турски колач Archives - Република https://republika.mk/tema/turski-kolach/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 19:01:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png турски колач Archives - Република https://republika.mk/tema/turski-kolach/ 32 32 Највкусниот турски колач од тавче, готов за 10 минути https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/najvkusniot-turski-kolach-od-tavche-gotov-za-10-minuti/ Sun, 28 Jul 2024 19:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=801172

Познато е дека во Турција можете да пробате некои од најубавите десерти на светот, а први на листата секогаш се баклавите. Меѓутоа, ви откриваме рецепт за необичен десерт од тавче што содржи една посебна состојка – сирење!

Состојки:
За тестото:

140 г гриз
300 мл топла вода
1 лажиче сув квасец
1 лажица шеќер
20 г брашно
1 пакување прашок за печиво
прстофат сол

За сирупот:

100 г шеќер
100 мл вода
1 резанка лимон

За полнењето:

100 г моцарела
40 г чедар кашкавал

За декорација:

ф’стаци

Приготвување:
За да го приготвите тестото, во еден сад сипете 140 гриз, 300 мл млака вода, лажиче сув квасец, лажица шеќер и 20 г брашно, па сето тоа соединете го со миксер. Кога ќе добиете смеса без грутки, додајте пакување прашок за печиво, па сето тоа добро промешајте го. Така добиената течно-пенеста смеса покријте ја со пластична фолија и оставете ја да отстои 15 минути.

За сирупот, на тивок оган во тенџере сипете 100 г шеќер и 100 мл вода и добро промешајте. Потоа, додајте резанка лимон и оставете го сето тоа заедно да се вари 5 минути, па тргнете го од рингла.

За полнењето, искинете ги на ситни парчиња или изрендајте ги моцарелата и чедарот.

Земете малку подлабоко тавче и сипете 2 капки масло. Кога маслото доволно ќе се загрее, сипете во тавчето половина од смесата за тестото и почекајте да се испече за да добие благо златеникава боја, па префрлете го на чинија.

Повторете го истиот процес со преостанатата половина од смесата за тестото.

Кога и двете половини од тестото ќе се испечат, во чисто тавче загрејте масло и ставете една испечена половина, па преку неа посипете моцарела и чедар. Потоа, сето тоа преклопете го со другата половина од тестото. Така наредено печете го на тивок оган 5 минути.

Кога ќе се испече, пресечете го декоративно на триаголници и прелејте го со претходно приготвениот сируп, а потоа посипете мелени ф’стаци како декорација.

Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…


Извор: Убавина и здравје

The post Највкусниот турски колач од тавче, готов за 10 минути appeared first on Република.

]]>

Познато е дека во Турција можете да пробате некои од најубавите десерти на светот, а први на листата секогаш се баклавите. Меѓутоа, ви откриваме рецепт за необичен десерт од тавче што содржи една посебна состојка – сирење! Состојки: За тестото: 140 г гриз 300 мл топла вода 1 лажиче сув квасец 1 лажица шеќер 20 г брашно 1 пакување прашок за печиво прстофат сол За сирупот: 100 г шеќер 100 мл вода 1 резанка лимон За полнењето: 100 г моцарела 40 г чедар кашкавал За декорација: ф’стаци Приготвување: За да го приготвите тестото, во еден сад сипете 140 гриз, 300 мл млака вода, лажиче сув квасец, лажица шеќер и 20 г брашно, па сето тоа соединете го со миксер. Кога ќе добиете смеса без грутки, додајте пакување прашок за печиво, па сето тоа добро промешајте го. Така добиената течно-пенеста смеса покријте ја со пластична фолија и оставете ја да отстои 15 минути. За сирупот, на тивок оган во тенџере сипете 100 г шеќер и 100 мл вода и добро промешајте. Потоа, додајте резанка лимон и оставете го сето тоа заедно да се вари 5 минути, па тргнете го од рингла. За полнењето, искинете ги на ситни парчиња или изрендајте ги моцарелата и чедарот. Земете малку подлабоко тавче и сипете 2 капки масло. Кога маслото доволно ќе се загрее, сипете во тавчето половина од смесата за тестото и почекајте да се испече за да добие благо златеникава боја, па префрлете го на чинија. Повторете го истиот процес со преостанатата половина од смесата за тестото. Кога и двете половини од тестото ќе се испечат, во чисто тавче загрејте масло и ставете една испечена половина, па преку неа посипете моцарела и чедар. Потоа, сето тоа преклопете го со другата половина од тестото. Така наредено печете го на тивок оган 5 минути. Кога ќе се испече, пресечете го декоративно на триаголници и прелејте го со претходно приготвениот сируп, а потоа посипете мелени ф’стаци како декорација. Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…
Извор: Убавина и здравје

The post Највкусниот турски колач од тавче, готов за 10 минути appeared first on Република.

]]>