учебник Archives - Република https://republika.mk/tema/uchebnik/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 10:50:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png учебник Archives - Република https://republika.mk/tema/uchebnik/ 32 32 Јаневска: Претходната Влада не испечатила ниту еден учебник за седмо одделение https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-prethodnata-vlada-ne-ispechatila-nitu-eden-uchebnik-za-sedmo-oddelenie/ Wed, 03 Jul 2024 10:43:12 +0000 https://republika.mk/?p=793048

Волшебно стапче да имаме, ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за седмо одделение. Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден на печатење. Дел не се одобрени, дел не поминале рецензија, а некои не се ниту напишани. Така што, иако претходното раководство соопштуваше дека и учебниците за седмо одделени се печатат и испорачуваат, фактичката состојба е сосема поинаква.

Оваа информација со медиумите денеска ја сподели министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, посочувајќи дека за надминување на предизвикот се бара решение заедно со Бирото за развој на образованието.

Неколку денови разговараме со Бирото и најверојатно учениците од седмо одделение и следната учебна година ќе учат од постојните учебници, оние кои и досега беа во употреба. Имаме образложение од Бирото дека се прилично компатибилни со наставните програми, освен за две до три теми за кои може да се направат наставни материјали, рече Јаневска.

Таа посочи дека разговорите и дискусиите со БРО сè уште траат и доколку законското решение не дозволува ништо поинаку, Концепцијата ќе биде одложена на извесен период за учениците од седмо, осмо и деветто одделение да имаат учебници.

The post Јаневска: Претходната Влада не испечатила ниту еден учебник за седмо одделение appeared first on Република.

]]>

Волшебно стапче да имаме, ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за седмо одделение. Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден на печатење. Дел не се одобрени, дел не поминале рецензија, а некои не се ниту напишани. Така што, иако претходното раководство соопштуваше дека и учебниците за седмо одделени се печатат и испорачуваат, фактичката состојба е сосема поинаква. Оваа информација со медиумите денеска ја сподели министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, посочувајќи дека за надминување на предизвикот се бара решение заедно со Бирото за развој на образованието.
Неколку денови разговараме со Бирото и најверојатно учениците од седмо одделение и следната учебна година ќе учат од постојните учебници, оние кои и досега беа во употреба. Имаме образложение од Бирото дека се прилично компатибилни со наставните програми, освен за две до три теми за кои може да се направат наставни материјали, рече Јаневска.
Таа посочи дека разговорите и дискусиите со БРО сè уште траат и доколку законското решение не дозволува ништо поинаку, Концепцијата ќе биде одложена на извесен период за учениците од седмо, осмо и деветто одделение да имаат учебници.

The post Јаневска: Претходната Влада не испечатила ниту еден учебник за седмо одделение appeared first on Република.

]]>
Повлечен учебникот по Историја и општество за петто одделение https://republika.mk/vesti/makedonija/povlechen-uchebnikot-po-istorija-i-opshtestvo-za-petto-oddelenie/ Wed, 31 May 2023 19:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=646589

Поради грешки во содржината, учебникот по Историја и општество за петто одделение е повлечен од употреба.

Од Министерството за образование и наука (МОН) веќе е објавен повик за формирање  авторски тим за  изработка на нов учебник и заинтересираните автори може да се пријават до 5 јуни.

Повлекувањето доаѓа откако поради грешките во учебникот кои беа увидени во декември лани – само неколку дена откако учениците го добија, реагираше Здружението на историчарите и јавноста, а МОН потоа информираше дека комисија ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции.

Од Министерството тогаш побараа од Националната комисија за учебници, како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, информации за постапката за одобрување на конкретниот учебник во кој, како што наведе МОН, „констатирани се низа грешки и нелогичности кои не смееја да се дозволат“.

The post Повлечен учебникот по Историја и општество за петто одделение appeared first on Република.

]]>

Поради грешки во содржината, учебникот по Историја и општество за петто одделение е повлечен од употреба. Од Министерството за образование и наука (МОН) веќе е објавен повик за формирање  авторски тим за  изработка на нов учебник и заинтересираните автори може да се пријават до 5 јуни.
Повлекувањето доаѓа откако поради грешките во учебникот кои беа увидени во декември лани – само неколку дена откако учениците го добија, реагираше Здружението на историчарите и јавноста, а МОН потоа информираше дека комисија ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции. Од Министерството тогаш побараа од Националната комисија за учебници, како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, информации за постапката за одобрување на конкретниот учебник во кој, како што наведе МОН, „констатирани се низа грешки и нелогичности кои не смееја да се дозволат“.

The post Повлечен учебникот по Историја и општество за петто одделение appeared first on Република.

]]>
Три години нема учебник по англиски јазик, наскоро ќе биде објавен повик за избор https://republika.mk/vesti/makedonija/tri-godini-nema-uchebnik-po-angliski-jazik-naskoro-ke-bide-objaven-povik-za-izbor/ Wed, 25 Jan 2023 12:38:24 +0000 https://republika.mk/?p=600868

Повикот за избор на учебник по англиски јазик ќе биде објавен за многу брзо време и очекувам во текот на наредната учебна година конечно да се реши проблемот со учебниците за странски јазици, изјави денеска министерот за образвание и наука Јетон Шаќири.

Овој проблем е повеќе од три години. Заедно со Педагошката служба, како одговорен дел во Министерството за образование и наука, веќе е подготвен начинот и правилникот за повик за учебник за странски јазици. Во новиот закон за учебници за основно и средно образование ќе бидат вклучени сите проблеми кои ги увидовме во овој процес на подготовка на учебници, а повикавме и секој што може да даде придонес во овој процес да се приклучи. Новиот закон ќе биде отворен за да имаме подобра, поефикасна, поевтина и поквалитетна постапка во изборот на учебници за странски јазици, рече Шаќири во одговор на прашање при денешната посета на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Нагласи дека во новиот закон за учебници ќе се земат во предвид сите подобри примери од регионот и пошироко.

The post Три години нема учебник по англиски јазик, наскоро ќе биде објавен повик за избор appeared first on Република.

АА бара итно повлекување учебникот по албански јазик за петто одделение каде што се наведени ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-bara-itno-povlekuvane-uchebnikot-po-albanski-jazik-za-petto-oddelenie-kade-shto-se-navedeni-dui/ Tue, 27 Dec 2022 17:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=590678

Бараме учебникот по албански јазик за петто одделение итно да биде повлечен од употреба, а заедно со него и „партискиот емисар именуван министер“, изјави денеска портпаролот на Алијанса за Албанците, Наим Бајрами.

Ако сакате да уништите еден народ без војна, уништете му го образованието, а еден од „најдобрите“ начини да го постигнете тоа е политизација и партизација на образованието. Со години го креваме гласот против различните облици на партизација на образованието. Од оваа власт слушнавме само ветувања дека ќе работат на деполитизација, а во реалноста го направија спротивното, со воведување на партијата во секоја пора на образованието. Неодамна партијата влезе и во учебниците и во текстовите на најчувствителните возрасни групи. ДУИ веќе влезе како пример во учебникот по албански јазик за петто одделение, поточно на лекцијата за кратенки, каде што се споменуваат примери на земји и меѓународни институции, рече Бајрами.

Како што додаде тој, ова е „скандалозна злоупотреба на учебниците за партиска пропаганда, за индоктринација на деца, слично како во времето на комунизмот и времето на другарот Тито и другарот Енвер“.

