училиштето во Љубојно Archives - Република https://republika.mk/tema/uchilishteto-vo-lubojno/ За подобро да се разбереме Sun, 19 Nov 2023 10:40:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png училиштето во Љубојно Archives - Република https://republika.mk/tema/uchilishteto-vo-lubojno/ 32 32 Костадиновска-Стојчевска: Со 32.8 милиони денари го обновуваме старотото училиште во Љубојно https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-so-32-8-milioni-denari-go-obnovuvame-starototo-uchilishte-vo-lubojno/ Sun, 19 Nov 2023 10:40:46 +0000 https://republika.mk/?p=703111

Старото училиште „Димитар Влахов” во преспанското село Љубојно ќе се реконструира и ќе се адапира со 32.8 милиони денари. Овие средства во буџетот на Министерството за култура ќе бидат обезбедени во 2024 и во 2025 година.

„Владата, Министерството за култура и Завод и музеј Битола презедоа обврска старото училиште во Љубојно да биде обновено и да се ревитализира во чест на македонскитедејци и во спомен на сите просветни работници. Во две буџетски години ќе биде обновено местото кое е темел на нашиот културен и национален идентитет“, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа нагласи дека идејата е овој значаен објект каде се одвивала настава на македонски јазик да стане собиралиште на лингвисти, педагози, наставници и професори по македонски јазик и да остане како паметник за генерациите по нас, дека темелите на ова здание се всушност историски темели на образованието на мајчин, македонски јазик, столбот на нашиот идентитет.

−Старото училиште е во режим на заштита од 2020 година како дел од споменичната целина Љубојно. По неговото автентично обновување, овој монументален објект ќе биде „Центар за промоција на македонскиот јазик“, со што Владата со дело покажува дека се грижи за заштитата и промоцијата на македонскиот јазик, која е клучна за македонскиот културен опстанок−додаде Костадиновска-Стојчевска.

За проектот, кој го реализира Завод и музеј Битола во 2024 година обезбедени 20 милиони денари, во2025 година, се проектирани 12.8 милиони денари. Во периодот што следува, по заокружувањето на преостанатите административни процедури, надлежната установа ќе спроведе постапка за доделување на договор за јавна набавка за реконструкција и адаптација на објектот.

Завод и музеј Битола во изминатиот период ги презеде сите неопходни чекори за реализација на овој значаен проект, односно беа изработени Геодетскиот елаборат и Урбанистичко-архитектонскиот проект, чиј што составен дел беше Идејниот проект за објектот во с.Љубојно. Во текот на 2023 година се работеше на Основниот проект, кој по неговото комплетирање и реализација на сите ревидентски фази, беше испратен до Управата за заштита на културно наследство за добивање на Конзерваторско одобрение.

The post Костадиновска-Стојчевска: Со 32.8 милиони денари го обновуваме старотото училиште во Љубојно appeared first on Република.

]]>

Старото училиште „Димитар Влахов” во преспанското село Љубојно ќе се реконструира и ќе се адапира со 32.8 милиони денари. Овие средства во буџетот на Министерството за култура ќе бидат обезбедени во 2024 и во 2025 година.
„Владата, Министерството за култура и Завод и музеј Битола презедоа обврска старото училиште во Љубојно да биде обновено и да се ревитализира во чест на македонскитедејци и во спомен на сите просветни работници. Во две буџетски години ќе биде обновено местото кое е темел на нашиот културен и национален идентитет“, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Таа нагласи дека идејата е овој значаен објект каде се одвивала настава на македонски јазик да стане собиралиште на лингвисти, педагози, наставници и професори по македонски јазик и да остане како паметник за генерациите по нас, дека темелите на ова здание се всушност историски темели на образованието на мајчин, македонски јазик, столбот на нашиот идентитет.
−Старото училиште е во режим на заштита од 2020 година како дел од споменичната целина Љубојно. По неговото автентично обновување, овој монументален објект ќе биде „Центар за промоција на македонскиот јазик“, со што Владата со дело покажува дека се грижи за заштитата и промоцијата на македонскиот јазик, која е клучна за македонскиот културен опстанок−додаде Костадиновска-Стојчевска.
За проектот, кој го реализира Завод и музеј Битола во 2024 година обезбедени 20 милиони денари, во2025 година, се проектирани 12.8 милиони денари. Во периодот што следува, по заокружувањето на преостанатите административни процедури, надлежната установа ќе спроведе постапка за доделување на договор за јавна набавка за реконструкција и адаптација на објектот. Завод и музеј Битола во изминатиот период ги презеде сите неопходни чекори за реализација на овој значаен проект, односно беа изработени Геодетскиот елаборат и Урбанистичко-архитектонскиот проект, чиј што составен дел беше Идејниот проект за објектот во с.Љубојно. Во текот на 2023 година се работеше на Основниот проект, кој по неговото комплетирање и реализација на сите ревидентски фази, беше испратен до Управата за заштита на културно наследство за добивање на Конзерваторско одобрение.

