“.Во таа наскока е и онлајн шопинот и оданочување на сите што продаваат производи преку Фејсбук и Инстаграм.
Сега сивата економија од пазарите и улиците се префрли на интернет и оваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска.Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП-открива Петрова за „Република“.Дали УЈП има можности да имплементира многу посигурни системи за известување за даночните обврски и е-услуги?
Кога зборуваме за посигурни системи за известување и е-услуги мислиме на нови дигитални солуции, како на пример систем за е-фактура, е-плаќање, е-издавање на документи, кои ќе овозможат поврзаност и комуницирање на УЈП со „природните” системи на даночните обврзници и преземање на трансакции, односно, процесите на оданочување и известување до УЈП ќе се преместат во системите на даночните обврзници како вграден дел од нивното бизнис работење.Пресметувањето на даночните обврски на некој начин ќе биде интегрирано во самото деловно работење, во системите на даночните обврзници кои ќе бидат поврзани со УЈП. Ваквите нови дигитални солуции ќе ги вклучуваат во себе правилата за пресметување на данокот и тоа ќе биде гаранција дека данокот ќе биде пресметан точно, во точен износ, а известувањето до УЈП ќе се случи во реално време, тогаш кога настанува оданочивиот промет, или приход.Вакви нови редизајнирани процеси за пресметување на даночните обврски и пријавување или известување до УЈП треба да бидат придобивка од дигитализацијата на УЈП.Дали ќе продолжите со праксата за објавување на листите на должници и дали според вас тие листи се зголемуваат или намалуваат, односно дали јавното објавување на даночните должници има некој ефект врз намалување на нивниот број?
Оваа пракса ќе продолжи, но и ќе ја надополниме со објавување на даночен рејтинг, со што ќе ги промовираме и позитивните обрасци (примери) за усогласено даночно однесување.За ефектот од објавата врз намалување на бројот на должници, ако мислите на тоа дали некој должник го „расчистува” долгот по основ на даноци под притисок на јавната објава, сметам дека кај нас сеуште нема таков даночен морал. Бидејќи работев во функцијата наплата на долгови, можам да кажам дека има должници кои навистина навлегле во некои деловни потешкотии и изнаоѓаат модуси за плаќање на даночниот долг за да можат нормално да ја вршат својата стопанска дејност, но има и такви кои попрво се насочени кон тоа деловниот потфат да го продолжат под нова фирма, да ги пренесат своите средства на други лица и сл., отколку да најдат начин за плаќање на заостанатиот даночен долг. Генерално, ефектот од јавната објава доаѓа повеќе како реакција од чесните даночни обврзници кои редовно ги плаќаат своите даночни долгови и, во тој контекс, УЈП мора да покаже дека своите законски овластувања за наплата на заостанатите долгови ги применува неселективно, ажурно и ефективно. Што се однесува до тенденцијата, нагорна или надолна, на бројот на должници, генерално низ годините на листата има намален број на должници. Во текот на една година, односно од месец во месец бројката на должници и износот на долгот зависат од тоа за кој месец станува збор. Имаме месеци кога доспеваат обврски на тримесечни ДДВ обврзници, потоа имаме месец кога доспеваат обврските по годишните даночни биланси, па во тие месеци вообичаено има некое зголемување на бројот на должници и износот на долгот. Можам да наведам и дека оваа листа треба да помине низ едно големо чистење за да ги прикажува оние долгови кои се реално наплативи. На листата сега се објавени починати физички лица, неактивни фирми и сл.Пред неколку дена имавте средба со сметководителите. Што слушнавте од нив, се научија ли граѓаните и фирмите навремено и точно да плаќаат данок?
