Турција Archives - Република https://republika.mk/tema/turcija/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 10:09:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Турција Archives - Република https://republika.mk/tema/turcija/ 32 32 Над 730 замоци зјаат празни: Ова е комплексот од бајките во Турција што пропадна поради банкрот https://republika.mk/zivot/patuvanja/nad-730-zamotsi-zjaat-prazni-ova-e-kompleksot-od-bajkite-vo-turtsija-shto-propadna-poradi-bankrot/ Wed, 20 Nov 2024 10:09:40 +0000 https://republika.mk/?p=839765

Бурџ Ал Бабас е напуштен станбен комплекс лоциран во близина на Мудурну, Турција.

Комплексот содржи 732 речиси идентични куќи, секоја дизајнирана да личи на минијатурен замок.

Локацијата, која беше развиена од Групацијата Сарот, беше напуштена во 2019 година, откако проектантите поднесоа барање за стечај со долг од 5 милиони долари.

The post Над 730 замоци зјаат празни: Ова е комплексот од бајките во Турција што пропадна поради банкрот appeared first on Република.

]]>

Бурџ Ал Бабас е напуштен станбен комплекс лоциран во близина на Мудурну, Турција. Комплексот содржи 732 речиси идентични куќи, секоја дизајнирана да личи на минијатурен замок. Локацијата, која беше развиена од Групацијата Сарот, беше напуштена во 2019 година, откако проектантите поднесоа барање за стечај со долг од 5 милиони долари.

The post Над 730 замоци зјаат празни: Ова е комплексот од бајките во Турција што пропадна поради банкрот appeared first on Република.

]]>
САД ја предупредија Турција да не им биде домаќин на лидерите на Хамас https://republika.mk/vesti/svet/sad-ja-predupredija-turtsija-da-ne-im-bide-domakin-na-liderite-na-hamas/ Tue, 19 Nov 2024 08:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=839430

Вашингтон денеска и порача на Турција дека како нивен сојузник оваа земја не треба да биде домаќин на лидерите на палестинската организација Хамас.

Во врска со тврдењето дека некои лидери на Хамас се преселиле од Катар во Турција, портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека одредени лидери на оваа организација се под обвиненија од САД, поради што треба да бидат екстрадирани во САД.

-Ние мислиме дека лидерите на оваа сурова терористичка организација не треба да живеат удобно никаде, што секако го вклучува и големиот град на еден од нашите клучни сојузници и партнери, рече Милер.

Анкара ги отфрла тврдењата дека Хамас го преселил своето политичко седиште во Турција, но наведува дека членовите на организацијата понекогаш ја посетуваат.

Хамас соопшти дека тоа се гласини кои Израел понекогаш ги шири, пренесуваат британските медиуми.

The post САД ја предупредија Турција да не им биде домаќин на лидерите на Хамас appeared first on Република.

]]>

Вашингтон денеска и порача на Турција дека како нивен сојузник оваа земја не треба да биде домаќин на лидерите на палестинската организација Хамас. Во врска со тврдењето дека некои лидери на Хамас се преселиле од Катар во Турција, портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека одредени лидери на оваа организација се под обвиненија од САД, поради што треба да бидат екстрадирани во САД. -Ние мислиме дека лидерите на оваа сурова терористичка организација не треба да живеат удобно никаде, што секако го вклучува и големиот град на еден од нашите клучни сојузници и партнери, рече Милер. Анкара ги отфрла тврдењата дека Хамас го преселил своето политичко седиште во Турција, но наведува дека членовите на организацијата понекогаш ја посетуваат. Хамас соопшти дека тоа се гласини кои Израел понекогаш ги шири, пренесуваат британските медиуми.

The post САД ја предупредија Турција да не им биде домаќин на лидерите на Хамас appeared first on Република.

]]>
Ердоган не ја исклучува можноста за турска воена операција во cеверна Сирија https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-ne-ja-iskluchuva-mozhnosta-za-turska-voena-operatsija-vo-ceverna-sirija/ Sat, 16 Nov 2024 18:47:36 +0000 https://republika.mk/?p=837575

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека не ја исклучува можноста за спроведување прекугранични воени операции во cеверна Сирија за да се заврши создавањето безбедносна зона од 30 километри.

Според турскиот лидер, нестабилноста во соседната земја и терористичките организации лоцирани на северот на Сирија претставуваат закана за безбедноста на Турција, а армијата, доколку е потребно, ќе спроведе прекугранични операции во северниот дел на Сирија против милитантите лоцирани таму.

Претседателот Ердоган претходно најави дека планира да го заврши создавањето на безбедносна зона со цел да се обезбеди контрола на дел од границата со Сирија долга шестотини километри и да се минимизираат заканите кои доаѓаат од нејзината територија.

Турција, исто така, ќе продолжи со напорите за обновување на односите со Сирија, кои беа прекинати во 2012 година, наведуваат медиумите.

The post Ердоган не ја исклучува можноста за турска воена операција во cеверна Сирија appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека не ја исклучува можноста за спроведување прекугранични воени операции во cеверна Сирија за да се заврши создавањето безбедносна зона од 30 километри. Според турскиот лидер, нестабилноста во соседната земја и терористичките организации лоцирани на северот на Сирија претставуваат закана за безбедноста на Турција, а армијата, доколку е потребно, ќе спроведе прекугранични операции во северниот дел на Сирија против милитантите лоцирани таму. Претседателот Ердоган претходно најави дека планира да го заврши создавањето на безбедносна зона со цел да се обезбеди контрола на дел од границата со Сирија долга шестотини километри и да се минимизираат заканите кои доаѓаат од нејзината територија. Турција, исто така, ќе продолжи со напорите за обновување на односите со Сирија, кои беа прекинати во 2012 година, наведуваат медиумите.

The post Ердоган не ја исклучува можноста за турска воена операција во cеверна Сирија appeared first on Република.

]]>
Ердоган се надева на помирување со сирискиот претседател Асад https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-se-nadeva-na-pomiruvane-so-siriskiot-pretsedatel-asad/ Wed, 13 Nov 2024 17:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=837314

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека и натаму се надева на можно помирување со сирискиот претседател Башар ал Асад за да се стави крај на децениската тензија меѓу двете соседни земји, јавија американските медиуми.

Говорејќи пред новинарите по неговото патување во Саудиска Арабија и Азербејџан, Ердоган порача дека нормализацијата на односите ќе помогне да се стабилизира Сирија и да се заштити нејзиниот „територијален интегритет“.

Се уште имам надеж за Асад. Се уште имам надеж дека можеме да се здружиме и да ги вратиме односите меѓу Сирија и Турција на вистинскиот пат, рече турскиот претседател.

Односите меѓу Анкара и Дамаск се затегнати од избувнувањето на сириската граѓанска војна, во 2011 година, кога Турција ги поддржа бунтовничките групи кои се обидоа да го соборат Асад, а Сирија ја обвини Турција за поттикнување нестабилност.

Турција неодамна побара помирување со Сирија за да одговори на безбедносните закани од групите поврзани со курдските милитанти долж нејзината јужна граница и да помогне да се обезбеди безбедно враќање на сириските бегалци.

Русија, која е меѓу најсилните сојузници на владата на Асад и има блиски врски со Турција, се залага двете земји да се вратат на дипломатските односи.

