Тупанчевски Archives - Република https://republika.mk/tema/tupanchevski/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Feb 2023 10:45:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тупанчевски Archives - Република https://republika.mk/tema/tupanchevski/ 32 32 Тупанчески: Со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-so-noviot-krivichen-zakonik-vo-tselost-ke-se-revidira-kaznenata-politika/ Wed, 01 Feb 2023 10:44:39 +0000 https://republika.mk/?p=603291

Стручната расправа во Апелациониот суд Штип е прва во серијата  расправи за новиот Кривичен законик на ниво на апелациони подрачја. После 27 години се добива нов законски текст со кој ќе се подобри правната сигурност на граѓаните.

Министерот за правда, Никола Тупанчески во своето обраќање се осврна на новините во неколку клучни сегменти. Со новиот Кривичен законик се врши редефинирање и хармонизација на пропишаните казни за одредени кривични дела кои отстапуваа од целите на казнената политика.

Од анализата на досегашната примена на Кривичниот законик, можеме да констатираме дека примената на мерката конфискација претставуваше особена слабост. Новините во оваа сфера имаат за цел отстранување на лоцираните слабости со што ќе се зголеми ефикасноста во примената на овој институт. Исто така, одредбите за конфискација се целосно усогласени со Европската конвенција за човекови права и јуриспруденцијата на Судот во Стразбур.Не помалку значајни се и новините кои се однесуваат на кривичните дела „Тортура“ и „Малтретирање во вршењето на службата“ и нивното незастарување како резултат од конкретни злоупотреби што резултираа и со пресуди од Судот во Стразбур против нашата држава”,рече Тупанчески.

Министерот за правда посочи дека посебно внимание во изготвувањето на новиот Кривичен законик било посветено на негово усогласување со најновите меѓународни стандарди. Во сферата на перењето пари биле рзгледувани документите од Манивал. Во областите поврзани со недозволеното производство и трговија со оружје, Кривичниот законик беше целосно усогласен со Протоколот на Обединетите нации. Значајно е и усогласувањето со Директивата на Европската унија за борба против измама на финансиските интереси на Унијата со примена на кривичното право. Изминатиов период, во јавноста се посебно актуелни случаите за загадување на животната средина. Во тој контекст се и новините во Кривичниот законик во оваа област и тоа преку целосно усогласување со меѓународните стандарди, воведување ново кривично дело „Екоцид“ и квантифицирање на дејствијата на извршување во кривичните дела против животната средина со пропишување на мерливи параметри кои се однесуваат на загадувањето на животната средина.

Процесот за донесување на новиот Кривичен законик е поддржан од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за што министерот за правда, Никола Тупанчески изрази голема  благодарност. Во текот на месецот ,стручни расправи за новиот Кривичен законик ќе се одржат и во апелационите судови во Гостивар, Битола и Скопје.

The post Тупанчески: Со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика appeared first on Република.

]]>

Стручната расправа во Апелациониот суд Штип е прва во серијата  расправи за новиот Кривичен законик на ниво на апелациони подрачја. После 27 години се добива нов законски текст со кој ќе се подобри правната сигурност на граѓаните. Министерот за правда, Никола Тупанчески во своето обраќање се осврна на новините во неколку клучни сегменти. Со новиот Кривичен законик се врши редефинирање и хармонизација на пропишаните казни за одредени кривични дела кои отстапуваа од целите на казнената политика.
Од анализата на досегашната примена на Кривичниот законик, можеме да констатираме дека примената на мерката конфискација претставуваше особена слабост. Новините во оваа сфера имаат за цел отстранување на лоцираните слабости со што ќе се зголеми ефикасноста во примената на овој институт. Исто така, одредбите за конфискација се целосно усогласени со Европската конвенција за човекови права и јуриспруденцијата на Судот во Стразбур.Не помалку значајни се и новините кои се однесуваат на кривичните дела „Тортура“ и „Малтретирање во вршењето на службата“ и нивното незастарување како резултат од конкретни злоупотреби што резултираа и со пресуди од Судот во Стразбур против нашата држава”,рече Тупанчески.
Министерот за правда посочи дека посебно внимание во изготвувањето на новиот Кривичен законик било посветено на негово усогласување со најновите меѓународни стандарди. Во сферата на перењето пари биле рзгледувани документите од Манивал. Во областите поврзани со недозволеното производство и трговија со оружје, Кривичниот законик беше целосно усогласен со Протоколот на Обединетите нации. Значајно е и усогласувањето со Директивата на Европската унија за борба против измама на финансиските интереси на Унијата со примена на кривичното право. Изминатиов период, во јавноста се посебно актуелни случаите за загадување на животната средина. Во тој контекст се и новините во Кривичниот законик во оваа област и тоа преку целосно усогласување со меѓународните стандарди, воведување ново кривично дело „Екоцид“ и квантифицирање на дејствијата на извршување во кривичните дела против животната средина со пропишување на мерливи параметри кои се однесуваат на загадувањето на животната средина. Процесот за донесување на новиот Кривичен законик е поддржан од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за што министерот за правда, Никола Тупанчески изрази голема  благодарност. Во текот на месецот ,стручни расправи за новиот Кривичен законик ќе се одржат и во апелационите судови во Гостивар, Битола и Скопје.