За да се научат граѓаните и фирмите, односно даночните обврзници, навремено и точно да плаќаат данок, важна улога имаат повеќе фактори.Еден фактор е даночните обврзници да имаа лесно достапни информации за своите обврски и начинот на исполнување на тие обврски. Тука не мислам само на едноставни информации од типот на рокови, обрасци, начин на уплата и сл., туку и на информации кои ќе обезбедат поголемасигурност на даночните обврзници како треба да се постапува од даночен аспект за одредена деловна трансакција. Комуникацијата меѓу даночните обврзници и УЈП е клучна, за да се намали јазот во нивното знаење и да се обезбеди влијание кое ќе води кон даночна усогласеност (точно пресметување и плаќање на даночната обврска). Од овој аспект, сметководителите се значајна таргет група за УЈП, бидејќи тие имаат советодавна и посредничка улога меѓу УЈП и даночните обврзници. УЈП треба да соработува со сметководителите за да добие уверување дека даночните обврзници добиваат кредибилни совети и услуги од сметководителите. Освен овие информации со кои се гради свеста на данчните обврзници за нивните даночни обврски, има и други фактори кои влијаат на тоа даночните обврзници да научат да ги плаќаат навремено даноците. Таа друга група фактори се нарекува даночен морал. Даночниот морал претставува збир на прифатени норми, вредности и вреднувања кои го создаваат моделот на однесување на даночниот обврзник. Даночниот морал се гради генерално на темел на она што претставува опкружување, разни социо-економски и институционални фактори: степенот на даночно оптоварување, корисноста на јавните расходи, согледувањето на придобивките од плаќањето даноци, перцепцијата за однесувањето на другите обврзници – дали ги плаќаат или ги избегнуваат даночнитеобврски, нивото на сивата економија, перцепција за ризикот за откривање на незаконско однесување, постоењето или недостатокот на санкции за затајувачите, нивото на корупцијата и др. Во врска со сите овие фактори сите сме свесни дека се потребни трансформативни промени во нашетоопштество кои, меѓудругото ќе водат и кон повисок даночен морал.Што се случува со аферата која го откри ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци а во кој наводно беше вмешаната и поранешната директорка Лукаревска за поврат на 22 милиони евра поврат на ДДВ?
Ги очекувам информациите за сите постапки иницирани од УЈП пред истражните органи и надлежните јавни обвинителства.УЈП има обврска до надлежното јавно обвинителство да поднесе кривична пријава во случаи во кои, врз основа на информации до кои ќе дојде, ќе има сомнение за даночно затајување или друго кривично дело, како што се фалсификување на исправа, симнување или оштетување на службен печат и др. Во тек на надворешна контрола, ако постои сомнение за даночно казниво работење УЈП поднесува кривична пријава или пак соработува со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи, особено во случаите кога даночниот обврзник избегнува да соработува и да ја обезбеди потребната книговодствена документација за контрола, односно случаи бараат примена на истражни мерки. Но, УЈП мора да има и повратен механизам и собирање на повратни инфромации за исходот на сите овие постапки. Врз основа на информациите со кои располагам, само за сомнение за кривично дело даночно затајување бројката на поднесени кривични пријави од страна на УЈП изнесува: во 2020 год. 11 кривични пријави притив 12 правни лица и 13 одговорни лица, во 2021 год. 12 кривични пријави против 12 правни лица и 24 одговорни лица, во 2022 год. 12 кривични пријави против 4 правни лица и 11 одговорни лица и во 2023 год. 5 кривични пријави против 7 правни лица и 9 одговорни лица, за затаен данок во вкупен износ од 345 милиони денари (5,6 милиони евра). Отворено прашање е што значат овие бројки, дали е доволен капацитетот на службениците во УЈП за распознавање на сомнителните дејства.Вие доаѓате внатре од УЈП. Знаете како било пред доаѓањето на Лукаревска и што затековте после нејзиното менаџирање. Се соочувате ли со проблем на партиски и нестручни кадри?
За состојбата што ја затекнав во делот на кадрите, врз основа на податоците кои ги добив од СЧР, можам слободно да кажам дека во УЈП се правени „акробации” за да се обезбеди отворен влез во УЈП на некои конкретни службеници. Прво, прашање кое треба да се препровери е и дали биле годишните планови за вработување биле навремено изготвувани согласно потребите на функциите. УЈП нема годишен план за вработување за 2024 год. Во однос на „акробациите” кои ги споменав, како пример ќе наведам дека голем број службеници се вработени во УЈП преку мобилност, односно со преземање од други државни и јавни органи и тела. Да, тоа е легитимна, регуларна постапка. Но, ако навлезе подлабоко, ќе може да се види дека службеникот билангажиран во УЈП одреден период по договор на дело или преку АПВ, а потоа е вработен со преземање од некое јавно комунално претпријатие или општина, па се поставува прашање како е возможно и да бил ангажиран во УЈП и во исто време да бил вработен во друг орган? Или, службеник со место на живеење во Скопје е вработен со преземање од општина Кривогаштани. Ева таквите примери покажуваат дека има случаи за кои регрутацијата не била транспарентна, не било овозможено слободно пријавување и учество на разни кандидати и избор меѓу повеќе кандидати кои исполнуваат услови, туку регрутацијата се однесувала на точно определни лица по партиска или друга линија. Ако се оди понатаму, голем број од овие службеници се распоредени директно на позиции со повисоки звања, или имале брзи унапредувања после вработувањето во УЈП, за разлика од постојните вработени во УЈП кои со години назад стоеле на иста позиција во својот кариерен развој. Ова доведе до еден внатрешен раздор и создавање на токсична работна средина.Што се однесува до прашањето за стручноста на тие службеници, не е спроведено оценувањето на службениците. Но ако ги гледаме резултатите од работењето глобално, на ниво на некои функции и некои регионални дирекции резултатите се многу лоши, по неколку години стојат отворени работни налози, незапочнати постапки, или започнати, а незавршени, оддолжени постапки. Информациите кои ги имам ги доставив до организационите единици во УЈП надлежни за внатрешна ревизија и внатрешна контрола (професионални стандарди) и ова понатаму ќе се спушти и на ниво на преиспитување на учинокот и резултатите од вработењето, кои се директен одраз на професионалноста и стручноста на конкретни вработени. Паралелно со овие процеси на ревизија и контрола, мојот план како директор е да имплементираме регуларни институционални механизми за поддршка на професионалниот развој на вработените, УЈП да ја врати препознатливоста на даночните службеници по нивниот професионализам и интегритет. Една од тие мерки ќе биде воведување на постапка за лиценцирање на даночните инспектори.https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY
The post Петрова: Предизвиците на УЈП се борба со затајувачите на данок и силен човечки капацитет appeared first on Република.
