училишен прибор Archives - Република https://republika.mk/tema/uchilishen-pribor/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 14:48:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png училишен прибор Archives - Република https://republika.mk/tema/uchilishen-pribor/ 32 32 Досега казнети тројца трговци на училишен прибор https://republika.mk/vesti/makedonija/dosega-kazneti-trojtsa-trgovtsi-na-uchilishen-pribor/ Fri, 13 Sep 2024 15:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=816119

Од донесување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, односно за училишен прибор, извршени се над 150 надзори кои се во тек заради обемната документација и анализа. Притоа се констатирани неправилности кај три правни субјекти, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Според ДПИ, еден од правните субјекти е трговец на големо, казнет со над 452 000 денари поради непочитување на Одлуката и со уште над 200 000 денари поради неводење трговска евиденција.

Казнети се и двајца трговци на мало (голем и мал правен субјект). За големиот правен субјект е издадена глоба од над 452 000 денари за непочитување на Одлуката, а кај малиот правен субјект се изречени глоби заради непочитување на Одлуката во вредност од над 105 000 денари и по Закон за заштита на потрошувачиуте во вредност од над 76 000 денари.

Надзорите се прават низ цела територија на Македонија. Казните изнесуваат од 800 до 10000 евра во зависност од големината на правниот субјект и се одредуваат во согласност со Законот за трговија. Апелираме до трговците да ја почитуваат Одлуката и најитно да ги прилагодат цените. Надзорите ќе продолжат и инспекторите ќе бидат на терен се додека трае Одлуката. Пријава до пазарниот инспекторат може да поднесете на 191 или на www.dpi.gov.mk, велат од инспекторатот.

The post Досега казнети тројца трговци на училишен прибор appeared first on Република.

]]>

Од донесување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, односно за училишен прибор, извршени се над 150 надзори кои се во тек заради обемната документација и анализа. Притоа се констатирани неправилности кај три правни субјекти, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Според ДПИ, еден од правните субјекти е трговец на големо, казнет со над 452 000 денари поради непочитување на Одлуката и со уште над 200 000 денари поради неводење трговска евиденција. Казнети се и двајца трговци на мало (голем и мал правен субјект). За големиот правен субјект е издадена глоба од над 452 000 денари за непочитување на Одлуката, а кај малиот правен субјект се изречени глоби заради непочитување на Одлуката во вредност од над 105 000 денари и по Закон за заштита на потрошувачиуте во вредност од над 76 000 денари.
Надзорите се прават низ цела територија на Македонија. Казните изнесуваат од 800 до 10000 евра во зависност од големината на правниот субјект и се одредуваат во согласност со Законот за трговија. Апелираме до трговците да ја почитуваат Одлуката и најитно да ги прилагодат цените. Надзорите ќе продолжат и инспекторите ќе бидат на терен се додека трае Одлуката. Пријава до пазарниот инспекторат може да поднесете на 191 или на www.dpi.gov.mk, велат од инспекторатот.

The post Досега казнети тројца трговци на училишен прибор appeared first on Република.

]]>
Влада: За училишен прибор маржата e ограничена на пет отсо, на мало до десет отсто, нема екстра заработка на грбот на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/vlada-za-uchilishen-pribor-marzhata-e-ogranichena-na-pet-otso-na-malo-do-deset-otsto-nema-ekstra-zarabotka-na-grbot-na-graganite/ Thu, 05 Sep 2024 07:50:08 +0000 https://republika.mk/?p=813317

Замрзнати цени и намалени маржи е новата мерка на Владата со која се штити стандардот на граѓаните.На големо, маржата e ограничена на 5%, додека на мало до 10%.Нема екстра заработка на грбот на граѓаните, велат од Владата.

Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците.

Со оваа одлука има помалку трошоци, а останува повеќе за сите.

 

На овој начин се штити и стандардот на граѓаните и станува подостапен училишниот прибор.

Меѓудругото оваа учебна година беа обезбедени, за прв пат по 7 години, навремено бесплатни учебници за сите ученици.