The post Ердоган се надева на помирување со сирискиот претседател Асад appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека и натаму се надева на можно помирување со сирискиот претседател Башар ал Асад за да се стави крај на децениската тензија меѓу двете соседни земји, јавија американските медиуми. Говорејќи пред новинарите по неговото патување во Саудиска Арабија и Азербејџан, Ердоган порача дека нормализацијата на односите ќе помогне да се стабилизира Сирија и да се заштити нејзиниот „територијален интегритет“.
Се уште имам надеж за Асад. Се уште имам надеж дека можеме да се здружиме и да ги вратиме односите меѓу Сирија и Турција на вистинскиот пат, рече турскиот претседател.
Односите меѓу Анкара и Дамаск се затегнати од избувнувањето на сириската граѓанска војна, во 2011 година, кога Турција ги поддржа бунтовничките групи кои се обидоа да го соборат Асад, а Сирија ја обвини Турција за поттикнување нестабилност. Турција неодамна побара помирување со Сирија за да одговори на безбедносните закани од групите поврзани со курдските милитанти долж нејзината јужна граница и да помогне да се обезбеди безбедно враќање на сириските бегалци. Русија, која е меѓу најсилните сојузници на владата на Асад и има блиски врски со Турција, се залага двете земји да се вратат на дипломатските односи.

The post Ердоган се надева на помирување со сирискиот претседател Асад appeared first on Република.

]]>
Градоначалник во Турција и неговиот возач убиени во престрелка, тројца се повредени https://republika.mk/vesti/svet/gradonachalnik-vo-turtsija-i-negoviot-vozach-ubieni-vo-prestrelka-trojtsa-se-povredeni/ Mon, 04 Nov 2024 11:35:32 +0000 https://republika.mk/?p=833976

Градоначалникот на Балашеих, и неговиот возач загинаа денеска во воружен напад. Ова го соопшти гувернерот на централниот турски округ Мехмет Макас, цитиран од Си-Ен-Ен Турк, додавајќи дека во нападот биле повредени уште три лица.

Хилми Шен (50) бил тешко ранет во престрелката, но подоцна им подлегнал на повредите. Во вооружениот напад загинал и Микаил Челикол, шофер на Шен, а три лица се повредени и сите се примени во болница.

Нападот го извршил лице со иницјиали Е.Ш. кој бил роднина на градоначалникот, и бил приведен. Засега не се познати мотивите за убиството.

The post Градоначалник во Турција и неговиот возач убиени во престрелка, тројца се повредени appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Балашеих, и неговиот возач загинаа денеска во воружен напад. Ова го соопшти гувернерот на централниот турски округ Мехмет Макас, цитиран од Си-Ен-Ен Турк, додавајќи дека во нападот биле повредени уште три лица. Хилми Шен (50) бил тешко ранет во престрелката, но подоцна им подлегнал на повредите. Во вооружениот напад загинал и Микаил Челикол, шофер на Шен, а три лица се повредени и сите се примени во болница. Нападот го извршил лице со иницјиали Е.Ш. кој бил роднина на градоначалникот, и бил приведен. Засега не се познати мотивите за убиството.

The post Градоначалник во Турција и неговиот возач убиени во престрелка, тројца се повредени appeared first on Република.

]]>
Турција за година и пол изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот https://republika.mk/vesti/svet/turtsija-za-godina-i-pol-izgradi-tsel-grad-za-onie-koi-ostanaa-bez-domovi-vo-zemjotresot/ Wed, 30 Oct 2024 13:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=832459

„Вака изгледа прошетка низ една од новите населби во Хатај, изградена од страна на државата за оние кои останаа без домови во катастрофалниот земјотрес!“, стои во објавата на Фејсбук на страницата Република Турција.

На 6 февруари, 2023 година, југоисточна Турција и северна Сирија беа погодени од силен земјотрес. Според официјални податоци, имаше повеќе од 50 илјади жртви, а повеќе од 125 илјади беа повредени. Најсилно погоден беше градот Хатај на границата кон Сирија. Цели градски населби беа уништени.

Многу луѓе по земјотресот се преселија во други градови. Оние кои останаа во голем дел до денес живеeja во села со контејнери кои беа замислени да бидат само привремено сместување.
Околу 200 такви брзо подигнати провизорни населби има само во регионот на Хатај. Околу 187 илјади лица таму најдоа засолниште.

The post Турција за година и пол изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот appeared first on Република.

]]>

„Вака изгледа прошетка низ една од новите населби во Хатај, изградена од страна на државата за оние кои останаа без домови во катастрофалниот земјотрес!“, стои во објавата на Фејсбук на страницата Република Турција. На 6 февруари, 2023 година, југоисточна Турција и северна Сирија беа погодени од силен земјотрес. Според официјални податоци, имаше повеќе од 50 илјади жртви, а повеќе од 125 илјади беа повредени. Најсилно погоден беше градот Хатај на границата кон Сирија. Цели градски населби беа уништени. Многу луѓе по земјотресот се преселија во други градови. Оние кои останаа во голем дел до денес живеeja во села со контејнери кои беа замислени да бидат само привремено сместување. Околу 200 такви брзо подигнати провизорни населби има само во регионот на Хатај. Околу 187 илјади лица таму најдоа засолниште.

The post Турција за година и пол изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот appeared first on Република.

]]>
Турција ги нападна позициите на ПКК во Ирак и Сирија https://republika.mk/vesti/svet/turtsija-gi-napadna-pozitsiite-na-pkk-vo-irak-i-sirija/ Thu, 24 Oct 2024 06:17:19 +0000 https://republika.mk/?p=830369

По терористичкиот напад во Анкара, Турција со проектили гаѓаше локации поврзани со курдската милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК) во северен Ирак и северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.

Извршена е воздушна операција против терористички цели на северот на Ирак и Сирија, а успешно се уништени вкупно 32 терористички цели, се наведува во соопштението на Министерството, во кое се додава дека операциите продолжуваат.

Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на ПКК, забранета во Турција, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Објектите на Турската воздухопловна индустрија (ТАИ) во Анкара беа цел на терористички напад во средата, при што загинаа петмина, а беа ранети 22 лица. Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, рече Јерликаја.

ПКК веќе неколку децении се бори против турските власти, а САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација.

ТУСАС е најголемиот турски производител на авиони и хеликоптери, вклучувајќи го и првиот турски борбен авион КААН. Сопственици се Владата и Фондацијата на турските вооружени сили, а во неа работат повеќе од 10.000 луѓе.

The post Турција ги нападна позициите на ПКК во Ирак и Сирија appeared first on Република.

]]>

По терористичкиот напад во Анкара, Турција со проектили гаѓаше локации поврзани со курдската милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК) во северен Ирак и северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.
Извршена е воздушна операција против терористички цели на северот на Ирак и Сирија, а успешно се уништени вкупно 32 терористички цели, се наведува во соопштението на Министерството, во кое се додава дека операциите продолжуваат.
Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на ПКК, забранета во Турција, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Објектите на Турската воздухопловна индустрија (ТАИ) во Анкара беа цел на терористички напад во средата, при што загинаа петмина, а беа ранети 22 лица. Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, рече Јерликаја.
ПКК веќе неколку децении се бори против турските власти, а САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација. ТУСАС е најголемиот турски производител на авиони и хеликоптери, вклучувајќи го и првиот турски борбен авион КААН. Сопственици се Владата и Фондацијата на турските вооружени сили, а во неа работат повеќе од 10.000 луѓе.

The post Турција ги нападна позициите на ПКК во Ирак и Сирија appeared first on Република.

]]>
„Фајненшл тајмс“: Турција тајно забрани извоз на американска воена стока во Русија https://republika.mk/vesti/svet/fajnenshl-tajms-turtsija-tajno-zabrani-izvoz-na-amerikanska-voena-stoka-vo-rusija/ Wed, 23 Oct 2024 20:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=830350

Турција тајно забранила извоз на американска воена стока во Русија, пишува „Фајненшл тајмс“.

Спофред пишувањето на весникот, Турците во последните недели блокирале повеќе од четириесетина категории стоки од „американско потекло“. Официјална Анкара ја донела одлуката откако ги предупредила земјите за последиците доколку продолжи трговијата.

