Турски тек Archives - Република https://republika.mk/tema/turski-tek/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Feb 2023 13:03:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Турски тек Archives - Република https://republika.mk/tema/turski-tek/ 32 32 Сноуден: Со приказни за вонземјани се шири паника за да се оттргне вниманието од истрагата за експлозиите на гасоводите https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/snouden-so-prikazni-za-vonzemjani-se-shiri-panika-za-da-se-ottrgne-vnimanieto-od-istragata-za-eksploziite-na-gasovodite/ Tue, 14 Feb 2023 13:03:18 +0000 https://republika.mk/?p=608897

Поранешниот вработен во американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден, смета дека паниката околу настаните со балоните била вештачки предизвикана.

Состојбата со трите соборени неидентификувани летечки објекти во Северна Америка во последните денови има за цел да го оттргне вниманието на новинарите од истрагата за експлозијата на гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“. Ваква оценка на Твитер искажа Едвард Сноуден, пренесоа руските медиуми.

Посакувам да беа вонземјани, но не се вонземјани“, напиша Сноуден, коментирајќи ја ситуацијата со соборените балони и неидентификуваните летечки објекти во САД и Канада. Според него, „паниката е вештачки предизвикана“ и има за цел „да се осигури дека новинарите за национална безбедност се назначени да ги истражат глупостите со балонот на топол воздух, а не буџетот или експлозиите (како Северен тек)“.

The post Сноуден: Со приказни за вонземјани се шири паника за да се оттргне вниманието од истрагата за експлозиите на гасоводите appeared first on Република.

]]>

Поранешниот вработен во американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден, смета дека паниката околу настаните со балоните била вештачки предизвикана. Состојбата со трите соборени неидентификувани летечки објекти во Северна Америка во последните денови има за цел да го оттргне вниманието на новинарите од истрагата за експлозијата на гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“. Ваква оценка на Твитер искажа Едвард Сноуден, пренесоа руските медиуми.
Посакувам да беа вонземјани, но не се вонземјани“, напиша Сноуден, коментирајќи ја ситуацијата со соборените балони и неидентификуваните летечки објекти во САД и Канада. Според него, „паниката е вештачки предизвикана“ и има за цел „да се осигури дека новинарите за национална безбедност се назначени да ги истражат глупостите со балонот на топол воздух, а не буџетот или експлозиите (како Северен тек)“.

The post Сноуден: Со приказни за вонземјани се шири паника за да се оттргне вниманието од истрагата за експлозиите на гасоводите appeared first on Република.

]]>
Орбан: Напад на гасоводот Турски тек ќе се смета за терористички чин https://republika.mk/vesti/svet/orban-napad-na-gasovodot-turski-tek-kje-se-smeta-za-teroristichki-chin/ Sat, 15 Oct 2022 15:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=561517

Секој напад на гасоводот Турски тек ќе се смета за терористички чин, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, јавува Анадолија.

Орбан истакнува и дека Будимпешта ќе реагира во согласност со тоа, доколку дојде до било каков напад на гасоводот преку кој се пренесува хас од Русија во Турција и понатаму кон други европски земји, меѓу кои и Унгарија.

На церемонија на која војници доброволци положуваа заклетва, Орбан истакна дека на Унгарците им е потребна компетентна војска која може да гарантира мир.

The post Орбан: Напад на гасоводот Турски тек ќе се смета за терористички чин appeared first on Република.

]]>

Секој напад на гасоводот Турски тек ќе се смета за терористички чин, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, јавува Анадолија. Орбан истакнува и дека Будимпешта ќе реагира во согласност со тоа, доколку дојде до било каков напад на гасоводот преку кој се пренесува хас од Русија во Турција и понатаму кон други европски земји, меѓу кои и Унгарија. На церемонија на која војници доброволци положуваа заклетва, Орбан истакна дека на Унгарците им е потребна компетентна војска која може да гарантира мир.

The post Орбан: Напад на гасоводот Турски тек ќе се смета за терористички чин appeared first on Република.

]]>
Вучиќ за опасноста од напад врз гасоводот Турски тек: Ќе разговарам со полицијата, ако треба ќе кренеме и хеликоптери https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-za-opasnosta-od-napad-vrz-gasovodot-turski-tek-kje-razgovaram-so-policijata-ako-treba-kje-kreneme-i-helikopteri/ Tue, 11 Oct 2022 16:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=559769

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, изјави дека земја би останала без струја и без гас доколку биде уништен гасоводот Турски тек и најави дека ќе побара од БИА и од полицијата да го заштитат гасоводот во Србија од можни пренасочувања.