The post Тупанчески: Со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Ново бегство од „Шутка”, мора ли крв да падне како во Идризово за одговорност на Тупанчевски и Сокол? https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-novo-begstvo-od-shutka-mora-li-krv-da-padne-kako-vo-idrizovo-za-odgovornost-na-tupanchevski-i-sokol/ Mon, 30 Jan 2023 11:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=602591

Уште еден затвореник му избега на „Сокол” од затворот Скопје во Шуто Оризари. Второ бегство за две недели, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Пред два дена од затворот каде директор е Филип Андов Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево. И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот од пред две недели бил дел од таканареченото „слободно одделение”.

Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години, по опсежна акција за апсење на нарко дилери, а од затворот Шутка бега на пет месеци пред истек на казната.

Ова повеќе не може да се гледа како случајност, ова се системски пропусти, ако не и намерни системски пропусти. Ова повеќе не е држава, туку територија на мафијата, во којашто затвореници кога сакаат непречено излегуваат од затвор.

Пред само две недели од Шутка си замина Нафи Абдиовски, затвореник со цел фотоалбум со цело СДС, власта му премолче на миленикот Сокол. Сега се случува уште едно бегство, а власта пак молчи и се крие.

Уште колку затвореници треба да излезат од Шутка за да се побара одговорност? Мора ли крв да падне, како во Идризово, за да се реагира?

Почитувани, ваков дебакл нема никаде во светот, а СДС се уште си го чува Сокол за директор, а во затворската полиција луѓе коишто по наредба и по потреба ги обезбедуваат собирите на СДС.

Затворите станаа решето, од нив бега секој што има врска со СДС, мафијата и нивните структури распоредени во затворската хиерархија.

Потребни се оставки и одговорност и од миленикот на СДС, Филип Андов Сокол и од министерот за правда, Никола Тупанчевски.

Ниту право, ниту правда, ниту систем има со СДС. Потребна е одговорност и таа ќе дојде по изборите.

https://www.youtube.com/watch?v=T6x6lLSk000

The post Стоилковски: Ново бегство од „Шутка”, мора ли крв да падне како во Идризово за одговорност на Тупанчевски и Сокол? appeared first on Република.

]]>

Уште еден затвореник му избега на „Сокол” од затворот Скопје во Шуто Оризари. Второ бегство за две недели, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Пред два дена од затворот каде директор е Филип Андов Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево. И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот од пред две недели бил дел од таканареченото „слободно одделение”. Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години, по опсежна акција за апсење на нарко дилери, а од затворот Шутка бега на пет месеци пред истек на казната. Ова повеќе не може да се гледа како случајност, ова се системски пропусти, ако не и намерни системски пропусти. Ова повеќе не е држава, туку територија на мафијата, во којашто затвореници кога сакаат непречено излегуваат од затвор. Пред само две недели од Шутка си замина Нафи Абдиовски, затвореник со цел фотоалбум со цело СДС, власта му премолче на миленикот Сокол. Сега се случува уште едно бегство, а власта пак молчи и се крие. Уште колку затвореници треба да излезат од Шутка за да се побара одговорност? Мора ли крв да падне, како во Идризово, за да се реагира? Почитувани, ваков дебакл нема никаде во светот, а СДС се уште си го чува Сокол за директор, а во затворската полиција луѓе коишто по наредба и по потреба ги обезбедуваат собирите на СДС. Затворите станаа решето, од нив бега секој што има врска со СДС, мафијата и нивните структури распоредени во затворската хиерархија. Потребни се оставки и одговорност и од миленикот на СДС, Филип Андов Сокол и од министерот за правда, Никола Тупанчевски. Ниту право, ниту правда, ниту систем има со СДС. Потребна е одговорност и таа ќе дојде по изборите.
https://www.youtube.com/watch?v=T6x6lLSk000

