туристи Archives - Република https://republika.mk/tema/turisti/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 12:23:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png туристи Archives - Република https://republika.mk/tema/turisti/ 32 32 Зголемен бројот на туристи и на ноќевање https://republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemen-brojot-na-turisti-i-na-nokevane/ Mon, 11 Nov 2024 12:23:10 +0000 https://republika.mk/?p=836338

Во септември годинава во земјава се евидентирани 134 829 туристи, од кои 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во септември 2024 година изнесува 262 632, од кои 31.9 % се од домашните, а 68.1 % од странските туристи.

Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 %. Кај домашните туристи има намалување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 14.2 %.

Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 8.8 %.

The post Зголемен бројот на туристи и на ноќевање appeared first on Република.

]]>

Во септември годинава во земјава се евидентирани 134 829 туристи, од кои 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во септември 2024 година изнесува 262 632, од кои 31.9 % се од домашните, а 68.1 % од странските туристи. Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 %. Кај домашните туристи има намалување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 14.2 %. Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 8.8 %.

The post Зголемен бројот на туристи и на ноќевање appeared first on Република.

]]>
Рекордна туристичка сезона, Албанија за девет месеци ја посетиле над 9,6 милиони туристи https://republika.mk/vesti/balkan/rekordna-turistichka-sezona-albanija-za-devet-mesetsi-ja-posetile-nad-9-6-milioni-turisti/ Fri, 25 Oct 2024 15:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=831036

Институтот за статистика, ИНСТАТ денеска објави дека во периодот јануари-септември годинава Албанија ја  посетиле 9.680.030 странски туристи или 16,7 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, кога таа бројка била 8.294.600 туристи.

-Целта на влез на албанска територија на странските државјани, во над 90 отсто,  е поради одмор и посета на роднини. Во 9-месечниот период е забележан значителен пораст на влезот на странски државјани за деловни и професионални цели, стои во извештајот.

Над 9,2 милиони странски државјани кои ја посетиле земјата биле од Европа, околу 260 илјади американски државјани и над 77 илјади  од источна Азија и Пацификот.

- Во меѓувреме, бројките го покажуваат трендот кон туризмот во текот на целата година. Само во септември бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 1.146.090. Овој број е поголем за 3,8 отсто во однос на истиот период од 2023 година, наведува ИНСТАТ.

Минатата година Албанија ја посетија над 10 милиони туристи што беше за 2,5 милиони повеќе споредено со претходната година. Оправдано се очекува дека оваа календарска година ќе биде запишана како златна година на албанскиот туризам.

The post Рекордна туристичка сезона, Албанија за девет месеци ја посетиле над 9,6 милиони туристи appeared first on Република.

]]>

Институтот за статистика, ИНСТАТ денеска објави дека во периодот јануари-септември годинава Албанија ја  посетиле 9.680.030 странски туристи или 16,7 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, кога таа бројка била 8.294.600 туристи.
-Целта на влез на албанска територија на странските државјани, во над 90 отсто,  е поради одмор и посета на роднини. Во 9-месечниот период е забележан значителен пораст на влезот на странски државјани за деловни и професионални цели, стои во извештајот.
Над 9,2 милиони странски државјани кои ја посетиле земјата биле од Европа, околу 260 илјади американски државјани и над 77 илјади  од источна Азија и Пацификот.
- Во меѓувреме, бројките го покажуваат трендот кон туризмот во текот на целата година. Само во септември бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 1.146.090. Овој број е поголем за 3,8 отсто во однос на истиот период од 2023 година, наведува ИНСТАТ.
Минатата година Албанија ја посетија над 10 милиони туристи што беше за 2,5 милиони повеќе споредено со претходната година. Оправдано се очекува дека оваа календарска година ќе биде запишана како златна година на албанскиот туризам.

The post Рекордна туристичка сезона, Албанија за девет месеци ја посетиле над 9,6 милиони туристи appeared first on Република.

]]>
Во август во Грција имало зголемен број туристи во споредба со лани, но потрошиле помалку пари https://republika.mk/vesti/balkan/vo-avgust-vo-grtsija-imalo-zgolemen-broj-turisti-vo-sporedba-so-lani-no-potroshile-pomalku-pari/ Wed, 23 Oct 2024 07:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=830039

Бројот на туристи кои во август годинава ја посетиле Грција е за 6,6 отсто повисок во споредба со истиот месец лани, меѓутоа приходите од посетителите се намалени за 1,8 проценти, покажуваат официјалните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во август пристигнале 6.908.000 туристи, а порастот на бројот на туристи е по зголемувањето на посетители и од ЕУ (за 8,1 отсто) и од останатите земји (за 4,1 процент), но намалувањата на приходите споредбено со истиот месец од 2023 година е поради драстичното намалување (од 13,9 отсто) на трошоците на жителите од трети земји, наспроти порастот од 5,1 отсто на приходите од туристите од земјите од Европската унија.

Од друга страна, во периодот од осум месеци, односно од јануари до август, Грција ја посетиле нешто помалку од 25 милиони туристи (24.890.600) за 9,9 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, а зголемени се и 12,2 проценти и приходите од туризмот и изнесуваат 15,1 милијарда евра.

Ова, според Банката на Грција се должи на зголемувањето на приходите од жителите на земјите од Европската унија за 6 отсто додека приходите од жителите на другите земји се намалени за 2,8 проценти.

Во конкретниот период патничкиот сообраќај преку аеродромите бил зголемен за 11,1 отсто, а преку копнените гранични премини за 7,7 проценти.

Минатата година беше особено успешна за грчкиот туризам, со оглед на тоа дека Грција ја посетија 32,7 милиони туристи, за 17,6 отсто повеќе споредбено со 2022 година, a приходите за земјата беа 20,5 милијарди евра.

The post Во август во Грција имало зголемен број туристи во споредба со лани, но потрошиле помалку пари appeared first on Република.

]]>

Бројот на туристи кои во август годинава ја посетиле Грција е за 6,6 отсто повисок во споредба со истиот месец лани, меѓутоа приходите од посетителите се намалени за 1,8 проценти, покажуваат официјалните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во август пристигнале 6.908.000 туристи, а порастот на бројот на туристи е по зголемувањето на посетители и од ЕУ (за 8,1 отсто) и од останатите земји (за 4,1 процент), но намалувањата на приходите споредбено со истиот месец од 2023 година е поради драстичното намалување (од 13,9 отсто) на трошоците на жителите од трети земји, наспроти порастот од 5,1 отсто на приходите од туристите од земјите од Европската унија. Од друга страна, во периодот од осум месеци, односно од јануари до август, Грција ја посетиле нешто помалку од 25 милиони туристи (24.890.600) за 9,9 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, а зголемени се и 12,2 проценти и приходите од туризмот и изнесуваат 15,1 милијарда евра. Ова, според Банката на Грција се должи на зголемувањето на приходите од жителите на земјите од Европската унија за 6 отсто додека приходите од жителите на другите земји се намалени за 2,8 проценти. Во конкретниот период патничкиот сообраќај преку аеродромите бил зголемен за 11,1 отсто, а преку копнените гранични премини за 7,7 проценти. Минатата година беше особено успешна за грчкиот туризам, со оглед на тоа дека Грција ја посетија 32,7 милиони туристи, за 17,6 отсто повеќе споредбено со 2022 година, a приходите за земјата беа 20,5 милијарди евра.