Тоа е срамна сервилност на самиот автор Вехби Кадриу, таткото на поранешниот кандидат на ДУИ, Ендрин Кадриу, кој потоа беше назначен за директор на Радиодифузија, изјави Бајрами, нарекувајќи го притоа министерот за образование и наука Јетон Шаќири – „министер за уништување на образованието“.

Учебникот е издаден годинава, негов автор е Вехби Кадриу, а издавач е МОН.

The post АА бара итно повлекување учебникот по албански јазик за петто одделение каде што се наведени ДУИ appeared first on Република.

ДУИ го има во учебник за петто одделение https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-go-ima-vo-uchebnik-za-petto-oddelenie/ Tue, 27 Dec 2022 14:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=590603

Бараме учебникот по албански јазик за петто одделение итно да биде повлечен од употреба, а заедно со него и „партискиот емисар именуван министер“, изјави портпаролот на Алијанса за Албанците, Наим Бајрами.

Ако сакате да уништите еден народ без војна, уништете му го образованието, а еден од „најдобрите“ начини да го постигнете тоа е политизација и партизација на образованието. Со години го креваме гласот против различните облици на партизација на образованието. Од оваа власт слушнавме само ветувања дека ќе работат на деполитизација, а во реалноста го направија спротивното, со воведување на партијата во секоја пора на образованието. Неодамна партијата влезе и во учебниците и во текстовите на најчувствителните возрасни групи. ДУИ веќе влезе како пример во учебникот по албански јазик за петто одделение, поточно на лекцијата за кратенки, каде што се споменуваат примери на земји и меѓународни институции, рече Бајрами.

Како што додаде тој, ова е „скандалозна злоупотреба на учебниците за партиска пропаганда, за индоктринација на деца, слично како во времето на комунизмот и времето на другарот Тито и другарот Енвер“.

Тоа е срамна сервилност на самиот автор Вехби Кадриу, таткото на поранешниот кандидат на ДУИ, Ендрин Кадриу, кој потоа беше назначен за директор на Радиодифузија, изјави Бајрами, нарекувајќи го притоа министерот за образование и наука Јетон Шаќири – „министер за уништување на образованието“.

The post ДУИ го има во учебник за петто одделение appeared first on Република.

Учебникот по историја и општество за петто одделение добил позитивни мислења по корекции, тврди Националната комисија за учебници https://republika.mk/vesti/makedonija/uchebnikot-po-istorija-i-opshtestvo-za-petto-oddelenie-dobil-pozitivni-mislena-po-korektsii-tvrdi-natsionalnata-komisija-za-uchebnitsi/ Tue, 27 Dec 2022 12:52:53 +0000 https://republika.mk/?p=590560

Законска обврска на Националната комисија за учебници информира е разгледување на стручните мислења доставени од рецензентски комисии и Бирото за развој на образование (БРО) или Центарот за средно стручно образование (ЦССО), а не стручно вреднување на учебниците, соопшти денеска Комисијата во врска со реакциите за учебникот по историја и општество за петто одделение.

Според Законот за учебници не е предвидено Националната комисија да има членови од сите поединечни области од предметите што се изучуваат во основните и средните училишта. Оттука, во својот состав Комисијата нема експерти по сите научни области за директно да ги разгледува пристигнатите ракописи за учебниците по разни научни области. А и да има, тоа не е нејзина надлежност и обврска, туку на наменски формирани рецензентски комисии и на БРО или ЦССО, наведува Комисијата.

Во денешното соопштение се нагласува дека Законот за учебници во член 16 став 2, наведува дека рецензентската комисија е одговорна за настанатата штета во случај ако учебникот биде повлечен од употреба поради сериозни и очигледни грешки во стручното вреднување на ракописот за учебник.

Во случајот со ракописот по предметот историја и општество за петто одделение, мислењата коишто во Националната комисија за учебници пристигнаа од БРО и од рецензентската комисија беа позитивни, но со листа на забелешки и сугестии, коишто треба да бидат внесени од страна на авторите пред да се печати учебникот. Врз основа на добиените мислења за ракописот од БРО и рецензентската комисија, членот известител од Националната комисија на седницата одржана на 6.9.2022 достави негативно мислење и наведе дека ракописот не ги исполнува условите за учебник и не се препорачува за печатење. Беше предложено ракописот да биде вратен на повторно разгледување на авторите и во целост да се извршат корекции согласно со дадените забелешки. Потоа во Националната комисија пристигнаа позитивни мислења за ракописот на учебникот од страна на БРО и на рецензентската комисија, во коишто јасно е наведено дека во целост се извршени корекциите по забелешките и со кои беше предложено учебникот да биде печатен, пишува во соопштението.

Како што се додава, по добивање на позитивните мислења со препорака за печатење на учебникот и водејќи се од нив, Националната комисија на седница на 27.10.2022 година донела одлука за прифаќање на ракописот, односно за одобрување и употреба на учебникот.

Националната комисија во текот на целокупното свое работење, откако е формирана во март 2022 година, па сѐ до сега, исклучиво работи во рамките на законските надлежности. Националната комисија ќе продолжи, како и досега, да работи совесно и според Законот, а пред сѐ во интерес на учениците и нивното квалитетно образование, се истакнува во соопштението.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири изјави дека до второто полугодие ќе има решение за учебникот по историја и општество за петто одделение, каде се констатирани низа грешки и нелогичности.

До второто полугодие ќе имаме решение и ќе побараме од авторите да ги коригираат грешките. Ако се утврди дека грешките се повеќе од 30 проценти, ќе заземеме став. Очекуваме дали се само тие или има уште, појасни министерот во гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Од Министерството за образование и наука изјавија дека авторите и рецензентите на учебникот, вината за направените грешки во содржината, неосновано ја префрлаат на МОН, потенцирајќи оти предизвиците требало да ги надминат во корелација со Националната комисија за учебници.

Здружението на историчарите на Република Македонија реагираше на објавувањето на овој учебник за петтоодделенци од авторките Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска и нотираше, како што беше соопштено, редица пропусти, како во содржинска, така и во концепциска смисла. Од Здружението најавија дека до Министерството за образование и наука ќе достават детална критичка анализа на учебникот, врз основа на која ќе се побара тој да биде повлечен од употреба, а целата Концепција за основно образование да се преиспита и за неа одново да се поведе реална јавна дебата.

Од Здружението посочија дека „доколку овој учебник се употребува во наставата, ќе му нанесе непроценлива штета на воспитно – образовниот процес и ќе влијае негативно врз развојот на учениците“.

Премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека авторите треба да обрнат поголемо внимание при пишувањето на учебниците, но, исто така, внимание да обрнат и рецензентите при рецензирањето на книгите.

Запрашан дали ќе побара одговорност од министерот за образование и наука, Ковачевски одговори дека министерот не ги пишува учебниците, туку тоа го прават авторите.

The post Учебникот по историја и општество за петто одделение добил позитивни мислења по корекции, тврди Националната комисија за учебници appeared first on Република.

