УДБА Archives - Република https://republika.mk/tema/udba/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 10:06:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png УДБА Archives - Република https://republika.mk/tema/udba/ 32 32 УДБА влегла во куќата на Меланија Трамп!? https://republika.mk/vesti/balkan/udba-vlegla-vo-kukata-na-melanija-tramp/ Thu, 10 Oct 2024 11:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=825178

Меланија Трамп во својата книга се присети и на непријатни моменти од нејзиниот живот на територијата на поранешна Југославија, кога УДБА им упаднала во нивниот дом поради, како што вели, „сомнителниот начин“ на животот на нејзиниот татко. Истакна дека соседите го пријавиле татко ѝ.

Во биографијата Меланија негираше дека нејзиниот татко бил комунист, нагласувајќи дека комунизмот не ги одразува неговите политички убедувања.

Неговото членство во Комунистичката партија беше задолжително бидејќи партијата воведе автоматска месечна членарина од дел од неговата плата – се наведува во книгата, а пренесува Дејли Мејл. Нивниот извор пак раскажал дека членството на таткото на Меланија во КПЈ му донело бројни привилегии на семејството на поранешната прва дама на САД. Тој тврди дека во градот имале посебен третман, прво пристап до основни работи, а Виктор Кнавс заработувал многу подобро од другите Севничани.

The post УДБА влегла во куќата на Меланија Трамп!? appeared first on Република.

]]>

Меланија Трамп во својата книга се присети и на непријатни моменти од нејзиниот живот на територијата на поранешна Југославија, кога УДБА им упаднала во нивниот дом поради, како што вели, „сомнителниот начин“ на животот на нејзиниот татко. Истакна дека соседите го пријавиле татко ѝ. Во биографијата Меланија негираше дека нејзиниот татко бил комунист, нагласувајќи дека комунизмот не ги одразува неговите политички убедувања.
Неговото членство во Комунистичката партија беше задолжително бидејќи партијата воведе автоматска месечна членарина од дел од неговата плата – се наведува во книгата, а пренесува Дејли Мејл. Нивниот извор пак раскажал дека членството на таткото на Меланија во КПЈ му донело бројни привилегии на семејството на поранешната прва дама на САД. Тој тврди дека во градот имале посебен третман, прво пристап до основни работи, а Виктор Кнавс заработувал многу подобро од другите Севничани.

The post УДБА влегла во куќата на Меланија Трамп!? appeared first on Република.

]]>
Бугарите да си го гледаат создавањето на нивното ВМРО-БНД, а не на македонското ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarite-da-si-go-gledaat-sozdavanjeto-na-nivnoto-vmro-bnd-a-ne-na-makedonskoto-vmro-dpmne/ Thu, 30 Jun 2022 11:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=521589

Во политиката никогаш немало, ниту ќе има случајности. Исто како што не е случајност во рок од само два дена Трибуна.мк да пренесе текст на Спас Ташев од БАН од софиски Труд, насловен како „УДБА и создавањето на ВМРО-ДПМНЕ“. И тоа токму во време кога разгорува „војната“ меѓу поранешниот и актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров и Бујар Османи околу содржината на единствениот потпишан протокол на меѓувладината македонско-бугарска комисија во која, според бугарската верзија, Димитров прифатил бугарска формулација за Илинденското востание како Илинденско-преображенско, како и тоа дека мешовитата историска комисија треба да расправа за историското ВМРО.

Во безброј наврати досега Ташев се докажал како човек на бугарските служби, но што е поважно и како отворен антимакедонец. Па, така е и овојпат со споменатиот текст, што повеќе наликува на отворен антимакедонбски памфлет, отколку на историски издржана теза.

Ташев во текстот преполн со временски „дупки“ се ободува, само се обидува и ништо повеќе од тоа, преку ликот и делото на Драган Богдановски да импутира дека тој бил човек на југословенската, односно на македонската УДБ-а, а со тоа и дека ВМРО-ДПМНЕ е нивни производ! Нешто слично, што се случуваше и со хрватската сега владејачка ХДЗ, на чие чело беше хрватскиот дисидент и претседател на државата Фрањо Туѓман.

„Вештината“ за најновата своја конструкција Ташев ја докажува со користење на документи на МПО и тоа само во еден дел, за во другиот да се префрли на скудни сознанија од документи на УДБ-а пренесени во Државниот архив, во чиј центар на внимание го става Димитар Црномаров, некогашен член на ВМРО-ДПМНЕ, потоа водач на ВМРО-Татковинска, а сега актуелен со неговото и членството на синот во Културниот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола.

Но, она што недостасува во неговиот текст е, на пример, кој, кога и со какви цели го формирал бугарското ВМРО и дали и тоа не е „происход“ на бугарската служба за државна безбедност? И дали, на пример, неговиот долгогодишен лидер Красимир Краси Каракачанов не бил соработник и на бугарската и на македонската служба? А, истото важи и за Димитар Црномаров? Ај нека прочепка уште малку по македонските архиви, па може ќе ги најде вистинските одговори. Не само за нив, туку и за редица други сега актуелни македонски Бугари илити ванчомихајловисти.

Ова, пак, апсолутно не значи дека тие објективно не биле жртви на домашните тајни служби.

Ама пред да го стори тоа, најдобро би било прво да го прочита и разработи досието „Опера“ на некогашната КОС, чисто за да види какви биле подготовките за периодот по распаѓањето на некогашната југословенска федерација.

Индикативно е што Ташев, на пример, не ја врзува УДБ-а со Љупчо Георгиевски како прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а сега лидер на ВМРО-Народна партија, туку токму со Драган Богдановски! Еве, отворено ќе му соопштиме дека од петмина раководители на македонски емигрантски организации дури тројца биле регистрирани соработници на УДБ-а, но меѓу нив не е и името на Драган Богдановски.