The post Во август во Грција имало зголемен број туристи во споредба со лани, но потрошиле помалку пари appeared first on Република.

]]>
Во првите седум месеци од годинава зголемен бројот на туристите кои ја посетиле земјава https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-prvite-sedum-mesetsi-od-godinava-zgolemen-brojot-na-turistite-koi-ja-posetile-zemjava/ Wed, 02 Oct 2024 18:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=821911

Во периодот од јануари до јули годинава во споредба со истиот период лани имаме зголемување за 7,8 отсто на бројот на туристи, а зголемувањето кај странските туристи е за 9,7 отсто повеќе.

Тоа значи зголемување на девизниот прилив од туризмот и неговото учество во БДП, рече директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска во одговор на новинарско прашање на МИА на прес конференција по посетата на Хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил – Бања Банско“, Струмица.

Според Стефаноска, растот на бројките не значи и развој, бидејќи развојот стагнира, па дури е и уназаден.

Државата треба посветено да работи, да инвестира и најважно е создавање на национална стратегија за туризам, во која би влегле стратегијата за рурален туризам, бањски туризам, за транзитен, културен и сите други алтернативни форми на туризам, додаде Стефаноска.

The post Во првите седум месеци од годинава зголемен бројот на туристите кои ја посетиле земјава appeared first on Република.

]]>

Во периодот од јануари до јули годинава во споредба со истиот период лани имаме зголемување за 7,8 отсто на бројот на туристи, а зголемувањето кај странските туристи е за 9,7 отсто повеќе.
Тоа значи зголемување на девизниот прилив од туризмот и неговото учество во БДП, рече директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска во одговор на новинарско прашање на МИА на прес конференција по посетата на Хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил – Бања Банско“, Струмица.
Според Стефаноска, растот на бројките не значи и развој, бидејќи развојот стагнира, па дури е и уназаден.
Државата треба посветено да работи, да инвестира и најважно е создавање на национална стратегија за туризам, во која би влегле стратегијата за рурален туризам, бањски туризам, за транзитен, културен и сите други алтернативни форми на туризам, додаде Стефаноска.

The post Во првите седум месеци од годинава зголемен бројот на туристите кои ја посетиле земјава appeared first on Република.

]]>
Што може да се купи во Охрид за 10 евра? https://republika.mk/zivot/patuvanja/shto-mozhe-da-se-kupi-vo-ohrid-za-10-evra/ Fri, 13 Sep 2024 16:03:32 +0000 https://republika.mk/?p=815515

Српска блогерка на „Тик ток“ го пренесува нејзиното искуство при посетата на Охрид и кажува што сè може да се купи таму за 10 евра.

Што може да се купи за 10 евра во Охрид? За почеток можете да купите мини крофни кои чинат 1,30 евра, а потоа печена или варена пченка за 1,60 евра. Потоа можете да се качите во такси-чамец и да пловите преку Охридското Езеро за пет евра и магнет за фрижидер кој чини едно евро, а на крајот шолја еспресо за едно евро и десет центи, вели таа.

@milicawoo Šta se može kupiti za 10 evra u Ohridu 🇲🇰 Kako vam deluju cene? 💸 #ohrid #fy #balkantiktok #fyp #traveltok ♬ A Summer Place - Hollywood Strings Orchestra

The post Што може да се купи во Охрид за 10 евра? appeared first on Република.

]]>

Српска блогерка на „Тик ток“ го пренесува нејзиното искуство при посетата на Охрид и кажува што сè може да се купи таму за 10 евра.
Што може да се купи за 10 евра во Охрид? За почеток можете да купите мини крофни кои чинат 1,30 евра, а потоа печена или варена пченка за 1,60 евра. Потоа можете да се качите во такси-чамец и да пловите преку Охридското Езеро за пет евра и магнет за фрижидер кој чини едно евро, а на крајот шолја еспресо за едно евро и десет центи, вели таа.
@milicawoo Šta se može kupiti za 10 evra u Ohridu 🇲🇰 Kako vam deluju cene? 💸 #ohrid #fy #balkantiktok #fyp #traveltok ♬ A Summer Place - Hollywood Strings Orchestra

The post Што може да се купи во Охрид за 10 евра? appeared first on Република.

]]>
Грција воведува нова такса: Туристите од крузерите на Миконос и Санторини ќе плаќаат по 20 евра https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-voveduva-nova-taksa-turistite-od-kruzerite-na-mikonos-i-santorini-ke-plakaat-po-20-evra/ Mon, 09 Sep 2024 09:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=814543

Грчкиот премиер, Киријакос Митотакис, најави дека Грција ќе воведе данок од 20 евра за посетителите од туристичките бродови кои пловат кон островите Санторини и Миконос за време на летната сезона, во обид да го спречи прекумерниот туризам.

Грција во голема мера се потпира на туризмот, главниот двигател на економијата на земјата, која сè уште се опоравува од децениската длабока економска криза која збриша четвртина од нејзиниот бруто домашен производ.

Сепак, некои од нејзините најпопуларни дестинации, како што е Санторини, идиличен остров кој поседува шармантни села и плажи со 20.000 постојани жители, се изложени на ризик да бидат уништени од масовниот туризам.

На прес-конференцијата, при претставувањето на неговите главни економски политики за 2025 година, Микотакис објасни дека преголемиот туризам е проблем само за неколку дестинации.

Грција нема структурен проблем со прекумерниот туризам. Некои од нејзините дестинации имаат голем проблем во одредени седмици или месеци од годината, со кои треба да се справиме. Крузерите ги оптоварија Санторини и Миконос и затоа интервенираме“, додаде Мицотакис објавувајќи го воведувањето на таксата.

Во Санторини, демонстранти повикаа на ограничување на туризмот, како што е случај во другите популарни дестинации за одмор во Европа, вклучувајќи ги Венеција и Барселона.

Владата, исто така, планира да го регулира бројот на бродовите за крстосување кои пристигнуваат на одредени дестинации во исто време, додека на островите мора да се воведат правила кои ќе ја заштитат животната средина и ќе го решат проблемот со недостигот на вода, посочи Мицотакис.

Грција сака да го зголеми и данокот за краткорочни изнајмувања и да забрани нови лиценци за такви изнајмувања во центарот на Атина за да го зголеми бројот станбени единици кои ќе бидат пристапни за постојаните жители, како што тоа го најавија градските власти на каталонската престолнина Барселона.