]]>

Законска обврска на Националната комисија за учебници информира е разгледување на стручните мислења доставени од рецензентски комисии и Бирото за развој на образование (БРО) или Центарот за средно стручно образование (ЦССО), а не стручно вреднување на учебниците, соопшти денеска Комисијата во врска со реакциите за учебникот по историја и општество за петто одделение. Според Законот за учебници не е предвидено Националната комисија да има членови од сите поединечни области од предметите што се изучуваат во основните и средните училишта. Оттука, во својот состав Комисијата нема експерти по сите научни области за директно да ги разгледува пристигнатите ракописи за учебниците по разни научни области. А и да има, тоа не е нејзина надлежност и обврска, туку на наменски формирани рецензентски комисии и на БРО или ЦССО, наведува Комисијата. Во денешното соопштение се нагласува дека Законот за учебници во член 16 став 2, наведува дека рецензентската комисија е одговорна за настанатата штета во случај ако учебникот биде повлечен од употреба поради сериозни и очигледни грешки во стручното вреднување на ракописот за учебник. Во случајот со ракописот по предметот историја и општество за петто одделение, мислењата коишто во Националната комисија за учебници пристигнаа од БРО и од рецензентската комисија беа позитивни, но со листа на забелешки и сугестии, коишто треба да бидат внесени од страна на авторите пред да се печати учебникот. Врз основа на добиените мислења за ракописот од БРО и рецензентската комисија, членот известител од Националната комисија на седницата одржана на 6.9.2022 достави негативно мислење и наведе дека ракописот не ги исполнува условите за учебник и не се препорачува за печатење. Беше предложено ракописот да биде вратен на повторно разгледување на авторите и во целост да се извршат корекции согласно со дадените забелешки. Потоа во Националната комисија пристигнаа позитивни мислења за ракописот на учебникот од страна на БРО и на рецензентската комисија, во коишто јасно е наведено дека во целост се извршени корекциите по забелешките и со кои беше предложено учебникот да биде печатен, пишува во соопштението. Како што се додава, по добивање на позитивните мислења со препорака за печатење на учебникот и водејќи се од нив, Националната комисија на седница на 27.10.2022 година донела одлука за прифаќање на ракописот, односно за одобрување и употреба на учебникот. Националната комисија во текот на целокупното свое работење, откако е формирана во март 2022 година, па сѐ до сега, исклучиво работи во рамките на законските надлежности. Националната комисија ќе продолжи, како и досега, да работи совесно и според Законот, а пред сѐ во интерес на учениците и нивното квалитетно образование, се истакнува во соопштението. Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири изјави дека до второто полугодие ќе има решение за учебникот по историја и општество за петто одделение, каде се констатирани низа грешки и нелогичности. До второто полугодие ќе имаме решение и ќе побараме од авторите да ги коригираат грешките. Ако се утврди дека грешките се повеќе од 30 проценти, ќе заземеме став. Очекуваме дали се само тие или има уште, појасни министерот во гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24. Од Министерството за образование и наука изјавија дека авторите и рецензентите на учебникот, вината за направените грешки во содржината, неосновано ја префрлаат на МОН, потенцирајќи оти предизвиците требало да ги надминат во корелација со Националната комисија за учебници. Здружението на историчарите на Република Македонија реагираше на објавувањето на овој учебник за петтоодделенци од авторките Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска и нотираше, како што беше соопштено, редица пропусти, како во содржинска, така и во концепциска смисла. Од Здружението најавија дека до Министерството за образование и наука ќе достават детална критичка анализа на учебникот, врз основа на која ќе се побара тој да биде повлечен од употреба, а целата Концепција за основно образование да се преиспита и за неа одново да се поведе реална јавна дебата. Од Здружението посочија дека „доколку овој учебник се употребува во наставата, ќе му нанесе непроценлива штета на воспитно – образовниот процес и ќе влијае негативно врз развојот на учениците“. Премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека авторите треба да обрнат поголемо внимание при пишувањето на учебниците, но, исто така, внимание да обрнат и рецензентите при рецензирањето на книгите. Запрашан дали ќе побара одговорност од министерот за образование и наука, Ковачевски одговори дека министерот не ги пишува учебниците, туку тоа го прават авторите.

The post Учебникот по историја и општество за петто одделение добил позитивни мислења по корекции, тврди Националната комисија за учебници appeared first on Република.

]]>
МОН: Авторите и рецензентите на учебникот по Историја за 5 одделение требало да ги надминат предизвиците со Националната комисија за учебници https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-avtorite-i-retsenzentite-na-uchebnikot-po-istorija-za-5-oddelenie-trebalo-da-gi-nadminat-predizvitsite-so-natsionalnata-komisija-za-uchebnitsi/ Mon, 26 Dec 2022 19:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=590266

Oд Министерство за образование и наука (МОН), велат дека авторите и рецензентите на учебникот по Историја и општество за 5 одделение, вината за направените грешки во содржината, неосновано ја префрлаат на МОН.

Од Министерството потенцираат дека предизвиците требало да ги надминат во корелација со Националната комисија за учебници.

Должни сме да информираме дека по направените измени во учебникот кои им се сугерирани од страна на рецензентите, авторите до Националната комисија за учебници на ЦД го имаат доставено учебникот заедно со допис во кој е наведено дека се работи за финална верзија, а рецензентите пак, имаат потпишано изјава дека нивните забелешки се имплементирани во истата, се наведува во соопштението од Министерство за образование и наука.

Оттаму посочуваат дека сите предизвици кои им настанале при изработката на учебникот, авторите и рецензентите требало да ги надминат со Националната комисија за учебници која е надлежна за спроведување на процедурата за одобрување на учебници.

Членовите на комисијата, всушност преку гласање одлучуваат за прифаќање, односно неприфаќање на одреден учебник. Во случајов, одлучиле учебникот со грешки да биде прифатен, велат од Министерство за образование и наука.

The post МОН: Авторите и рецензентите на учебникот по Историја за 5 одделение требало да ги надминат предизвиците со Националната комисија за учебници appeared first on Република.

]]>

Oд Министерство за образование и наука (МОН), велат дека авторите и рецензентите на учебникот по Историја и општество за 5 одделение, вината за направените грешки во содржината, неосновано ја префрлаат на МОН. Од Министерството потенцираат дека предизвиците требало да ги надминат во корелација со Националната комисија за учебници.
Должни сме да информираме дека по направените измени во учебникот кои им се сугерирани од страна на рецензентите, авторите до Националната комисија за учебници на ЦД го имаат доставено учебникот заедно со допис во кој е наведено дека се работи за финална верзија, а рецензентите пак, имаат потпишано изјава дека нивните забелешки се имплементирани во истата, се наведува во соопштението од Министерство за образование и наука.
Оттаму посочуваат дека сите предизвици кои им настанале при изработката на учебникот, авторите и рецензентите требало да ги надминат со Националната комисија за учебници која е надлежна за спроведување на процедурата за одобрување на учебници.
Членовите на комисијата, всушност преку гласање одлучуваат за прифаќање, односно неприфаќање на одреден учебник. Во случајов, одлучиле учебникот со грешки да биде прифатен, велат од Министерство за образование и наука.

The post МОН: Авторите и рецензентите на учебникот по Историја за 5 одделение требало да ги надминат предизвиците со Националната комисија за учебници appeared first on Република.

]]>
Проф. Минов: Учебникот ќе произведе деца кои нема да можат да се снајдат ниту во просторот ниту во времето https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-minov-uchebnikot-kje-proizvede-deca-koi-nema-da-mozat-da-se-snajdat-nitu-vo-prostorot-nitu-vo-vremeto/ Tue, 20 Dec 2022 14:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=588006

Професорот Никола Минов од Филозофскиот факултет во интервју за „Слободен печат“ како убедливо најлош учебник по историја досега, го оцени последниот учебник на МОН „Историја и општество за петто одделение, нагласувајќи дека низ неговото повегодишно искуство низ образовниот процес и како некогашен ученик и како универзитетски професор во последните 12 години наишол на прилично квалитетни, но и просечни, па и подпросечну учебници за предметот Историја.