The post Стоилковски: Ново бегство од „Шутка”, мора ли крв да падне како во Идризово за одговорност на Тупанчевски и Сокол? appeared first on Република.

]]>
Грковска: Средствата од продажбата на конфискуваниот имот мора да се искористат на одговорен и транспарентен начин https://republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-sredstvata-od-prodazbata-na-konfiskuvaniot-imot-mora-da-se-iskoristat-na-odgovoren-i-transparenten-nachin/ Thu, 28 Jul 2022 12:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=534278

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска организираше состанок на Националната комисија за следење на имплементацијата на Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021-2023 со акциски план, на кој присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за правда Никола Тупанчески.

На состанокот се разговараше за предлог моделите за мотивираност на надлежните институции од продажбата на конфискуваниот имот, со цел да се дојде до најдоброто решение, кое ќе обезбеди ефикасност на постапките за продажба на конфискуваниот имот од кривични постапки.

Вицепремиерката Грковска го повтори ставот на меѓународните организации дека Република Македонија е прва држава во регионот која има Стратегија за за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021-2023 со акциски план и Национална комисија која активно работи на нејзината имплементација.

Прашањето околу продажбата на конфискуваниот имот е сериозно и затоа сметам дека е добро да имаме ваков координиран пристап, во кој ќе бидат вклучени сите надлежни институции. Средствата од продажбата на конфискуваниот имот мора да се искористат на одговорен и транспарентен начин. Целта е да дојдеме до применливо, издржано и системско решение кое ќе даде резултати, а се во интерес на граѓаните, оцени Грковска.

Министерот за финансии Бесими ја поздрави оваа иницијатива и нагласи дека за постигнување на целта мора да имаме системски пристап, добра комуникација и координација меѓу надлежните институции, јасна и прецизна законска регулатива, како и соодветни човечки капацитети. Тој најави дека Министерството за финансии ќе ги разгледа понудените модели и ќе оцени кој модел е најприфатлив.

Министерот за правда Тупанчески нагласи дека треба да ги имаме предвид и најдобрите светски искуства и практики и додаде дека моделите начелно се прифатливи, но мора внимателно да се избере конечното решение.

На денешниот состанок беше утврдена динамика на идни активности поврзани со целите од Акцискиот план на Стратегијата.

The post Грковска: Средствата од продажбата на конфискуваниот имот мора да се искористат на одговорен и транспарентен начин appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска организираше состанок на Националната комисија за следење на имплементацијата на Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021-2023 со акциски план, на кој присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за правда Никола Тупанчески. На состанокот се разговараше за предлог моделите за мотивираност на надлежните институции од продажбата на конфискуваниот имот, со цел да се дојде до најдоброто решение, кое ќе обезбеди ефикасност на постапките за продажба на конфискуваниот имот од кривични постапки. Вицепремиерката Грковска го повтори ставот на меѓународните организации дека Република Македонија е прва држава во регионот која има Стратегија за за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021-2023 со акциски план и Национална комисија која активно работи на нејзината имплементација.
Прашањето околу продажбата на конфискуваниот имот е сериозно и затоа сметам дека е добро да имаме ваков координиран пристап, во кој ќе бидат вклучени сите надлежни институции. Средствата од продажбата на конфискуваниот имот мора да се искористат на одговорен и транспарентен начин. Целта е да дојдеме до применливо, издржано и системско решение кое ќе даде резултати, а се во интерес на граѓаните, оцени Грковска.
Министерот за финансии Бесими ја поздрави оваа иницијатива и нагласи дека за постигнување на целта мора да имаме системски пристап, добра комуникација и координација меѓу надлежните институции, јасна и прецизна законска регулатива, како и соодветни човечки капацитети. Тој најави дека Министерството за финансии ќе ги разгледа понудените модели и ќе оцени кој модел е најприфатлив. Министерот за правда Тупанчески нагласи дека треба да ги имаме предвид и најдобрите светски искуства и практики и додаде дека моделите начелно се прифатливи, но мора внимателно да се избере конечното решение. На денешниот состанок беше утврдена динамика на идни активности поврзани со целите од Акцискиот план на Стратегијата.