The post Грција воведува нова такса: Туристите од крузерите на Миконос и Санторини ќе плаќаат по 20 евра appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер, Киријакос Митотакис, најави дека Грција ќе воведе данок од 20 евра за посетителите од туристичките бродови кои пловат кон островите Санторини и Миконос за време на летната сезона, во обид да го спречи прекумерниот туризам. Грција во голема мера се потпира на туризмот, главниот двигател на економијата на земјата, која сè уште се опоравува од децениската длабока економска криза која збриша четвртина од нејзиниот бруто домашен производ. Сепак, некои од нејзините најпопуларни дестинации, како што е Санторини, идиличен остров кој поседува шармантни села и плажи со 20.000 постојани жители, се изложени на ризик да бидат уништени од масовниот туризам. На прес-конференцијата, при претставувањето на неговите главни економски политики за 2025 година, Микотакис објасни дека преголемиот туризам е проблем само за неколку дестинации.
Грција нема структурен проблем со прекумерниот туризам. Некои од нејзините дестинации имаат голем проблем во одредени седмици или месеци од годината, со кои треба да се справиме. Крузерите ги оптоварија Санторини и Миконос и затоа интервенираме“, додаде Мицотакис објавувајќи го воведувањето на таксата.
Во Санторини, демонстранти повикаа на ограничување на туризмот, како што е случај во другите популарни дестинации за одмор во Европа, вклучувајќи ги Венеција и Барселона.
Владата, исто така, планира да го регулира бројот на бродовите за крстосување кои пристигнуваат на одредени дестинации во исто време, додека на островите мора да се воведат правила кои ќе ја заштитат животната средина и ќе го решат проблемот со недостигот на вода, посочи Мицотакис.
Грција сака да го зголеми и данокот за краткорочни изнајмувања и да забрани нови лиценци за такви изнајмувања во центарот на Атина за да го зголеми бројот станбени единици кои ќе бидат пристапни за постојаните жители, како што тоа го најавија градските власти на каталонската престолнина Барселона.

The post Грција воведува нова такса: Туристите од крузерите на Миконос и Санторини ќе плаќаат по 20 евра appeared first on Република.

]]>
Голем пожар во Бар во Црна Гора, пепел паѓа врз автомобилите низ градот https://republika.mk/vesti/balkan/golem-pozhar-vo-bar-vo-tsrna-gora-pepel-paga-vrz-avtomobilite-niz-gradot/ Thu, 05 Sep 2024 16:25:24 +0000 https://republika.mk/?p=813612

Голем пожар избувна во Бар во Црна Гора, а густ чад се шири низ градот.

Според информациите кои ги објави српскиот весник „Блиц“, туристите пријавиле дека пепел паѓа врз нивните автомобили паркирани во околината.

Жителите на Бар сметаат дека пожарот настанал во голема сала, која порано била дискотека. Засега не се знае дали противпожарните бригади излегле на лице место.

 

The post Голем пожар во Бар во Црна Гора, пепел паѓа врз автомобилите низ градот appeared first on Република.

]]>

Голем пожар избувна во Бар во Црна Гора, а густ чад се шири низ градот. Според информациите кои ги објави српскиот весник „Блиц“, туристите пријавиле дека пепел паѓа врз нивните автомобили паркирани во околината. Жителите на Бар сметаат дека пожарот настанал во голема сала, која порано била дискотека. Засега не се знае дали противпожарните бригади излегле на лице место.  

The post Голем пожар во Бар во Црна Гора, пепел паѓа врз автомобилите низ градот appeared first on Република.

]]>
Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Турција, патниците во страв скокале низ прозорецот https://republika.mk/zivot/patuvanja/avtobus-so-srpski-turisti-dozhivea-nesreka-vo-turtsija-patnitsite-vo-strav-skokale-niz-prozoretsot/ Mon, 02 Sep 2024 13:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=812323

Најмалку едно лице е повредено во Турција кога автобус со српски туристи доживеа несреќа на автопат, објави српски „Телеграф“.

Како што изјавиле патниците што биле во возилото, несреќата се случила на пат од Аланија, каде што престојувале туристите, кон Анталија, од каде што летале за Србија.

Како што објавија српските медиуми, во несреќата е оштетена десната страна на автобусот и испукано е стаклото на возилото.

Информацијата за несреќата е потврдена и од туристичката агенција што го организирала летувањето во Турција.

Според медиумите, повредено е едно лице. На патничката ѝ била укажана лекарска помош на самото место.

Агенцијата не соопшти повеќе за идентитетот на повредениот патник.

Туристите наводно скокнале од автобусот низ прозорецот. Објаснуваат дека настанала паника и дека излегле од возилото во страв да не се запали.

Велат дека автобусот прво удрил во столбот, па во банкината.

„Не верувам дека беше пијан возачот, беше пет часот наутро“, вели патник, објави српски Телеграф.

Од агенцијата која го организирала патувањето истакнуваат дека сите патници биле вратени во Србија.

 

The post Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Турција, патниците во страв скокале низ прозорецот appeared first on Република.

]]>

Најмалку едно лице е повредено во Турција кога автобус со српски туристи доживеа несреќа на автопат, објави српски „Телеграф“. Како што изјавиле патниците што биле во возилото, несреќата се случила на пат од Аланија, каде што престојувале туристите, кон Анталија, од каде што летале за Србија. Како што објавија српските медиуми, во несреќата е оштетена десната страна на автобусот и испукано е стаклото на возилото. Информацијата за несреќата е потврдена и од туристичката агенција што го организирала летувањето во Турција. Според медиумите, повредено е едно лице. На патничката ѝ била укажана лекарска помош на самото место. Агенцијата не соопшти повеќе за идентитетот на повредениот патник. Туристите наводно скокнале од автобусот низ прозорецот. Објаснуваат дека настанала паника и дека излегле од возилото во страв да не се запали. Велат дека автобусот прво удрил во столбот, па во банкината. „Не верувам дека беше пијан возачот, беше пет часот наутро“, вели патник, објави српски Телеграф. Од агенцијата која го организирала патувањето истакнуваат дека сите патници биле вратени во Србија.  

The post Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Турција, патниците во страв скокале низ прозорецот appeared first on Република.

]]>
Викендот над 100.000 луѓе влегле и излегле преку Табановце https://republika.mk/zivot/servisi/vikendot-nad-100-000-luge-vlegle-i-izlegle-preku-tabanovtse/ Mon, 19 Aug 2024 14:09:24 +0000 https://republika.mk/?p=807996

Изминатиот викенд на граничниот премин Табановце во државата влегле и излегле над 102.000 патници, соопштија денеска од МВР. Летниот период е зголемена фреквенцијата на и онака најфреквентниот премин во државата.

На 17-ти август (сабота) влез /излез оствариле 57.579 патници, а возила околу 15-20.000, додека на 18-ти (недела) влез/излез оствариле 44.721 патник, а возила околу 14.000, без да се земат предвид товарни моторни возила Денеска, од полноќ до 09.00 часот влез оствариле 1.953, а излез оствариле 1.947 патници или вкупно 3.900 патници, информираат од МВР.