Натаму, кога веќе сака да се занимава со темата УДБ-а и ВМРО-ДПМНЕ нека праша прво каде е личното досие на Љупчо Георгиевски? Зашто, невозможно е УДБ-а да водела лично досие за Стојче Наумов, негов кум или старосват, така нешто, кое е детално прочистено, а да не водела за Љупчо Георгиевски. Е, кога ќе се види и прочита тоа досие, дури тогаш Ташев ќе може да зборува и да пишува за ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, да, во досието на Драган Богдановски од над 7.000 страници можат да се видат мал милион работи. Дел од нив се веќе преточени во роман, во десетици книги на наши историчари и љубители на историјата и на движењата во македонската емиграција. Во некои од нив, на пример, има и апсурдни работи. Па така, на пример, во една од нив Иван Бабамовски, долгогодишен претставник на тајните служби, отворено тврди дека Богдановски не бил нивни соработник, додека рецензентот на книгата, исто така човек на службите, го пишува обратното!

Повеќе од очигледно, Ташев наменски се нафрла врз ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата опозициона партија со години и децении била под будното око на УДБ-а и тоа е неспорен факт. Исто како што е факт дека и „реформираните“ безбедносни служби не можат или не сакаат да се снајдат во борбата против неоврховизмот, откако конечно, врховизмот е отстранет како линија на нивната работа. Зашто, неоврховизмот во државата секојдневно добива нови и нови политички димензии.

The post Бугарите да си го гледаат создавањето на нивното ВМРО-БНД, а не на македонското ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Во политиката никогаш немало, ниту ќе има случајности. Исто како што не е случајност во рок од само два дена Трибуна.мк да пренесе текст на Спас Ташев од БАН од софиски Труд, насловен како „УДБА и создавањето на ВМРО-ДПМНЕ“. И тоа токму во време кога разгорува „војната“ меѓу поранешниот и актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров и Бујар Османи околу содржината на единствениот потпишан протокол на меѓувладината македонско-бугарска комисија во која, според бугарската верзија, Димитров прифатил бугарска формулација за Илинденското востание како Илинденско-преображенско, како и тоа дека мешовитата историска комисија треба да расправа за историското ВМРО. Во безброј наврати досега Ташев се докажал како човек на бугарските служби, но што е поважно и како отворен антимакедонец. Па, така е и овојпат со споменатиот текст, што повеќе наликува на отворен антимакедонбски памфлет, отколку на историски издржана теза. Ташев во текстот преполн со временски „дупки“ се ободува, само се обидува и ништо повеќе од тоа, преку ликот и делото на Драган Богдановски да импутира дека тој бил човек на југословенската, односно на македонската УДБ-а, а со тоа и дека ВМРО-ДПМНЕ е нивни производ! Нешто слично, што се случуваше и со хрватската сега владејачка ХДЗ, на чие чело беше хрватскиот дисидент и претседател на државата Фрањо Туѓман. „Вештината“ за најновата своја конструкција Ташев ја докажува со користење на документи на МПО и тоа само во еден дел, за во другиот да се префрли на скудни сознанија од документи на УДБ-а пренесени во Државниот архив, во чиј центар на внимание го става Димитар Црномаров, некогашен член на ВМРО-ДПМНЕ, потоа водач на ВМРО-Татковинска, а сега актуелен со неговото и членството на синот во Културниот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола. Но, она што недостасува во неговиот текст е, на пример, кој, кога и со какви цели го формирал бугарското ВМРО и дали и тоа не е „происход“ на бугарската служба за државна безбедност? И дали, на пример, неговиот долгогодишен лидер Красимир Краси Каракачанов не бил соработник и на бугарската и на македонската служба? А, истото важи и за Димитар Црномаров? Ај нека прочепка уште малку по македонските архиви, па може ќе ги најде вистинските одговори. Не само за нив, туку и за редица други сега актуелни македонски Бугари илити ванчомихајловисти. Ова, пак, апсолутно не значи дека тие објективно не биле жртви на домашните тајни служби. Ама пред да го стори тоа, најдобро би било прво да го прочита и разработи досието „Опера“ на некогашната КОС, чисто за да види какви биле подготовките за периодот по распаѓањето на некогашната југословенска федерација. Индикативно е што Ташев, на пример, не ја врзува УДБ-а со Љупчо Георгиевски како прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а сега лидер на ВМРО-Народна партија, туку токму со Драган Богдановски! Еве, отворено ќе му соопштиме дека од петмина раководители на македонски емигрантски организации дури тројца биле регистрирани соработници на УДБ-а, но меѓу нив не е и името на Драган Богдановски. Натаму, кога веќе сака да се занимава со темата УДБ-а и ВМРО-ДПМНЕ нека праша прво каде е личното досие на Љупчо Георгиевски? Зашто, невозможно е УДБ-а да водела лично досие за Стојче Наумов, негов кум или старосват, така нешто, кое е детално прочистено, а да не водела за Љупчо Георгиевски. Е, кога ќе се види и прочита тоа досие, дури тогаш Ташев ќе може да зборува и да пишува за ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, да, во досието на Драган Богдановски од над 7.000 страници можат да се видат мал милион работи. Дел од нив се веќе преточени во роман, во десетици книги на наши историчари и љубители на историјата и на движењата во македонската емиграција. Во некои од нив, на пример, има и апсурдни работи. Па така, на пример, во една од нив Иван Бабамовски, долгогодишен претставник на тајните служби, отворено тврди дека Богдановски не бил нивни соработник, додека рецензентот на книгата, исто така човек на службите, го пишува обратното! Повеќе од очигледно, Ташев наменски се нафрла врз ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата опозициона партија со години и децении била под будното око на УДБ-а и тоа е неспорен факт. Исто како што е факт дека и „реформираните“ безбедносни служби не можат или не сакаат да се снајдат во борбата против неоврховизмот, откако конечно, врховизмот е отстранет како линија на нивната работа. Зашто, неоврховизмот во државата секојдневно добива нови и нови политички димензии.

The post Бугарите да си го гледаат создавањето на нивното ВМРО-БНД, а не на македонското ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Кој бил Ванчо Михајлов и како УДБA го направила единственото интервју со него https://republika.mk/vesti/balkan/koj-bil-vancho-mihajlov-i-kako-udba-go-napravila-edinstvenoto-intervju-so-nego/ Sat, 16 Apr 2022 15:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=489325

Многу историја кријат архивите на поранешната, па и сегашната тајна полиција, што некогаш беше позната како УДБ-а, па СДБ, па УБК и конечно АНБ. Дел од нив предадени во Државниот архив, дел уништен, дел се уште постоечки, но во депоата на Агенцијата за национална безбедност.

