турци Archives - Република https://republika.mk/tema/turci/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 15:46:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png турци Archives - Република https://republika.mk/tema/turci/ 32 32 За 800 евра незаконски ваделе македонски државјанства за Турци https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-800-evra-nezakonski-vadele-makedonski-drzhavjanstva-za-turtsi/ Thu, 07 Nov 2024 15:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=835234

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против А.Б.(33) и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

А.Б., вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги. Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица кои сакале да се стекнат со македонско државјанство и од лице се стекнувал со противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет.

А.С., вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица кои бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанство. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.

The post За 800 евра незаконски ваделе македонски државјанства за Турци appeared first on Република.

]]>

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против А.Б.(33) и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР. А.Б., вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги. Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица кои сакале да се стекнат со македонско државјанство и од лице се стекнувал со противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет. А.С., вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица кои бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанство. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.

The post За 800 евра незаконски ваделе македонски државјанства за Турци appeared first on Република.

]]>
Турските пожарникари се бореле со 306 пожари во последните четири дена https://republika.mk/vesti/balkan/turskite-pozharnikari-se-borele-so-306-pozhari-vo-poslednite-chetiri-dena/ Tue, 20 Aug 2024 07:43:15 +0000 https://republika.mk/?p=808142

Турските противпожарни служби реагираа на 306 шумски и градски пожари во изминатите четири дена, при што успешно изгаснаа 304 од нив, соопшти вчера турската Дирекција за комуникации.

Борбата против шумските пожари продолжува во повеќе области во земјата, со значителни напори насочени кон пожарите во окрузите Измир и Мугла.

Во областа Мендерес во округот Измир, екипи гаснат пожар што почнал пред два дена во шумска област. Против пожарот се насочени значителни сили и од воздушни и од копнени екипи. Во гаснењето на пожарот учествувале пет авиони и осум хеликоптери.

Воздушните и копнените противпожарни екипи се активни и во областите Јатаган и Ула во округот Мугла. Во текот на ноќта таму биле активирани три хеликоптери опремени со опрема за ноќно гледање, а против пожарот во Ула работи и амфибиски авион од Азербејџан кој извршил 12 летови и фрлил 114 тони вода врз огнот.

The post Турските пожарникари се бореле со 306 пожари во последните четири дена appeared first on Република.

]]>

Турските противпожарни служби реагираа на 306 шумски и градски пожари во изминатите четири дена, при што успешно изгаснаа 304 од нив, соопшти вчера турската Дирекција за комуникации. Борбата против шумските пожари продолжува во повеќе области во земјата, со значителни напори насочени кон пожарите во окрузите Измир и Мугла. Во областа Мендерес во округот Измир, екипи гаснат пожар што почнал пред два дена во шумска област. Против пожарот се насочени значителни сили и од воздушни и од копнени екипи. Во гаснењето на пожарот учествувале пет авиони и осум хеликоптери. Воздушните и копнените противпожарни екипи се активни и во областите Јатаган и Ула во округот Мугла. Во текот на ноќта таму биле активирани три хеликоптери опремени со опрема за ноќно гледање, а против пожарот во Ула работи и амфибиски авион од Азербејџан кој извршил 12 летови и фрлил 114 тони вода врз огнот.

The post Турските пожарникари се бореле со 306 пожари во последните четири дена appeared first on Република.

]]>
Девет Турци со фалсификувани визи уапсени на скопскиот аеродром https://republika.mk/vesti/crna-hronika/devet-turtsi-so-falsifikuvani-vizi-uapseni-na-skopskiot-aerodrom/ Fri, 29 Sep 2023 10:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=686337

Вчеравечер во 20.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.Т.(42), О.Е.(33), А.Ј.(29), К.А.(29), Е.С.(27), М.Е.А.(30), Х.Т.(28), М.З.(21) и В.С.(25), сите од Република Турција, затоа што при гранична контрола кај нив биле пронајдени британски визи и британски дозволи за престој за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификувани.

Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

 

The post Девет Турци со фалсификувани визи уапсени на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 20.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.Т.(42), О.Е.(33), А.Ј.(29), К.А.(29), Е.С.(27), М.Е.А.(30), Х.Т.(28), М.З.(21) и В.С.(25), сите од Република Турција, затоа што при гранична контрола кај нив биле пронајдени британски визи и британски дозволи за престој за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификувани. Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.  

The post Девет Турци со фалсификувани визи уапсени на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Седум турски државјани работеле градежни работи во Аеродром без потребните документи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sedum-turski-drzhavjani-rabotele-gradezhni-raboti-vo-aerodrom-bez-potrebnite-dokumenti/ Fri, 28 Jul 2023 18:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=666435

Седум турски државјани се затекнати како извршуваат градежни работни активности без регулиран привремен престој за странец по основ на вработување и без соодветна дозвола издадена од Агенцијата за вработување.

Како што информитраат од МВР, вчера полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со инспектори од Државниот инспекторат за труд извршиле контрола на градежен објект на подрачјето на Аеродром, Скопје.

По доставено барање за поведување прекршочна постапка против сите седум лица по член 217 став 1 и став 2 од Законот за странци, Основниот суд Скопје им изрече глоби од 250 евра и им издаде решенија за враќање на странец, се наведува во соопштението на МВР.

The post Седум турски државјани работеле градежни работи во Аеродром без потребните документи appeared first on Република.

]]>

Седум турски државјани се затекнати како извршуваат градежни работни активности без регулиран привремен престој за странец по основ на вработување и без соодветна дозвола издадена од Агенцијата за вработување. Како што информитраат од МВР, вчера полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со инспектори од Државниот инспекторат за труд извршиле контрола на градежен објект на подрачјето на Аеродром, Скопје.
По доставено барање за поведување прекршочна постапка против сите седум лица по член 217 став 1 и став 2 од Законот за странци, Основниот суд Скопје им изрече глоби од 250 евра и им издаде решенија за враќање на странец, се наведува во соопштението на МВР.

The post Седум турски државјани работеле градежни работи во Аеродром без потребните документи appeared first on Република.

]]>
Над милион и пол Турци излегоа да го поддржат Ердоган https://republika.mk/vesti/balkan/nad-milion-i-pol-turtsi-izlegoa-da-go-poddrzhat-erdogan/ Mon, 08 May 2023 09:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=638255

Околу 1,7 милиони луѓе беа дел од главниот и најмасовниот митинг на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул пред претседателските избори кои се закажани за 14 мај.

Според официјалните податоци што ги добив, на митингот присуствуваат околу 1,7 милиони луѓе. Ако жителите на Истанбул кажат „да“ на изборите, прашањето (претседателските избори) може да се смета за решено, рече Ердоган.

Митингот за поддршка на лидерот на земјата, кој го организираше владејачката Партија на правдата и развојот на чело со него, се одржа во Националниот парк, кој се наоѓа на територијата на поранешниот меѓународен аеродром Ататурк.

На средбата беа зголемени безбедносните мерки. Возовите на метрото што сообраќаа до местото беа преполни од пладне, како и пероните на станиците, каде поддржувачите на Ердоган извикуваа слогани за негова поддршка.

На 6 мај, турскиот опозициски кандидат за претседател Кемал Килинјароглу одржа митинг во азискиот дел на Истанбул. И тој бепе многуброен, но бројот на лица кои учествуваа не беше наведен.

Претседателските избори во Турција ќе се одржат на 14 мај. Право на глас за нив имаат 64 милиони граѓани на републиката, пренесува „Спутник“.

The post Над милион и пол Турци излегоа да го поддржат Ердоган appeared first on Република.