The post Грковска: Средствата од продажбата на конфискуваниот имот мора да се искористат на одговорен и транспарентен начин appeared first on Република.

]]>
Додека чекаме доказ: „Правната тројка“ тврди дека сами си го платиле патувањето, а ФФМ им дале гратис билети за натпреварот https://republika.mk/sport/fudbal/dodeka-chekame-dokaz-pravnata-trojka-tvrdi-deka-sami-si-go-platile-patuvanjeto-a-ffm-im-dale-gratis-bileti-za-natprevarot/ Sat, 26 Mar 2022 20:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=479059

Фетаи, Тупанчевски и Нанев тврдат дека патувањето во Палермо го платиле од свој џеб, а докази дел од нив најавија за во понеделник, а за тоа како се нашле на летот со фудбалерите, за ТВ 24 објаснуваат дека тоа било најбрз начин да се стигне до Италија. Се јавиле во туристичката агенција Гуливер која го организира летот, им била испратена фактура, тврдат дека си ја платиле со лични средства и на тој начин пристигнале до Италија.

Но, картите за натпреварот на сите тројца им биле бесплатни- гратис од ФФМ, изјави за ТВ 24 портпаролот на Федерацијата.

Вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи во телефонски разговор за ТВ 24 изјави дека во понеделник ќе бидат образложени фактури за патувањето и аранжманското сместување.

Јас сум навистина голем обожавател на фудбал, особено кога игра нашата држава и не ми паднало на памет да патувам на нечиј грб. Во понеделник ќе бидат образложени сите фактури за патувањето и аранжманското сместување преку агенцијата која патувавме, изјави Фатиме Фетаи.

Патувавме со чартер летот на ФФМ поради тоа што временски одговараше да стигнеме побргу, да не се бараат други релации и авионски линии.

Ќе одам и на натпреварот во Португалија, со мои лични средства и за тоа ќе бидат образложени фактури.

 

И претседателот на судот во Кавадарци, Лазар Нанев за ТВ 24 тврди дека сам ги покрил трошоците за патувањето во Италија и чартер летот кој бил најбрза опција.

Како и секогаш, а сум следел натпревари на три европски и две светски првенства и 5 финални натпревари во ЛШ, за научни работи и истражувања за насилство на спортските терени, сум бил на петте најголеми стадиони во Европа и сам си ги плаќам трошоците за натпреварите исто како и за овој натпревар.“ - изјави Лазар Нанев претседател на основен суд Кавадарци.

Министерот за правда, Никола Тупанчевски во телефонски разговор ја потврди истата теза, дека трошоците се подмирени од сопствен џеб, а повеќе детали најави за понеделник.

Сите трошоци преку агенцијата која патувавме, се платени од лична трансакциска сметка. Ниедна одредба од етичкиот кодекс на членови на Владата не е повредена. Моја лична желба беше да одам на натпреварот врз основа на мои лични средства. Сите детали за патувањето ќе бидат претставени во понеделник преку официјално соопштение.” - изјави Никола Тупанчевски министер за правда.

Од ФФМ пак велат дека картите за натпреварот за Фетаи, Тупанчевски и Нанев биле обезбедени од ФФМ бидејќи ги добиле гратис како федерација, а за тоа дали според некој критериум може да се патува со летот на ФФМ велат дека од федерацијата не бираат критериуми, туку лицата си уплатиле аранжман преку агенција.

ФФМ не бира критериум за летот, лицата  си уплатија аранжман преку агенција. Билетите за натпреварот пак, ги обезбеди ФФМ зошто ги добива гратис во својство на федерација. За било кој и да е поединец, ФФМ доколку е во можност, секогаш овозможува билети независно за кој натпревар станува збор. Во ситуација кога се бориме за пласман на светско првенство, тенденциозно правиме приказна од нешто што нема потреба. После натпреварот во вторник, ФФМ е отворено за секакви прашања, сега да се фокусираме на натпреварот со Португалија.“ - велат од ФФМ.