Кога денеска во Битола свечено се отвора Културниот центар „Иван Ванчо Михајлов“ можеби треба да се потсети дека за некогашната УДБ-а, републичка и државна, југословенска, ни случајно не може да се каже дека не знаела што се случува во домот на Радко во Рим. Напротив, таа била добро информирана и успевала да дојде до него, до Иван Ванчо Михајлов, да спроведе акција под кодно име „Латина“ за добивање на неговата архива, да направи дури и интервју со него.

За жал, „Латина“ ќе се покаже без успех, зашто доживотната секретарка на Ванчо Михајлов, Вида Боева, со која директно телефонски комуницирал првиот човек на СДБ, Добри Величковски и тоа претставувајќи се како „Петре“, на крајот архивата, наводно, ќе му ја предаде на Асен Татарчев, поранешен бугарски обвинител. Но, ќе остане запишана дел од конверзацијата меѓу Вида Боева, алијас „Лихнида“ и „Петре“.

Во службена белешка од 6.9.1990 година, значи само неколку дена по смртта на Ванчо Михајлов, Величковски меѓу другото ќе запише:„Лихнида кажа дека ќе ја почитува неговата желба, која била внесена во тестаментот, а според „Лихнида“ пораката на Ванчо Михајлов е архивата да остане во Италија и да се користи за историски цели. И напомнав дека не би требала да дозволи архивата да падне во бугарски раце на што „Лихнида“ реагираше-Тоа нема да се случи никогаш. Но да знаеш и вие во Вардарска Македонија не заслужувате да ја имате“.

Е сега за интервјуто. Тоа во најмала рака може да се нарече контроверзно, зашто беше објавено во неделникот „Фокус“ цели 12 години подоцна, откако било направено. И што е поважно, според датумот кога е реализирано, може да се заклучи дека било прво пред неговата смрт, по кое следувале уште најмалку две, едно за италијански неделник и едно за бугарска телевизија, што веднаш биле објавени.

Автор на интервјуто бил соработникот на УДБ-а со псевдонимот „Стручњак“ зад кое се крие името на македонскиот писател Борис Вишински. Целата комбинација за реализација на средбата со Ванчо Михајлов се темелела на блискоста на Михајлов со архимандритот Георги Елдров. А, Елдров, пак, од службата бил проценет како личност, која може да го реализира проектот заради неговото познанство, соработка и пријателство со Борис Вишински.

На 1.6.1990 година службеник на СДБ ќе подготви извештај за одржаниот состанок со соработникот „Стручњак“. Во документот тој ќе ги изнесе видувањата на Вишински за средбата со Ванчо Михајлов, одржана на 7.4.1990 година во Рим, на која присуствувале уште „Лихнида“, односно Вида Боева, и нејзиниот сопруг Антон Попов, а за која претходно се договориле архимандритот Елдров и Ванчо.

„Стручњак“ ќе рече:„Ванчо ме покани да седнам и седнавме обајцата. Видов дека е мошне слаб, но кроток старец. Движењата му се бавни, ни тие не оддаваат дека е толку стар. Разговорот почна природно, при што јас му заблагодарив за интервјуто, што ми го даде. Тој ми рече „ми беше задоволство да му дадам интервју на еден наш човек“. Во разговорот учествуваа „Лихнида“ и Антон Попов. На моменти дискусијата стануваше вжештена и темпераментна, а Ванчо беше тој што ја смируваше „Лихнида“, која ми поставуваше провокативни прашања. „Оставете го човекот, се сакате да се дознае од прва средба. Има време, ќе се видиме и другпат“. На тие прашања што сум јас, им реков отворено дека јас сум Македонец и треба да ме прифатат како таков,  зашто ако тие се декларираат како Бугари, иако се од Македонија, јас ги прифаќам како такви и ако најдеме заеднички јазик, а треба да го најдеме, макар што имаме различни гледишта, ќе можеме да соработуваме и да бидеме пријатели. Тие тоа го прифатија и со една смиреност се изнесуваа различни идеи за една поголема толерантност меѓу Македонците и Бугарите, зашто само во една таква соработка може да се погледа в очи на иднината на Македонија.

За да му дадам на знаење на Ванчо дека тој ме интересира и како личност, му поставив и некои лични прашања на што тој ми даде одговор. На прашањето која личност најмногу влијаела врз него, тој рече „Даме Груев, тој беше идеологот. А, не го потценувам ни малку Гоце Делчев и неговата величина“. Кога го прашав кој настан во неговиот живот бил од пресудно значење, тој рече: „Тоа беше 1917 кога се распадна фронтот. Бев сам, бегав и дојдов на еден рид во близина на Штип. Седнав да се одморам и тогаш решив да не одам во Штип, туку да тргнам за Бугарија“. Дали пак би оделе по истиот пат, го прашав. „Без да се премислувам пак би тргнал по истиот пат, само би ги одбегнувал грешките“, рече и тоа беше со насмевка, мислејќи на грешките. Го прашав што му беше најмило во животот. А, тој одговори:„Да се борам за Македонија. А во личниот живот Мета Карничева“. Го потпрашав за жена му: „Таа жена ја запознав во една македонска куќа. Првата средба беше обична. При повторната средба која дојде набргу, таа ми стана блиска, како жена, а јас на неа со идејата, што ја носев со себе. И нас не сврза идејата. Таа беше и чувствителна и бестрашна жена. Јас ја одведов да го убие Тодор Паница, тој предавник и таа тоа го изврши успешно“. А, кога го прашав дали и како своја жена би ја испратил на таква задача, тој одговори:„Да, но не се укажа прилика…“.

Зошто било оставено толку долго време за објавување на интервјуто на Вишински со Ванчо Михајлов знае само УДБ-а.