Ова е учебник којшто ќе произведе деца кои нема да можат да се снајдат ниту во просторот ниту во времето, што нема да знаат што е лево, што е десно, што е гору, што е долу, нешто што страшно ќе им се одрази во животот, за жал доколку овој учебник продолжи да се користи, дециден е д-р Никола Минов кој потоа своето тврдење по поткрепи со своите забелешки, односно пропустите и грешките кои постојат во овој учебник посебно во делот на историјата и географските факти.

The post Проф. Минов: Учебникот ќе произведе деца кои нема да можат да се снајдат ниту во просторот ниту во времето appeared first on Република.

Ковачевски: Министерот не ги пишува учебниците, авторите да обрнат поголемо внимание https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ministerot-ne-gi-pishuva-uchebnicite-avtorite-da-obrnat-pogolemo-vnimanie/ Mon, 19 Dec 2022 13:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=587687

Авторите треба да обрнат поголемо внимание при пишувањето на учебниците, но исто така внимание да обрнат и рецензентите при рецензирањето на книгите, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со актуелната ситуација со пропустите во учебникот за петто одделение.

На прашање дали ќе побара одговорност од министерот за образование и наука, Ковачевски рече дека министерот не ги пишува учебниците, туку авторите.

Министер за образование и наука не ги пишува учебниците. Учебници пишуваат автори, рецензија прават рецензенти. Затоа, онаму каде што се појавиле грешки при пишувањето на книгите, при нивното рецензирање, тие ќе треба да бидат вратени и да бидат заменети со текстови кои што ќе бидат напишани на научен начин, рецензирани согласно научната пракса, и како такви повторно дистрибуирани - изјави премиерот по доделувањето на социјалните станови на граѓани во Пробиштип.

Инаку, деновиве беа констатирани нелогичности во учебникот по Историја и општество за петто одделение

Министерството за образование и наука и Педагошката служба соопштија дека е почнат процесот за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на овој учебник за кој, како што се наведува, се констатирани низа грешки и нелогичности не смееја да се дозволат.

The post Ковачевски: Министерот не ги пишува учебниците, авторите да обрнат поголемо внимание appeared first on Република.

]]>

Авторите треба да обрнат поголемо внимание при пишувањето на учебниците, но исто така внимание да обрнат и рецензентите при рецензирањето на книгите, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со актуелната ситуација со пропустите во учебникот за петто одделение. На прашање дали ќе побара одговорност од министерот за образование и наука, Ковачевски рече дека министерот не ги пишува учебниците, туку авторите.
Министер за образование и наука не ги пишува учебниците. Учебници пишуваат автори, рецензија прават рецензенти. Затоа, онаму каде што се појавиле грешки при пишувањето на книгите, при нивното рецензирање, тие ќе треба да бидат вратени и да бидат заменети со текстови кои што ќе бидат напишани на научен начин, рецензирани согласно научната пракса, и како такви повторно дистрибуирани - изјави премиерот по доделувањето на социјалните станови на граѓани во Пробиштип.
Инаку, деновиве беа констатирани нелогичности во учебникот по Историја и општество за петто одделение Министерството за образование и наука и Педагошката служба соопштија дека е почнат процесот за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на овој учебник за кој, како што се наведува, се констатирани низа грешки и нелогичности не смееја да се дозволат.

The post Ковачевски: Министерот не ги пишува учебниците, авторите да обрнат поголемо внимание appeared first on Република.

]]>
Реакција од Здружението на историчари: Учебникот ќе му нанесе непроценлива штета на воспитно-образовниот процес https://republika.mk/vesti/makedonija/reakcija-od-zdruzenieto-na-istorichari-uchebnikot-kje-mu-nanese-neprocenliva-shteta-na-vospitno-obrazovniot-proces/ Mon, 19 Dec 2022 10:22:16 +0000 https://republika.mk/?p=587541

Здружението на историчарите на Република Македонија реагира по повод објавувањето на учебникот по предметот Историја и општество за V одделение од авторките Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, во кој се направени редица пропусти, и во содржинска и во концепциска смисла, и се наведени повеќе погрешни информации.

Поради тоа сметаме дека доколку овој учебник се употребува во наставата, ќе му нанесе непроценлива штета на воспитно-образовниот процес и ќе влијае негативно врз развојот на учениците. Недозволиво е во XXI век, учениците да ги добиваат своите први сознанија, меѓу другото и од областа на историјата, од учебник што изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации“, велат преку соопштение историчарите.

Во нашата реакција изнесуваме само неколку од многуте недостатоци во наставната тема број 3 во учебникот насловена како „Праисторија и историја“. Напоменуваме дека ова се само дел од забелешките кои ќе бидат интегрирани во опсежната критичка анализа која ја подготвува Здружението на историчари на Република Македонија и која во најскоро време ќе ја достави до Министерството за образование и наука, со барање да го повлече учебникот од употреба. Истото се однесува и на Концепцијата за основно образование, чијшто продукт е самиот учебник, кој е заснован на новата наставна програма.

  1. „Стариот/ античка историја век е историски период кој започнал со пронаоѓањето на првото писмо а завршил во V век пр.н.е.“ (стр. 113)

Ова е погрешен податок, според кој почетокот на средниот век, во суштина, се поместува 10 века поназад. Имено, средниот век започнува со големите преселби на народите во V од н. е. Според она што го навеле авторките, средниот век во историјата започнува со Грчко-персиските војни. Понатаму не постои нешто наречено „Стариот/ античка историја век“, бидејќи античката историја е, впрочем, само еден дел од она што се нарекува историја на стариот век.

  1. „Почетокот на новиот век/ модерната историја започнува со откривањето на парната машинаа историски завршува со почетокот на Првата светска војна.“ (стр. 116)

Новиот век не започнува со пронаѓањето на парната машина во XVIII век. Новиот век, во согласност со академскиот консезус во Европа, започнува со појавата на печатницата на Гутенберг и со ренесансата, којa ги црпи основните идејни постулати од средновековието.

  1. Во самиот вовед на делот за археологијата се имплицира дека најстарите локалитети се од металните времиња, што не е точно, бидејќи еден од најзначајните периоди кај нас е каменото време. При споменувањето на Кокино, постојано се повторува „градба“ и „изградено“ (стр. 145), а, всушност, се работи за природна карпа која е секундарно обработена. Во однос на Хераклеја се вели дека „основан е во VI век пр.н.е.“ (стр. 149). За тоа не постојат никакви докази (археолозите овој град го определуваат хронолошки во IV или пак во II век пр. н. е., но во никој случај во VI век пр. н. е.). Воедно, се констатира дека Хераклеја била колонија, без, притоа, да се прецизира што претставува тоа, односно чија колонија била. Кај Самуилова тврдина се вели дека „најголемиот дел од ѕидовите и кулите датираат од времето на царот Самуил“ (стр. 151), иако археолозите сметаат дека остатоците од денешните ѕидини се од подоцнежен период. Исто така, авторките наведуваат дека во близина на Самуиловата тврдина се наоѓа „амфитеатар“ (стр. 151), што не е точно, бидејќи станува збор за антички театар.
  2. „Никола Тесла изумител на електричната енергија.“ (стр. 116)

Истражувањето и откривањето на електрицитетот има своја историја, која започнува со старогрчкиот филозоф Талес од Милет. Никола Тесла, историски гледано, ја има заслугата за креирањето услови за користење и производство на наизменичната струја.

  1. „Марија Кири – полска научничка добитничка на две Нобелови награди за наука.“ (стр. 116)

Марија Кири двапати ја добила Нобеловата награда, и тоа за хемија и за физика. Не постои „Нобелова награда за наука“.