Забранетите производи вклучуваат електронски компоненти за ракети и дронови (процесори и мемориски картички), машински алати, микрочипови и системи за далечинско управување.

Тивката забрана за воен извоз во Русија е последниот знак дека Турција ја напушта улогата на бедем против западните санкции“, се вели во написот.

Весникот забележува дека забраната не е јавно објавена поради „политичка чувствителност“ на одлуката.

The post „Фајненшл тајмс“: Турција тајно забрани извоз на американска воена стока во Русија appeared first on Република.

]]>

Турција тајно забранила извоз на американска воена стока во Русија, пишува „Фајненшл тајмс“. Спофред пишувањето на весникот, Турците во последните недели блокирале повеќе од четириесетина категории стоки од „американско потекло“. Официјална Анкара ја донела одлуката откако ги предупредила земјите за последиците доколку продолжи трговијата. Забранетите производи вклучуваат електронски компоненти за ракети и дронови (процесори и мемориски картички), машински алати, микрочипови и системи за далечинско управување.
Тивката забрана за воен извоз во Русија е последниот знак дека Турција ја напушта улогата на бедем против западните санкции“, се вели во написот.
Весникот забележува дека забраната не е јавно објавена поради „политичка чувствителност“ на одлуката.

The post „Фајненшл тајмс“: Турција тајно забрани извоз на американска воена стока во Русија appeared first on Република.

]]>
Терористички напад во Турција, има загинати https://republika.mk/vesti/svet/teroristichki-napad-vo-turtsija-ima-zaginati/ Wed, 23 Oct 2024 14:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=830231

Експлозија одекна во Анкара во близина на зградата на турската корпорација ТУСАШ, производител на воени авиони и вселенска опрема, а причините се уште не се јасни, објави агенцијата ИХА.

„Се случи експлозија во производствениот погон ТУСАШво Анкара, област Кахраманказан. Се слушнаа и звуци од истрели“, се вели во соопштението.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека во просториите на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) бил извршен терористички напад, во кој имало убиени и ранети.

Јерликаја во објава на својот профил на социјалните мрежи објави дека терористичкиот напад бил извршен во комплексот на компанијата ТУСАШ во областа Кахраманказан во Анкара.

„За жал, во нападот имаме загинати и ранети. На нашите маченици им посакуваме Божја милост, а на ранетите брзо закрепнување. Јавноста ќе биде информирана за ситуацијата. Важно е да се земат предвид информациите што доаѓаат од официјалните извори“, рече Јерликаја.

Во областа се испратени безбедносни сили, пожарникари и болничари. Беше објавено дека персоналот на одбранбената фирма бил упатен во засолништа од безбедносни причини.

The post Терористички напад во Турција, има загинати appeared first on Република.

]]>

Експлозија одекна во Анкара во близина на зградата на турската корпорација ТУСАШ, производител на воени авиони и вселенска опрема, а причините се уште не се јасни, објави агенцијата ИХА.
„Се случи експлозија во производствениот погон ТУСАШво Анкара, област Кахраманказан. Се слушнаа и звуци од истрели“, се вели во соопштението.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека во просториите на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) бил извршен терористички напад, во кој имало убиени и ранети. Јерликаја во објава на својот профил на социјалните мрежи објави дека терористичкиот напад бил извршен во комплексот на компанијата ТУСАШ во областа Кахраманказан во Анкара.
„За жал, во нападот имаме загинати и ранети. На нашите маченици им посакуваме Божја милост, а на ранетите брзо закрепнување. Јавноста ќе биде информирана за ситуацијата. Важно е да се земат предвид информациите што доаѓаат од официјалните извори“, рече Јерликаја.
Во областа се испратени безбедносни сили, пожарникари и болничари. Беше објавено дека персоналот на одбранбената фирма бил упатен во засолништа од безбедносни причини.

The post Терористички напад во Турција, има загинати appeared first on Република.

]]>
Министрите Мисајловски и Гулер потпишаа Рамковен договор за воена соработка https://republika.mk/vesti/makedonija/ministrite-misajlovski-i-guler-potpishaa-ramkoven-dogovor-za-voena-sorabotka/ Wed, 23 Oct 2024 14:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=830228

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Гулер денеска за време на средбата која се одржа во Истанбул во име на владите на двете држави потпишаа Рамковен договор за воена соработка врз основ на изразената потреба за подобрување на постојните пријателски односи.

Целта на овој договор е да ја развие соработката меѓу двете држави на полето на воената соработка, воена обука и образование, заемното учество во вежби, мировните операции и операциите за хуманитарна помош, одбранбена индустрија, военото разузнавање, логистичката соработка, воената медицина и здравствените услуги, комуникациско информациски системи и сајбер одбрана и размена на персонал за професионален развој.

На средбата министерот Мисајловски упати голема благодарност за континуираната поддршка од страна на сојузничка Турција која е наш значаен партнер и пријател од нашето осамостојување и која е значаен чинител и придонесувач во модернизацијата на Армијата и нејзиното опремување со нови, најсовремени средства, компатибилни со стандардите на земјите членки на НАТО.

Во рамки на денешните активности, министерот Мисајловски оствари средба и со Халук Горгун, секретар за одбранбена индустрија на која се разговараше за интензивирање на соработката во делот на модернизација на македонската Армија и за можностите за понатамошно проширување на билатералната воена соработка помеѓу двете пријателски држави.

За време на дводневната посетата на Република Турција, министерот Мисајловски, генералот Лафчиски и останатите членови на македонската делегација го посетија 4. меѓународен саем за одбрана – SAHA EXPO 2024, каде присуствуваа на церемонијалното отворање на саемот, остварија повеќе средби со претставници на компаниите од турската наменска индустрија и со други компании од сите сегменти на копнените капацитети кои би можеле да бидат од аквизициски интерес за македонската одбрана.

The post Министрите Мисајловски и Гулер потпишаа Рамковен договор за воена соработка appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Гулер денеска за време на средбата која се одржа во Истанбул во име на владите на двете држави потпишаа Рамковен договор за воена соработка врз основ на изразената потреба за подобрување на постојните пријателски односи. Целта на овој договор е да ја развие соработката меѓу двете држави на полето на воената соработка, воена обука и образование, заемното учество во вежби, мировните операции и операциите за хуманитарна помош, одбранбена индустрија, военото разузнавање, логистичката соработка, воената медицина и здравствените услуги, комуникациско информациски системи и сајбер одбрана и размена на персонал за професионален развој. На средбата министерот Мисајловски упати голема благодарност за континуираната поддршка од страна на сојузничка Турција која е наш значаен партнер и пријател од нашето осамостојување и која е значаен чинител и придонесувач во модернизацијата на Армијата и нејзиното опремување со нови, најсовремени средства, компатибилни со стандардите на земјите членки на НАТО. Во рамки на денешните активности, министерот Мисајловски оствари средба и со Халук Горгун, секретар за одбранбена индустрија на која се разговараше за интензивирање на соработката во делот на модернизација на македонската Армија и за можностите за понатамошно проширување на билатералната воена соработка помеѓу двете пријателски држави. За време на дводневната посетата на Република Турција, министерот Мисајловски, генералот Лафчиски и останатите членови на македонската делегација го посетија 4. меѓународен саем за одбрана – SAHA EXPO 2024, каде присуствуваа на церемонијалното отворање на саемот, остварија повеќе средби со претставници на компаниите од турската наменска индустрија и со други компании од сите сегменти на копнените капацитети кои би можеле да бидат од аквизициски интерес за македонската одбрана.

The post Министрите Мисајловски и Гулер потпишаа Рамковен договор за воена соработка appeared first on Република.

]]>
Се преврте туристички автобус во Турција, шест лица загинаа, а 25 се повредени https://republika.mk/vesti/svet/se-prevrte-turistichki-avtobus-vo-turtsija-shest-litsa-zaginaa-a-25-se-povredeni/ Fri, 18 Oct 2024 08:45:36 +0000 https://republika.mk/?p=828337

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени кога туристички автобус се преврте во Аксарај, Турција.