Владата и во иднина ќе спроведува мерки за намалени маржи за трговците кои сакаат да имаат екстра заработка нарушувајќи го стандардот на граѓаните.

The post Влада: За училишен прибор маржата e ограничена на пет отсо, на мало до десет отсто, нема екстра заработка на грбот на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Замрзнати цени и намалени маржи е новата мерка на Владата со која се штити стандардот на граѓаните.На големо, маржата e ограничена на 5%, додека на мало до 10%.Нема екстра заработка на грбот на граѓаните, велат од Владата.
Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците.
Со оваа одлука има помалку трошоци, а останува повеќе за сите.   На овој начин се штити и стандардот на граѓаните и станува подостапен училишниот прибор. Меѓудругото оваа учебна година беа обезбедени, за прв пат по 7 години, навремено бесплатни учебници за сите ученици. Владата и во иднина ќе спроведува мерки за намалени маржи за трговците кои сакаат да имаат екстра заработка нарушувајќи го стандардот на граѓаните.

The post Влада: За училишен прибор маржата e ограничена на пет отсо, на мало до десет отсто, нема екстра заработка на грбот на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Пазарна инспекција од утре на терен ќе проверува дали училишниот прибор се продава со ограничена маржа https://republika.mk/vesti/ekonomija/pazarna-inspektsija-od-utre-na-teren-ke-proveruva-dali-uchilishniot-pribor-se-prodava-so-ogranichena-marzha/ Wed, 04 Sep 2024 10:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=813048

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, ги повика трговците веднаш да ги прилагодат цените на училишниот прибор согласно одлуката на Владата за ограничување на профитните маржи.

„Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со оваа Одлука. Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуката, а согласно тоа и според Законот за трговија.

Напоменувам дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Како што постапувавме претходно, така и сега, нема да има компромис за никого, законот ќе важи еднакво за сите и сите трговци опфатени со Одлуката имаат обврска да ја почитуваат!“, порача Трајковски.

Тој ги повика и потрошувачите доколку забележат неправилности да пријават во пазарниот инспекторат на 191 или на службената веб-страница.

 

The post Пазарна инспекција од утре на терен ќе проверува дали училишниот прибор се продава со ограничена маржа appeared first on Република.

]]>

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, ги повика трговците веднаш да ги прилагодат цените на училишниот прибор согласно одлуката на Владата за ограничување на профитните маржи. „Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со оваа Одлука. Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуката, а согласно тоа и според Законот за трговија. Напоменувам дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало. Како што постапувавме претходно, така и сега, нема да има компромис за никого, законот ќе важи еднакво за сите и сите трговци опфатени со Одлуката имаат обврска да ја почитуваат!“, порача Трајковски. Тој ги повика и потрошувачите доколку забележат неправилности да пријават во пазарниот инспекторат на 191 или на службената веб-страница.  

The post Пазарна инспекција од утре на терен ќе проверува дали училишниот прибор се продава со ограничена маржа appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор, со ова ќе се намалат трошоците на илјадници семејства https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vladata-donese-odluka-za-ogranichuvane-na-najvisokata-trgovska-marzha-na-uchilishniot-pribor-so-ova-ke-se-namalat-troshotsite-na-iljadnitsi-semejstva/ Tue, 03 Sep 2024 12:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=812711

„Помалку трошоци - повеќе за тебе“ е мерката која денеска е донесена на седница на Владата. Владата донесе одлука за помош на сите семејства што имаат ученици со цел да се намалат трошоците за набавка на училишен прибор.

Оваа мерка е директно насочена кон подобрување на животниот стандард и економската состојба на илјадници македонски семејства.

Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што кажа Мицкоски, на големо, маржата ќе биде ограничена на 5%, додека на мало до 10%.

За разлика од минатите години кога се соочувавме со протести и кога учениците немаа учебници, оваа учебна година започна без проблеми, а Владата со решителни мерки го поддржува образовниот систем. Одлуките кои ги носиме се во директна спротивност со политиките на претходната влада која дозволи големи трошоци за семејствата и недостаток на потребните учебници и материјали.