  1. „Откритието на тркалото исто така придонело за побрз развој на заедниците во кои живееле праисториските луѓе. Тркалото од каменото време немало некоја позначајна улога врз развојот на општеството, бидејќи го користеле како тркало за изработка на глинени садови.“ (стр. 105)

Откривањето на тркалото претставува едно од првите човекови открија кое го олеснило живеењето на тогашниот човек. Вака конструираната констатација на авторките е конфузна и нелогична.

  1. Табелата наменета за потсетување на учениците (стр. 118) содржи погрешни описи како резултат на претходно изнесената погрешна периодизација.
  2. „Египетскиот календар е лунарен.“ (стр. 120)

Египетскиот календар е, всушност, соларен.

  1. „Асирскиот календар е лунарен календар.“ (стр. 121)

Асирскиот календар е лунисоларен. Тука може да се констатира и фрапантно непознавање на темата за која пишуваат авторките. Имено, наставната содржина е наменета за календарот на Асирското Царство, во кое се користело клинестото писмо. Табелата во која се претставени месеците и нивните имиња, всушност, е напишана на сириски абџад и претставува календар кој го користат современите Асирци, при што тој е и обратно поставен. Сирискиот абџад се пишува од десно кон лево, додека прикажаното на табелата е пишувано од лево кон десно.

  1. Римскиот колосеум „потекнува од пред 72 година од н. е.“ (стр. 141)

Изградбата на Колосеумот започнала околу 72 година од н. е. и била завршена за осум години.

  1. Дадени се прикази на Роза Луксембург и на Мартин Лутер Кинг (стр. 4445), во кои не се зборува за нивното дело, туку се истакнуваат само нивните морални и лични карактеристики.
  2. „Наша ера, нова ера“

Во учебникот на различни страници се користат термините „наша ера“ и „нова ера“. Недозволива е ваква неконзистенстност на термините во учебник кој треба да биде почетно запознавање на учениците со историјата како наука.

  1. Пишаните извори се многу сигурни. (стр. 128)

Со оваа констатација учениците погрешно ќе го разберат карактерот на пишаните извори, сметајќи дека тие не треба да бидат доведувани во прашање. Од аспект на историската наука, и пишаните извори се подложни на критичка анализа.

Покрај наведените кардинални и издвоени забелешки, мораме да истакнеме дека учебникот се одликува со неквалитетна нагледност. Има многу илустрации, кои се со исклучително лош квалитет, вклучувајќи ги и картите, а на места тие се и несоодветни за периодот на кој треба да се однесуваат. Тоа го наметнува и прашањето за самиот извор на користените илустрации, што го повлекува и прашањето околу aвторските права (copyright).

Содржините во учебникот воопшто не им нудат на учениците сознанија од историјата врз основа на кои тие ќе бидат во можност да го согледаат историскиот контекст. Така, Македонија како историски термин воопшто не се користи. Единствено се користи името „Република Македонија“, и тоа во врска со мапата на која учениците треба да ги нотираат археолошките наоѓалишта. На овој начин учениците нема да бидат во можност да ги стекнат основните знаења за историскиот контекст и за значењето на посочените археолошки наоѓалишта, иако авторките самите констатираат дека „археолошките наоѓалишта се сведоци за историското минато на населението кое живеело на одредено подрачје“. Притоа, една од задачите за учениците е да изработат брошура на која ќе ги „прикажат сите карактеристики на некое археолошко наоѓалиште од нашата земја“ и тоа врз основа на истражување на „интернет или од други извори“, а како извори во учебникот се посочени „bitola.info“ и „https://macedoniafromabove.mk“.

Придавката македонски е употребена само на четири места, и тоа за користењето на Јулијанскиот календар од страна на „македонската православна црква“ (стр. 124, 126 – иако официјалното име е Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија); потоа за апстрактната задача која им се дава на учениците да дознаат „кои се архаичните македонски имиња на месеците и зошто така се викаат“ (стр. 126), како и за Марко Цепенков, „собирачот на македонски приказни“ (стр. 129). Toa доволно ја илустрира концепциската поставеност на учебникот.

Текстовите воопшто не одговараат на клучните методолошки прашања на кои треба да одговори еден наратив, а тоа се: кој, кога, како, што и зошто. Во учебникот ретко се поставува прашањето „како“, а прашањето „зошто“ воопшто не се ни обработува. Современото образование бара развој на критичкото размислување, кое воопшто не може да се поттикне од вака составените текстови. Притоа, треба да се истакне дека во учебникот не се става акцент на информациите и на нивната точност, туку на современите идеолошки определби, кои кога се истакнуваат на штета на историскиот наратив, се неприфатливи.

Општо земено, сметаме дека учебникот е, всушност, директен резултат на избрзано донесената Концепција за основно образование, врз база на која е изработена и новата наставна програма. Таа програма, со сите свои недостатоци, ги дава насоките за составување на учебникот, и во поглед на концептуалната структура и во поглед на содржината. Оттука, нужно е наставната програма да се повлече, како и самата Концепција врз основа на која е изработена. Напоменуваме дека уште пред нејзиното донесување, Концепцијата за основно образование беше изложена на остри критики и беше целосно отфрлена од сите релевантни научни и високообразовни институции, при што беше укажано на штетата што ќе ја предизвика, нешто што сега станува очигледно.

Концепцијата за основно образование, со која беше укинат предметот Историја како одделен предмет, всушност, го сведува изучувањето на историјата на ниво на поимско и фактографско учење. Со тоа историјата е ставена на маргините, со намера, евидентно, да ѝ се посветува само една тема годишно. Тоа е недозволива деградација на историјата и како наука и како наставен предмет, што ќе резултира со градење на идни генерации ученици кои ќе немаат основни познавања од историјата, но што е уште поважно, генерации кај кои нема да се поттикнува интересот за минатото и односот кон него. Особено што изучувањето на историјата во основното образование, по дефиниција има за цел да гради свест за припадност. Врв на целиот процес е посочениот учебник и неговите суштински недостатоци. Последица на Концепцијата е и погрешниот географски контекст содржан во учебникот (стр. 93), што се должи и на укинувањето на предметот Географија. Притоа, би сакале да нагласиме дека нашите забелешки се научно фундирани и лесно проверливи.

Со оглед на тоа што учебникот изобилува со неверодостојни информации, полувистини и небулози, сметаме дека тој не смее да биде дел од македонскиот воспитно-образовен систем, имајќи предвид дека Министерството за образование и наука има законска должност да обезбеди квалитетен процес на воспитание и образование на учениците.

Затоа Здружението на историчарите на Република Македонија во најскоро време ќе достави до Министерството за образование и наука детална критичка анализа на учебникот, врз основа на која ќе побара тој да биде повлечен од употреба, а целата Концепција за основно образование да се преиспита и за неа одново да се поведе реална јавна дебата, имајќи ги предвид крајно негативните последици, како и подготовката на претстојните учебници. Сметаме дека е тоа крајно неопходно, бидејќи е неприфатливо да ја доведуваме во прашање иднината на нашите деца, а со тоа и на државата и на нацијата.

The post Реакција од Здружението на историчари: Учебникот ќе му нанесе непроценлива штета на воспитно-образовниот процес appeared first on Република.