Туристичкиот автобус, од засега непозната причина, се превртел на локацијата Аџипинар на автопатот Аксарај - Анкара. На местото на несреќата се испратени бројни возила за итна помош, полиција и пожарникари.

Гувернерот на Аксарај, Мехмет Али Кумбузоглу, изјави дека туристичкиот автобус патувал од Баликесир кон Кападокија.

„За жал, во оваа сообраќајна несреќа животот го загубија шест наши граѓани. Според првите информации, имаме 25 повредени лица. Покрената е истрага, додаде Кумбузоглу.

The post Се преврте туристички автобус во Турција, шест лица загинаа, а 25 се повредени appeared first on Република.

]]>

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени кога туристички автобус се преврте во Аксарај, Турција. Туристичкиот автобус, од засега непозната причина, се превртел на локацијата Аџипинар на автопатот Аксарај - Анкара. На местото на несреќата се испратени бројни возила за итна помош, полиција и пожарникари. Гувернерот на Аксарај, Мехмет Али Кумбузоглу, изјави дека туристичкиот автобус патувал од Баликесир кон Кападокија. „За жал, во оваа сообраќајна несреќа животот го загубија шест наши граѓани. Според првите информации, имаме 25 повредени лица. Покрената е истрага, додаде Кумбузоглу.

The post Се преврте туристички автобус во Турција, шест лица загинаа, а 25 се повредени appeared first on Република.

]]>
Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја стресе Турција https://republika.mk/vesti/svet/silen-zemjotres-so-jachina-od-6-1-stepen-ja-strese-turtsija/ Wed, 16 Oct 2024 08:20:25 +0000 https://republika.mk/?p=827432

Јак земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди денеска Турција.

Земјотресот е регистриран на 46 километри источно од Малатија, која беше разурната од минатогодишниот земјотрес и на длабочина од 9 километри.

Засега нема информации за жртви и штети.

Инаку во февруари минатата година, низа разорни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,8 степени според Рихтеровата скала, го погодија истокот на Турција. Малатија беше сериозно оштетена во овие земјотреси, додека неколку градови беа срамнети со земја.

The post Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја стресе Турција appeared first on Република.

]]>

Јак земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди денеска Турција. Земјотресот е регистриран на 46 километри источно од Малатија, која беше разурната од минатогодишниот земјотрес и на длабочина од 9 километри. Засега нема информации за жртви и штети. Инаку во февруари минатата година, низа разорни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,8 степени според Рихтеровата скала, го погодија истокот на Турција. Малатија беше сериозно оштетена во овие земјотреси, додека неколку градови беа срамнети со земја.

The post Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја стресе Турција appeared first on Република.

]]>
Силен земјотрес ја погоди Турција https://republika.mk/vesti/balkan/silen-zemjotres-ja-pogodi-turtsija-3/ Wed, 16 Oct 2024 08:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=827413

Разорен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди денеска Турција. Земјотресот е регистриран на 46 километри источно од Малатија, која беше разурната од минатогодишниот земјотрес.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри.

Засега нема информации за жртви и штети.

Во февруари минатата година, низа разорни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,8 степени според Рихтеровата скала, го погодија истокот на Турција. Малатија беше сериозно оштетена во овие земјотреси, додека неколку градови беа срамнети со земја.

The post Силен земјотрес ја погоди Турција appeared first on Република.

]]>

Разорен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди денеска Турција. Земјотресот е регистриран на 46 километри источно од Малатија, која беше разурната од минатогодишниот земјотрес. Земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри. Засега нема информации за жртви и штети. Во февруари минатата година, низа разорни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,8 степени според Рихтеровата скала, го погодија истокот на Турција. Малатија беше сериозно оштетена во овие земјотреси, додека неколку градови беа срамнети со земја.

The post Силен земјотрес ја погоди Турција appeared first on Република.

]]>
Турција побара воведување санкции против Израел https://republika.mk/vesti/svet/turtsija-pobara-voveduvane-sanktsii-protiv-izrael/ Tue, 15 Oct 2024 15:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=827221

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан изјави дека времето за дипломатија е завршено и дека треба да се воведат санкции кон Израел.

„Ги преминавме границите на зборовите, дипломатијата, политиката, стигнавме до крајот, ни требаат други инструменти“, рече Фидан на конференцијата за иднината на Палестина во Анкара.

Турскиот министер рече дека меѓународната заедница треба да преземе правни мерки, да го бојкотира Израел, кој повеќе не смее да добива никаква поддршка на ниту едно поле.

„Во спротивно, Израел ќе продолжи со геноцид и масакри во Газа, бидејќи во моментов не ја плаќа економската, политичката или воената цена“, додаде турскиот министер, кој за време на конференцијата изрази загриженост дека меѓународното внимание ќе биде „одвлечено од Газа“ и би биле насочени кон израелски напади врз Либан.

Според него, и оние кои го поддржуваат Израел мора да платат цена, за да сфатат дека има граници на она што го прават.

Турција пролетта ги прекина најголем дел од своите економски врски со Израел, но дел од опозицијата ја обвинува дека продолжува да ја снабдува земјата со нафта на име на претходните договори.

The post Турција побара воведување санкции против Израел appeared first on Република.

]]>

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан изјави дека времето за дипломатија е завршено и дека треба да се воведат санкции кон Израел.
„Ги преминавме границите на зборовите, дипломатијата, политиката, стигнавме до крајот, ни требаат други инструменти“, рече Фидан на конференцијата за иднината на Палестина во Анкара.
Турскиот министер рече дека меѓународната заедница треба да преземе правни мерки, да го бојкотира Израел, кој повеќе не смее да добива никаква поддршка на ниту едно поле.
„Во спротивно, Израел ќе продолжи со геноцид и масакри во Газа, бидејќи во моментов не ја плаќа економската, политичката или воената цена“, додаде турскиот министер, кој за време на конференцијата изрази загриженост дека меѓународното внимание ќе биде „одвлечено од Газа“ и би биле насочени кон израелски напади врз Либан.
Според него, и оние кои го поддржуваат Израел мора да платат цена, за да сфатат дека има граници на она што го прават. Турција пролетта ги прекина најголем дел од своите економски врски со Израел, но дел од опозицијата ја обвинува дека продолжува да ја снабдува земјата со нафта на име на претходните договори.

The post Турција побара воведување санкции против Израел appeared first on Република.

]]>
Рама: Косово не може да најде поголем пријател од Турција и претседателот Ердоган https://republika.mk/vesti/balkan/rama-kosovo-ne-mozhe-da-najde-pogolem-prijatel-od-turtsija-i-pretsedatelot-erdogan/ Fri, 11 Oct 2024 18:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=825642

Премиеротна албанија Еди Рама по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Тирана порача дека Косово не може да најде поголем пријател од Турција.

На заедничката прес-конференција со турскиот претседате, Рама ја потсети јавноста дека Турција прва ја призна независноста на Косово.

The post Рама: Косово не може да најде поголем пријател од Турција и претседателот Ердоган appeared first on Република.

]]>

Премиеротна албанија Еди Рама по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Тирана порача дека Косово не може да најде поголем пријател од Турција. На заедничката прес-конференција со турскиот претседате, Рама ја потсети јавноста дека Турција прва ја призна независноста на Косово.

The post Рама: Косово не може да најде поголем пријател од Турција и претседателот Ердоган appeared first on Република.