За време на работните денови граничниот премин го минуваат околу 6.500 до 7.000 возила, додека за викенд бројот се зголемува.

Во функција се ставени сите човечки и технички капацитети, со цел овозможување на побрз проток на патници со запазување на целокупните безбедносни проверки, додаваат од полицијата.

The post Викендот над 100.000 луѓе влегле и излегле преку Табановце appeared first on Република.

]]>

Изминатиот викенд на граничниот премин Табановце во државата влегле и излегле над 102.000 патници, соопштија денеска од МВР. Летниот период е зголемена фреквенцијата на и онака најфреквентниот премин во државата.
На 17-ти август (сабота) влез /излез оствариле 57.579 патници, а возила околу 15-20.000, додека на 18-ти (недела) влез/излез оствариле 44.721 патник, а возила околу 14.000, без да се земат предвид товарни моторни возила Денеска, од полноќ до 09.00 часот влез оствариле 1.953, а излез оствариле 1.947 патници или вкупно 3.900 патници, информираат од МВР.
За време на работните денови граничниот премин го минуваат околу 6.500 до 7.000 возила, додека за викенд бројот се зголемува.
Во функција се ставени сите човечки и технички капацитети, со цел овозможување на побрз проток на патници со запазување на целокупните безбедносни проверки, додаваат од полицијата.

The post Викендот над 100.000 луѓе влегле и излегле преку Табановце appeared first on Република.

]]>
Зголемен бројот на туристи и на ноќевања https://republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemen-brojot-na-turisti-i-na-nokevana/ Mon, 12 Aug 2024 17:04:45 +0000 https://republika.mk/?p=805920

Во јуни годинава во земјава се евидентирани 119 751 туристи, од кои 23.0 % биле домашни туристи, а 77.0 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во јуни 2024 година изнесува 245 249, од кои 27.6 % се од домашните туристи, а 72.4 % од
странските.

Во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 11.1 %, и тоа: кај домашните туристи за 3.3 %, а кај странските за 14.4 %.

Зголемување во периодот јануари – јуни годинава има и кај бројот на ноќевањата, за 9,9 %. Кај домашните туристи зголемувањето е за 6.3 %, а кај странските за 11.8 %.

The post Зголемен бројот на туристи и на ноќевања appeared first on Република.

]]>

Во јуни годинава во земјава се евидентирани 119 751 туристи, од кои 23.0 % биле домашни туристи, а 77.0 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во јуни 2024 година изнесува 245 249, од кои 27.6 % се од домашните туристи, а 72.4 % од странските. Во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11.1 %, и тоа: кај домашните туристи за 3.3 %, а кај странските за 14.4 %. Зголемување во периодот јануари – јуни годинава има и кај бројот на ноќевањата, за 9,9 %. Кај домашните туристи зголемувањето е за 6.3 %, а кај странските за 11.8 %.

The post Зголемен бројот на туристи и на ноќевања appeared first on Република.

]]>
Одиме до Прохор Пчински да се помолиме дека сме живи: Српски туристи едвај се спасиле откако им се запали возилото кај Гевгелија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/odime-do-prohor-pchinski-da-se-pomolime-deka-sme-zhivi-srpski-turisti-edvaj-se-spasile-otkako-im-se-zapali-voziloto-kaj-gevgelija/ Tue, 06 Aug 2024 09:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=803797

Семејство од Србија вчера поминало низ вистински пекол кога нивниот автомобил се запалил на македонските патишта додека се враќале дома, по одморот во Грција. Пожарот од возилото ја зафатил и ниската вегетација покрај патот, поради што извесно време бил затворен дури и самиот граничен премин.

Владимир и Јелена во исповед на социјалните мрежи опишале како настанал пожарот. Според нив, автомобилот бил редовно сервисиран, а последен пат пред да заминат на одмор и во таа прилика се било исправно. Со себе имале и ПП апарат.

Несреќата, во која за среќа нема загинати, се случила ненадејно кај Гевгелија, откако го поминале ГП „Богородица“. Само благодарение на смиреноста и брзината на Владимир, работите биле извлечени од автомобилот, а избегнале и дополнителни оштетувања, барем кога се работи за работи, пари и документи.

Возилото ми изгоре на автопатот кај Гевгелија за 2 минути. Неверојатно е некој да ми кажеше немаше да поверувам, но важно е што јас и мојата сопруга сме живи и здрави, стои во описот на сликата на која се гледа запалениот автомобил.

Целата приказна за несреќата ја раскажале за „Никана.гр“ каде го опишале ужасот што ги снашол.

Како што велат, утре се враќаат во Белград. Пред тоа ќе го посетат манастирот Прохор Пчињски за да му се заблагодарат на Бога што се живи и здрави.

„Мојот сопруг претходно резервира соба во Велес. Зедов „помош на пат“, така да луѓе ни помогнаа и не однесоа до хотелот. Во среда доаѓа пријател да не земе, па вечерта сме во Белград. Сè уште сум во шок. Не поради автомобилот, туку поради тоа што можеше да се случи. Имам слика во мојата глава кога маж ми ги вадеше работите и кога пожарот се прошири низ шумата. Не знаев ни каде да застанам. Верувајте ми, целосно проверивме сè пред патувањето. Не знаеме што е во прашање. Се наоѓаме во хотел во Македонија. Во среда ни доаѓа другарка, па ќе застанеме кај манастирот Прохор Пчињски. Се чувствуваме благодарни и имамте потреба да се помолиме дека останавме живи“, изјавила Јелена.

The post Одиме до Прохор Пчински да се помолиме дека сме живи: Српски туристи едвај се спасиле откако им се запали возилото кај Гевгелија appeared first on Република.

]]>

Семејство од Србија вчера поминало низ вистински пекол кога нивниот автомобил се запалил на македонските патишта додека се враќале дома, по одморот во Грција. Пожарот од возилото ја зафатил и ниската вегетација покрај патот, поради што извесно време бил затворен дури и самиот граничен премин. Владимир и Јелена во исповед на социјалните мрежи опишале како настанал пожарот. Според нив, автомобилот бил редовно сервисиран, а последен пат пред да заминат на одмор и во таа прилика се било исправно. Со себе имале и ПП апарат. Несреќата, во која за среќа нема загинати, се случила ненадејно кај Гевгелија, откако го поминале ГП „Богородица“. Само благодарение на смиреноста и брзината на Владимир, работите биле извлечени од автомобилот, а избегнале и дополнителни оштетувања, барем кога се работи за работи, пари и документи. Возилото ми изгоре на автопатот кај Гевгелија за 2 минути. Неверојатно е некој да ми кажеше немаше да поверувам, но важно е што јас и мојата сопруга сме живи и здрави, стои во описот на сликата на која се гледа запалениот автомобил. Целата приказна за несреќата ја раскажале за „Никана.гр“ каде го опишале ужасот што ги снашол. Како што велат, утре се враќаат во Белград. Пред тоа ќе го посетат манастирот Прохор Пчињски за да му се заблагодарат на Бога што се живи и здрави. „Мојот сопруг претходно резервира соба во Велес. Зедов „помош на пат“, така да луѓе ни помогнаа и не однесоа до хотелот. Во среда доаѓа пријател да не земе, па вечерта сме во Белград. Сè уште сум во шок. Не поради автомобилот, туку поради тоа што можеше да се случи. Имам слика во мојата глава кога маж ми ги вадеше работите и кога пожарот се прошири низ шумата. Не знаев ни каде да застанам. Верувајте ми, целосно проверивме сè пред патувањето. Не знаеме што е во прашање. Се наоѓаме во хотел во Македонија. Во среда ни доаѓа другарка, па ќе застанеме кај манастирот Прохор Пчињски. Се чувствуваме благодарни и имамте потреба да се помолиме дека останавме живи“, изјавила Јелена.

