угина Archives - Република https://republika.mk/tema/ugina/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 05:59:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png угина Archives - Република https://republika.mk/tema/ugina/ 32 32 Полициско куче угина откако беше оставено во вжештен автомобил час и половина https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsisko-kuche-ugina-otkako-beshe-ostaveno-vo-vzheshten-avtomobil-chas-i-polovina/ Wed, 24 Jul 2024 07:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=799690

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.М., полициски службеник на работно место водич на службено куче, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убивање и мачење на животни“, по член 233 од Кривичниот законик.

Пријавениот на 12.06.2024 година од 10.00 до 12.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, по завршување на работните задачи со службеното куче, согласно наредба за вршење на служба, во задниот дел од службеното возило „дачија“, во боксот за транспорт го сместил службеното куче, раса белгиски овчар, го паркирал возилото со исклучени мотор и клима, а вклучена вентилација и го напуштил возилото на час и половина. Откако се вратил назад, забележал дека кучето било во лоша здравствена состојба, по што се упатил во ветеринарна станица каде било констатирано дека кучето веќе угинало, соопшти МВР.

По извршена обдукција од страна на Факултет за ветеринарство било утврдено дека причина за угинувањето на кучето е угушување, предизвикано од топлотен удар.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди согласно своите надлежности и овластувања против полицискиот службеник Д.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска и на материјална одговорност.

 

The post Полициско куче угина откако беше оставено во вжештен автомобил час и половина appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.М., полициски службеник на работно место водич на службено куче, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убивање и мачење на животни“, по член 233 од Кривичниот законик.
Пријавениот на 12.06.2024 година од 10.00 до 12.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, по завршување на работните задачи со службеното куче, согласно наредба за вршење на служба, во задниот дел од службеното возило „дачија“, во боксот за транспорт го сместил службеното куче, раса белгиски овчар, го паркирал возилото со исклучени мотор и клима, а вклучена вентилација и го напуштил возилото на час и половина. Откако се вратил назад, забележал дека кучето било во лоша здравствена состојба, по што се упатил во ветеринарна станица каде било констатирано дека кучето веќе угинало, соопшти МВР.
По извршена обдукција од страна на Факултет за ветеринарство било утврдено дека причина за угинувањето на кучето е угушување, предизвикано од топлотен удар. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди согласно своите надлежности и овластувања против полицискиот службеник Д.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска и на материјална одговорност.  

The post Полициско куче угина откако беше оставено во вжештен автомобил час и половина appeared first on Република.

]]>
Угина Боби, најстарото куче на светот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ugina-bobi-najstaroto-kuche-na-svetot/ Tue, 24 Oct 2023 08:05:09 +0000 https://republika.mk/?p=694393

Боби, Гинисовиот рекордер како најстарото куче на светот, угина во саботата на 31 година и 165 дена. Веста за неговата смрт ја објави ветеринарот кој го лекуваше.

И покрај тоа што го надживеа секое куче во историјата, неговите 11.478 денови на Земјата никогаш не би биле доволно за оние кои го сакаат, напиша д-р Карен Бекер на својот интернет-простор.

Во февруари годинава Боби стана официјално најстарото живо куче на светот и најдолговечното досега. Возраста на Боби беше потврдена од базата на податоци за домашни миленици на португалската Влада, со која раководи Националниот сојуз на ветеринари. Го собори речиси сто години стариот забележан рекорд. Претходното најстаро куче било австралискиот пес Блуи, кој угинал 1939 година, на возраст од 29 години и пет месеци.

Сè уште не е откриен наследникот на Боби како најстаро живо куче на светот.

Боби живеел цел живот со семејството Коста на западниот брег на Португалија. Леонел Коста вели дека кога имал осум години го добиле Боби заедно со уште неколку кученца, морале да се откажат од нив, но сепак, Боби се вратил дома. Според сопственикот, кучето Боби уживало релативно мирен живот, а тајната на неговата долговечност е „мирната средина“ каде живее.

The post Угина Боби, најстарото куче на светот appeared first on Република.

