училишно насилство Archives - Република https://republika.mk/tema/uchilishno-nasilstvo/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Apr 2023 19:31:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png училишно насилство Archives - Република https://republika.mk/tema/uchilishno-nasilstvo/ 32 32 Ме малтретираа зашто не сум фраер: Потресна исповед на момче на кое соученици му скршиле две коски на раката https://republika.mk/vesti/balkan/me-maltretiraa-zashto-ne-sum-fraer-potresna-ispoved-na-momche-na-koe-souchenitsi-mu-skrshile-dve-koski-na-rakata/ Sun, 09 Apr 2023 19:31:27 +0000 https://republika.mk/?p=629144

Нов случај на насилство врз малолетник извршено од од врсници ја шокира Хрватска. Тринаесетгодишно момче се вратило дома со скршена рака, а мајката тврди дека училиштето не реагирало, иако упорно пријавувала малтретирање од пет ученици. Нападнатото момче ја раскажува својата приказна за хрватски РТЛ.

Скршеницата на двете коски на подлактицата на десната рака на 13-годишно момче е последица на насилство од врсници што се случило во дворот на основно училиште. Ситуацијата кулминирала со расправија за велосипед.

Цел ден пет момчиња ме задеваа, ме малтретираа. Едното ме турна и сакаше да ми ја скрши сопирачката. Ја клоцав неговата чанта, а некој ме турна и ми трнеше раката. Тој силно ме турна, паднав на земја“, вели нападнатото момче.

По инцидентот морала да интервенира и Брзата помош.

Падна на земја, скрши две коски, што ќе се случеше ако паднеше на бетон, што ќе останеше од моето дете?“, прашува мајката на повреденото момче.

Според мајката, тоа е кулминација на седумгодишно психичко малтретирање од страна на пет момчиња во одделението.

Од одделението се, ме малтретираат уште од прво одделение. Никој на училиште веќе не го држи тоа под контрола. Ме викаа јадник! Беше страшно, доаѓав со плачење, мислам дека е затоа што не сум фраер и не добивам единици и опомени, веројатно затоа“, истакнува нападнатото дете.

Иако родителите на жртвата со години укажувале на психичко малтретирање врз нивниот син на часови од неколку ученици, од училиштето не реагирале.

Физичко насилство немало, туку психичко насилство се случува уште од прво одделение, го провоцирале со прекари, велејќи дека е детиште, неспособен, плаче поради единица, дека е Азриел, пе*ер, кретен. Кога ќе почнат овие напади тој е друго дете, толку тоне што се прашувам дали воопшто ќе го биде, еднаш не можеше да зборува кога дојде дома. Пријавив во школо дека не му оди на добро и ништо“, истакнува мајката.

Таа го пријавила настанот во полиција, од каде за хрватските медиуми потврдуваат дека го истражуваат слулчајот.

Сега да ја расветлиме ситуацијата. Многу родители го имаат истиот случај“, вели  мајката.

А од училиштето нема реакција. И од ресорното министерство најавија дека ќе го испитаат случајот. Одделенскиот раководител во телефонски разговор само рекол дека директорот на училиштето добил барање и дека се ќе разјасни, известуваат медиумите во Хрватска.

Веќе не се плашам затоа што претпоставувам дека сега нешто ќе се направи и повеќе нема да ме навредуваат“, заклучува нападнатото дете.

Видео од неговата исповед на следниот ЛИНК.

The post Ме малтретираа зашто не сум фраер: Потресна исповед на момче на кое соученици му скршиле две коски на раката appeared first on Република.

]]>

Нов случај на насилство врз малолетник извршено од од врсници ја шокира Хрватска. Тринаесетгодишно момче се вратило дома со скршена рака, а мајката тврди дека училиштето не реагирало, иако упорно пријавувала малтретирање од пет ученици. Нападнатото момче ја раскажува својата приказна за хрватски РТЛ. Скршеницата на двете коски на подлактицата на десната рака на 13-годишно момче е последица на насилство од врсници што се случило во дворот на основно училиште. Ситуацијата кулминирала со расправија за велосипед.