]]>

Здружението на историчарите на Република Македонија реагира по повод објавувањето на учебникот по предметот Историја и општество за V одделение од авторките Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, во кој се направени редица пропусти, и во содржинска и во концепциска смисла, и се наведени повеќе погрешни информации.
Поради тоа сметаме дека доколку овој учебник се употребува во наставата, ќе му нанесе непроценлива штета на воспитно-образовниот процес и ќе влијае негативно врз развојот на учениците. Недозволиво е во XXI век, учениците да ги добиваат своите први сознанија, меѓу другото и од областа на историјата, од учебник што изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации“, велат преку соопштение историчарите.
Во нашата реакција изнесуваме само неколку од многуте недостатоци во наставната тема број 3 во учебникот насловена како „Праисторија и историја“. Напоменуваме дека ова се само дел од забелешките кои ќе бидат интегрирани во опсежната критичка анализа која ја подготвува Здружението на историчари на Република Македонија и која во најскоро време ќе ја достави до Министерството за образование и наука, со барање да го повлече учебникот од употреба. Истото се однесува и на Концепцијата за основно образование, чијшто продукт е самиот учебник, кој е заснован на новата наставна програма.
  1. „Стариот/ античка историја век е историски период кој започнал со пронаоѓањето на првото писмо а завршил во V век пр.н.е.“ (стр. 113)
Ова е погрешен податок, според кој почетокот на средниот век, во суштина, се поместува 10 века поназад. Имено, средниот век започнува со големите преселби на народите во V од н. е. Според она што го навеле авторките, средниот век во историјата започнува со Грчко-персиските војни. Понатаму не постои нешто наречено „Стариот/ античка историја век“, бидејќи античката историја е, впрочем, само еден дел од она што се нарекува историја на стариот век.
  1. „Почетокот на новиот век/ модерната историја започнува со откривањето на парната машинаа историски завршува со почетокот на Првата светска војна.“ (стр. 116)
 
Новиот век не започнува со пронаѓањето на парната машина во XVIII век. Новиот век, во согласност со академскиот консезус во Европа, започнува со појавата на печатницата на Гутенберг и со ренесансата, којa ги црпи основните идејни постулати од средновековието.
  1. Во самиот вовед на делот за археологијата се имплицира дека најстарите локалитети се од металните времиња, што не е точно, бидејќи еден од најзначајните периоди кај нас е каменото време. При споменувањето на Кокино, постојано се повторува „градба“ и „изградено“ (стр. 145), а, всушност, се работи за природна карпа која е секундарно обработена. Во однос на Хераклеја се вели дека „основан е во VI век пр.н.е.“ (стр. 149). За тоа не постојат никакви докази (археолозите овој град го определуваат хронолошки во IV или пак во II век пр. н. е., но во никој случај во VI век пр. н. е.). Воедно, се констатира дека Хераклеја била колонија, без, притоа, да се прецизира што претставува тоа, односно чија колонија била. Кај Самуилова тврдина се вели дека „најголемиот дел од ѕидовите и кулите датираат од времето на царот Самуил“ (стр. 151), иако археолозите сметаат дека остатоците од денешните ѕидини се од подоцнежен период. Исто така, авторките наведуваат дека во близина на Самуиловата тврдина се наоѓа „амфитеатар“ (стр. 151), што не е точно, бидејќи станува збор за антички театар.
  2. „Никола Тесла изумител на електричната енергија.“ (стр. 116)
Истражувањето и откривањето на електрицитетот има своја историја, која започнува со старогрчкиот филозоф Талес од Милет. Никола Тесла, историски гледано, ја има заслугата за креирањето услови за користење и производство на наизменичната струја.
  1. „Марија Кири – полска научничка добитничка на две Нобелови награди за наука.“ (стр. 116)
 
Марија Кири двапати ја добила Нобеловата награда, и тоа за хемија и за физика. Не постои „Нобелова награда за наука“.
 
  1. „Откритието на тркалото исто така придонело за побрз развој на заедниците во кои живееле праисториските луѓе. Тркалото од каменото време немало некоја позначајна улога врз развојот на општеството, бидејќи го користеле како тркало за изработка на глинени садови.“ (стр. 105)
Откривањето на тркалото претставува едно од првите човекови открија кое го олеснило живеењето на тогашниот човек. Вака конструираната констатација на авторките е конфузна и нелогична.
  1. Табелата наменета за потсетување на учениците (стр. 118) содржи погрешни описи како резултат на претходно изнесената погрешна периодизација.
  2. „Египетскиот календар е лунарен.“ (стр. 120)
Египетскиот календар е, всушност, соларен.
  1. „Асирскиот календар е лунарен календар.“ (стр. 121)
Асирскиот календар е лунисоларен. Тука може да се констатира и фрапантно непознавање на темата за која пишуваат авторките. Имено, наставната содржина е наменета за календарот на Асирското Царство, во кое се користело клинестото писмо. Табелата во која се претставени месеците и нивните имиња, всушност, е напишана на сириски абџад и претставува календар кој го користат современите Асирци, при што тој е и обратно поставен. Сирискиот абџад се пишува од десно кон лево, додека прикажаното на табелата е пишувано од лево кон десно.
  1. Римскиот колосеум „потекнува од пред 72 година од н. е.“ (стр. 141)
Изградбата на Колосеумот започнала околу 72 година од н. е. и била завршена за осум години.
  1. Дадени се прикази на Роза Луксембург и на Мартин Лутер Кинг (стр. 4445), во кои не се зборува за нивното дело, туку се истакнуваат само нивните морални и лични карактеристики.
  2. „Наша ера, нова ера“
Во учебникот на различни страници се користат термините „наша ера“ и „нова ера“. Недозволива е ваква неконзистенстност на термините во учебник кој треба да биде почетно запознавање на учениците со историјата како наука.
  1. Пишаните извори се многу сигурни. (стр. 128)
Со оваа констатација учениците погрешно ќе го разберат карактерот на пишаните извори, сметајќи дека тие не треба да бидат доведувани во прашање. Од аспект на историската наука, и пишаните извори се подложни на критичка анализа. Покрај наведените кардинални и издвоени забелешки, мораме да истакнеме дека учебникот се одликува со неквалитетна нагледност. Има многу илустрации, кои се со исклучително лош квалитет, вклучувајќи ги и картите, а на места тие се и несоодветни за периодот на кој треба да се однесуваат. Тоа го наметнува и прашањето за самиот извор на користените илустрации, што го повлекува и прашањето околу aвторските права (copyright).
Содржините во учебникот воопшто не им нудат на учениците сознанија од историјата врз основа на кои тие ќе бидат во можност да го согледаат историскиот контекст. Така, Македонија како историски термин воопшто не се користи. Единствено се користи името „Република Македонија“, и тоа во врска со мапата на која учениците треба да ги нотираат археолошките наоѓалишта. На овој начин учениците нема да бидат во можност да ги стекнат основните знаења за историскиот контекст и за значењето на посочените археолошки наоѓалишта, иако авторките самите констатираат дека „археолошките наоѓалишта се сведоци за историското минато на населението кое живеело на одредено подрачје“. Притоа, една од задачите за учениците е да изработат брошура на која ќе ги „прикажат сите карактеристики на некое археолошко наоѓалиште од нашата земја“ и тоа врз основа на истражување на „интернет или од други извори“, а како извори во учебникот се посочени „bitola.info“ и „https://macedoniafromabove.mk“. Придавката македонски е употребена само на четири места, и тоа за користењето на Јулијанскиот календар од страна на „македонската православна црква“ (стр. 124, 126 – иако официјалното име е Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија); потоа за апстрактната задача која им се дава на учениците да дознаат „кои се архаичните македонски имиња на месеците и зошто така се викаат“ (стр. 126), како и за Марко Цепенков, „собирачот на македонски приказни“ (стр. 129). Toa доволно ја илустрира концепциската поставеност на учебникот. Текстовите воопшто не одговараат на клучните методолошки прашања на кои треба да одговори еден наратив, а тоа се: кој, кога, како, што и зошто. Во учебникот ретко се поставува прашањето „како“, а прашањето „зошто“ воопшто не се ни обработува. Современото образование бара развој на критичкото размислување, кое воопшто не може да се поттикне од вака составените текстови. Притоа, треба да се истакне дека во учебникот не се става акцент на информациите и на нивната точност, туку на современите идеолошки определби, кои кога се истакнуваат на штета на историскиот наратив, се неприфатливи. Општо земено, сметаме дека учебникот е, всушност, директен резултат на избрзано донесената Концепција за основно образование, врз база на која е изработена и новата наставна програма. Таа програма, со сите свои недостатоци, ги дава насоките за составување на учебникот, и во поглед на концептуалната структура и во поглед на содржината. Оттука, нужно е наставната програма да се повлече, како и самата Концепција врз основа на која е изработена. Напоменуваме дека уште пред нејзиното донесување, Концепцијата за основно образование беше изложена на остри критики и беше целосно отфрлена од сите релевантни научни и високообразовни институции, при што беше укажано на штетата што ќе ја предизвика, нешто што сега станува очигледно. Концепцијата за основно образование, со која беше укинат предметот Историја како одделен предмет, всушност, го сведува изучувањето на историјата на ниво на поимско и фактографско учење. Со тоа историјата е ставена на маргините, со намера, евидентно, да ѝ се посветува само една тема годишно. Тоа е недозволива деградација на историјата и како наука и како наставен предмет, што ќе резултира со градење на идни генерации ученици кои ќе немаат основни познавања од историјата, но што е уште поважно, генерации кај кои нема да се поттикнува интересот за минатото и односот кон него. Особено што изучувањето на историјата во основното образование, по дефиниција има за цел да гради свест за припадност. Врв на целиот процес е посочениот учебник и неговите суштински недостатоци. Последица на Концепцијата е и погрешниот географски контекст содржан во учебникот (стр. 93), што се должи и на укинувањето на предметот Географија. Притоа, би сакале да нагласиме дека нашите забелешки се научно фундирани и лесно проверливи. Со оглед на тоа што учебникот изобилува со неверодостојни информации, полувистини и небулози, сметаме дека тој не смее да биде дел од македонскиот воспитно-образовен систем, имајќи предвид дека Министерството за образование и наука има законска должност да обезбеди квалитетен процес на воспитание и образование на учениците. Затоа Здружението на историчарите на Република Македонија во најскоро време ќе достави до Министерството за образование и наука детална критичка анализа на учебникот, врз основа на која ќе побара тој да биде повлечен од употреба, а целата Концепција за основно образование да се преиспита и за неа одново да се поведе реална јавна дебата, имајќи ги предвид крајно негативните последици, како и подготовката на претстојните учебници. Сметаме дека е тоа крајно неопходно, бидејќи е неприфатливо да ја доведуваме во прашање иднината на нашите деца, а со тоа и на државата и на нацијата.