]]>
Фидан: Не може да се исклучи употреба и на нуклеарно оружје во руско – украинската војна https://republika.mk/vesti/svet/fidan-ne-mozhe-da-se-iskluchi-upotreba-i-na-nuklearno-oruzhje-vo-rusko-ukrainskata-vojna/ Thu, 10 Oct 2024 09:59:56 +0000 https://republika.mk/?p=825168

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан предупреди дека ризикот од ширење на руско-украинската војна е поголем од кога и да е и дека не може да се исклучи употребата на нуклеарно оружје и оружје за масовно уништување во конфликтот, пренесува Анадолија.

Фидан ова го изјави на самитот Украина-Југоисточна Европа во Дубровник, Хрватска.

Фидан ја повтори поддршката на Анкара за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина и посочи дека Турција од самиот почеток вложува дипломатски напори за завршување на војната, нагласувајќи ја улогата на Анкара во одржувањето на преговорите меѓу завојуваните страни, таа е посредник во размената на затворениците и во функционирањето на Црноморската иницијатива за жито.

Тој посочи дека конфликтот во Украина ја влошил глобалната поларизација.

Во однос на учеството на Русија во преговорите, Фидан истакна дека одржливо решение може да се постигне само со вклучување на сите страни, вклучително и Русија во преговорите.

Шефот на турската дипломатија рече дека осигурувањето безбедност на храната, слободна пловидба, заштитата на нуклеарните капацитети и заштитата на критичната инфраструктура може да помогне во ублажувањето на уништувањето.

Самитот, кој првпат се одржа во грчката престолнина Атина во август 2023 година, а потоа во Тирана, Албанија, во февруари 2024 година, ги собра лидерите на Украина и земјите од Југоисточна Европа во Дубровник.

За време на посетата на Дубровник, Фидан се сретна и со својот хрватски колега Гордан Грлиќ-Радман.

The post Фидан: Не може да се исклучи употреба и на нуклеарно оружје во руско – украинската војна appeared first on Република.

]]>

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан предупреди дека ризикот од ширење на руско-украинската војна е поголем од кога и да е и дека не може да се исклучи употребата на нуклеарно оружје и оружје за масовно уништување во конфликтот, пренесува Анадолија. Фидан ова го изјави на самитот Украина-Југоисточна Европа во Дубровник, Хрватска. Фидан ја повтори поддршката на Анкара за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина и посочи дека Турција од самиот почеток вложува дипломатски напори за завршување на војната, нагласувајќи ја улогата на Анкара во одржувањето на преговорите меѓу завојуваните страни, таа е посредник во размената на затворениците и во функционирањето на Црноморската иницијатива за жито. Тој посочи дека конфликтот во Украина ја влошил глобалната поларизација. Во однос на учеството на Русија во преговорите, Фидан истакна дека одржливо решение може да се постигне само со вклучување на сите страни, вклучително и Русија во преговорите. Шефот на турската дипломатија рече дека осигурувањето безбедност на храната, слободна пловидба, заштитата на нуклеарните капацитети и заштитата на критичната инфраструктура може да помогне во ублажувањето на уништувањето. Самитот, кој првпат се одржа во грчката престолнина Атина во август 2023 година, а потоа во Тирана, Албанија, во февруари 2024 година, ги собра лидерите на Украина и земјите од Југоисточна Европа во Дубровник. За време на посетата на Дубровник, Фидан се сретна и со својот хрватски колега Гордан Грлиќ-Радман.

The post Фидан: Не може да се исклучи употреба и на нуклеарно оружје во руско – украинската војна appeared first on Република.

]]>
Гаши на средба со Ердоган: Унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-na-sredba-so-erdogan-unapreduvane-na-sorabotkata-megu-makedonija-i-turtsija/ Wed, 02 Oct 2024 20:42:05 +0000 https://republika.mk/?p=821959

Претседателот на македонското Собрание. Африм Гаши, во Анкара остварил средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на која биле разменети мислења за унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција, за состојбите во двете држави и за актуелните случувања во регионот и пошироко.

Kако што соопшти собраниската прес-служба, nа средбата присуствувале и претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулшуш, како и претседателите на парламентарните групи за соработка и пријателство од двете собранија, пратениците Бејџан Илјаз и Ахмет Килич.

Гаши остварил тет-а-тет средба и со министерот за надворешни работи Хакан Фидан, по што се одржала и заедничка средба со пратениците членови на делегацијата.

Гаши истакнал дека средбата претставува можност двете држави да ја зајакнат долгогодишната активна и успешна соработка. Оценил дека неодамнешната посета на министерот Фидан на Македонија, како и неговата посета на Турција, се потврда за високото ниво на билатерални односи меѓу двете традиционално пријателски земји и НАТО-сојузници.

Гаши нагласил дека како држава високо ја вреднуваме успешната соработка со Турција на сите полиња и изразил благодарност до Турција, која од самиот почеток била принципиелен подржувач на нашето членство во НАТО.

Kако што е наведено во соопштението, mинистерот Хакан Фидан ја потврдил безрезервната поддршка на Турција за Македонија на сите полиња и се осврнал на потребата за интензивирање на соработката во полето на економијата, реафирмирајќи ја заложбата за зголемување на трговската размена меѓу двете земји.

На средбата било нагласено значењето на меѓупарламентарната соработка и парламентарната дипломатија за билатералните и мултилатералните односи, во однос на унапредувањето на политичкиот дијалог и зголемувањето на динамиката на севкупната соработка меѓу земјите.

Собраниската делегација остварила средба и со Ерол Озвар, претседател на Советот за високо образование на Турција.

Kако што се посочува во соопштението, nа средбата, собраниската делегација била информирана за активностите на ова тело во насока на стратешко планирање на високото образование, координација меѓу универзитетите и воспоставување и одржување механизми за обезбедување квалитетно високо образование. Станало збор и за можностите за унапредување на соработката меѓу двете држави на полето на високото образование.

Претседателот на Собранието од денеска до 5 октомври претстојува во официјалната посета на Турција, на покана од претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш.

Во парламентарната делегација предводена од Гаши се и пратениците Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Мерита Колчи Коџаџуку и Беким Сали. 

The post Гаши на средба со Ердоган: Унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција appeared first on Република.

]]>

Претседателот на македонското Собрание. Африм Гаши, во Анкара остварил средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на која биле разменети мислења за унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција, за состојбите во двете држави и за актуелните случувања во регионот и пошироко. Kако што соопшти собраниската прес-служба, nа средбата присуствувале и претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулшуш, како и претседателите на парламентарните групи за соработка и пријателство од двете собранија, пратениците Бејџан Илјаз и Ахмет Килич. Гаши остварил тет-а-тет средба и со министерот за надворешни работи Хакан Фидан, по што се одржала и заедничка средба со пратениците членови на делегацијата. Гаши истакнал дека средбата претставува можност двете држави да ја зајакнат долгогодишната активна и успешна соработка. Оценил дека неодамнешната посета на министерот Фидан на Македонија, како и неговата посета на Турција, се потврда за високото ниво на билатерални односи меѓу двете традиционално пријателски земји и НАТО-сојузници. Гаши нагласил дека како држава високо ја вреднуваме успешната соработка со Турција на сите полиња и изразил благодарност до Турција, која од самиот почеток била принципиелен подржувач на нашето членство во НАТО. Kако што е наведено во соопштението, mинистерот Хакан Фидан ја потврдил безрезервната поддршка на Турција за Македонија на сите полиња и се осврнал на потребата за интензивирање на соработката во полето на економијата, реафирмирајќи ја заложбата за зголемување на трговската размена меѓу двете земји. На средбата било нагласено значењето на меѓупарламентарната соработка и парламентарната дипломатија за билатералните и мултилатералните односи, во однос на унапредувањето на политичкиот дијалог и зголемувањето на динамиката на севкупната соработка меѓу земјите. Собраниската делегација остварила средба и со Ерол Озвар, претседател на Советот за високо образование на Турција. Kако што се посочува во соопштението, nа средбата, собраниската делегација била информирана за активностите на ова тело во насока на стратешко планирање на високото образование, координација меѓу универзитетите и воспоставување и одржување механизми за обезбедување квалитетно високо образование. Станало збор и за можностите за унапредување на соработката меѓу двете држави на полето на високото образование. Претседателот на Собранието од денеска до 5 октомври претстојува во официјалната посета на Турција, на покана од претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш. Во парламентарната делегација предводена од Гаши се и пратениците Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Мерита Колчи Коџаџуку и Беким Сали. 

