убиства Archives - Република https://republika.mk/tema/ubistva/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 11:28:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png убиства Archives - Република https://republika.mk/tema/ubistva/ 32 32 Убивале за одмазда и по порачка – обвинение за дел од кланот „Грчец“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubivale-za-odmazda-i-po-porachka-obvinenie-za-del-od-klanot-grchets/ Tue, 16 Jul 2024 11:28:48 +0000 https://republika.mk/?p=797343

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година во предметот „Грчец“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица.

Како што наведува Обвинителството, според описот наведен во првиот дел од диспозитивот на Обвинителниот акт тројца од обвинетите како припадници на организираната меѓународна криминална група извршиле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 од Кривичен законик. Тие како припадници на организирана меѓународна криминална група, заедно со други лица од кои дел се осомничени во предметот и се недостапни на органите на прогонот, дел се починати, а дел веќе осудени, заеднички делувале, секој во својата улога на неовластена набавка, пренесување, држење, продажба и посредување во купопродажба. Во повеќе наврати во текот на 2020 година овие тројца обвинети биле инволвирани во неовластено купување на 15,005 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/objavena-poternitsa-za-muaremi-popoznat-kako-sheval-od-grchets/

Меѓународната криминална група чии припадници се обвинетите, делувала во временскиот период од 14.06.2019 до 09.03.2021 година при што во повеќе наврати спровела неовластено купување на наркотична дрога – кокаин од земјите од Јужна Америка, организирајќи го и нејзиното пренесување преку воден пат до Европските земји. Неовластеното пренесување на наркотичната дрога – кокаин наменета за неовластена продажба во Р.СМакедонија од Кралството Белгија и од Р.Албанија преку Косово го договарал и организирал еден од осомничените во предметот – недостапен на органите на прогонот кој е организатор на групата во РСМакедонија.

На останатите двајца обвинети им се става на товар дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394 ст.3 и Убиство од чл.123 ст.2 т.5 од Кривичен законик. Имено, во временскиот период од декември 2019 до март 2021 година, осомничениот организатор на погореспоменатата криминална група кој е во бегство, заедно со уште едно лице недостапно на органите на прогонот и двајца починати создале криминална група која имала за цел вршење на кривично дело Убиство од одмазда и по порачка. Припадници на групата покрај двајца починати станале и двајца осомничени во предметот – недостапни на органите на прогонот, како и двајцата обвинети. Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде лишен од живот. Одлуките ги спроведувале лично или преку припадниците на организираната криминална група, кои ги прифаќале и спроведувале, а договорите, налозите и упатствата биле пренесувани во непосредни контакти или преку енкриптирани телефони на кои била инсталирана апликацијата “SKY“. Така, организаторите врз основа на претходни сознанија во кои биле цврсто убедени, дека едно лице наводно е учесник и предводник во престрелката во Хотел „Александар Палас“ во Скопје, каде со употреба на огнено оружје било пукано кон дел од членовите на групата, започнале да прават план за лишување од живот на лицето. Откако донеле одлука да го убијат ги ангажирале двајцата обвинети и уште едно сега починато лице, давајќи им налог да го следат неговото движење. По неколку неуспешни обиди на 5.3.2020 година, обвинетите и сега починатиот употребувајќи светлосни сигнални уреди – флешери го запреле возилото во кое се наоѓало лицето кое им било цел со уште три други лица и со употреба на автоматско оружје и пиштол го лишиле од живот , притоа убивајќи уште едно лице кое седело зад него.

https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-e-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/

Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и посебен предлог на обвинетите да им се продолжи мерката притвор заради постоење на можност обвинетите да се дадат во бегство или да го повторат делото.

Наредбата за спроведување на истражна постапка беше донесена во јануари против 15 лица. За четири лица кои се недостапни на органите на прогонот, обвинителството преку Министерството за правда ги има преземено сите неопходни активности согласно Законот за меѓународна помош во кривична материја. Така, за две лица се доставени документи за екстрадиција до Обединетите арапски емирати, за едно лице до Р. Хрватска и за едно лице до шпанските власти. Постапките за екстрадиција се водат согласно процесните закони на државите во кои се наоѓаат осомничените лица и за нив истражната постапка ќе продолжи по нивното обезбедување, како и за останатите осомничени.