The post Одиме до Прохор Пчински да се помолиме дека сме живи: Српски туристи едвај се спасиле откако им се запали возилото кај Гевгелија appeared first on Република.

]]>
По 200км им текнало дека си ја заборавиле ќеркичката на пауза https://republika.mk/zivot/patuvanja/po-200km-im-teknalo-deka-si-ja-zaboravile-kerkichkata-na-pauza/ Sat, 03 Aug 2024 07:09:32 +0000 https://republika.mk/?p=802960

Семејство тргнато на одмор си ја заборавиле ќерката на паркинг среде автопат во Хрватска. Тие застанале да одморат место назначено за одмор и продолжиле да возат кон Задар без нивната 11-годишна ќерка.

Дека ја нема сфатиле по поминти 200 километри.

Мајката со исплашен глас објаснила дека патувале во група со неколку возила, дека сега се на подрачјето на Задар и дека само што забележале дека во возилата нема 11-годишно девојче, и дека последен пат застанале на стојалиштето Рашќане. Со оглед на тоа дека се движеле со неколку возила, мислеле дека таа влегла во друго возило, но кога застанале сфатиле дека ја нема и дека најверојатно останала во Рашчане.

Полицајците телефонски извршиле разговор со мајката, побарале фотографија од девојчето, го прегледале видео надзорот и ги пребарале сите соби на бензинската пумпа, а надвор пронашле девојче кое одговара на описот, информираат од полицијата, пренесува Фена.

Оттаму додаваат дека полицајците му пришле на девојчето, се претставиле и и понудиле помош, но констатирале дека таа не зборува англиски. Во разговорот се вклучила и странска државјанка која им преведувала и им помагала на полициските службеници во комуникацијата со детето.

Девојчето не било повредено, но било исплашено. Рекла дека телефонот ѝ бил оставен во возилото, и дека не можела никому да се јави и дека била толку исплашена и плачела што излегла надвор од стојалиштето каде што ја нашле полицајците. При разговорот со девојчето, полициските службеници ја смириле и ѝ рекле дека се во контакт со семејството кое се враќало и дека ќе ги чека заедно со неа.

Исплашените родители пристигнале неколку часа подоцна, додека девојчето цело време било со полицајците.

Тие им се заблагодарија на полициските службеници за напорите и помошта.

The post По 200км им текнало дека си ја заборавиле ќеркичката на пауза appeared first on Република.

]]>

Семејство тргнато на одмор си ја заборавиле ќерката на паркинг среде автопат во Хрватска. Тие застанале да одморат место назначено за одмор и продолжиле да возат кон Задар без нивната 11-годишна ќерка. Дека ја нема сфатиле по поминти 200 километри. Мајката со исплашен глас објаснила дека патувале во група со неколку возила, дека сега се на подрачјето на Задар и дека само што забележале дека во возилата нема 11-годишно девојче, и дека последен пат застанале на стојалиштето Рашќане. Со оглед на тоа дека се движеле со неколку возила, мислеле дека таа влегла во друго возило, но кога застанале сфатиле дека ја нема и дека најверојатно останала во Рашчане. Полицајците телефонски извршиле разговор со мајката, побарале фотографија од девојчето, го прегледале видео надзорот и ги пребарале сите соби на бензинската пумпа, а надвор пронашле девојче кое одговара на описот, информираат од полицијата, пренесува Фена. Оттаму додаваат дека полицајците му пришле на девојчето, се претставиле и и понудиле помош, но констатирале дека таа не зборува англиски. Во разговорот се вклучила и странска државјанка која им преведувала и им помагала на полициските службеници во комуникацијата со детето. Девојчето не било повредено, но било исплашено. Рекла дека телефонот ѝ бил оставен во возилото, и дека не можела никому да се јави и дека била толку исплашена и плачела што излегла надвор од стојалиштето каде што ја нашле полицајците. При разговорот со девојчето, полициските службеници ја смириле и ѝ рекле дека се во контакт со семејството кое се враќало и дека ќе ги чека заедно со неа. Исплашените родители пристигнале неколку часа подоцна, додека девојчето цело време било со полицајците. Тие им се заблагодарија на полициските службеници за напорите и помошта.

The post По 200км им текнало дека си ја заборавиле ќеркичката на пауза appeared first on Република.

]]>
Венеција од денес ги ограничува туристичките групи на максимум 25 луѓе https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/venetsija-od-denes-gi-ogranichuva-turistichkite-grupi-na-maksimum-25-luge/ Thu, 01 Aug 2024 10:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=802273

Венеција од утре ќе го ограничи бројот на луѓе во туристички групи кои ќе го посетуваат градот на максимум 25 лица, во уште еден обид да го спречи прекумерниот туризам.

Дозволени се исклучоци за деца, студенти и образовни посети.

Локалните власти, исто така, забрануваат употреба на звучници од страна на водачите на групите за „да го заштитат спокојството на локалните жители“ и да обезбедат пешаците слободно да се движат низ градот.

На прекршителите им следуваат казни од 25 до 500 евра.

Мерките  требаше да стапат на сила веќе во јуни, но беа одложени за август.

Ограничувањата се однесуваат и на центарот на градот и на островите Мурано, Бурано и Торсело.

Од април до крајот на јули во Венеција беше во функција пилот-проект, според кој посетите на градот без ноќевање во одредени денови беа можни само за однапред платена такса од 5 евра.

По завршувањето на шемата денеска ќе се оценува и евентуално ќе се продолжи.

Резултатите будно ги следат и другите европски градови кои страдаат од прекумерен туризам, како Барселона и Дубровник, кои исто така бараат решение за туризмот во корист на нивните жители, како и на туристите.

The post Венеција од денес ги ограничува туристичките групи на максимум 25 луѓе appeared first on Република.