The post Гаши на средба со Ердоган: Унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција appeared first on Република.

]]>
„Домат дипломатијата“ тивко го прекинува бојкотот меѓу Турција и Израел со посредство на Палестина https://republika.mk/vesti/svet/domat-diplomatijata-tivko-go-prekinuva-bojkotot-megu-turtsija-i-izrael-so-posredstvo-na-palestina/ Thu, 26 Sep 2024 08:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=819729

Пред војната во Газа, Израел увезуваше околу 1.200 тони домати неделно од Турција, што претставуваше 30% од неговата потрошувачка. Кога овој увоз престана, се појави криза бидејќи домашното производство на домати во Израел, со центар во западниот дел на Негев во близина на Газа, беше нарушено од конфликтот. Израел првично увезуваше 500 тони домати од Јордан, но тоа не беше доволно за да се задоволи побарувачката и немаше друга алтернатива. Како што растеа цените на овошјето и зеленчукот, фрустрирајќи ја јавноста, решението дојде тивко од Турција.

По долги владини дискусии, израелските реакции против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беа повлечени и Израел одлучи да не прибегнува кон бојкот на турски прозиводи. Причината стана јасна - доматите. Зад сцената, Израел доби речиси 700 тони турски домати за само една недела, заедно со друга стока, што помогна да се олесни кризата.

Накратко, и Израел и Турција се согласија за начините за заобиколување на бојкотот кој официјално остана на сила. Трговците од двете земји, со одобрение од владата, управуваа со процесот. За да се избегне прекршување на законот, стоката е означена како наменета за Палестина и е регистрирана на палестинските трговци на Западниот Брег, кои добиваат голема провизија. Вообичаено, стоката наменета за палестинските власти поминува низ израелските пристаништа. По царинењето, палестинските посредници ја добиваат стоката и им ја предаваат на израелските трговци. Како што системот стана рутински, палестинските трговци повеќе не мораа воопшто да се појавуваат и израелските трговци го презедоа транспортот, испраќајќи провизии директно до Палестинците.

Периодов се дозна дека со наредба на израелското Министерство за земјоделство од 26 август е дозволен увоз на турски домати и покрај забраната, користејќи трета земја како покритие, под услов трасата да биде јасно документирана.

Прашањето е: дали пристапот на Турција е единствен или други земји исто така бојкотираат, но бараат начини да ги одржат врските со Израел?

Д-р Моше Бен-Давид, 72-годишен историчар и поранешен службеник на израелското разузнавање, тврди дека денешните бојкоти се неефикасни и лесно може да се најде начин да бидат заобиколени.

 

The post „Домат дипломатијата“ тивко го прекинува бојкотот меѓу Турција и Израел со посредство на Палестина appeared first on Република.

]]>

Пред војната во Газа, Израел увезуваше околу 1.200 тони домати неделно од Турција, што претставуваше 30% од неговата потрошувачка. Кога овој увоз престана, се појави криза бидејќи домашното производство на домати во Израел, со центар во западниот дел на Негев во близина на Газа, беше нарушено од конфликтот. Израел првично увезуваше 500 тони домати од Јордан, но тоа не беше доволно за да се задоволи побарувачката и немаше друга алтернатива. Како што растеа цените на овошјето и зеленчукот, фрустрирајќи ја јавноста, решението дојде тивко од Турција. По долги владини дискусии, израелските реакции против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беа повлечени и Израел одлучи да не прибегнува кон бојкот на турски прозиводи. Причината стана јасна - доматите. Зад сцената, Израел доби речиси 700 тони турски домати за само една недела, заедно со друга стока, што помогна да се олесни кризата. Накратко, и Израел и Турција се согласија за начините за заобиколување на бојкотот кој официјално остана на сила. Трговците од двете земји, со одобрение од владата, управуваа со процесот. За да се избегне прекршување на законот, стоката е означена како наменета за Палестина и е регистрирана на палестинските трговци на Западниот Брег, кои добиваат голема провизија. Вообичаено, стоката наменета за палестинските власти поминува низ израелските пристаништа. По царинењето, палестинските посредници ја добиваат стоката и им ја предаваат на израелските трговци. Како што системот стана рутински, палестинските трговци повеќе не мораа воопшто да се појавуваат и израелските трговци го презедоа транспортот, испраќајќи провизии директно до Палестинците. Периодов се дозна дека со наредба на израелското Министерство за земјоделство од 26 август е дозволен увоз на турски домати и покрај забраната, користејќи трета земја како покритие, под услов трасата да биде јасно документирана. Прашањето е: дали пристапот на Турција е единствен или други земји исто така бојкотираат, но бараат начини да ги одржат врските со Израел? Д-р Моше Бен-Давид, 72-годишен историчар и поранешен службеник на израелското разузнавање, тврди дека денешните бојкоти се неефикасни и лесно може да се најде начин да бидат заобиколени.  

The post „Домат дипломатијата“ тивко го прекинува бојкотот меѓу Турција и Израел со посредство на Палестина appeared first on Република.

]]>
Турција меѓу ЕУ и БРИКС https://republika.mk/kolumni/turtsija-megu-eu-i-briks/ Mon, 16 Sep 2024 13:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=816800

Петар Поп-Арсов

Во очекување на исходот од американските претседателски избори кои ќе претставуваат кулминација на оваа изборна 2024 година на глобално ниво, може слободно да кажеме  дека се забележуваат сериозни активности и поместувања кај повеќе земји во светот. Овие активности имаат за цел да им овозможат нивно подготвено влегување во новиот четиригодишен циклус на светската политика. Досегашната пракса покажа дека американските претседателски избори во голема мера ги определуваат насоките во кои се движи светот во четирите години мандатен период на американските претседатели.

Сепак, мора да признаеме дека се наметнува едно ново прашање, дали ова ќе бидат последните четири години на доминантното американско влијание после кое ќе дојде до создавање на мултилопарен свет или приказната за американската доминација ќе продолжи и понатаму? Непобитен факт e дека американските претседателски избори не се само внатрешна политичка трка на Соединетите Американски Држави, туку тие воедно индуцираат паралелни трки, групирања и прегрупирања насекаде во светот.

Војната во Украина е една од точките во кои може да се види влијанието на претстојните избори. Таму се трча последниот круг пред ноемвриските избори со намера да се стекне што е можно подобра позиција на стартно-целната рамнина. Веќе почна да се зборува за некакви мировни преговори и веќе гледаме раздвижување на тешките политички и дипломатски фигури кои можат да посредуваат во овој судир.

Се прават напори и за гаснење на пожарот и во Израел и Газа и превенирање на конфликт од пошироки размери. Во исто време гледаме и друг тип на политичко економски активности кои буквално од корен можат да влијаат на менувањето досегашната поставеност на светскиот распоред на силите.

Турција поднесе апликација за членство во БРИКС!

Да, земјата членка на НАТО, земјата кандидат за членство во ЕУ и долгогодишен партнер на политичкиот запад, на почетокот на овој месец официјално ја поднесе својата кандидатура за влегување во сојуз со Русија, Кина и останатите. Навистина интересен потег кој претставува сериозна провокација за западните сојузници во предвечерието на американските претседателски избори.