Повеќе од очигледно е дека Ванчо Михајлов отсекогаш служел за политичка инспирација на разузнавачките лужби кога се загрозувал македонскиот национален идентитет. Неговиот антимакедонски однос, пак, сега е во основата на бугарската шовинистичка и асимилаторска политика кон македонскиот народ и македонската држава.

Извор: Pressing TV

The post Кој бил Ванчо Михајлов и како УДБA го направила единственото интервју со него appeared first on Република.

]]>

Многу историја кријат архивите на поранешната, па и сегашната тајна полиција, што некогаш беше позната како УДБ-а, па СДБ, па УБК и конечно АНБ. Дел од нив предадени во Државниот архив, дел уништен, дел се уште постоечки, но во депоата на Агенцијата за национална безбедност. Кога денеска во Битола свечено се отвора Културниот центар „Иван Ванчо Михајлов“ можеби треба да се потсети дека за некогашната УДБ-а, републичка и државна, југословенска, ни случајно не може да се каже дека не знаела што се случува во домот на Радко во Рим. Напротив, таа била добро информирана и успевала да дојде до него, до Иван Ванчо Михајлов, да спроведе акција под кодно име „Латина“ за добивање на неговата архива, да направи дури и интервју со него. За жал, „Латина“ ќе се покаже без успех, зашто доживотната секретарка на Ванчо Михајлов, Вида Боева, со која директно телефонски комуницирал првиот човек на СДБ, Добри Величковски и тоа претставувајќи се како „Петре“, на крајот архивата, наводно, ќе му ја предаде на Асен Татарчев, поранешен бугарски обвинител. Но, ќе остане запишана дел од конверзацијата меѓу Вида Боева, алијас „Лихнида“ и „Петре“. Во службена белешка од 6.9.1990 година, значи само неколку дена по смртта на Ванчо Михајлов, Величковски меѓу другото ќе запише:„Лихнида кажа дека ќе ја почитува неговата желба, која била внесена во тестаментот, а според „Лихнида“ пораката на Ванчо Михајлов е архивата да остане во Италија и да се користи за историски цели. И напомнав дека не би требала да дозволи архивата да падне во бугарски раце на што „Лихнида“ реагираше-Тоа нема да се случи никогаш. Но да знаеш и вие во Вардарска Македонија не заслужувате да ја имате“. Е сега за интервјуто. Тоа во најмала рака може да се нарече контроверзно, зашто беше објавено во неделникот „Фокус“ цели 12 години подоцна, откако било направено. И што е поважно, според датумот кога е реализирано, може да се заклучи дека било прво пред неговата смрт, по кое следувале уште најмалку две, едно за италијански неделник и едно за бугарска телевизија, што веднаш биле објавени. Автор на интервјуто бил соработникот на УДБ-а со псевдонимот „Стручњак“ зад кое се крие името на македонскиот писател Борис Вишински. Целата комбинација за реализација на средбата со Ванчо Михајлов се темелела на блискоста на Михајлов со архимандритот Георги Елдров. А, Елдров, пак, од службата бил проценет како личност, која може да го реализира проектот заради неговото познанство, соработка и пријателство со Борис Вишински. На 1.6.1990 година службеник на СДБ ќе подготви извештај за одржаниот состанок со соработникот „Стручњак“. Во документот тој ќе ги изнесе видувањата на Вишински за средбата со Ванчо Михајлов, одржана на 7.4.1990 година во Рим, на која присуствувале уште „Лихнида“, односно Вида Боева, и нејзиниот сопруг Антон Попов, а за која претходно се договориле архимандритот Елдров и Ванчо. „Стручњак“ ќе рече:„Ванчо ме покани да седнам и седнавме обајцата. Видов дека е мошне слаб, но кроток старец. Движењата му се бавни, ни тие не оддаваат дека е толку стар. Разговорот почна природно, при што јас му заблагодарив за интервјуто, што ми го даде. Тој ми рече „ми беше задоволство да му дадам интервју на еден наш човек“. Во разговорот учествуваа „Лихнида“ и Антон Попов. На моменти дискусијата стануваше вжештена и темпераментна, а Ванчо беше тој што ја смируваше „Лихнида“, која ми поставуваше провокативни прашања. „Оставете го човекот, се сакате да се дознае од прва средба. Има време, ќе се видиме и другпат“. На тие прашања што сум јас, им реков отворено дека јас сум Македонец и треба да ме прифатат како таков,  зашто ако тие се декларираат како Бугари, иако се од Македонија, јас ги прифаќам како такви и ако најдеме заеднички јазик, а треба да го најдеме, макар што имаме различни гледишта, ќе можеме да соработуваме и да бидеме пријатели. Тие тоа го прифатија и со една смиреност се изнесуваа различни идеи за една поголема толерантност меѓу Македонците и Бугарите, зашто само во една таква соработка може да се погледа в очи на иднината на Македонија. За да му дадам на знаење на Ванчо дека тој ме интересира и како личност, му поставив и некои лични прашања на што тој ми даде одговор. На прашањето која личност најмногу влијаела врз него, тој рече „Даме Груев, тој беше идеологот. А, не го потценувам ни малку Гоце Делчев и неговата величина“. Кога го прашав кој настан во неговиот живот бил од пресудно значење, тој рече: „Тоа беше 1917 кога се распадна фронтот. Бев сам, бегав и дојдов на еден рид во близина на Штип. Седнав да се одморам и тогаш решив да не одам во Штип, туку да тргнам за Бугарија“. Дали пак би оделе по истиот пат, го прашав. „Без да се премислувам пак би тргнал по истиот пат, само би ги одбегнувал грешките“, рече и тоа беше со насмевка, мислејќи на грешките. Го прашав што му беше најмило во животот. А, тој одговори:„Да се борам за Македонија. А во личниот живот Мета Карничева“. Го потпрашав за жена му: „Таа жена ја запознав во една македонска куќа. Првата средба беше обична. При повторната средба која дојде набргу, таа ми стана блиска, како жена, а јас на неа со идејата, што ја носев со себе. И нас не сврза идејата. Таа беше и чувствителна и бестрашна жена. Јас ја одведов да го убие Тодор Паница, тој предавник и таа тоа го изврши успешно“. А, кога го прашав дали и како своја жена би ја испратил на таква задача, тој одговори:„Да, но не се укажа прилика…“. Зошто било оставено толку долго време за објавување на интервјуто на Вишински со Ванчо Михајлов знае само УДБ-а. Повеќе од очигледно е дека Ванчо Михајлов отсекогаш служел за политичка инспирација на разузнавачките лужби кога се загрозувал македонскиот национален идентитет. Неговиот антимакедонски однос, пак, сега е во основата на бугарската шовинистичка и асимилаторска политика кон македонскиот народ и македонската држава. Извор: Pressing TV

The post Кој бил Ванчо Михајлов и како УДБA го направила единственото интервју со него appeared first on Република.