]]>

Венеција од утре ќе го ограничи бројот на луѓе во туристички групи кои ќе го посетуваат градот на максимум 25 лица, во уште еден обид да го спречи прекумерниот туризам. Дозволени се исклучоци за деца, студенти и образовни посети. Локалните власти, исто така, забрануваат употреба на звучници од страна на водачите на групите за „да го заштитат спокојството на локалните жители“ и да обезбедат пешаците слободно да се движат низ градот. На прекршителите им следуваат казни од 25 до 500 евра. Мерките  требаше да стапат на сила веќе во јуни, но беа одложени за август. Ограничувањата се однесуваат и на центарот на градот и на островите Мурано, Бурано и Торсело. Од април до крајот на јули во Венеција беше во функција пилот-проект, според кој посетите на градот без ноќевање во одредени денови беа можни само за однапред платена такса од 5 евра. По завршувањето на шемата денеска ќе се оценува и евентуално ќе се продолжи. Резултатите будно ги следат и другите европски градови кои страдаат од прекумерен туризам, како Барселона и Дубровник, кои исто така бараат решение за туризмот во корист на нивните жители, како и на туристите.

The post Венеција од денес ги ограничува туристичките групи на максимум 25 луѓе appeared first on Република.

]]>
Уште едно поскапување за туристите во Барселона https://republika.mk/zivot/patuvanja/ushte-edno-poskapuvane-za-turistite-vo-barselona/ Sun, 21 Jul 2024 16:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=798960

Барселона ќе ја зголеми туристичката такса за патниците кои пристигнуваат со прекуокеански бродови и остануваат во градот помалку од 12 часа, изјави денеска градоначалникот Жаиме Колбони.

Тој изјави дека туристичката такса за патниците од крузерите во моментов изнесува седум евра дневно, но не прецизираше за колку таа сума ќе биде зголемена, освен дека поскапувањето ќе биде значително.

Во случај на застанување и престој на туристите помалку од 12 часа, јавниот простор се употребува без каква било корист за градот, а граѓаните се чувствуваат окупирано. Сакаме туристите да ја почитуваат дестинацијата во која доаѓаат, изјави Колбони за „Ел Паис“.

Ова е последно во низата поскапувања и рестрикции кои властите на шпанскиот град ги воведуваат со цел намалување на масовниот туризам. И покрај тоа, неодамна граѓаните со пиштоли на вода ги прскаа туристите кои ручаа или пиеја кафе во локалите.

The post Уште едно поскапување за туристите во Барселона appeared first on Република.

]]>

Барселона ќе ја зголеми туристичката такса за патниците кои пристигнуваат со прекуокеански бродови и остануваат во градот помалку од 12 часа, изјави денеска градоначалникот Жаиме Колбони. Тој изјави дека туристичката такса за патниците од крузерите во моментов изнесува седум евра дневно, но не прецизираше за колку таа сума ќе биде зголемена, освен дека поскапувањето ќе биде значително.
Во случај на застанување и престој на туристите помалку од 12 часа, јавниот простор се употребува без каква било корист за градот, а граѓаните се чувствуваат окупирано. Сакаме туристите да ја почитуваат дестинацијата во која доаѓаат, изјави Колбони за „Ел Паис“.
Ова е последно во низата поскапувања и рестрикции кои властите на шпанскиот град ги воведуваат со цел намалување на масовниот туризам. И покрај тоа, неодамна граѓаните со пиштоли на вода ги прскаа туристите кои ручаа или пиеја кафе во локалите.

The post Уште едно поскапување за туристите во Барселона appeared first on Република.

]]>
Шест туристи пронајдени мртви во луксузен хотел во Тајланд https://republika.mk/vesti/svet/shest-turisti-pronajdeni-mrtvi-vo-luksuzen-hotel-vo-tajland/ Wed, 17 Jul 2024 07:24:56 +0000 https://republika.mk/?p=797558

Шест лица се пронајдени мртви во луксузна хотелска соба во центарот на Бангкок, а тајландската полиција се сомнева дека причината за смртта е труење, јави Си-Ен-Ен.

Персоналот на хотелот ги пронашол телата во соба на петтиот кат во Гранд Хајат, откако гостите не успеале да се одјават по повеќе од 24 часа, рече полицискиот комесар на Бангкок, Тити Саенгсаванг, според Си-Ен-Ен.

Полицијата соопшти дека нема индиции за грабеж и дека на телата нема траги на физичко насилство, но дека во просторијата се пронајдени чаши со траги од бел прав, заедно со недопрена храна која била нарачана претходно, поради што има сомневања на труење.

Властите во моментов трагаат по седмото лице кое било еден од гостите на хотелот и сега е можно осомничено.

Познато е дека меѓу жртвите има и двајца американски државјани.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е запознаен со случајот и дека се истражува.

Секогаш кога американски државјанин ќе умре во странска земја, локалните власти се одговорни за утврдување на причината за смртта. Често соработуваме со локалните власти кога станува збор за смртта на американските граѓани, така што тоа ќе биде случај и сега, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

The post Шест туристи пронајдени мртви во луксузен хотел во Тајланд appeared first on Република.

]]>

Шест лица се пронајдени мртви во луксузна хотелска соба во центарот на Бангкок, а тајландската полиција се сомнева дека причината за смртта е труење, јави Си-Ен-Ен.
Персоналот на хотелот ги пронашол телата во соба на петтиот кат во Гранд Хајат, откако гостите не успеале да се одјават по повеќе од 24 часа, рече полицискиот комесар на Бангкок, Тити Саенгсаванг, според Си-Ен-Ен.
Полицијата соопшти дека нема индиции за грабеж и дека на телата нема траги на физичко насилство, но дека во просторијата се пронајдени чаши со траги од бел прав, заедно со недопрена храна која била нарачана претходно, поради што има сомневања на труење. Властите во моментов трагаат по седмото лице кое било еден од гостите на хотелот и сега е можно осомничено. Познато е дека меѓу жртвите има и двајца американски државјани. Американскиот Стејт департмент соопшти дека е запознаен со случајот и дека се истражува.
Секогаш кога американски државјанин ќе умре во странска земја, локалните власти се одговорни за утврдување на причината за смртта. Често соработуваме со локалните власти кога станува збор за смртта на американските граѓани, така што тоа ќе биде случај и сега, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

The post Шест туристи пронајдени мртви во луксузен хотел во Тајланд appeared first on Република.

]]>
Венеција тестира наплаќање влез во градот, сега планираат поскапи пропусници https://republika.mk/vesti/svet/venetsija-testira-naplakane-vlez-vo-gradot-sega-planiraat-poskapi-propusnitsi/ Fri, 12 Jul 2024 11:19:57 +0000 https://republika.mk/?p=796141

Венеција сака да продолжи да наплаќа такса за туристите на еднодневно патување откога на крајот на оваа недела ќе заврши пробниот период на првата ваква програма во светот, пишува денеска германската агенција ДПА.

Венеција има намера да ја земе предвид побарувачката и да ја удвои сегашната цена од пет на 10 евра при специјалната посета на италијанскиот град на јадранскиот брег, изјави Микеле Зуин, градскиот советник задолжен за финансии, за локалниот весник.

Речиси едномесечниот пробен период на градот му донесе повеќе од два милиона евра. Во некои денови евидентирани се и над 25.000 туристи што платиле такса.