Турција беше силен политички поддржувач и партнер на политиките на САД во однос на војната во Сирија во времето на Обама. Таа е земјата која собори руски борбен авион за време на истата таа војна. Во Турција беше извршен атентат и убиен руски амбасадор. Тоа беа политики и настани кои што предизвикаа сериозни потреси и заладување на односите со официјална Москва.

Во Турција беше спроведен неуспешен државен удар, во случајов настан кој што претставуваше пресвртница и затоплување на турските односи со Русија, од една страна, и заладување на односите со западните партнери, од друга страна. Турција е земјата која беше најзначајниот фактор во заштитата на Европа од бегалските и мигрантски бранови кои го загрозија континентот. Земја чија што дипломатија беше блиску да спречи ескалирање на денешната руско-украинска војна.

Сега Турција е земјата која бара да влезе во БРИКС.

Навистина впечатливи трансформации на надворешните политики на една земја која претставува сериозна економска и воена регионална сила. Какво ќе биде влијанието на ваквиот турски потег врз политиките на ЕУ и САД и дали ќе има промени во односот кон Турција како последица на нејзините аспирации за членство во БРИКС, останува да видиме?

Дали овој потег на Турција е оправдан?

Ако се земе во предвид досегашниот процес на турските евроинтеграции, некои би рекле дека е и повеќе од оправдан! Дали апликацијата за членството во БРИКС, како алтернатива на членството во ЕУ е решение за турските бесконечни преговори со ЕУ? Дали Турција навистина сака да влезе во БРИКС или само сака да изврши притисок врз ЕУ со цел да го финализира процесот на пристапување, и за тоа ќе треба да почекаме да видиме?

Легитимноста на вака поставеното прашање лежи во фактот што, ако се сеќаваме, Турција на почетокот беше противник на зачленувањето на Финска и Шведска во НАТО, за потоа, после добивање на одредени концесии да ја крене рампата за овие две земји.  Ќе се случи ли слично сценарио и во овој случај или Турција навистина ќе помине од другата страна на улицата во прегратките на економската конкуренција на САД и ЕУ?

Турскиот пат за придружување кон ЕУ е најдолгиот и еден од најкомплексните процеси во споредба со останатите земји кандидати, како и оние кои некогаш биле кандидати, а денес се полноправни членки на ЕУ. Со формална апликација поднесена во 1997 година, Турција се здобива со кандидатски статус во 1999 година, а преговорите официјално ги започнува во 2005 година. Од тогаш до денес има отворено шеснаесет, а затворенорено само едно поглавје. Ваквиот бавен процес се должи на политички и економски пречки, како и прашања од областа на заштитата на човековите права.

Процесот на преговори беше запрен во 2019 година, највеќе поради назадување на демократските процеси во земјата, прашањата поврзани со Кипар и напнатоста која што се појави меѓу ЕУ и Турција како последица на обидот за државен удар во земјата во 2016 година.

За разлика од Турција, некои од сегашните земји членки, како што се Австрија, Финска и Шведска, станаа земји членки на ЕУ после само две години на преговарање. Најдолги преговори имаа Малта и Кипар на кои им требаа четиринаесет години за да го завршат процесот. Ако на Турците им претставува некаква утеха, Македонија е апликант од 2004 година и го има вториот најдолг евроинтегративен процес, со сѐ уште неизвесен исход.

Ако се земе во предвид дека просекот на евроинтегративниот процес од земја апликант до земја полноправен член на ЕУ изнесува девет години, тогаш дефинитивно тридеценискиот турски пат кон ЕУ претставува сериозна причина за нејзината неодамнешна апликација за членство во БРИКС. Со тоа доаѓаме до одговорот на прашањето поврзано со оправданоста на турскиот потег за апликација кон БРИКС.

Иако после сѐ што се случуваше во изминатите десетина години на релација Брисел – Анкара и блокадите кои што и беа наметнувани на Турција, во последно време сме сведоци дека во 2024 година ЕУ започна да прави напори да ги зајакне и продлабочи трговските односи со Турција. Може слободно да се каже дека сето ова претставува директна последица на турските најави за приближување кон БРИКС предизвикано од разочарувањето поради застојот на евроинтегративниот процес. Тоа е таа класична реактивна политика на „заспаната убавивица“ од Брисел.

Имено, во обид повторно да го заживее процесот, ЕУ претстави сеопфатна стратегија која се заснова на три столба. Овој план вклучува зајакнување на дипломатските ангажмани на високо ниво, продолжување на работата на Европската инвестициска банка во Турција и модернизирање на постојната царинска унија. Овие иницијативи се дел од пошироката цел на ЕУ за обезбедување соработка со Турција, особено во услови на тековните геополитички тензии, вклучително и руската војна во Украина. Турската геостратешка позиција е клучна за ЕУ во однос на контролата на миграциските процеси, како и за одбрамбената рамка на НАТО.

Закочените разговори за пристапување на Турција во ЕУ, заедно со чувството на занемареност на нејзините безбедносни интереси од страна на нејзините западни сојузници, ја мотивираа земјата да истражува алтернативи како што е БРИКС, организација во која доминираат големите економии во развој Кина и Индија. Од економска перспектива Турција го гледа БРИКС како можност да ги зајакне своите врски со големите растечки пазари. Турција веќе има значителни трговски односи со Кина, при што приклучувањето кон БРИКС може да обезбеди дополнителен пристап до пазарите во Русија, Индија и Бразил. Со неодамнешното проширување на БРИКС со земји како Египет, Емиратите и Иран, Турција го гледа членството како начин да го зајакне своето влијание во пошироко глобално ниво. Згора на сѐ, неодамнешните разговори меѓу Ердоган и Путин резултираа со нагласување на намерата на Турција да ги зајакне врските со БРИКС, за што беше добиена поддршка од Русија во однос на турските аспирации.

Сето ова заедно фрла сериозно светло врз Турција и врз нејзината улога на светската политичка сцена. Земјата јасно го потенцира променетиот фокус на нејзините надворешнополитички приоритети со што Турција станува посакуван партнер за сите страни. Партнер кој ја забележува својата шанса и прави сериозни чекори за искористување на сопствените пет минути.

 

The post Турција меѓу ЕУ и БРИКС appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Во очекување на исходот од американските претседателски избори кои ќе претставуваат кулминација на оваа изборна 2024 година на глобално ниво, може слободно да кажеме  дека се забележуваат сериозни активности и поместувања кај повеќе земји во светот. Овие активности имаат за цел да им овозможат нивно подготвено влегување во новиот четиригодишен циклус на светската политика. Досегашната пракса покажа дека американските претседателски избори во голема мера ги определуваат насоките во кои се движи светот во четирите години мандатен период на американските претседатели. Сепак, мора да признаеме дека се наметнува едно ново прашање, дали ова ќе бидат последните четири години на доминантното американско влијание после кое ќе дојде до создавање на мултилопарен свет или приказната за американската доминација ќе продолжи и понатаму? Непобитен факт e дека американските претседателски избори не се само внатрешна политичка трка на Соединетите Американски Држави, туку тие воедно индуцираат паралелни трки, групирања и прегрупирања насекаде во светот. Војната во Украина е една од точките во кои може да се види влијанието на претстојните избори. Таму се трча последниот круг пред ноемвриските избори со намера да се стекне што е можно подобра позиција на стартно-целната рамнина. Веќе почна да се зборува за некакви мировни преговори и веќе гледаме раздвижување на тешките политички и дипломатски фигури кои можат да посредуваат во овој судир. Се прават напори и за гаснење на пожарот и во Израел и Газа и превенирање на конфликт од пошироки размери. Во исто време гледаме и друг тип на политичко економски активности кои буквално од корен можат да влијаат на менувањето досегашната поставеност на светскиот распоред на силите.

Турција поднесе апликација за членство во БРИКС!