]]>
УДБА убивала без милост: Југословенската индустрија за смрт ликвидирала 59.000 луѓе за два месеца по добро разработен план https://republika.mk/vesti/balkan/udba-ubivala-bez-milost-jugoslovenskata-industrija-za-smrt-likvidirala-59-000-lugje-za-dva-meseca-po-dobro-razraboten-plan/ Fri, 18 Mar 2022 20:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=475065

Агентите на Озна, од ослободувањето на Белград до крајот на 1944 година, ликвидирале десетици илјади српски граѓани, без суд, валидни докази и сведоци, по проценка на револуцијата.

Според пишувањето на „Експрес“, наследниците на Озна - УДБА, Д.Б., БИА се уште следат некои делови на „славната пракса“ во нивната војна со непријателите на народот. Совршенство достигнале во механизмите на ликвидација, тортура, производство на совршен страв и омраза. Таа „совршеност“ првично се викаше Озна, потоа УДБА, ДБ и денес БИА.

Кога беше основана на 13 мај 1944 година во Дрвар, беше врамена во речиси христијанската идеја на „Одделот за заштита на народот“. Од таа мимикрија се роди ѕвер, идејата на Јосип Броз, креативна рака во разработката и практиката го носи потписот на Србинот Александар Ранковиќ.

Како што пишува весникот, ова не е приказна за тоа како дојде до мотото „Озна дознава се“ (Озна се дозна), туку минијатурна ретроспектива на индустријата на смртта, како била создадена, какви методи користела и на крајот - какви ментални и психосоматски траги оставила кај Србите во нивното генетско наследство. Како и во Советскиот Сојуз, тајната полиција го претставуваше извлечениот меч на револуцијата, „најреволуционерниот и најборбен орган за зачувување на големите достигнувања на нашата револуција“.

Историчарот Срѓан Цветковиќ, кој својата научна работа ја посвети на репресијата на комунистичкиот режим за време и по Втората светска војна, за „Експрес“ вели дека Озна била организирана како политичка полиција од нејзиното основање на 13 мај 1944 година, методолошки според советскиот модел, водена од еден центар и организациски единствено поставена за цела Југославија. Седиштето на сојузната Озна кратко време беше во Институтот за понова историја на Србија, на плоштадот Никола Пашиќ. Тие долго време имаle седиште во денешната зграда на Танјуг, на Обилиќев венац.

Цветковиќ истакнува дека Озна предничи според теророт и по бројот на застрелани без судење во однос на другите земји во Европа.

Насилството не беше резултат на ексцес или вонредна состојба, туку дел од детално разработен план и се претвори во траен, тотален и совршен репресивен систем со кој владееше сеприсутната тајна служба базирана на полицијата, армијата и, се разбира, обвинителите и судовите, кои се неразделен дел од власта во сталинистичките системи. Тајната полиција беше столбот на репресивниот апарат. Целта беше да се воспостави диктатура на еден човек, една идеологија и една партија - Комунистичката партија. Озна беше составена од луѓе од различни општествени слоеви, но тврдокорни комунисти, лесно на чкрапалото и често наклонети кон партиското милје уште пред војната. Тие поминуваа обука и беа сериозно подготвени за понатамошна работа. Од нив се бараше да бидат конспиративни и да извршуваат наредби без премногу размислување - вели Цветковиќ.

Додека на овие простори се уште траеше војната, се сметаше дека е неопходно да се создаде единствена и моќна организација која ќе раководи со политичко-разузнавачката служба во странство и на окупираната територија, контраразузнавачката служба во единиците на НОВЈ. Озна за Србија беше создадена на Вис во јуни 1944 година, додека партизанските сили не беа навлезени подлабоко во Србија. На нејзино чело беше поставен Слободан Пенезиќ - Крцун, кој до крајот на 1944 година низ цела Србија постави мрежа на моќната Озна. Колку таа организација сериозно ја сфатила својата работа покажува податоткот дека 364 вработени во Озна до 1947 година направиле картотека со досиеја на 47.534 луѓе. На пример, во Босна имало околу 15.000, а во Црна Гора само 6.000 сомнителни.

Кадровскиот потенцијал на Озна, кој Цветковиќ го наведува во својата книга „Помеѓу срп и чекан“, бил внимателно боран меѓу најтврдокорните борци и бескомпромисни комунисти. Мотото беше „кој не може да го убие непријателот, не може да биде вистински комунист“. Од своето основање, на начинот и принципите на работа клучно влијание имала советската служба НКВД. Офицерите на Озна се школувале на академиите на НКВД и на Коминтерната во Москва, а потоа обучувале помлади колеги во Србија, пренесувајќи искуства од СССР. Речиси секое одделение имало по еден службеник на НКВД во својот состав. Тие не се мешале премногу во работата на Озна, бидејќи биле задолжени за белогардејските затвореници и советските граѓани кои се зтекнале во Белград. Сепак, некои поранешни членови на југословенската тајна полиција сведочат дека „главните непријатели“ биле заробени од НКВД, додека помалите риби биле оставени на Озна.

По освојувањето на градовите, Озна ја заземала затворска зграда или некоја поголема куќа и таму го отворала своето седиште. Честопати, според однапред направените списоци, веднаш почнувале апсењата и истраги со тортура, кои завршувале со тајни стрелања, со речиси задолжително криење на трагите. Се случувало и пресудите да бидат фабрикувани отпосле. За сите овие потфати, за разлика од другите тајни служби во комунистичките земји во Европа, Озна внимателно водела евиденција за жртвите, за подоцна да ги следи членовите на семејствата и потомците. Овие документи денес и се познати на јавноста, но интересно е што архивата на БИА се уште е достапна само за историчарите, но не и за новинарите.