]]>

Боби, Гинисовиот рекордер како најстарото куче на светот, угина во саботата на 31 година и 165 дена. Веста за неговата смрт ја објави ветеринарот кој го лекуваше.
И покрај тоа што го надживеа секое куче во историјата, неговите 11.478 денови на Земјата никогаш не би биле доволно за оние кои го сакаат, напиша д-р Карен Бекер на својот интернет-простор.
Во февруари годинава Боби стана официјално најстарото живо куче на светот и најдолговечното досега. Возраста на Боби беше потврдена од базата на податоци за домашни миленици на португалската Влада, со која раководи Националниот сојуз на ветеринари. Го собори речиси сто години стариот забележан рекорд. Претходното најстаро куче било австралискиот пес Блуи, кој угинал 1939 година, на возраст од 29 години и пет месеци. Сè уште не е откриен наследникот на Боби како најстаро живо куче на светот. Боби живеел цел живот со семејството Коста на западниот брег на Португалија. Леонел Коста вели дека кога имал осум години го добиле Боби заедно со уште неколку кученца, морале да се откажат од нив, но сепак, Боби се вратил дома. Според сопственикот, кучето Боби уживало релативно мирен живот, а тајната на неговата долговечност е „мирната средина“ каде живее.

The post Угина Боби, најстарото куче на светот appeared first on Република.

]]>
Сибирската тигрица Надја угина во скопската Зоолошка од длабка старост https://republika.mk/vesti/skopje/sibirskata-tigritsa-nadja-ugina-vo-skopskata-zooloshka-od-dlabka-starost/ Tue, 05 Sep 2023 15:03:35 +0000 https://republika.mk/?p=679057

Скопската зоолошка градина соопшти дека во текот на вчерашниот ден во длабока старост угина сибирската тигрица Надја која беше еден од најстарите тигри во Европа.

Надја во скопската Зоолошка градина пристигна од Будимпешта во 2010 година, кога имаше осум години во тогаш новоизграденото живеалиште за тигри по светски стандарди. Во Скопје ЗОО живееше заедно со својата ќерка Ана и како една од најстарите жителки на градината беше миленичка на сите вработени.

Сибирската тигрица Надја е родена 2002 година во Франција, а во Скопје живееше цели 13 години.

Овој вид крупни ѕверови -тигри во просек живеат околу 10-12 години во дивина, а од 16-18 години во зоолошките градини. Нашата Надја имаше речиси 21 година и за неколку години ја надмина просечната граница на векот на живеење. Најдолг животен век на овој вид во заробеништво досега е забележан кај мажјак сибирски тигар кој живеел 23 години.
Ќе ја паметиме по нејзината грациозност, секогаш љубопитна за игра, долгите капења во базенот, како и по љубовта која ја имаше кон своите зоонегуватели кои во последните денови од нејзиниот живот направија се да и биде полесно, со оглед на длабоката старост која ја доживеа, велат од скопската ЗОО.

The post Сибирската тигрица Надја угина во скопската Зоолошка од длабка старост appeared first on Република.

]]>

Скопската зоолошка градина соопшти дека во текот на вчерашниот ден во длабока старост угина сибирската тигрица Надја која беше еден од најстарите тигри во Европа. Надја во скопската Зоолошка градина пристигна од Будимпешта во 2010 година, кога имаше осум години во тогаш новоизграденото живеалиште за тигри по светски стандарди. Во Скопје ЗОО живееше заедно со својата ќерка Ана и како една од најстарите жителки на градината беше миленичка на сите вработени. Сибирската тигрица Надја е родена 2002 година во Франција, а во Скопје живееше цели 13 години.
Овој вид крупни ѕверови -тигри во просек живеат околу 10-12 години во дивина, а од 16-18 години во зоолошките градини. Нашата Надја имаше речиси 21 година и за неколку години ја надмина просечната граница на векот на живеење. Најдолг животен век на овој вид во заробеништво досега е забележан кај мажјак сибирски тигар кој живеел 23 години. Ќе ја паметиме по нејзината грациозност, секогаш љубопитна за игра, долгите капења во базенот, како и по љубовта која ја имаше кон своите зоонегуватели кои во последните денови од нејзиниот живот направија се да и биде полесно, со оглед на длабоката старост која ја доживеа, велат од скопската ЗОО.

The post Сибирската тигрица Надја угина во скопската Зоолошка од длабка старост appeared first on Република.

]]>