Нашата цел е јасна: да создадеме стабилна и просперитетна иднина за сите граѓани. Владата ќе продолжи да работи посветено за подобрување на условите за живот, секојдневно демонстрирајќи дека сме различни и многу поодговорни од нашите претходници, кажа Мицкоски.

Премиерот кажа дека биле анализирани увозни царински декларации на дел од производите и оние кои што се цени во малопродажбата и било заклучено дека многу производи денеска се предмет на монопол или дуопол. И монополот и дуополот си се договараат, ако се дуопол и монопол си прави што сака и практично цените некогаш се двојно поголеми од тие коишто се увозни.

Имаме да речеме увозна цена, пример еден, за маркери којашто е 60,1 денар, во малопродажба е 130 денари. Потоа, имаме цена, да речеме, јаглен за цртање од 300 пакувања, увозната цена е 68,6 денари, а во малопродажба е 200 денари.

Боиците, ако увозната цена е 69,5 се продаваат од 120 до 150. Кај моливите имаме цена која што е увозна од 54,1 денар, се продаваат по 120 денари. Тетратки А4, увозна цена 40,1 денар, малопродажна цена 85 денари.

Значи минимум два пати, а во некои моменти и повеќе од увозните декларации, така што цениме дека со ова драматично на пола, би рекле, би се намалил трошокот, изјави Мицкоски.

Премиерот најави дека и понатаму ќе има ваков тип на ограничувања на маржите и профитот на поединци коишто на ваков начин генерираат високи профити, а со тоа стимулираат инфлација и работат спротивно на интересите на граѓаните.

 

The post Мицкоски: Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор, со ова ќе се намалат трошоците на илјадници семејства appeared first on Република.

]]>

„Помалку трошоци - повеќе за тебе“ е мерката која денеска е донесена на седница на Владата. Владата донесе одлука за помош на сите семејства што имаат ученици со цел да се намалат трошоците за набавка на училишен прибор. Оваа мерка е директно насочена кон подобрување на животниот стандард и економската состојба на илјадници македонски семејства.
Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Како што кажа Мицкоски, на големо, маржата ќе биде ограничена на 5%, додека на мало до 10%.
За разлика од минатите години кога се соочувавме со протести и кога учениците немаа учебници, оваа учебна година започна без проблеми, а Владата со решителни мерки го поддржува образовниот систем. Одлуките кои ги носиме се во директна спротивност со политиките на претходната влада која дозволи големи трошоци за семејствата и недостаток на потребните учебници и материјали. Нашата цел е јасна: да создадеме стабилна и просперитетна иднина за сите граѓани. Владата ќе продолжи да работи посветено за подобрување на условите за живот, секојдневно демонстрирајќи дека сме различни и многу поодговорни од нашите претходници, кажа Мицкоски.
Премиерот кажа дека биле анализирани увозни царински декларации на дел од производите и оние кои што се цени во малопродажбата и било заклучено дека многу производи денеска се предмет на монопол или дуопол. И монополот и дуополот си се договараат, ако се дуопол и монопол си прави што сака и практично цените некогаш се двојно поголеми од тие коишто се увозни.
Имаме да речеме увозна цена, пример еден, за маркери којашто е 60,1 денар, во малопродажба е 130 денари. Потоа, имаме цена, да речеме, јаглен за цртање од 300 пакувања, увозната цена е 68,6 денари, а во малопродажба е 200 денари. Боиците, ако увозната цена е 69,5 се продаваат од 120 до 150. Кај моливите имаме цена која што е увозна од 54,1 денар, се продаваат по 120 денари. Тетратки А4, увозна цена 40,1 денар, малопродажна цена 85 денари. Значи минимум два пати, а во некои моменти и повеќе од увозните декларации, така што цениме дека со ова драматично на пола, би рекле, би се намалил трошокот, изјави Мицкоски.
Премиерот најави дека и понатаму ќе има ваков тип на ограничувања на маржите и профитот на поединци коишто на ваков начин генерираат високи профити, а со тоа стимулираат инфлација и работат спротивно на интересите на граѓаните.  