Практиката била следна: Според пријава на граѓанин, кој може да се заснова само на гласини, агентите на Озна ги апсат осомничените, ги испрашуваат и ги прават нивните досиеја. Во Белград, на пример, со сите досиеја и списоци секој ден (некогаш и двапати) оделе на улица Маглајска (Дедиње), каде што во штабот на Озна ги проверувале списоците. Нивното пенкало обично пишувало два збора: „Бањица“ или „пукај“ (најчесто вториот, ако станувало збор за униформирани лица или означени како „изразит непријател“). Притоа, били речиси невозможно да се тргне име од списокот на кој луѓето биле ставени во категоријата С и назначени за стрелање. Особено прецизна евиденција се водела за претставниците на граѓанската власт: кметови, службеници, градоначалници, полицајци и други од бирократијата. Во истражниот затвор луѓето често биле подложени на различни форми на тортура, мачење и силување, најневеројатни ѕверства како корнње нокти, бесење на гениталиите, осакатување, претепување…

Ликвидациите се вршеле по однапред подготвен и добро осмислен план. Директивите од врвот биле прецизни. Се барало најголема тајност и бескомпромисна пресметка со „реакцинерите и соработниците, како и со нивните јатаци“. Еден од најважните методи научени во СССР бил „покривањето“, на секои 10 граѓани доаѓал по еден комесар, а во секое одделение на министерства и институции или погони на компании требало да се инсталира по еден агент. На членовите на КПЈ им беше доделена улога на осудувачи, а во големите градови системот на шпионажа и контрола допирал до станарите на секоја зграда. Управителите на зградата имале задача во име на Озна да ги контролираат станарите и посетителите. Недоверливите не можеле да се вработат.

Во еден документ Озна пишува: „Треба да се има предвид дека поверениците не смеат да знаат еден за друг, како и дека на работа треба да се покажат што е можно поконструктивни. Самото стрелање мора да се изврши во најголема тајност, за да не знае ни самиот штаб на бригадата. Уште еднаш ве потсетувам дека тоа важи за сите кои се во вашата единица. Имајте го ова на ум, бидејќи ако не се придржувате до ова, ќе сносите целосна лична одговорност…“

По краток престој во истражниот затвор (обично само неколку дена или недели), каде што затворениците често биле врзани со телефонска жица и обично само во долна облека, зат орениците во групи од 15 до 30 биле носени на местата на егзекуција. Има случаи на ликвидација на ранети воени затвореници кои биле носени на стрелање директно од болниците (Власотинце, Ваљево, Белград...). Во диви чистења во Србија, од септември 1944 година до март 1945 година, десетици илјади луѓе биле стрелани без судење, додека сличен број умреле како резултат на нечовечкото постапување во логорите и затворите. Повеќе од 59.000 луѓе убиени на повеќе од 211 локации се регистрирани во регистарот на жртви на различни начини ликвидирани во ова време. Оваа бројка не е конечна бидејќи недостасуваат добар дел од податоците и документацијата. По правило, во текот на ноќта па до утрото, најчесто биле стрелани на локации на периферијата на градовите, околу касарните, покрај бреговите на реките... Само во текот на ноќта на 31 октомври 1944 година, 81 лице било застрелано на локација Лапотинце кај Лесковац. Стрелачкиот вод броел од 15 до 30 војници на КНОЈ, од кои сите немале куршум во цевката. На некои места јавно се читале списоци на застреланите (Бањица-Белград) или биле дистрибуирани потврди за егзекуции.

Цветковиќ истакнува дека тоа е направено заради заплашување и дополнително осрамотување не само на ликвидираните, туку и на нивните семејства. Според сталинистичката „техника на салама“, неопходно било да се обележат не само „непријателите“, туку и сите оние кои имале некаква врска со нив.

Во вториот бран 1946-1948 година, цел на тогаш веќе формираната УДБА биле таканаречените придружници на револуцијата, главно социјалисти и земјоделци, кои биле апсени и осудувани главно под обвинение дека биле шпиони на западните сили во времето на Студената војна.

Конечно, во третиот бран на репресии од 1948 до 1953 година, но и подоцна, настрадаа „отпадниците“ од партискиот курс по судирот со дотогашниот идол на сите, Ј.В. Сталин. Пролетта 1948 година, поточно екскомуникацијата на југословенскиот водач од страна на Сталин, државниот и идеолошки конфликт доведе до апсење и тортура на сите обвинети коибиле обвинети дека се двоумеле или и натаму веруваат во Сталин, дотогаш неприкосновениот лидер во кој и самиот Јосип Броз се заколна на верност. Обвинувањата биле изнесенувани во истраги под невидена тортура, имало многу лажни признанија од луѓе само за да се спасат, не можејќи повеќе да ја издржат бруталната тортура. Најтрагичниот дел од приказната не е во самата масовност, туку во облиците на нечовечко мачење и тортура со цел да се ревидираат мислењата. Инспекторите барале од обвинетите да ги издадат своите соучесници, но и оние кои знаеле за такво нешто и не ги пријавиле.

The post УДБА убивала без милост: Југословенската индустрија за смрт ликвидирала 59.000 луѓе за два месеца по добро разработен план appeared first on Република.