The post Костадиновска-Стојчевска: Со 32.8 милиони денари го обновуваме старотото училиште во Љубојно appeared first on Република.

]]>
Стојкова Серафимовска: Каде отидоа 30 милиони денари за училиштето во Љубојно и зошто се уништува Старата скопска чаршија? https://republika.mk/vesti/makedonija/stojkova-serafimovska-kade-otidoa-30-milioni-denari-za-uchilishteto-vo-lubojno-i-zoshto-se-unishtuva-starata-skopska-charshija/ Thu, 26 Jan 2023 17:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=601392

Што се случува во Старата скопска чаршија? Ќе потсетам дека е заштитена како културно наследство од особено значење од 2008 година и подразбира степен на заштита и механизми за реставрација и зачувување на автентичната состојба. Меѓутоа изминативе години гледаме дека се случуваат неубави слики, се менува ликот и се загрозува степенот на заштита, прашува пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска на денешната седница за пратенички прашања.

Таа истакна дека никнуваат згради кои не содејствуваат со архитектурата на чаршија, а пред неколку месеци објектот Шар, култен објект кој е срамнет со земја, а на негово место се гради нов објект.

Чаршијата се уништува, се губи едно од најатрактивните места во Скопје, а не се отворени ни музеите на скопско Кале. Зошто нема никаква реакција, зошто се гради објект кој никој не знае како ќе изгледа, прекршени се закони, рече таа.

Стојкова Серафимовска исто така посочи дека Ковачевски и министерката за култура беа во Љубојно, каде ветија центар за македонски јазик, во второто училиште во Македонија, и потсети дека и Зоран Заев како премиер се пофали со реконструкција и дека се издвоени пари кои никој не знае каде се.

Првото училиште во Македонија започнато со работа 1943 година е во кичевско Подвис и ништо не е направено, и покрај што има елаборат, првото школо е со руинирана зграда. За второто школо во 2020 година тогашниот премиер Зоран Заев објави дека ќе се реконструира училиштето во Љубојно и за тоа се одвоени 30 милиони денари. Моето прашање за Ковачевски е каде отидоа тие 30 милиони денари кои владата ги одвои во 2020 година за истата намена за која сега се вели ќе се одвојат 163 милиони денари?

The post Стојкова Серафимовска: Каде отидоа 30 милиони денари за училиштето во Љубојно и зошто се уништува Старата скопска чаршија? appeared first on Република.

]]>

Што се случува во Старата скопска чаршија? Ќе потсетам дека е заштитена како културно наследство од особено значење од 2008 година и подразбира степен на заштита и механизми за реставрација и зачувување на автентичната состојба. Меѓутоа изминативе години гледаме дека се случуваат неубави слики, се менува ликот и се загрозува степенот на заштита, прашува пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска на денешната седница за пратенички прашања. Таа истакна дека никнуваат згради кои не содејствуваат со архитектурата на чаршија, а пред неколку месеци објектот Шар, култен објект кој е срамнет со земја, а на негово место се гради нов објект.