Претходно претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска  ја повика „правната тројка“ јавно да објаснат кој им ги подмирил трошоците за патување, доколку не патувале во рамки на своите службени должности. Таа предупреди дека доколку станува збор за подарок, тие ги прекршиле етичките кодекси на Владата, обвинителите и судиите.

И на социјалните мрежи изминативе денови се коментираше патувањето на обвинителката, судијата и министерот за правда во Палермо.

The post Додека чекаме доказ: „Правната тројка“ тврди дека сами си го платиле патувањето, а ФФМ им дале гратис билети за натпреварот appeared first on Република.

]]>

Фетаи, Тупанчевски и Нанев тврдат дека патувањето во Палермо го платиле од свој џеб, а докази дел од нив најавија за во понеделник, а за тоа како се нашле на летот со фудбалерите, за ТВ 24 објаснуваат дека тоа било најбрз начин да се стигне до Италија. Се јавиле во туристичката агенција Гуливер која го организира летот, им била испратена фактура, тврдат дека си ја платиле со лични средства и на тој начин пристигнале до Италија. Но, картите за натпреварот на сите тројца им биле бесплатни- гратис од ФФМ, изјави за ТВ 24 портпаролот на Федерацијата. Вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи во телефонски разговор за ТВ 24 изјави дека во понеделник ќе бидат образложени фактури за патувањето и аранжманското сместување.
Јас сум навистина голем обожавател на фудбал, особено кога игра нашата држава и не ми паднало на памет да патувам на нечиј грб. Во понеделник ќе бидат образложени сите фактури за патувањето и аранжманското сместување преку агенцијата која патувавме, изјави Фатиме Фетаи. Патувавме со чартер летот на ФФМ поради тоа што временски одговараше да стигнеме побргу, да не се бараат други релации и авионски линии. Ќе одам и на натпреварот во Португалија, со мои лични средства и за тоа ќе бидат образложени фактури.  
И претседателот на судот во Кавадарци, Лазар Нанев за ТВ 24 тврди дека сам ги покрил трошоците за патувањето во Италија и чартер летот кој бил најбрза опција.
Како и секогаш, а сум следел натпревари на три европски и две светски првенства и 5 финални натпревари во ЛШ, за научни работи и истражувања за насилство на спортските терени, сум бил на петте најголеми стадиони во Европа и сам си ги плаќам трошоците за натпреварите исто како и за овој натпревар.“ - изјави Лазар Нанев претседател на основен суд Кавадарци.
Министерот за правда, Никола Тупанчевски во телефонски разговор ја потврди истата теза, дека трошоците се подмирени од сопствен џеб, а повеќе детали најави за понеделник.
Сите трошоци преку агенцијата која патувавме, се платени од лична трансакциска сметка. Ниедна одредба од етичкиот кодекс на членови на Владата не е повредена. Моја лична желба беше да одам на натпреварот врз основа на мои лични средства. Сите детали за патувањето ќе бидат претставени во понеделник преку официјално соопштение.” - изјави Никола Тупанчевски министер за правда.
Од ФФМ пак велат дека картите за натпреварот за Фетаи, Тупанчевски и Нанев биле обезбедени од ФФМ бидејќи ги добиле гратис како федерација, а за тоа дали според некој критериум може да се патува со летот на ФФМ велат дека од федерацијата не бираат критериуми, туку лицата си уплатиле аранжман преку агенција.
ФФМ не бира критериум за летот, лицата  си уплатија аранжман преку агенција. Билетите за натпреварот пак, ги обезбеди ФФМ зошто ги добива гратис во својство на федерација. За било кој и да е поединец, ФФМ доколку е во можност, секогаш овозможува билети независно за кој натпревар станува збор. Во ситуација кога се бориме за пласман на светско првенство, тенденциозно правиме приказна од нешто што нема потреба. После натпреварот во вторник, ФФМ е отворено за секакви прашања, сега да се фокусираме на натпреварот со Португалија.“ - велат од ФФМ.
Претходно претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска  ја повика „правната тројка“ јавно да објаснат кој им ги подмирил трошоците за патување, доколку не патувале во рамки на своите службени должности. Таа предупреди дека доколку станува збор за подарок, тие ги прекршиле етичките кодекси на Владата, обвинителите и судиите. И на социјалните мрежи изминативе денови се коментираше патувањето на обвинителката, судијата и министерот за правда во Палермо.