]]>

Агентите на Озна, од ослободувањето на Белград до крајот на 1944 година, ликвидирале десетици илјади српски граѓани, без суд, валидни докази и сведоци, по проценка на револуцијата. Според пишувањето на „Експрес“, наследниците на Озна - УДБА, Д.Б., БИА се уште следат некои делови на „славната пракса“ во нивната војна со непријателите на народот. Совршенство достигнале во механизмите на ликвидација, тортура, производство на совршен страв и омраза. Таа „совршеност“ првично се викаше Озна, потоа УДБА, ДБ и денес БИА. Кога беше основана на 13 мај 1944 година во Дрвар, беше врамена во речиси христијанската идеја на „Одделот за заштита на народот“. Од таа мимикрија се роди ѕвер, идејата на Јосип Броз, креативна рака во разработката и практиката го носи потписот на Србинот Александар Ранковиќ. Како што пишува весникот, ова не е приказна за тоа како дојде до мотото „Озна дознава се“ (Озна се дозна), туку минијатурна ретроспектива на индустријата на смртта, како била создадена, какви методи користела и на крајот - какви ментални и психосоматски траги оставила кај Србите во нивното генетско наследство. Како и во Советскиот Сојуз, тајната полиција го претставуваше извлечениот меч на револуцијата, „најреволуционерниот и најборбен орган за зачувување на големите достигнувања на нашата револуција“. Историчарот Срѓан Цветковиќ, кој својата научна работа ја посвети на репресијата на комунистичкиот режим за време и по Втората светска војна, за „Експрес“ вели дека Озна била организирана како политичка полиција од нејзиното основање на 13 мај 1944 година, методолошки според советскиот модел, водена од еден центар и организациски единствено поставена за цела Југославија. Седиштето на сојузната Озна кратко време беше во Институтот за понова историја на Србија, на плоштадот Никола Пашиќ. Тие долго време имаle седиште во денешната зграда на Танјуг, на Обилиќев венац. Цветковиќ истакнува дека Озна предничи според теророт и по бројот на застрелани без судење во однос на другите земји во Европа.
Насилството не беше резултат на ексцес или вонредна состојба, туку дел од детално разработен план и се претвори во траен, тотален и совршен репресивен систем со кој владееше сеприсутната тајна служба базирана на полицијата, армијата и, се разбира, обвинителите и судовите, кои се неразделен дел од власта во сталинистичките системи. Тајната полиција беше столбот на репресивниот апарат. Целта беше да се воспостави диктатура на еден човек, една идеологија и една партија - Комунистичката партија. Озна беше составена од луѓе од различни општествени слоеви, но тврдокорни комунисти, лесно на чкрапалото и често наклонети кон партиското милје уште пред војната. Тие поминуваа обука и беа сериозно подготвени за понатамошна работа. Од нив се бараше да бидат конспиративни и да извршуваат наредби без премногу размислување - вели Цветковиќ.
Додека на овие простори се уште траеше војната, се сметаше дека е неопходно да се создаде единствена и моќна организација која ќе раководи со политичко-разузнавачката служба во странство и на окупираната територија, контраразузнавачката служба во единиците на НОВЈ. Озна за Србија беше создадена на Вис во јуни 1944 година, додека партизанските сили не беа навлезени подлабоко во Србија. На нејзино чело беше поставен Слободан Пенезиќ - Крцун, кој до крајот на 1944 година низ цела Србија постави мрежа на моќната Озна. Колку таа организација сериозно ја сфатила својата работа покажува податоткот дека 364 вработени во Озна до 1947 година направиле картотека со досиеја на 47.534 луѓе. На пример, во Босна имало околу 15.000, а во Црна Гора само 6.000 сомнителни. Кадровскиот потенцијал на Озна, кој Цветковиќ го наведува во својата книга „Помеѓу срп и чекан“, бил внимателно боран меѓу најтврдокорните борци и бескомпромисни комунисти. Мотото беше „кој не може да го убие непријателот, не може да биде вистински комунист“. Од своето основање, на начинот и принципите на работа клучно влијание имала советската служба НКВД. Офицерите на Озна се школувале на академиите на НКВД и на Коминтерната во Москва, а потоа обучувале помлади колеги во Србија, пренесувајќи искуства од СССР. Речиси секое одделение имало по еден службеник на НКВД во својот состав. Тие не се мешале премногу во работата на Озна, бидејќи биле задолжени за белогардејските затвореници и советските граѓани кои се зтекнале во Белград. Сепак, некои поранешни членови на југословенската тајна полиција сведочат дека „главните непријатели“ биле заробени од НКВД, додека помалите риби биле оставени на Озна. По освојувањето на градовите, Озна ја заземала затворска зграда или некоја поголема куќа и таму го отворала своето седиште. Честопати, според однапред направените списоци, веднаш почнувале апсењата и истраги со тортура, кои завршувале со тајни стрелања, со речиси задолжително криење на трагите. Се случувало и пресудите да бидат фабрикувани отпосле. За сите овие потфати, за разлика од другите тајни служби во комунистичките земји во Европа, Озна внимателно водела евиденција за жртвите, за подоцна да ги следи членовите на семејствата и потомците. Овие документи денес и се познати на јавноста, но интересно е што архивата на БИА се уште е достапна само за историчарите, но не и за новинарите. Практиката била следна: Според пријава на граѓанин, кој може да се заснова само на гласини, агентите на Озна ги апсат осомничените, ги испрашуваат и ги прават нивните досиеја. Во Белград, на пример, со сите досиеја и списоци секој ден (некогаш и двапати) оделе на улица Маглајска (Дедиње), каде што во штабот на Озна ги проверувале списоците. Нивното пенкало обично пишувало два збора: „Бањица“ или „пукај“ (најчесто вториот, ако станувало збор за униформирани лица или означени како „изразит непријател“). Притоа, били речиси невозможно да се тргне име од списокот на кој луѓето биле ставени во категоријата С и назначени за стрелање. Особено прецизна евиденција се водела за претставниците на граѓанската власт: кметови, службеници, градоначалници, полицајци и други од бирократијата. Во истражниот затвор луѓето често биле подложени на различни форми на тортура, мачење и силување, најневеројатни ѕверства како корнње нокти, бесење на гениталиите, осакатување, претепување… Ликвидациите се вршеле по однапред подготвен и добро осмислен план. Директивите од врвот биле прецизни. Се барало најголема тајност и бескомпромисна пресметка со „реакцинерите и соработниците, како и со нивните јатаци“. Еден од најважните методи научени во СССР бил „покривањето“, на секои 10 граѓани доаѓал по еден комесар, а во секое одделение на министерства и институции или погони на компании требало да се инсталира по еден агент. На членовите на КПЈ им беше доделена улога на осудувачи, а во големите градови системот на шпионажа и контрола допирал до станарите на секоја зграда. Управителите на зградата имале задача во име на Озна да ги контролираат станарите и посетителите. Недоверливите не можеле да се вработат. Во еден документ Озна пишува: „Треба да се има предвид дека поверениците не смеат да знаат еден за друг, како и дека на работа треба да се покажат што е можно поконструктивни. Самото стрелање мора да се изврши во најголема тајност, за да не знае ни самиот штаб на бригадата. Уште еднаш ве потсетувам дека тоа важи за сите кои се во вашата единица. Имајте го ова на ум, бидејќи ако не се придржувате до ова, ќе сносите целосна лична одговорност…“ По краток престој во истражниот затвор (обично само неколку дена или недели), каде што затворениците често биле врзани со телефонска жица и обично само во долна облека, зат орениците во групи од 15 до 30 биле носени на местата на егзекуција. Има случаи на ликвидација на ранети воени затвореници кои биле носени на стрелање директно од болниците (Власотинце, Ваљево, Белград...). Во диви чистења во Србија, од септември 1944 година до март 1945 година, десетици илјади луѓе биле стрелани без судење, додека сличен број умреле како резултат на нечовечкото постапување во логорите и затворите. Повеќе од 59.000 луѓе убиени на повеќе од 211 локации се регистрирани во регистарот на жртви на различни начини ликвидирани во ова време. Оваа бројка не е конечна бидејќи недостасуваат добар дел од податоците и документацијата. По правило, во текот на ноќта па до утрото, најчесто биле стрелани на локации на периферијата на градовите, околу касарните, покрај бреговите на реките... Само во текот на ноќта на 31 октомври 1944 година, 81 лице било застрелано на локација Лапотинце кај Лесковац. Стрелачкиот вод броел од 15 до 30 војници на КНОЈ, од кои сите немале куршум во цевката. На некои места јавно се читале списоци на застреланите (Бањица-Белград) или биле дистрибуирани потврди за егзекуции. Цветковиќ истакнува дека тоа е направено заради заплашување и дополнително осрамотување не само на ликвидираните, туку и на нивните семејства. Според сталинистичката „техника на салама“, неопходно било да се обележат не само „непријателите“, туку и сите оние кои имале некаква врска со нив. Во вториот бран 1946-1948 година, цел на тогаш веќе формираната УДБА биле таканаречените придружници на револуцијата, главно социјалисти и земјоделци, кои биле апсени и осудувани главно под обвинение дека биле шпиони на западните сили во времето на Студената војна. Конечно, во третиот бран на репресии од 1948 до 1953 година, но и подоцна, настрадаа „отпадниците“ од партискиот курс по судирот со дотогашниот идол на сите, Ј.В. Сталин. Пролетта 1948 година, поточно екскомуникацијата на југословенскиот водач од страна на Сталин, државниот и идеолошки конфликт доведе до апсење и тортура на сите обвинети коибиле обвинети дека се двоумеле или и натаму веруваат во Сталин, дотогаш неприкосновениот лидер во кој и самиот Јосип Броз се заколна на верност. Обвинувањата биле изнесенувани во истраги под невидена тортура, имало многу лажни признанија од луѓе само за да се спасат, не можејќи повеќе да ја издржат бруталната тортура. Најтрагичниот дел од приказната не е во самата масовност, туку во облиците на нечовечко мачење и тортура со цел да се ревидираат мислењата. Инспекторите барале од обвинетите да ги издадат своите соучесници, но и оние кои знаеле за такво нешто и не ги пријавиле.