The post Мицкоски: Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор, со ова ќе се намалат трошоците на илјадници семејства appeared first on Република.

]]>
Ограничена маржата за училишниот прибор https://republika.mk/vesti/makedonija/ogranichena-marzhata-za-uchilishniot-pribor/ Tue, 03 Sep 2024 12:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=812698

Владата донесе одлука за ограничување на маржата за училишниот прибор и тоа на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба, информира премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата, ограничувањето на маржата е во рамките на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе! Се грижиме“, а одлуката е донесена на денешната седница на Владата.

Најави дека и понатаму ќе има ограничувања на маржите и профитот на поединци кои, како што кажа, генерираат профити и со тоа ја зголемуваат инфлацијата.

Прашан дали носењето на оваа мерка не требаше да се направи порано, рече дека не е задоцнето нејзиното носење и додаде дека ќе следат мерки за заштита на есенската и зимската кошничка.

The post Ограничена маржата за училишниот прибор appeared first on Република.

]]>

Владата донесе одлука за ограничување на маржата за училишниот прибор и тоа на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба, информира премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата, ограничувањето на маржата е во рамките на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе! Се грижиме“, а одлуката е донесена на денешната седница на Владата. Најави дека и понатаму ќе има ограничувања на маржите и профитот на поединци кои, како што кажа, генерираат профити и со тоа ја зголемуваат инфлацијата. Прашан дали носењето на оваа мерка не требаше да се направи порано, рече дека не е задоцнето нејзиното носење и додаде дека ќе следат мерки за заштита на есенската и зимската кошничка.

The post Ограничена маржата за училишниот прибор appeared first on Република.

]]>
Чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи,пенкала: Училишен прибор во Грција ќе се продава по пониски цени https://republika.mk/vesti/balkan/chanti-pribori-tetratki-blokovi-molivi-penkala-uchilishen-pribor-vo-grtsija-ke-se-prodava-po-poniski-tseni/ Wed, 28 Aug 2024 09:41:32 +0000 https://republika.mk/?p=810809

Училишни чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи и пенкала, гуми за бришење, фломастери и боици, острилки, линијари, шестари и хартија за фотокопирање, содржи т.н. „Училишна кошница“ што од денеска се воведува во Грција со неопходните производи за почетокот на учебната година, а кои треба да бидат по прифатливи цени за потрошувачите, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за развој на Грција соопштија дека „Училишната кошница“ ќе биде достапна до 15 октомври, а за конкретните производи што секоја продавница ќе одлучи да ги вклучи во понудата, ќе важат одредбите за плафон на профитот и затоа ќе постојат интензивни проверки.

Потсетуваат дека максималната казна за прекршоците е зголемена за пет пати и изнесува пет милиони евра.

„Училишната кошница“ е во рамките на иницијативите на грчката Влада во одредени периоди од годината, како што се Божиќ, Нова година, Велигден итн. да воведува сезонски продукти со цени кои треба да останат исти или да има минимални покачувања.

За Велигден беше воведена „Посна кошница“ за Нова година и Божиќ, во „Божиќната кошница“ беа воведени производи поврзани со божиќната трпеза, додека пак во супермаркетите постои „Кошничката за домаќинствата“ со над 50 производи по пристапни цени.

The post Чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи,пенкала: Училишен прибор во Грција ќе се продава по пониски цени appeared first on Република.

]]>

Училишни чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи и пенкала, гуми за бришење, фломастери и боици, острилки, линијари, шестари и хартија за фотокопирање, содржи т.н. „Училишна кошница“ што од денеска се воведува во Грција со неопходните производи за почетокот на учебната година, а кои треба да бидат по прифатливи цени за потрошувачите, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за развој на Грција соопштија дека „Училишната кошница“ ќе биде достапна до 15 октомври, а за конкретните производи што секоја продавница ќе одлучи да ги вклучи во понудата, ќе важат одредбите за плафон на профитот и затоа ќе постојат интензивни проверки. Потсетуваат дека максималната казна за прекршоците е зголемена за пет пати и изнесува пет милиони евра.
„Училишната кошница“ е во рамките на иницијативите на грчката Влада во одредени периоди од годината, како што се Божиќ, Нова година, Велигден итн. да воведува сезонски продукти со цени кои треба да останат исти или да има минимални покачувања.
За Велигден беше воведена „Посна кошница“ за Нова година и Божиќ, во „Божиќната кошница“ беа воведени производи поврзани со божиќната трпеза, додека пак во супермаркетите постои „Кошничката за домаќинствата“ со над 50 производи по пристапни цени.