The post Убивале за одмазда и по порачка – обвинение за дел од кланот „Грчец“ appeared first on Република.

]]>

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година во предметот „Грчец“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица. Како што наведува Обвинителството, според описот наведен во првиот дел од диспозитивот на Обвинителниот акт тројца од обвинетите како припадници на организираната меѓународна криминална група извршиле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 од Кривичен законик. Тие како припадници на организирана меѓународна криминална група, заедно со други лица од кои дел се осомничени во предметот и се недостапни на органите на прогонот, дел се починати, а дел веќе осудени, заеднички делувале, секој во својата улога на неовластена набавка, пренесување, држење, продажба и посредување во купопродажба. Во повеќе наврати во текот на 2020 година овие тројца обвинети биле инволвирани во неовластено купување на 15,005 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/objavena-poternitsa-za-muaremi-popoznat-kako-sheval-od-grchets/ Меѓународната криминална група чии припадници се обвинетите, делувала во временскиот период од 14.06.2019 до 09.03.2021 година при што во повеќе наврати спровела неовластено купување на наркотична дрога – кокаин од земјите од Јужна Америка, организирајќи го и нејзиното пренесување преку воден пат до Европските земји. Неовластеното пренесување на наркотичната дрога – кокаин наменета за неовластена продажба во Р.СМакедонија од Кралството Белгија и од Р.Албанија преку Косово го договарал и организирал еден од осомничените во предметот – недостапен на органите на прогонот кој е организатор на групата во РСМакедонија. На останатите двајца обвинети им се става на товар дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394 ст.3 и Убиство од чл.123 ст.2 т.5 од Кривичен законик. Имено, во временскиот период од декември 2019 до март 2021 година, осомничениот организатор на погореспоменатата криминална група кој е во бегство, заедно со уште едно лице недостапно на органите на прогонот и двајца починати создале криминална група која имала за цел вршење на кривично дело Убиство од одмазда и по порачка. Припадници на групата покрај двајца починати станале и двајца осомничени во предметот – недостапни на органите на прогонот, како и двајцата обвинети. Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде лишен од живот. Одлуките ги спроведувале лично или преку припадниците на организираната криминална група, кои ги прифаќале и спроведувале, а договорите, налозите и упатствата биле пренесувани во непосредни контакти или преку енкриптирани телефони на кои била инсталирана апликацијата “SKY“. Така, организаторите врз основа на претходни сознанија во кои биле цврсто убедени, дека едно лице наводно е учесник и предводник во престрелката во Хотел „Александар Палас“ во Скопје, каде со употреба на огнено оружје било пукано кон дел од членовите на групата, започнале да прават план за лишување од живот на лицето. Откако донеле одлука да го убијат ги ангажирале двајцата обвинети и уште едно сега починато лице, давајќи им налог да го следат неговото движење. По неколку неуспешни обиди на 5.3.2020 година, обвинетите и сега починатиот употребувајќи светлосни сигнални уреди – флешери го запреле возилото во кое се наоѓало лицето кое им било цел со уште три други лица и со употреба на автоматско оружје и пиштол го лишиле од живот , притоа убивајќи уште едно лице кое седело зад него. https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-e-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/ Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и посебен предлог на обвинетите да им се продолжи мерката притвор заради постоење на можност обвинетите да се дадат во бегство или да го повторат делото. Наредбата за спроведување на истражна постапка беше донесена во јануари против 15 лица. За четири лица кои се недостапни на органите на прогонот, обвинителството преку Министерството за правда ги има преземено сите неопходни активности согласно Законот за меѓународна помош во кривична материја. Така, за две лица се доставени документи за екстрадиција до Обединетите арапски емирати, за едно лице до Р. Хрватска и за едно лице до шпанските власти. Постапките за екстрадиција се водат согласно процесните закони на државите во кои се наоѓаат осомничените лица и за нив истражната постапка ќе продолжи по нивното обезбедување, како и за останатите осомничени.

The post Убивале за одмазда и по порачка – обвинение за дел од кланот „Грчец“ appeared first on Република.