Никој во медиумите не забележа, а пишуваше дека претседателот Путин соопшти дека некој се обидел да го уништи Турски тек и да го спречи понатамошниот проток на гас. Да се ​​случеше тоа, не знам што ќе се слуќеше, ќе значеше дека не би имале струја, бидејќи гасните централи ТЕТО Нови Сад, Зрењанин и ТЕТО Панчево не би работеле. Тоа би значело дека нема гас, нема ништо без разлика на нашите резерви кои се најголеми во историјата - изјави Вучиќ за новинарите по средбата со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед. Ал Нахјан.

Вучиќ посочи дека тоа би значело дека Србија шест месеци ќе остане без струја и гас.

Како што потсети Вучиќ, само Белград троши три милиони кубни метри гас, а на дневна основа пристигнуваат шест милиони кубни метри, што е редовна транша.

Вучиќ изјави дека ќе побара дополнителни информации од руска страна за обидот за уништување на Турски тек и дека ќе побара дополнително да се заштити српскиот дел од гасоводот по целата должина.

Разговарав со БИА, ќе разговарам и со полицијата за подигање хеликоптери и негова заштита од потенцијални диверзии. Свесен сум дека ова се случи во Црното Море, не во нашата земја, но ќе направиме што можеме за гасоводот да биде безбеден кај нас - порача Вучиќ.

The post Вучиќ за опасноста од напад врз гасоводот Турски тек: Ќе разговарам со полицијата, ако треба ќе кренеме и хеликоптери appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, изјави дека земја би останала без струја и без гас доколку биде уништен гасоводот Турски тек и најави дека ќе побара од БИА и од полицијата да го заштитат гасоводот во Србија од можни пренасочувања.
Никој во медиумите не забележа, а пишуваше дека претседателот Путин соопшти дека некој се обидел да го уништи Турски тек и да го спречи понатамошниот проток на гас. Да се ​​случеше тоа, не знам што ќе се слуќеше, ќе значеше дека не би имале струја, бидејќи гасните централи ТЕТО Нови Сад, Зрењанин и ТЕТО Панчево не би работеле. Тоа би значело дека нема гас, нема ништо без разлика на нашите резерви кои се најголеми во историјата - изјави Вучиќ за новинарите по средбата со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед. Ал Нахјан.
Вучиќ посочи дека тоа би значело дека Србија шест месеци ќе остане без струја и гас. Како што потсети Вучиќ, само Белград троши три милиони кубни метри гас, а на дневна основа пристигнуваат шест милиони кубни метри, што е редовна транша. Вучиќ изјави дека ќе побара дополнителни информации од руска страна за обидот за уништување на Турски тек и дека ќе побара дополнително да се заштити српскиот дел од гасоводот по целата должина.
Разговарав со БИА, ќе разговарам и со полицијата за подигање хеликоптери и негова заштита од потенцијални диверзии. Свесен сум дека ова се случи во Црното Море, не во нашата земја, но ќе направиме што можеме за гасоводот да биде безбеден кај нас - порача Вучиќ.

The post Вучиќ за опасноста од напад врз гасоводот Турски тек: Ќе разговарам со полицијата, ако треба ќе кренеме и хеликоптери appeared first on Република.

]]>
Путин по средбата со Ердоган: Европските партнери да ѝ се заблагодарат на Анкара за функционирањето на Турски тек https://republika.mk/vesti/svet/putin-po-sredbata-so-erdogan-evropskite-partneri-da-se-zablagodarat-na-ankara-za-funkcioniranjeto-na-turski-tek/ Fri, 05 Aug 2022 20:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=537250

Гасоводот Турски тек работи без прекин и европските партнери мора да ѝ бидат благодарни на Турција за тоа, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган во Сочи.

– Верувам дека нашите европски партнери мора да ѝ бидат благодарни на Турција за нејзината поддршка за непречен транзит на нашиот гас до европскиот пазар, рече Путин.

Тој изрази очекување дека меморандумот за развој на трговијата и економските врски меѓу двете земји ќе бидат потпишани денеска.

Рускиот претседател му се заблагодари на Ердоган и за напорите што ги направи за да се реши прашањето за испорака на жито од Украина.

Од своја страна, Ердоган истакна дека Анкара и Москва се пред отворање на нова страница во билатералните односи и соработка. – Верувам дека нашиот разговор ќе отвори нова страница во односите меѓу двете земји.

– Би сакал да разговараме за прашањата за енергетската соработка, извозот на жито преку Црното Море, туризмот и регионалните прашања, рече Ердоган. Тој посочи дека една од темите на разговорот ќе биде и прашањето за Сирија.