The post Чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи,пенкала: Училишен прибор во Грција ќе се продава по пониски цени appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Истанбул донираше ранци и училишен прибор за првачињата во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-na-istanbul-donirashe-ranci-i-uchilishen-pribor-za-prvachinjata-vo-makedonija/ Thu, 08 Sep 2022 13:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=548706

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу испрати донација од ранци и школски прибор за првачињата од школската година 2022/23, информираат од Партијата за движење на Турците (ТХП).
Како што посочуваат од партијата, потпреседателот на ТХП и заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Џабир Доко, кој ги поделил подароците, во својата изјава до медиумите им се заблагодари на градоначалникот на Истанбул, Имамоглу, истакнувајќи дека досега посетени се училишта во Скопје, Валандово, Дојран, Ресен, Охрид и Струга, а во следните денови дистрибуцијата на ранците и училишниот прибор ќе се изврши и во останатите општини.

– Доко во својот говор во ОУ „Мите Богоевски“ во Ресен каде наставата се одвива на македонски и турски јазик, истакна дека тие како Влада напорно работат на подобрување на квалитетот на образованието и дека ваквите проекти меѓу Македонија и Турција само ги зацврстуваат одличните односи меѓу двете пријателски земји, се вели во соопштението.

Тој изјавил дека и покрај сериозната енергетско-економска криза во светот, градоначалникот на градот Истанбул, Екрем Имамоглу, не ги заборава децата во Македонија и како што вели „донацијата на овие подароци уште еднаш покажа дека двете земји имаат братски однос“.

The post Градоначалникот на Истанбул донираше ранци и училишен прибор за првачињата во Македонија appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу испрати донација од ранци и школски прибор за првачињата од школската година 2022/23, информираат од Партијата за движење на Турците (ТХП). Како што посочуваат од партијата, потпреседателот на ТХП и заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Џабир Доко, кој ги поделил подароците, во својата изјава до медиумите им се заблагодари на градоначалникот на Истанбул, Имамоглу, истакнувајќи дека досега посетени се училишта во Скопје, Валандово, Дојран, Ресен, Охрид и Струга, а во следните денови дистрибуцијата на ранците и училишниот прибор ќе се изврши и во останатите општини. – Доко во својот говор во ОУ „Мите Богоевски“ во Ресен каде наставата се одвива на македонски и турски јазик, истакна дека тие како Влада напорно работат на подобрување на квалитетот на образованието и дека ваквите проекти меѓу Македонија и Турција само ги зацврстуваат одличните односи меѓу двете пријателски земји, се вели во соопштението. Тој изјавил дека и покрај сериозната енергетско-економска криза во светот, градоначалникот на градот Истанбул, Екрем Имамоглу, не ги заборава децата во Македонија и како што вели „донацијата на овие подароци уште еднаш покажа дека двете земји имаат братски однос“.

The post Градоначалникот на Истанбул донираше ранци и училишен прибор за првачињата во Македонија appeared first on Република.

]]>
Училишниот прибор поскап за 50 отсто https://republika.mk/vesti/makedonija/uchilishniot-pribor-poskap-za-50-otsto/ Thu, 18 Aug 2022 08:17:14 +0000 https://republika.mk/?p=541588

Пред почетокот на учебната година, родителите веќе почнаа да ги подготвуваат своите деца за училиште. Се купуваат тетратки, училишен прибор, ранци и останат училишен материјал, но за разлика од минатите години сега цените се повисоки во просек за 50 до 60 проценти.Така, сега за опремување на едно прваче потребни се во просек од 5.000 до 6.000 денари за разлика од пред пандемијата кога трошоците за прваче се движеа од 3.000 до 4.000 денари.