The post Додека чекаме доказ: „Правната тројка“ тврди дека сами си го платиле патувањето, а ФФМ им дале гратис билети за натпреварот appeared first on Република.

]]>
Тупанчески: Заложбата за модерно и ефикасно судство, полека но сигурно, дава резултати https://republika.mk/vesti/makedonija/tupancheski-zalozbata-za-moderno-i-efikasno-sudstvo-poleka-no-sigurno-dava-rezultati/ Thu, 10 Mar 2022 12:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=470669

Министерот за правда, Никола Тупанчески, потпиша девет договори за размена на податоци со државните институции, кои на дневна основа со судовите остваруваат 50% од размената на податоците, за што ја изрази неговото задоволство од постигнатите резултати и од започнувањето на процесот на интероперабилност.

Судовите за почеток ќе овозможат користење на четири веб сервисни услуги од базите на податоци, а во наредниот периодот таа бројка постепено ќе се зголемува. Со оглед на комплексноста и сложеноста на процесот денес започнува ново поглавје во македонскиот правосуден систем, како прва земја од земјите од регионот во која 34 суда кои се приклучени на Националната платформа за интероперабилност, со потпишувањето на договорите, наместо со физичка размена на податоците целиот процес ќе го водат преку платформата за интероперабилност, рече министерот Тупанчески.

Министерот се осврна на придобивките што со себе ги носи вештачката интелигенција, напредокот и усовршувањето на техничките и оперативните перформанси на ИКТ алатките, во насока на поголема ефикасност, транспарентност и пристап до правдата.

ИКТ алатките и дигиталните решенија треба да го олеснат процесот, а со тоа ќе се добие на ефикасност, ефективност и оперативност во работењето, врз основа на сите претходно детектирани процесни слабости за сметка на искористување на предностите и придобивките. Верувам дека овој чекор, за сите учесници во судските процеси, ќе се овозможи побрзо одлучување и суштинско елиминирање на неефикасноста на правосудниот систем, додаде министерот.

Договорите беа потпишани со следните државни институции: Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство на Република Македонија, Централен регистар, Царинската управа, Државната изборна комисија, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Државната комисија за спречување на корупцијата, Агенција за цивилно воздухопловство.

Владата на Република Македонија минатата година го донесе Оперативниот план за дигитализација на правосудните органи, при што Министерството за правда преку Советот за ИКТ изминатите месеци интензивно работеше на операционализација на активностите за меѓусебно поврзување и размена на податоци помеѓу правосудните институции и тоа 34 суда и државните органи и институции преку Националната платформа за интероперабилност.

The post Тупанчески: Заложбата за модерно и ефикасно судство, полека но сигурно, дава резултати appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда, Никола Тупанчески, потпиша девет договори за размена на податоци со државните институции, кои на дневна основа со судовите остваруваат 50% од размената на податоците, за што ја изрази неговото задоволство од постигнатите резултати и од започнувањето на процесот на интероперабилност.
Судовите за почеток ќе овозможат користење на четири веб сервисни услуги од базите на податоци, а во наредниот периодот таа бројка постепено ќе се зголемува. Со оглед на комплексноста и сложеноста на процесот денес започнува ново поглавје во македонскиот правосуден систем, како прва земја од земјите од регионот во која 34 суда кои се приклучени на Националната платформа за интероперабилност, со потпишувањето на договорите, наместо со физичка размена на податоците целиот процес ќе го водат преку платформата за интероперабилност, рече министерот Тупанчески.
Министерот се осврна на придобивките што со себе ги носи вештачката интелигенција, напредокот и усовршувањето на техничките и оперативните перформанси на ИКТ алатките, во насока на поголема ефикасност, транспарентност и пристап до правдата.
ИКТ алатките и дигиталните решенија треба да го олеснат процесот, а со тоа ќе се добие на ефикасност, ефективност и оперативност во работењето, врз основа на сите претходно детектирани процесни слабости за сметка на искористување на предностите и придобивките. Верувам дека овој чекор, за сите учесници во судските процеси, ќе се овозможи побрзо одлучување и суштинско елиминирање на неефикасноста на правосудниот систем, додаде министерот.
Договорите беа потпишани со следните државни институции: Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство на Република Македонија, Централен регистар, Царинската управа, Државната изборна комисија, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Државната комисија за спречување на корупцијата, Агенција за цивилно воздухопловство. Владата на Република Македонија минатата година го донесе Оперативниот план за дигитализација на правосудните органи, при што Министерството за правда преку Советот за ИКТ изминатите месеци интензивно работеше на операционализација на активностите за меѓусебно поврзување и размена на податоци помеѓу правосудните институции и тоа 34 суда и државните органи и институции преку Националната платформа за интероперабилност.