The post Реакција од Здружението на историчари: Учебникот ќе му нанесе непроценлива штета на воспитно-образовниот процес appeared first on Република.

]]>
Досега ги мешааа знамињата во институциите, а сега почнаа и во учебниците: Откриена нова грешка во наставниот материјал https://republika.mk/vesti/makedonija/dosega-gi-meshaaa-znaminjata-vo-instituciite-a-sega-pochnaa-i-vo-uchebnicite-otkriena-nova-greshka-vo-nastavniot-materijal/ Fri, 16 Dec 2022 08:12:58 +0000 https://republika.mk/?p=586293

Откако беше откриено дека нашите деца ќе учат дека Монт Еверест е висок 22 километри и дека Албанија на Македонија ѝ е источен, а Бугарија западен сосед, вчера е откриено дека нашите експерти по географија се „истакнале“ со уште една грешка во учебниот материјал за основците.

Станува збор за лекција во која се опишува Португалија. Текстот е во ред, но во левиот горен агол на страницата се забележува знаме, кое според авторот на овој учебник, треба да биде знамето на Португалија.

Но, веднаш се забележува дека тука нешто не е во ред, а тоа е дека ова знаме е знамето на Шпанија, а не на Португалија.

Еве како навистина изгледа знамето на Португалија:

Португалија и Шпанија навистина се соседни земји, но тоа не е причина децата да учат погрешни знамиња.

The post Досега ги мешааа знамињата во институциите, а сега почнаа и во учебниците: Откриена нова грешка во наставниот материјал appeared first on Република.

]]>

Откако беше откриено дека нашите деца ќе учат дека Монт Еверест е висок 22 километри и дека Албанија на Македонија ѝ е источен, а Бугарија западен сосед, вчера е откриено дека нашите експерти по географија се „истакнале“ со уште една грешка во учебниот материјал за основците. Станува збор за лекција во која се опишува Португалија. Текстот е во ред, но во левиот горен агол на страницата се забележува знаме, кое според авторот на овој учебник, треба да биде знамето на Португалија. Но, веднаш се забележува дека тука нешто не е во ред, а тоа е дека ова знаме е знамето на Шпанија, а не на Португалија. Еве како навистина изгледа знамето на Португалија: Португалија и Шпанија навистина се соседни земји, но тоа не е причина децата да учат погрешни знамиња.

The post Досега ги мешааа знамињата во институциите, а сега почнаа и во учебниците: Откриена нова грешка во наставниот материјал appeared first on Република.

]]>
Весела географија на нашата земја: Учебникот не знае која земја е на запад, а која на исток од Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/vesela-geografija-na-nashata-zemja-uchebnikot-ne-znae-koja-zemja-e-na-zapad-a-koja-na-istok-od-makedonija/ Thu, 15 Dec 2022 19:08:22 +0000 https://republika.mk/?p=586176

Актерот Рубенс Муратовски, на социјалните мрежи реагира за учебникот по географија во кој погрешно се наведуваат соседите на Република Македонија.

Во овој учебник се наведува дека на исток Македонија се граничи со Албанија, а на запад со Бугарија.

Би помислиле дека е грешка? Секако. Но, не е. Ако ја гледаш картата вака како што е, тогаш е грешка. Но, ако ја гледаш одоздола, тогаш не е, коментира Муратовски.

Претходно и учебникот по Историја и општество за петто одделение, чии автори се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, а издавач е МОН, предизвика бројни реакции од родители.

Како една од грешките што може да се најдат во овој учебник е во Тема 2 - „Населението и за континентите“, каде што пишува дека највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите, е висок 29.305 метри, а во реалноста врвот е висок 8.849 метри.

https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-uchebnik-po-istorija-i-opshtestvo-na-mon-go-izdigna-mont-everest-za-20-000-metri-povisoko/

The post Весела географија на нашата земја: Учебникот не знае која земја е на запад, а која на исток од Македонија appeared first on Република.

]]>

Актерот Рубенс Муратовски, на социјалните мрежи реагира за учебникот по географија во кој погрешно се наведуваат соседите на Република Македонија. Во овој учебник се наведува дека на исток Македонија се граничи со Албанија, а на запад со Бугарија.
Би помислиле дека е грешка? Секако. Но, не е. Ако ја гледаш картата вака како што е, тогаш е грешка. Но, ако ја гледаш одоздола, тогаш не е, коментира Муратовски.
Претходно и учебникот по Историја и општество за петто одделение, чии автори се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, а издавач е МОН, предизвика бројни реакции од родители. Како една од грешките што може да се најдат во овој учебник е во Тема 2 - „Населението и за континентите“, каде што пишува дека највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите, е висок 29.305 метри, а во реалноста врвот е висок 8.849 метри. https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-uchebnik-po-istorija-i-opshtestvo-na-mon-go-izdigna-mont-everest-za-20-000-metri-povisoko/

The post Весела географија на нашата земја: Учебникот не знае која земја е на запад, а која на исток од Македонија appeared first on Република.