The post УДБА убивала без милост: Југословенската индустрија за смрт ликвидирала 59.000 луѓе за два месеца по добро разработен план appeared first on Република.

]]>
УДБА им го пресретнала виното на усташите за Новата година – еве што се случило https://republika.mk/vesti/balkan/udba-im-go-presretnala-vinoto-na-ustashite-za-novata-godina-eve-shto-se-sluchilo/ Sat, 01 Jan 2022 19:28:46 +0000 https://republika.mk/?p=439404

Поранешниот оперативец на УДБА Божидар Спасиќ раскажа една анегдота од неговата служба поврзана со пречекот на Нова година. Случката била во Германија, каде хрватските усташи славеле.

За да им ја расипе прославата, бил задолжен Спасиќ, кој отпатувал во Карлсруе во ресторанот каде биле собрани.

Слушнавме дека се собрани  едно кафуле „Ихоф“ во Карлсруе, 50 усташи решиле да организираат новогодишна ноќ. Тие го порачаа своето омилено вино од Херцеговина во стаклени балони. Нашиот човек требаше да го носи тоа вино. Имавме толку способен Институт за безбедност кој произведуваше се и сешто. Ставивме нешто во тоа вино, да не убиваме луѓе, но да им биде непријатно. Влеговме во 23 часот и нивната прослава заврши. Точно знаеја и рекоа „проклета УДБА стои зад ова“ - раскажа Спасиќ.

The post УДБА им го пресретнала виното на усташите за Новата година – еве што се случило appeared first on Република.

]]>

Поранешниот оперативец на УДБА Божидар Спасиќ раскажа една анегдота од неговата служба поврзана со пречекот на Нова година. Случката била во Германија, каде хрватските усташи славеле. За да им ја расипе прославата, бил задолжен Спасиќ, кој отпатувал во Карлсруе во ресторанот каде биле собрани.
Слушнавме дека се собрани  едно кафуле „Ихоф“ во Карлсруе, 50 усташи решиле да организираат новогодишна ноќ. Тие го порачаа своето омилено вино од Херцеговина во стаклени балони. Нашиот човек требаше да го носи тоа вино. Имавме толку способен Институт за безбедност кој произведуваше се и сешто. Ставивме нешто во тоа вино, да не убиваме луѓе, но да им биде непријатно. Влеговме во 23 часот и нивната прослава заврши. Точно знаеја и рекоа „проклета УДБА стои зад ова“ - раскажа Спасиќ.

The post УДБА им го пресретнала виното на усташите за Новата година – еве што се случило appeared first on Република.

]]>