Во напис за весникот „Ил Газетино“, Зуин рече дека од 2025 година натаму основната цена ќе важи за еднодневните посетители во дел од годината. Сепак, за време на критичните денови туристите ќе треба да платат максимална такса од 10 евра.

Градот не планира веднаш да објави официјален извештај по оваа сабота и недела. Првин ќе се евалуираат собраните податоци. Во пробниот период, во периодот од 8.30 до 16 часот, се наплаќаше такса од пет евра. Посетителите можеа да добијат QR код преку интернет, кој служеше како доказ за плаќање.

Се проценува дека околу 15 милиони туристи пристигнуваат во Венеција секоја година, што го прави еден од најпосетуваните градови во светот. Масовниот туризам значи големи приходи за градскиот буџет, но предизвикува и значителни штети.

The post Венеција тестира наплаќање влез во градот, сега планираат поскапи пропусници appeared first on Република.

]]>

Венеција сака да продолжи да наплаќа такса за туристите на еднодневно патување откога на крајот на оваа недела ќе заврши пробниот период на првата ваква програма во светот, пишува денеска германската агенција ДПА. Венеција има намера да ја земе предвид побарувачката и да ја удвои сегашната цена од пет на 10 евра при специјалната посета на италијанскиот град на јадранскиот брег, изјави Микеле Зуин, градскиот советник задолжен за финансии, за локалниот весник. Речиси едномесечниот пробен период на градот му донесе повеќе од два милиона евра. Во некои денови евидентирани се и над 25.000 туристи што платиле такса. Во напис за весникот „Ил Газетино“, Зуин рече дека од 2025 година натаму основната цена ќе важи за еднодневните посетители во дел од годината. Сепак, за време на критичните денови туристите ќе треба да платат максимална такса од 10 евра. Градот не планира веднаш да објави официјален извештај по оваа сабота и недела. Првин ќе се евалуираат собраните податоци. Во пробниот период, во периодот од 8.30 до 16 часот, се наплаќаше такса од пет евра. Посетителите можеа да добијат QR код преку интернет, кој служеше како доказ за плаќање. Се проценува дека околу 15 милиони туристи пристигнуваат во Венеција секоја година, што го прави еден од најпосетуваните градови во светот. Масовниот туризам значи големи приходи за градскиот буџет, но предизвикува и значителни штети.

The post Венеција тестира наплаќање влез во градот, сега планираат поскапи пропусници appeared first on Република.

]]>
Домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди манифестацијата „Галичка свадба“ https://republika.mk/zivot/domashni-posetiteli-i-stranski-turisti-povtorno-ke-uzhivaat-vo-atraktivnoto-dozhivuvane-koe-go-nudi-manifestatsijata-galichka-svadba/ Fri, 12 Jul 2024 08:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=796058

Годинешното издание на најавтентичната културно-сценска манифестација кај нас ќе се одржи овој викенд, од 12 до 14 јули, во живописниот Галичник. Неколку илјади домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди овој единствен настан од ваков вид.

По објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски.

 

Институционален покровител на „Галичка свадба“ е претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова. Тоа дополнително го истакнува значењето на оваа манифестација, која игра огромна улога во зачувувањето и афирмацијата на оригиналниот фолклор, традиционалните вредности, архитектурата и народното творештво, како темели на нашиот културен и национален идентитет. Еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата и годинава е Министерството за култура и туризам.

Ваквиот начин на обележување на Галичката свадба прв пат е одржан во далечната 1963 година, а досега настанот имал вкупно 50 изданија. Токму половина век од соработката со оваа манифестација годинава обележува Пивара Скопје, чија што поддршка и брендови прераснаа во своевиден симбол на настанот.

 

Традиционално, почетокот на свадбениот обред, вечерта в сабота, 13 јули, ќе го означи побратимот со „фрлање“ на три пушки и со виорење и поставување на свадбениот бајрак. Вечерта продолжува со останатите обичаи – пречек на тапаните, кои два дена ќе ечат низ Галичник, свекрвиното оро, а членовите на НУ „Танец“ ќе го одиграат симболичното „Тешкото“. Секогаш импресивна е и глетката кога сватовите со борина в рака ќе ја носат девојката да наполни вода на три чешми кај опеаната „Упија“.

Денот на венчавката, недела, 14 јули, ќе го обележат атрактивните свадбени обреди и обичаи, меѓу кои таканареченото канење на мртвите, канењето на кумот, бричењето на зетот, бодинењето, гледањето низ прстен, пречекот на сватовите, земањето на невестата, дарувањето и други обичаи. Ѝ годинава пејачка група ќе ги изведува подзаборавените обредни песни. Венчавањето на младенците ќе се изврши во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“, а свеченоста ќе заврши со испраќањето на тапанџиите и зурлаџиите.

 

И за годинешната манифестација ќе биде воспоставен специјален сообраќаен режим, а организаторот и партнерите апелираат посетителите да се придржуваат до куќниот ред, да не возат доколку пијат и да се грижат за околината и природата во Галичник.

 

The post Домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди манифестацијата „Галичка свадба“ appeared first on Република.

]]>

Годинешното издание на најавтентичната културно-сценска манифестација кај нас ќе се одржи овој викенд, од 12 до 14 јули, во живописниот Галичник. Неколку илјади домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди овој единствен настан од ваков вид. По објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски.   Институционален покровител на „Галичка свадба“ е претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова. Тоа дополнително го истакнува значењето на оваа манифестација, која игра огромна улога во зачувувањето и афирмацијата на оригиналниот фолклор, традиционалните вредности, архитектурата и народното творештво, како темели на нашиот културен и национален идентитет. Еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата и годинава е Министерството за култура и туризам. Ваквиот начин на обележување на Галичката свадба прв пат е одржан во далечната 1963 година, а досега настанот имал вкупно 50 изданија. Токму половина век од соработката со оваа манифестација годинава обележува Пивара Скопје, чија што поддршка и брендови прераснаа во своевиден симбол на настанот.   Традиционално, почетокот на свадбениот обред, вечерта в сабота, 13 јули, ќе го означи побратимот со „фрлање“ на три пушки и со виорење и поставување на свадбениот бајрак. Вечерта продолжува со останатите обичаи – пречек на тапаните, кои два дена ќе ечат низ Галичник, свекрвиното оро, а членовите на НУ „Танец“ ќе го одиграат симболичното „Тешкото“. Секогаш импресивна е и глетката кога сватовите со борина в рака ќе ја носат девојката да наполни вода на три чешми кај опеаната „Упија“. Денот на венчавката, недела, 14 јули, ќе го обележат атрактивните свадбени обреди и обичаи, меѓу кои таканареченото канење на мртвите, канењето на кумот, бричењето на зетот, бодинењето, гледањето низ прстен, пречекот на сватовите, земањето на невестата, дарувањето и други обичаи. Ѝ годинава пејачка група ќе ги изведува подзаборавените обредни песни. Венчавањето на младенците ќе се изврши во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“, а свеченоста ќе заврши со испраќањето на тапанџиите и зурлаџиите.   И за годинешната манифестација ќе биде воспоставен специјален сообраќаен режим, а организаторот и партнерите апелираат посетителите да се придржуваат до куќниот ред, да не возат доколку пијат и да се грижат за околината и природата во Галичник.  