]]>
Сега во Македонија подземјето е надземје и владее со улиците https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sega-vo-makedonija-podzemjeto-e-nadzemje-i-vladee-so-ulitsite/ Wed, 03 Jan 2024 09:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=729195

Во Македонија никогаш не било полошо, како сега со ДУИ и СДС на власт. Безбедноста и јавниот ред никогаш не биле позагрозени како сега со Оливер Спасовски. Сега подземјето е надземје и владее со улиците.

Мафијашките пресметки станаа секојдневие, а најголем број од убиствата остануваат нерасветлени. Нема криминалец кој не се сликал со некој функционер на власта. Наместо борба против криминалот, институциите станаа јатаци на криминалците, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Пропаѓаат акции, затвореници бегаат од затвори, лица со дебело досиеја слободно се шетаат по улици и го повторуваат делото.Едноставно неказнивоста царува. Заради неказнивоста и пропустите во истрагата настрадаа малата Вања и велешанецот Панче. Најмалку едно од овие убиства можеше и требаше да биде спречено.

Граѓаните не може да добијат лична карта, ама затоа белосветски мафијаши добиваа македонски пасоши, во канцеларии на МВР со злоупотреба на идентитети на македонски граѓани.

Децата со месеци беа цел на лажни дојави на бомби во училиштата и МВР не направи ништо, ама затоа набавиле шпионски софтвер со кој може да го следат секој паметен уред на граѓаните и го користат за следење на неистомисленици.

Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски, СДС и ДУИ се директно одговорни за застрашувачкиот криминал. Важно е криминалот да биде поразен. Важно е да ја поразиме оваа власт.

The post Сега во Македонија подземјето е надземје и владее со улиците appeared first on Република.

]]>

Во Македонија никогаш не било полошо, како сега со ДУИ и СДС на власт. Безбедноста и јавниот ред никогаш не биле позагрозени како сега со Оливер Спасовски. Сега подземјето е надземје и владее со улиците. Мафијашките пресметки станаа секојдневие, а најголем број од убиствата остануваат нерасветлени. Нема криминалец кој не се сликал со некој функционер на власта. Наместо борба против криминалот, институциите станаа јатаци на криминалците, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Пропаѓаат акции, затвореници бегаат од затвори, лица со дебело досиеја слободно се шетаат по улици и го повторуваат делото.Едноставно неказнивоста царува. Заради неказнивоста и пропустите во истрагата настрадаа малата Вања и велешанецот Панче. Најмалку едно од овие убиства можеше и требаше да биде спречено.
Граѓаните не може да добијат лична карта, ама затоа белосветски мафијаши добиваа македонски пасоши, во канцеларии на МВР со злоупотреба на идентитети на македонски граѓани. Децата со месеци беа цел на лажни дојави на бомби во училиштата и МВР не направи ништо, ама затоа набавиле шпионски софтвер со кој може да го следат секој паметен уред на граѓаните и го користат за следење на неистомисленици. Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски, СДС и ДУИ се директно одговорни за застрашувачкиот криминал. Важно е криминалот да биде поразен. Важно е да ја поразиме оваа власт.

The post Сега во Македонија подземјето е надземје и владее со улиците appeared first on Република.

]]>
Ако не запрат убиствата во подземјето Пендаровски ќе остане без изборен штаб https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-ne-zaprat-ubistvata-vo-podzemjeto-pendarovski-ke-ostane-bez-izboren-shtab/ Sun, 16 Jul 2023 07:58:11 +0000 https://republika.mk/?p=661843

Ако продолжат пресметките во подземјето со ова темпо, стравувам дека Пендаровски ќе остане без луѓе во изборниот штаб”.

Вака охридскиот адвокат, а поранешен обвинител Војо Димоски ги коментира настаните кои се случија викендов во Грција, каде што беше убиен лидерот на кланот ,,Дуќанџик”.

Тој беше застрелан во Ханиоти, а има фотографијата на која е сликан со шефот на државата.

 

 

The post Ако не запрат убиствата во подземјето Пендаровски ќе остане без изборен штаб appeared first on Република.

]]>

Ако продолжат пресметките во подземјето со ова темпо, стравувам дека Пендаровски ќе остане без луѓе во изборниот штаб”. Вака охридскиот адвокат, а поранешен обвинител Војо Димоски ги коментира настаните кои се случија викендов во Грција, каде што беше убиен лидерот на кланот ,,Дуќанџик”. Тој беше застрелан во Ханиоти, а има фотографијата на која е сликан со шефот на државата.    