]]>Исплатата на парите од „мој ДДВ“ нема да започне пред да има ребаланс на буџетот, појаснува директорката на УЈП Елена Петрова за она што најмногу ги интересира граѓаните.
Таа вели дека со сегашниот буџет не се предвидени средства за исплата и оти е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечије.
https://www.youtube.com/watch?v=RuHvpd2cC18
Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2024 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот-објаснува Петрова во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.
The post Петрова: Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ нема да почне пред да има ребаланс на буџетот appeared first on Република.
]]>Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2024 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот-објаснува Петрова во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.
The post Петрова: Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ нема да почне пред да има ребаланс на буџетот appeared first on Република.
]]>Управата за јавни приходи заедно со Регионалните Стопански комори во Битола и Кавадарци, оваа седмица оствари работни средби со претставници на различни трговски дејности и претставници од туристичко угостителскиот сектор.
На средбите претставниците на УЈП ги потсетија даночните обврзници на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за данокот на додадена вредност и Законот за данокот на личен доход, со цел зголемување на доброволната усогласеност и градењето на партнерскиот однос на УЈП со даночните обврзници.
Раководителот на Сектор за даноци и услуги на даночни обврзници во УЈП, Мухедин Авдиќ, даде кратко објаснување и потсетување во делот на регистрирањето на готовинскиот промет, обврските кои произлегуваат од издавањето под закуп на недвижен имот и доходот кои го остваруваат физичките лица од времен карактер, а се со цел позитивно да се влијае на зголемувањето на доброволната усогласеност кај даночните обврзници.
Авдиќ истакна дека во ек на туристичката сезона, Управата за јавни приходи, преку вакви средби врши потсетување на даночните обврзници за нивните даночни обврски, а преку објавени Соопштенија на веб страната на УЈП, медиуми и социјални медиуми, учество на локални телевизии и радија, советодавни посети индиректно влијае врз подигање на даночната свест кај даночните обврзници. На средбите се даде и кратко објаснување од УЈП и се пренесе искуството при неправилната примена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања од страна на даночни обврзници во тек на даночната контрола, и како треба да се постапи заради правилна примена на Законот и надминување на проблемите при регистрирањето на готовинскиот промет.
Присутните на средбите побараа изнаоѓање на решенија за формализирање на оние физички лица кои во домашни услови произведуваат производи (торти, колачи, изработка на накит, украси и др) а не го пријавуваат доходот од истите, решавање на проблемот со кафематите бидејќи се влијае на нелојалната конкуренција на оние кои служат кафе во угостителските објекти, контрола на паркинзите каде не се издаваат фискални сметки а фирмите треба да го пријават како трошок, дел од присутните упатија и предлог за праг на толеранција за неслагање на каса, формализирање на дивите таксисти и други предлози од кои имаат потреба.
Самата средба ја означија како состанок кој ќе даде плодни резултати и предложија во иднина да се организираат заеднички состаноци на Управата за јавни приходи, Државниот инспекторат за труд, Државниот пазарен инспекторат и јавни претпријатија за надминување на спорни прашања и создавање можност за меѓу институционално решавање на проблемите.
Вакви работни средби во вторник на 30 јули, ќе се остварат во Кичево, а во соработка и со Комората на Северозападна Македонија, ќе продолжат и во други градови за што Управата за јавни приходи ќе ја извести јавноста дополнително.
The post УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност appeared first on Република.
]]>The post УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност appeared first on Република.
]]>