Според претходните најави, Путин и Ердоган прво имаа тет-а-тет средба во Сочи, а потоа ќе им се придружат и делегациите. Во турската делегација се и министерот за надворешни работи, министерот за одбрана и шефот на разузнавачката служба.

Кремљ претходно најави дека ќе се разговара за енергетиката и за проширување на трговските и економските врски. „Во согласност со договорите постигнати на билатералната средба на претседателите во Техеран на 19 јули, планирано е детално да се разговара за темата руско-турска мултилатерална соработка, вклучително и перспективите за натамошно проширување на трговските и економските врски и спроведувањето на заеднички стратешки проекти во енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Ова е втора средба меѓу Ердоган и Путин за 17 дена, откако претходно се сретнаа во Техеран, на трилатерална средба со иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

The post Путин по средбата со Ердоган: Европските партнери да ѝ се заблагодарат на Анкара за функционирањето на Турски тек appeared first on Република.

]]>

Гасоводот Турски тек работи без прекин и европските партнери мора да ѝ бидат благодарни на Турција за тоа, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган во Сочи.
– Верувам дека нашите европски партнери мора да ѝ бидат благодарни на Турција за нејзината поддршка за непречен транзит на нашиот гас до европскиот пазар, рече Путин.
Тој изрази очекување дека меморандумот за развој на трговијата и економските врски меѓу двете земји ќе бидат потпишани денеска. Рускиот претседател му се заблагодари на Ердоган и за напорите што ги направи за да се реши прашањето за испорака на жито од Украина. Од своја страна, Ердоган истакна дека Анкара и Москва се пред отворање на нова страница во билатералните односи и соработка. – Верувам дека нашиот разговор ќе отвори нова страница во односите меѓу двете земји.
– Би сакал да разговараме за прашањата за енергетската соработка, извозот на жито преку Црното Море, туризмот и регионалните прашања, рече Ердоган. Тој посочи дека една од темите на разговорот ќе биде и прашањето за Сирија.
Според претходните најави, Путин и Ердоган прво имаа тет-а-тет средба во Сочи, а потоа ќе им се придружат и делегациите. Во турската делегација се и министерот за надворешни работи, министерот за одбрана и шефот на разузнавачката служба. Кремљ претходно најави дека ќе се разговара за енергетиката и за проширување на трговските и економските врски. „Во согласност со договорите постигнати на билатералната средба на претседателите во Техеран на 19 јули, планирано е детално да се разговара за темата руско-турска мултилатерална соработка, вклучително и перспективите за натамошно проширување на трговските и економските врски и спроведувањето на заеднички стратешки проекти во енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението на Кремљ. Ова е втора средба меѓу Ердоган и Путин за 17 дена, откако претходно се сретнаа во Техеран, на трилатерална средба со иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

The post Путин по средбата со Ердоган: Европските партнери да ѝ се заблагодарат на Анкара за функционирањето на Турски тек appeared first on Република.

]]>
Петков ќе прави ревизија на „Турски тек“ https://republika.mk/vesti/balkan/petkov-kje-pravi-revizija-na-turski-tek/ Thu, 12 May 2022 13:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=501579

Бугарскот премиер Кирил Петков наредил целосна проверка на проектот „Турски поток“,  изграден по прекинот на „Јужен поток“, јавија бугарските медиуми. Според неговото објаснување, неговите коалициски партнери ја гледаат корупцијата како клучна алатка за влијанието на Путин во Бугарија. Ставот го искажа на почетокот на владина седница.

„Овој тип на проект е токму она што се зборува кога корупцијата се користи како надворешнополитичко средство од Путин“, нагласи Петков.

Тој додаде дека по посетата на САД е договорена набавка на течен гас по ниски цени, а паралелно, Министерството за енергетика на Бугарија ќе продолжи да преговара за дополнителни набавки

The post Петков ќе прави ревизија на „Турски тек“ appeared first on Република.

]]>

Бугарскот премиер Кирил Петков наредил целосна проверка на проектот „Турски поток“,  изграден по прекинот на „Јужен поток“, јавија бугарските медиуми. Според неговото објаснување, неговите коалициски партнери ја гледаат корупцијата како клучна алатка за влијанието на Путин во Бугарија. Ставот го искажа на почетокот на владина седница. „Овој тип на проект е токму она што се зборува кога корупцијата се користи како надворешнополитичко средство од Путин“, нагласи Петков. Тој додаде дека по посетата на САД е договорена набавка на течен гас по ниски цени, а паралелно, Министерството за енергетика на Бугарија ќе продолжи да преговара за дополнителни набавки

The post Петков ќе прави ревизија на „Турски тек“ appeared first on Република.

]]>