The post Ако не запрат убиствата во подземјето Пендаровски ќе остане без изборен штаб appeared first on Република.

]]>
Уапсен осомничен за убиствата на муслимани во Њу Мексико https://republika.mk/vesti/svet/uapsen-osomnichen-za-ubistvata-na-muslimani-vo-nju-meksiko/ Tue, 09 Aug 2022 21:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=538532

Полицијата на американската сојузна држава Њу Мексико објави во вторникот дека притворила осомничен за убиствата на четворица муслимани во Албакерки во последните девет месеци.

Началникот на полицијата на Албакерки, најголемиот град во оваа сојузна држава, Харолд Медина, објави на Twitter дека полицијата во рамките на истрагата следела едно возило.

Возачот е притворен и е нашиот главен осомничен за убиствата, објави началникот Медина.

Во Албакерки, кој има околу 556.000 жители, живеат околу 5.000 муслимани. Властите по последното четврто убиство на муслиман минатиот петок, се подготвуваат да воведат засилено полициско обезбедување во џамиите во текот на молитвите.

Првото убиство се случило во ноември минатата година. Другите тројца се убиени во последните два месеца од кои двајца последните две седмици, најверојатно поради нивната религија, според сомневањата на полицијата.

Двајца од убиените посетувале иста џамија. Убиени се кон крајот на јуни и на почетокот од август. Полицијата смета дека нивните убиства се поврзани со убиството на авганистански доселеник ланскиот ноември. Убиените се по потекло Пакистанци и Авганистанци.

Убиствата ја шокираа локалната муслиманска заедница, а во неделата ги осуди и американскиот претседател Џо Бајден. Полицијата уште претходно соопшти дека убиствата ги смета за насочени напади врз муслиманската заедница.

 

The post Уапсен осомничен за убиствата на муслимани во Њу Мексико appeared first on Република.

]]>

Полицијата на американската сојузна држава Њу Мексико објави во вторникот дека притворила осомничен за убиствата на четворица муслимани во Албакерки во последните девет месеци. Началникот на полицијата на Албакерки, најголемиот град во оваа сојузна држава, Харолд Медина, објави на Twitter дека полицијата во рамките на истрагата следела едно возило.
Возачот е притворен и е нашиот главен осомничен за убиствата, објави началникот Медина.
Во Албакерки, кој има околу 556.000 жители, живеат околу 5.000 муслимани. Властите по последното четврто убиство на муслиман минатиот петок, се подготвуваат да воведат засилено полициско обезбедување во џамиите во текот на молитвите. Првото убиство се случило во ноември минатата година. Другите тројца се убиени во последните два месеца од кои двајца последните две седмици, најверојатно поради нивната религија, според сомневањата на полицијата. Двајца од убиените посетувале иста џамија. Убиени се кон крајот на јуни и на почетокот од август. Полицијата смета дека нивните убиства се поврзани со убиството на авганистански доселеник ланскиот ноември. Убиените се по потекло Пакистанци и Авганистанци. Убиствата ја шокираа локалната муслиманска заедница, а во неделата ги осуди и американскиот претседател Џо Бајден. Полицијата уште претходно соопшти дека убиствата ги смета за насочени напади врз муслиманската заедница.  

The post Уапсен осомничен за убиствата на муслимани во Њу Мексико appeared first on Република.

]]>
Завет со крв: Соработниците на Веља Невоља морале „да ги закрват“ рацете за да ја добијат неговата доверба https://republika.mk/vesti/balkan/zavet-so-krv-sorabotnicite-na-velja-nevolja-morale-da-gi-zakrvat-racete-za-da-ja-dobijat-negovata-doverba/ Mon, 14 Mar 2022 12:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=472583

Сведокот-соработник во судењето на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, Бојан Хрватин открива бизарни детали за тоа како двајцата лидери на криминалниот клан ја проверувале лојалноста на сите оние кошто сакае да се придружат на групата.