The post Домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди манифестацијата „Галичка свадба“ appeared first on Република.

]]>
Несреќа на Скијатос: Брза помош покоси туристи кои одбираа магнети https://republika.mk/vesti/balkan/nesreka-na-skijatos-brza-pomosh-pokosi-turisti-koi-odbiraa-magneti/ Mon, 08 Jul 2024 08:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=794424

Возило на Брза помош покоси две жени кои во моментот разгледуваа магнети пред продавница. Инцидентот се случи во петокот на грчкиот остров Скијатос.

Безбедносните камери снимиле како возачот ги собира жените со ретровизорот, а тие паѓаат.

https://youtu.be/Ze0Q05Y5u2Q?si=NO4mRRuE4sR-9fpv

Жените се наоѓале на пешачка зона, но според надлежните, Брзата помош се враќала од интервенција кога се случила несреќата и затоа возеле оттаму.

The post Несреќа на Скијатос: Брза помош покоси туристи кои одбираа магнети appeared first on Република.

]]>

Возило на Брза помош покоси две жени кои во моментот разгледуваа магнети пред продавница. Инцидентот се случи во петокот на грчкиот остров Скијатос. Безбедносните камери снимиле како возачот ги собира жените со ретровизорот, а тие паѓаат. https://youtu.be/Ze0Q05Y5u2Q?si=NO4mRRuE4sR-9fpv Жените се наоѓале на пешачка зона, но според надлежните, Брзата помош се враќала од интервенција кога се случила несреќата и затоа возеле оттаму.

The post Несреќа на Скијатос: Брза помош покоси туристи кои одбираа магнети appeared first on Република.

]]>
Обемот на туристичките патувања во Москва се зголемил за 40% https://republika.mk/vesti/svet/obemot-na-turistichkite-patuvana-vo-moskva-se-zgolemil-za-40/ Tue, 25 Jun 2024 17:34:42 +0000 https://republika.mk/?p=790743

Обемот на туристички доаѓања на странци во Москва се зголемило за 40%. Само во првите три месеци од 2024 година во главниот град пристигнале половина милион странски патници.

Мнозинството се од земјите од Азиско-пацифичкиот регион (56% од странскиот туристички проток). Блискиот исток го надополнува изгубеното време за време на годините на пандемијата. Бројот на туристи од таму се приближува до бројките од 2019 година. Странците од овој регион почесто од другите престојуваат во хотели со пет ѕвездички и луксузни ресторани.

Сепак, Кина, Турција и Индија се топ 3-те земји од кои минатата година најчесто доаѓаат туристи во Москва. За цела 2023 година, главниот град на Русија го посетиле 2,3 милиони странски туристи, што е 30% повеќе од претходната година.

Луѓето доаѓаат во Москва главно за богата културна програма, како и за да видат како речиси 900 години од историјата на градот се впишани во модерната реалност и инфраструктура.

The post Обемот на туристичките патувања во Москва се зголемил за 40% appeared first on Република.

]]>

Обемот на туристички доаѓања на странци во Москва се зголемило за 40%. Само во првите три месеци од 2024 година во главниот град пристигнале половина милион странски патници. Мнозинството се од земјите од Азиско-пацифичкиот регион (56% од странскиот туристички проток). Блискиот исток го надополнува изгубеното време за време на годините на пандемијата. Бројот на туристи од таму се приближува до бројките од 2019 година. Странците од овој регион почесто од другите престојуваат во хотели со пет ѕвездички и луксузни ресторани. Сепак, Кина, Турција и Индија се топ 3-те земји од кои минатата година најчесто доаѓаат туристи во Москва. За цела 2023 година, главниот град на Русија го посетиле 2,3 милиони странски туристи, што е 30% повеќе од претходната година. Луѓето доаѓаат во Москва главно за богата културна програма, како и за да видат како речиси 900 години од историјата на градот се впишани во модерната реалност и инфраструктура.

The post Обемот на туристичките патувања во Москва се зголемил за 40% appeared first on Република.

]]>
Шест туристи починаа од жештините во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/shest-turisti-pochinaa-od-zheshtinite-vo-grtsija/ Tue, 25 Jun 2024 13:48:19 +0000 https://republika.mk/?p=790655

Поради високите температури, кои достигнуваат и над 40 Целзиусови степени, од почетокот на месецов во Грција починаа шест туристи, а неколкумина се водат за исчезнати.

Последната жртва е 67-годишен Германец, кој е пронајден мртов на островот Крит. Како што соопшти вчера грчката полиција, туристот во неделата сам излегол на прошетка, а по неколку часа ѝ се јавил на сопругата и рекол дека не се чувствува добро.

Операцијата за пребарување и спасување започна веднаш и специјалната единица за спасување со дронови забележа тело на маж во кањонот Трипити, изјави полициски претставник за Ројтерс.

Спасувачките екипи трагаат и по две Французинки на островот Сикинос, на возраст од 73 и 64 години и 59-годишен американски полицаец кој одмарал на островот Аморгос.

Уште еден Американец беше пронајден мртов на грчкиот остров Матраки во Јонско Море минатата недела, а холандски турист беше пронајден мртов на егејскиот остров Самос претходно овој месец.

Телото на британскиот ТВ водител Мајкл Мозли беше пронајдено на 9 јуни на островот Сими во Егејско Море, по четиридневна операција за пребарување со авиони, дронови и чамци.

The post Шест туристи починаа од жештините во Грција appeared first on Република.

]]>

Поради високите температури, кои достигнуваат и над 40 Целзиусови степени, од почетокот на месецов во Грција починаа шест туристи, а неколкумина се водат за исчезнати. Последната жртва е 67-годишен Германец, кој е пронајден мртов на островот Крит. Како што соопшти вчера грчката полиција, туристот во неделата сам излегол на прошетка, а по неколку часа ѝ се јавил на сопругата и рекол дека не се чувствува добро.
Операцијата за пребарување и спасување започна веднаш и специјалната единица за спасување со дронови забележа тело на маж во кањонот Трипити, изјави полициски претставник за Ројтерс.
Спасувачките екипи трагаат и по две Французинки на островот Сикинос, на возраст од 73 и 64 години и 59-годишен американски полицаец кој одмарал на островот Аморгос. Уште еден Американец беше пронајден мртов на грчкиот остров Матраки во Јонско Море минатата недела, а холандски турист беше пронајден мртов на егејскиот остров Самос претходно овој месец. Телото на британскиот ТВ водител Мајкл Мозли беше пронајдено на 9 јуни на островот Сими во Егејско Море, по четиридневна операција за пребарување со авиони, дронови и чамци.

The post Шест туристи починаа од жештините во Грција appeared first on Република.

]]>