The post Тупанчески: Заложбата за модерно и ефикасно судство, полека но сигурно, дава резултати appeared first on Република.

]]>
Министерот за правда Тупанчески на средба со заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-pravda-tupancheski-na-sredba-so-zamenik-pretstavnikot-na-unicef-vo-zemjava/ Fri, 11 Feb 2022 08:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=457041

Министерот за правда Никола Тупанчески се сретна со заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава, Артур Ајвазов, со кој разговараа за досегашната успешна соработка, како и за идните чекори и активности за подобрување на правата на децата. На средбата министерот за правда Тупанчески ја истакна цврстата определба за натамошно градење на системот за правда за децата востановен со Законот за правда за децата и создавање услови за остварување на целите на овој закон, односно давање предност на превентивните, заштитните и воспитните мерки, применување на лишување на дете од слобода само како последно средство во постапката, примена на модели на ресторативна правда и унапредување на системот на превенција на детско престапништво. Воедно, истакна дека во тек се и работни групи кои работат на подготовка на комплетно нов Кривичен законик и подготовка на измени и дополнувања на Законот за кривичната постапка.

Исто така министерот за правда Тупанчески потсети дека се работи на нов Закон за правда на децата, со цел надоградување и остварување на најдобриот интерес на детето, како и зајакнување на механизмите за превенција на детското престапништво.

Ајвазов изразил задоволство и благодарност до Министерството за правда што континуирано работи на заштитата на човековите права, особено на правата на детето. Тој ги пофали и заложбите на министерството за унапредување на правдата за децата, а особено го посочи големиот успех во примената на алтернативните санкции, воспитните наредби и мерките насочени кон зајакнување на одговорноста на малолетните сторители и нивна ресоцијализација во општеството.

На крајот од средбата, министерот Тупанчески и заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава Ајвазов, се согласија дека има многу области во кои УНИЦЕФ и Министерството за правда можат да работат заедно и изразија уверување дека соработката ќе биде успешна во и иднина.

The post Министерот за правда Тупанчески на средба со заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Никола Тупанчески се сретна со заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава, Артур Ајвазов, со кој разговараа за досегашната успешна соработка, како и за идните чекори и активности за подобрување на правата на децата. На средбата министерот за правда Тупанчески ја истакна цврстата определба за натамошно градење на системот за правда за децата востановен со Законот за правда за децата и создавање услови за остварување на целите на овој закон, односно давање предност на превентивните, заштитните и воспитните мерки, применување на лишување на дете од слобода само како последно средство во постапката, примена на модели на ресторативна правда и унапредување на системот на превенција на детско престапништво. Воедно, истакна дека во тек се и работни групи кои работат на подготовка на комплетно нов Кривичен законик и подготовка на измени и дополнувања на Законот за кривичната постапка. Исто така министерот за правда Тупанчески потсети дека се работи на нов Закон за правда на децата, со цел надоградување и остварување на најдобриот интерес на детето, како и зајакнување на механизмите за превенција на детското престапништво. Ајвазов изразил задоволство и благодарност до Министерството за правда што континуирано работи на заштитата на човековите права, особено на правата на детето. Тој ги пофали и заложбите на министерството за унапредување на правдата за децата, а особено го посочи големиот успех во примената на алтернативните санкции, воспитните наредби и мерките насочени кон зајакнување на одговорноста на малолетните сторители и нивна ресоцијализација во општеството. На крајот од средбата, министерот Тупанчески и заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава Ајвазов, се согласија дека има многу области во кои УНИЦЕФ и Министерството за правда можат да работат заедно и изразија уверување дека соработката ќе биде успешна во и иднина.

The post Министерот за правда Тупанчески на средба со заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава appeared first on Република.

]]>