Од книжарниците, кои се најпосетувани дестинации во овој период од годината, информираат дека цените на училишните материјали се зголемени од 50 до 60 отсто за разлика од минатите години односно пред почетокот на пандемијата.

Според информациите што МИА ги доби при обиколката на книжарниците, семејствата кои имаат прваче ќе треба да одвојат околу 3.500 денари за моливи, пенкала, боички, ножички и несесер со вклучен прибор, од 500 до 1000 денари за тетратки, а трошоците за ранец се движат од 700 до 3.000 денари во зависност од моделот и квалитетот.

За учениците од второ до деветто одделение трошоците се за нијанса помали, велат од книжарниците, затоа што можеби учениците се уште имаат материјали од минатата година и можеби нема да купат нов ранец. Така, нивните трошоци би се намалиле за 1.000 до 2.000 денари или околу 27 отсто помалку.

Најголем скок на цените има кај тетратките што, според книжарниците, се должи на поскапувањето на хартијата. Ако цената на една мала тетратка пред пандемијата била 10 денари, сега за истата тетратка се плаќа двојна сума односно 20 денари. Поквалитетните тетратки кои пред пандемијата можеле да се купат по цена од 30 денари, сега се поскапи за 33 до 50 отсто односно нивната сегашна цена се движи од 40 до 45 денари.

Истото се случува и со фломастерите за кои пред пандемијата оптималната цена била 65 денари, а сега се продаваат по цена од 95 денари. Поскапен е и останатиот училишен прибор.
Од книжарниците велат дека цените зависат од брендот и од квалитетот на материјалите. Може да се најдат и поевтини и поскапи материјали.

The post Училишниот прибор поскап за 50 отсто appeared first on Република.

]]>

Пред почетокот на учебната година, родителите веќе почнаа да ги подготвуваат своите деца за училиште. Се купуваат тетратки, училишен прибор, ранци и останат училишен материјал, но за разлика од минатите години сега цените се повисоки во просек за 50 до 60 проценти.Така, сега за опремување на едно прваче потребни се во просек од 5.000 до 6.000 денари за разлика од пред пандемијата кога трошоците за прваче се движеа од 3.000 до 4.000 денари. Од книжарниците, кои се најпосетувани дестинации во овој период од годината, информираат дека цените на училишните материјали се зголемени од 50 до 60 отсто за разлика од минатите години односно пред почетокот на пандемијата. Според информациите што МИА ги доби при обиколката на книжарниците, семејствата кои имаат прваче ќе треба да одвојат околу 3.500 денари за моливи, пенкала, боички, ножички и несесер со вклучен прибор, од 500 до 1000 денари за тетратки, а трошоците за ранец се движат од 700 до 3.000 денари во зависност од моделот и квалитетот. За учениците од второ до деветто одделение трошоците се за нијанса помали, велат од книжарниците, затоа што можеби учениците се уште имаат материјали од минатата година и можеби нема да купат нов ранец. Така, нивните трошоци би се намалиле за 1.000 до 2.000 денари или околу 27 отсто помалку. Најголем скок на цените има кај тетратките што, според книжарниците, се должи на поскапувањето на хартијата. Ако цената на една мала тетратка пред пандемијата била 10 денари, сега за истата тетратка се плаќа двојна сума односно 20 денари. Поквалитетните тетратки кои пред пандемијата можеле да се купат по цена од 30 денари, сега се поскапи за 33 до 50 отсто односно нивната сегашна цена се движи од 40 до 45 денари. Истото се случува и со фломастерите за кои пред пандемијата оптималната цена била 65 денари, а сега се продаваат по цена од 95 денари. Поскапен е и останатиот училишен прибор. Од книжарниците велат дека цените зависат од брендот и од квалитетот на материјалите. Може да се најдат и поевтини и поскапи материјали.

The post Училишниот прибор поскап за 50 отсто appeared first on Република.

]]>