]]>
Нов учебник во Полска предизвика гневни реакции поради текстот за раѓањето деца https://republika.mk/vesti/svet/nov-uchebnik-vo-polska-predizvika-gnevni-reakcii-poradi-tekstot-za-ragjanjeto-deca/ Tue, 16 Aug 2022 19:34:22 +0000 https://republika.mk/?p=541097

Нов учебник за средни училишта, развиен под покровителство на конзервативната Влада на Полска, наиде на критики кај дел од јавноста, оценувајќи го како обид да се индоктринираат младите луѓе.

Критиката на учебникот по современа историја, насловен „Историја и сегашност“, деновиве се фокусираше на пасусот кој ги опишува модерните пристапи кон сексуалноста и раѓањето деца. Се чини дека текстот изразува негативен став кон ин витро оплодување без експлицитно да се спомене терминот.

Извадокот гласи:

„Сè пософистицираните методи за одвојување на сексот од љубовта и плодноста доведуваат до гледање на сексот како забава, а плодноста како човечко производство, може да се каже размножување. Ова го покренува основното прашање: кој ќе ги сака децата, создадени на овој начин?

Водачот на опозициската центристичка партија Граѓанска платформа, Доналд Туск, за време на неодамнешниот состанокот со свои поддржувачи го критикуваше извадокот, но имаше критики и за министерот за образование Пшемишлов Чарнек и другите членови на Владата,

– Можете да прочитате дека децата зачнати преку ин витро оплодување се деца од фарми за одгледување кои никој не ги сака, рече Туск. Обраќајќи им се на владините претставници, тој рече: „Нема граница за нивната подлост. Нема линија што не ја преминале“.

Полското Министерство за образование негира дека пасусот се однесува на ин витро методата.

Чарнек се закани дека ќе го тужи Туск за клевета доколку поранешниот полски премиер и поранешен претседател на Европскиот совет не се извини.

– Ниту јас, ниту министерството не пишуваме ниту издаваме учебници, нагласи тој. Според неговите зборови, „Историјата и сегашноста“ не порачува дека никој не сака деца зачнати преку ин витро процедури.

Министерството за образование одговори на забелешките на Туск со твитирање дека само „болен и обземен од омраза“ ум на овој начин ќе го толкува тој дел од учебникот.

The post Нов учебник во Полска предизвика гневни реакции поради текстот за раѓањето деца appeared first on Република.

]]>

Нов учебник за средни училишта, развиен под покровителство на конзервативната Влада на Полска, наиде на критики кај дел од јавноста, оценувајќи го како обид да се индоктринираат младите луѓе. Критиката на учебникот по современа историја, насловен „Историја и сегашност“, деновиве се фокусираше на пасусот кој ги опишува модерните пристапи кон сексуалноста и раѓањето деца. Се чини дека текстот изразува негативен став кон ин витро оплодување без експлицитно да се спомене терминот. Извадокот гласи:
„Сè пософистицираните методи за одвојување на сексот од љубовта и плодноста доведуваат до гледање на сексот како забава, а плодноста како човечко производство, може да се каже размножување. Ова го покренува основното прашање: кој ќе ги сака децата, создадени на овој начин?
Водачот на опозициската центристичка партија Граѓанска платформа, Доналд Туск, за време на неодамнешниот состанокот со свои поддржувачи го критикуваше извадокот, но имаше критики и за министерот за образование Пшемишлов Чарнек и другите членови на Владата,
– Можете да прочитате дека децата зачнати преку ин витро оплодување се деца од фарми за одгледување кои никој не ги сака, рече Туск. Обраќајќи им се на владините претставници, тој рече: „Нема граница за нивната подлост. Нема линија што не ја преминале“.
Полското Министерство за образование негира дека пасусот се однесува на ин витро методата. Чарнек се закани дека ќе го тужи Туск за клевета доколку поранешниот полски премиер и поранешен претседател на Европскиот совет не се извини.
– Ниту јас, ниту министерството не пишуваме ниту издаваме учебници, нагласи тој. Според неговите зборови, „Историјата и сегашноста“ не порачува дека никој не сака деца зачнати преку ин витро процедури.
Министерството за образование одговори на забелешките на Туск со твитирање дека само „болен и обземен од омраза“ ум на овој начин ќе го толкува тој дел од учебникот.

The post Нов учебник во Полска предизвика гневни реакции поради текстот за раѓањето деца appeared first on Република.

]]>
МОН формира Комисија за спорниот учебник по Социологија за втора година гимназија https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-formira-komisija-za-sporniot-uchebnik-po-sociologija-za-vtora-godina-gimnazija/ Tue, 09 Aug 2022 15:20:46 +0000 https://republika.mk/?p=538428

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник - учебникот Социологија за 2-ра (втора) година гимназиско образование. Во законски рок од 10 дена, Комисијата треба да го достави предлогот до министерот за образование и наука. Формирањето на комисијата следи по забелешките од јавноста, особено од стручната фела.

Инклузивниот процес за подобрување на квалитетот на едукативните содржини и за елиминирање на дискриминација и стереотипи, е најефективен и затоа МОН овозможува јавноста да биде вклучена во процесот на отстранување на грешките од различна природа и несоодветните содржини во учебниците. Информираме дека е креирана и е-mail адреса ([email protected]) каде можат да се испраќат коментари и забелешки за учебниците што се во употреба.

Во изминатиот период беа донесени неколку одлуки за повлекување на одобрени учебници, за кои имаше реакции. Со темелната реформа на образовниот систем, што предвидува изготвување на нови наставни програми, ќе бидат изработени и нови учебници и материјали за учење по сите предмети. Во тек е постапка за набавка на учебници по сите предмети од прво, второ, четврто и петто одделение, за кои се изготвени нови наставни програми, а согласно планот за реформирање на основното образование.

The post МОН формира Комисија за спорниот учебник по Социологија за втора година гимназија appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник - учебникот Социологија за 2-ра (втора) година гимназиско образование. Во законски рок од 10 дена, Комисијата треба да го достави предлогот до министерот за образование и наука. Формирањето на комисијата следи по забелешките од јавноста, особено од стручната фела. Инклузивниот процес за подобрување на квалитетот на едукативните содржини и за елиминирање на дискриминација и стереотипи, е најефективен и затоа МОН овозможува јавноста да биде вклучена во процесот на отстранување на грешките од различна природа и несоодветните содржини во учебниците. Информираме дека е креирана и е-mail адреса ([email protected]) каде можат да се испраќат коментари и забелешки за учебниците што се во употреба. Во изминатиот период беа донесени неколку одлуки за повлекување на одобрени учебници, за кои имаше реакции. Со темелната реформа на образовниот систем, што предвидува изготвување на нови наставни програми, ќе бидат изработени и нови учебници и материјали за учење по сите предмети. Во тек е постапка за набавка на учебници по сите предмети од прво, второ, четврто и петто одделение, за кои се изготвени нови наставни програми, а согласно планот за реформирање на основното образование.

The post МОН формира Комисија за спорниот учебник по Социологија за втора година гимназија appeared first on Република.

]]>