Беливук и Миљковиќ, лично учествувале во речиси сите егзекуции, а покрај нив, според Обвинителството за организиран криминал, во крвавите злосторства учествувале и 11 нивни најблиски соработници. Според извор на српски „Курир“, само „избраните“ можеле да отидат во куќата во Ритопек, каде што се извршувале егзекуциите и која членовите на криминалната група ја нарекле „кланица“.

Беливук и Миљковиќ не му верувале на секој од членовите на групата и во куќата во Ритопек дозволувале да дојдат само луѓе од нивна најголема доверба. Таа доверба била стекнувана преку таканаречените завети - вели изворот.

Тој објаснува дека сведокот-соработник во обвинителството зборувал за тоа како функционирале заветите, објаснувајќи дека пред да го изврши кривичното дело во кое учествувал, прво морал да „ги извалка рацете со крв“ заедно со другите членови на групата.

Без такво нешто не постои некоја голема доверба во никого, едноставно тоа е така на улица. Можете „да бидете другарчиња“ колку сакате, но за да се биде дел од сериозните работи, додека човек, во навијачка смисла, не се истепа со некого, дури немаме три-четири тепачки заедно во кои си го чуваме грбот, нема доверба. Додека не крвавиме заедно или додека не убиеме некого, нема доверба - се наведува изјавата на Хрватин во обвинителниот акт против кланот, напишан на 322 страници.

Бојан Хрватин беше уапсен неколку месеци по останатите членови на групата и се согласи да соработува со обвинителството за намалување на казната. Тој детално ги опишува убиствата на Лазар Вукичевиќ, Александар Глигоријевиќ, Здравко Радојевиќ, Горан Величковиќ и Милан Љепоја извршени до Беливук и неговите соработници.

Врз основа на договорот со обвинителството тој треба да биде осуден на 15 години затвор, а во обвинението против кланот се наведени имињата на оние членови на групата кои успеале да ја добијат довербата на лидерите.

 

The post Завет со крв: Соработниците на Веља Невоља морале „да ги закрват“ рацете за да ја добијат неговата доверба appeared first on Република.

]]>

Сведокот-соработник во судењето на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, Бојан Хрватин открива бизарни детали за тоа како двајцата лидери на криминалниот клан ја проверувале лојалноста на сите оние кошто сакае да се придружат на групата. Беливук и Миљковиќ, лично учествувале во речиси сите егзекуции, а покрај нив, според Обвинителството за организиран криминал, во крвавите злосторства учествувале и 11 нивни најблиски соработници. Според извор на српски „Курир“, само „избраните“ можеле да отидат во куќата во Ритопек, каде што се извршувале егзекуциите и која членовите на криминалната група ја нарекле „кланица“.
Беливук и Миљковиќ не му верувале на секој од членовите на групата и во куќата во Ритопек дозволувале да дојдат само луѓе од нивна најголема доверба. Таа доверба била стекнувана преку таканаречените завети - вели изворот.
Тој објаснува дека сведокот-соработник во обвинителството зборувал за тоа како функционирале заветите, објаснувајќи дека пред да го изврши кривичното дело во кое учествувал, прво морал да „ги извалка рацете со крв“ заедно со другите членови на групата.
Без такво нешто не постои некоја голема доверба во никого, едноставно тоа е така на улица. Можете „да бидете другарчиња“ колку сакате, но за да се биде дел од сериозните работи, додека човек, во навијачка смисла, не се истепа со некого, дури немаме три-четири тепачки заедно во кои си го чуваме грбот, нема доверба. Додека не крвавиме заедно или додека не убиеме некого, нема доверба - се наведува изјавата на Хрватин во обвинителниот акт против кланот, напишан на 322 страници.
Бојан Хрватин беше уапсен неколку месеци по останатите членови на групата и се согласи да соработува со обвинителството за намалување на казната. Тој детално ги опишува убиствата на Лазар Вукичевиќ, Александар Глигоријевиќ, Здравко Радојевиќ, Горан Величковиќ и Милан Љепоја извршени до Беливук и неговите соработници. Врз основа на договорот со обвинителството тој треба да биде осуден на 15 години затвор, а во обвинението против кланот се наведени имињата на оние членови на групата кои успеале да ја добијат довербата на лидерите.  

The post Завет со крв: Соработниците на Веља Невоља морале „да ги закрват“ рацете за да ја добијат неговата доверба appeared first on Република.

]]>