]]>

Околу 1,7 милиони луѓе беа дел од главниот и најмасовниот митинг на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул пред претседателските избори кои се закажани за 14 мај.
Според официјалните податоци што ги добив, на митингот присуствуваат околу 1,7 милиони луѓе. Ако жителите на Истанбул кажат „да“ на изборите, прашањето (претседателските избори) може да се смета за решено, рече Ердоган.
Митингот за поддршка на лидерот на земјата, кој го организираше владејачката Партија на правдата и развојот на чело со него, се одржа во Националниот парк, кој се наоѓа на територијата на поранешниот меѓународен аеродром Ататурк. На средбата беа зголемени безбедносните мерки. Возовите на метрото што сообраќаа до местото беа преполни од пладне, како и пероните на станиците, каде поддржувачите на Ердоган извикуваа слогани за негова поддршка. На 6 мај, турскиот опозициски кандидат за претседател Кемал Килинјароглу одржа митинг во азискиот дел на Истанбул. И тој бепе многуброен, но бројот на лица кои учествуваа не беше наведен. Претседателските избори во Турција ќе се одржат на 14 мај. Право на глас за нив имаат 64 милиони граѓани на републиката, пренесува „Спутник“.

The post Над милион и пол Турци излегоа да го поддржат Ердоган appeared first on Република.

]]>
Ограбени Турци додека снимале на ул. Самоилова https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ograbeni-turci-dodeka-snimale-na-ul-samoilova/ Thu, 13 Oct 2022 15:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=560754

Турски државјанин M.E.(35) синоќа пријавил во Полициската станица Центар дека во 11:20 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, едно лице одзело паричници со пари и други предмети од две возила на екипа која снимала на локацијата, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето употребило и физичка сила кон лице од Република Турција кое се обидело да го спречи сторителот да избега

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Ограбени Турци додека снимале на ул. Самоилова appeared first on Република.

]]>

Турски државјанин M.E.(35) синоќа пријавил во Полициската станица Центар дека во 11:20 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, едно лице одзело паричници со пари и други предмети од две возила на екипа која снимала на локацијата, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи. Според пријавеното, лицето употребило и физичка сила кон лице од Република Турција кое се обидело да го спречи сторителот да избега Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Ограбени Турци додека снимале на ул. Самоилова appeared first on Република.

]]>
Кувајтски боксер се тепал на улица со 15 Турци https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kuvajtski-bokser-se-tepal-na-ulica-so-15-turci/ Thu, 25 Aug 2022 10:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=543946

Иако е роден во Кувајт, Мохамед Фадел Дубоа својата боксерска кариера ја изгради под знамето на Ирска.Имаше многу борби во рингот зад него, но неговата најголема борба всушност беше на улица.Најголемата непријатност ја доживеал во Инстабул кога сакал да добие шише со вода.

Исфрустрираниот сопственик на продавница започнал тепачка со дрвена палка врз боксерот, која траела неколку минути. Дубоа одеднаш се нашол опкружен со група луѓе кои скокнале во одбрана на сопственикот на продавницата.

Поранешниот боксер им се спротивстави на сите и така ладно го нокаутирал првиот напаѓач. После тоа, двајца од нив го напаѓаат Дубоу, едниот со стол, другиот со дрвен палка. Сепак, тие не можат да го соборат на подот. Наместо тоа, боксерот налетува на околу 15 противници и фрла неколку удари, надевајќи се дека ќе приземји некого.

Погледнете

 

The post Кувајтски боксер се тепал на улица со 15 Турци appeared first on Република.

]]>

Иако е роден во Кувајт, Мохамед Фадел Дубоа својата боксерска кариера ја изгради под знамето на Ирска.Имаше многу борби во рингот зад него, но неговата најголема борба всушност беше на улица.Најголемата непријатност ја доживеал во Инстабул кога сакал да добие шише со вода. Исфрустрираниот сопственик на продавница започнал тепачка со дрвена палка врз боксерот, која траела неколку минути. Дубоа одеднаш се нашол опкружен со група луѓе кои скокнале во одбрана на сопственикот на продавницата. Поранешниот боксер им се спротивстави на сите и така ладно го нокаутирал првиот напаѓач. После тоа, двајца од нив го напаѓаат Дубоу, едниот со стол, другиот со дрвен палка. Сепак, тие не можат да го соборат на подот. Наместо тоа, боксерот налетува на околу 15 противници и фрла неколку удари, надевајќи се дека ќе приземји некого. Погледнете
 

The post Кувајтски боксер се тепал на улица со 15 Турци appeared first on Република.

]]>