угосатителство Archives - Република https://republika.mk/tema/ugosatitelstvo/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Jul 2022 11:38:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png угосатителство Archives - Република https://republika.mk/tema/ugosatitelstvo/ 32 32 Туристичка комора: Ако државата дозволи, уште утре ќе вработиме 5.000 келнери, рецепционери и собари од Турција https://republika.mk/vesti/ekonomija/turistichka-komora-ako-drzavata-dozvoli-ushte-utre-kje-vrabotime-5-000-kelneri-recepcioneri-i-sobari-od-turcija/ Wed, 06 Jul 2022 11:38:01 +0000 https://republika.mk/?p=524760

Вкупно 5.000 келнери, садопери, рецепционери и собари од Турција можат веднаш да дојдат во земјава и да почнат со работа во нашите угостителски објекти, доколку државата им овозможи брзо вработување, под истите услови кои важат за македонските граѓани, само со лични карти и евидентирање без многу формалности - порача Туристичко-угоститеката комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори.

Според ТУК, немањето кадар во секторот моментно е најголем проблем, а недостигаат околу 20.000 работници. Доколку ситуацијата не се смени за околу една година, 50-60 отсто од рестораните и хотелите ќе се затворат.

Засега, затворање нема да има, проблем е кадарот. Ни фалат 20.000 работници. Ние обезбедивме 5.000 од Турција и тие може да дојдат утре, но ако дозволи и овозможи државата. Сите би ги прифатиле македонските плати кои, всушност се слични со оние во Турција поради кризата и падот на лирата. Нашите келнери, собари и рецепционери масовно заминуваат, главно на Јадранското приморје, во Хрватска и Словенија, но евидентно е и иселувањето во подалечните земји - изјави претседателот на ТУК, Аркан Керим.

Тој оценува дека со турските работници, нашиот туристичко-угостителски сектор ќе го подигне и стандардот на услугите.

Нашите плати се тие. Во Хрватска кафе е 15 евра, а кај нас две евра или ручек за четиричлено семејство е 500 евра. Со вакви цени нормално дека може да даваат и високи плати, ние 2.000 евра не можеме да си дозволиме - нагласи Керим.

Тој додаде земјава не е примамлива за работници од Србија или Албанија. И тие најчесто работат или на Јадранско приморје или во Грција.

Одговорајќи на новинарски прашања, претседателот на ТУК, изјави дека иницијативата Отворен Балкан може да даде резултати ако условите кои важат во Србија, се применат и кај нас.

Од 1 јули до 30 септември да нема визи за туристите од Кина, Азербејџан, Казахстан и Катар, да се направат и билатерални договори со Турција за влез со лични карти - истакна Керим.

Тој најави дека ТУК ќе аплицира во европските фондови за фотоволтаици, а целта е нивно поставување во најскоро време на 100-150 угостителски објекти.

Керим на прес-конференцијата го повтори барањето да се формира министерство за туризам, а секторот да се одвои од сферата на економијата и да стане составен дел на културата.

ТУК во октомври или ноември ќе организира промоција на првите почесни амбасадори за македонскиот туризам, а првичните имиња се Петар Грашо во Хрватска и Слобода Мичаловиќ во Србија.

The post Туристичка комора: Ако државата дозволи, уште утре ќе вработиме 5.000 келнери, рецепционери и собари од Турција appeared first on Република.

]]>

Вкупно 5.000 келнери, садопери, рецепционери и собари од Турција можат веднаш да дојдат во земјава и да почнат со работа во нашите угостителски објекти, доколку државата им овозможи брзо вработување, под истите услови кои важат за македонските граѓани, само со лични карти и евидентирање без многу формалности - порача Туристичко-угоститеката комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори.
Според ТУК, немањето кадар во секторот моментно е најголем проблем, а недостигаат околу 20.000 работници. Доколку ситуацијата не се смени за околу една година, 50-60 отсто од рестораните и хотелите ќе се затворат.
Засега, затворање нема да има, проблем е кадарот. Ни фалат 20.000 работници. Ние обезбедивме 5.000 од Турција и тие може да дојдат утре, но ако дозволи и овозможи државата. Сите би ги прифатиле македонските плати кои, всушност се слични со оние во Турција поради кризата и падот на лирата. Нашите келнери, собари и рецепционери масовно заминуваат, главно на Јадранското приморје, во Хрватска и Словенија, но евидентно е и иселувањето во подалечните земји - изјави претседателот на ТУК, Аркан Керим.
Тој оценува дека со турските работници, нашиот туристичко-угостителски сектор ќе го подигне и стандардот на услугите.
Нашите плати се тие. Во Хрватска кафе е 15 евра, а кај нас две евра или ручек за четиричлено семејство е 500 евра. Со вакви цени нормално дека може да даваат и високи плати, ние 2.000 евра не можеме да си дозволиме - нагласи Керим.
Тој додаде земјава не е примамлива за работници од Србија или Албанија. И тие најчесто работат или на Јадранско приморје или во Грција. Одговорајќи на новинарски прашања, претседателот на ТУК, изјави дека иницијативата Отворен Балкан може да даде резултати ако условите кои важат во Србија, се применат и кај нас.
Од 1 јули до 30 септември да нема визи за туристите од Кина, Азербејџан, Казахстан и Катар, да се направат и билатерални договори со Турција за влез со лични карти - истакна Керим.
Тој најави дека ТУК ќе аплицира во европските фондови за фотоволтаици, а целта е нивно поставување во најскоро време на 100-150 угостителски објекти. Керим на прес-конференцијата го повтори барањето да се формира министерство за туризам, а секторот да се одвои од сферата на економијата и да стане составен дел на културата. ТУК во октомври или ноември ќе организира промоција на првите почесни амбасадори за македонскиот туризам, а првичните имиња се Петар Грашо во Хрватска и Слобода Мичаловиќ во Србија.