Да, земјата членка на НАТО, земјата кандидат за членство во ЕУ и долгогодишен партнер на политичкиот запад, на почетокот на овој месец официјално ја поднесе својата кандидатура за влегување во сојуз со Русија, Кина и останатите. Навистина интересен потег кој претставува сериозна провокација за западните сојузници во предвечерието на американските претседателски избори. Турција беше силен политички поддржувач и партнер на политиките на САД во однос на војната во Сирија во времето на Обама. Таа е земјата која собори руски борбен авион за време на истата таа војна. Во Турција беше извршен атентат и убиен руски амбасадор. Тоа беа политики и настани кои што предизвикаа сериозни потреси и заладување на односите со официјална Москва. Во Турција беше спроведен неуспешен државен удар, во случајов настан кој што претставуваше пресвртница и затоплување на турските односи со Русија, од една страна, и заладување на односите со западните партнери, од друга страна. Турција е земјата која беше најзначајниот фактор во заштитата на Европа од бегалските и мигрантски бранови кои го загрозија континентот. Земја чија што дипломатија беше блиску да спречи ескалирање на денешната руско-украинска војна. Сега Турција е земјата која бара да влезе во БРИКС. Навистина впечатливи трансформации на надворешните политики на една земја која претставува сериозна економска и воена регионална сила. Какво ќе биде влијанието на ваквиот турски потег врз политиките на ЕУ и САД и дали ќе има промени во односот кон Турција како последица на нејзините аспирации за членство во БРИКС, останува да видиме?

Дали овој потег на Турција е оправдан?

Ако се земе во предвид досегашниот процес на турските евроинтеграции, некои би рекле дека е и повеќе од оправдан! Дали апликацијата за членството во БРИКС, како алтернатива на членството во ЕУ е решение за турските бесконечни преговори со ЕУ? Дали Турција навистина сака да влезе во БРИКС или само сака да изврши притисок врз ЕУ со цел да го финализира процесот на пристапување, и за тоа ќе треба да почекаме да видиме? Легитимноста на вака поставеното прашање лежи во фактот што, ако се сеќаваме, Турција на почетокот беше противник на зачленувањето на Финска и Шведска во НАТО, за потоа, после добивање на одредени концесии да ја крене рампата за овие две земји.  Ќе се случи ли слично сценарио и во овој случај или Турција навистина ќе помине од другата страна на улицата во прегратките на економската конкуренција на САД и ЕУ? Турскиот пат за придружување кон ЕУ е најдолгиот и еден од најкомплексните процеси во споредба со останатите земји кандидати, како и оние кои некогаш биле кандидати, а денес се полноправни членки на ЕУ. Со формална апликација поднесена во 1997 година, Турција се здобива со кандидатски статус во 1999 година, а преговорите официјално ги започнува во 2005 година. Од тогаш до денес има отворено шеснаесет, а затворенорено само едно поглавје. Ваквиот бавен процес се должи на политички и економски пречки, како и прашања од областа на заштитата на човековите права. Процесот на преговори беше запрен во 2019 година, највеќе поради назадување на демократските процеси во земјата, прашањата поврзани со Кипар и напнатоста која што се појави меѓу ЕУ и Турција како последица на обидот за државен удар во земјата во 2016 година. За разлика од Турција, некои од сегашните земји членки, како што се Австрија, Финска и Шведска, станаа земји членки на ЕУ после само две години на преговарање. Најдолги преговори имаа Малта и Кипар на кои им требаа четиринаесет години за да го завршат процесот. Ако на Турците им претставува некаква утеха, Македонија е апликант од 2004 година и го има вториот најдолг евроинтегративен процес, со сѐ уште неизвесен исход. Ако се земе во предвид дека просекот на евроинтегративниот процес од земја апликант до земја полноправен член на ЕУ изнесува девет години, тогаш дефинитивно тридеценискиот турски пат кон ЕУ претставува сериозна причина за нејзината неодамнешна апликација за членство во БРИКС. Со тоа доаѓаме до одговорот на прашањето поврзано со оправданоста на турскиот потег за апликација кон БРИКС. Иако после сѐ што се случуваше во изминатите десетина години на релација Брисел – Анкара и блокадите кои што и беа наметнувани на Турција, во последно време сме сведоци дека во 2024 година ЕУ започна да прави напори да ги зајакне и продлабочи трговските односи со Турција. Може слободно да се каже дека сето ова претставува директна последица на турските најави за приближување кон БРИКС предизвикано од разочарувањето поради застојот на евроинтегративниот процес. Тоа е таа класична реактивна политика на „заспаната убавивица“ од Брисел. Имено, во обид повторно да го заживее процесот, ЕУ претстави сеопфатна стратегија која се заснова на три столба. Овој план вклучува зајакнување на дипломатските ангажмани на високо ниво, продолжување на работата на Европската инвестициска банка во Турција и модернизирање на постојната царинска унија. Овие иницијативи се дел од пошироката цел на ЕУ за обезбедување соработка со Турција, особено во услови на тековните геополитички тензии, вклучително и руската војна во Украина. Турската геостратешка позиција е клучна за ЕУ во однос на контролата на миграциските процеси, како и за одбрамбената рамка на НАТО. Закочените разговори за пристапување на Турција во ЕУ, заедно со чувството на занемареност на нејзините безбедносни интереси од страна на нејзините западни сојузници, ја мотивираа земјата да истражува алтернативи како што е БРИКС, организација во која доминираат големите економии во развој Кина и Индија. Од економска перспектива Турција го гледа БРИКС како можност да ги зајакне своите врски со големите растечки пазари. Турција веќе има значителни трговски односи со Кина, при што приклучувањето кон БРИКС може да обезбеди дополнителен пристап до пазарите во Русија, Индија и Бразил. Со неодамнешното проширување на БРИКС со земји како Египет, Емиратите и Иран, Турција го гледа членството како начин да го зајакне своето влијание во пошироко глобално ниво. Згора на сѐ, неодамнешните разговори меѓу Ердоган и Путин резултираа со нагласување на намерата на Турција да ги зајакне врските со БРИКС, за што беше добиена поддршка од Русија во однос на турските аспирации. Сето ова заедно фрла сериозно светло врз Турција и врз нејзината улога на светската политичка сцена. Земјата јасно го потенцира променетиот фокус на нејзините надворешнополитички приоритети со што Турција станува посакуван партнер за сите страни. Партнер кој ја забележува својата шанса и прави сериозни чекори за искористување на сопствените пет минути.  

The post Турција меѓу ЕУ и БРИКС appeared first on Република.

]]>
Турција: Нека е честит Денот на независноста на пријателска, братска и НАТО сојузничка Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/turtsija-neka-e-chestit-denot-na-nezavisnosta-na-prijatelska-bratska-i-nato-sojuznichka-severna-makedonija/ Sun, 08 Sep 2024 18:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=814467

Амбасдата на Турција упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.

– Нека е честит Денот на независноста на пријателска, братска и НАТО сојузничка Cеверна Македонија. Одлучни сме во наредниот период уште повеќе да ја развиваме нашата соработка во сите области, објави на платформата Х, амбасадата на Турција.

Честитка по повод Денот на независноста упати и Министерството за надворешни работи на Турција.

The post Турција: Нека е честит Денот на независноста на пријателска, братска и НАТО сојузничка Македонија appeared first on Република.

]]>

Амбасдата на Турција упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.
– Нека е честит Денот на независноста на пријателска, братска и НАТО сојузничка Cеверна Македонија. Одлучни сме во наредниот период уште повеќе да ја развиваме нашата соработка во сите области, објави на платформата Х, амбасадата на Турција.
Честитка по повод Денот на независноста упати и Министерството за надворешни работи на Турција.

The post Турција: Нека е честит Денот на независноста на пријателска, братска и НАТО сојузничка Македонија appeared first on Република.

]]>