туминец Archives - Република https://republika.mk/tema/tuminets/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 18:51:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png туминец Archives - Република https://republika.mk/tema/tuminets/ 32 32 Одбележувањето на патронот на манастирот „Света Марина“ во Туминец, Мала Преспа https://republika.mk/vesti/balkan/odbelezhuvaneto-na-patronot-na-manastirot-sveta-marina-vo-tuminets-mala-prespa/ Tue, 30 Jul 2024 18:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=801815

Во присуство на голем број верници од Мала Преспа, поранешни жители и нивните потомци од оваа област, но и Македонци од Корча, Подградец, и други градови во Албанија, како и Ресен, Прилеп и Битола, одбележан беше патронот на манастирот „Света Марина“ во Туминец, Мала Преспа.

Одбележувањето почна синоќа, со вечерна богослужба, а по вечерата приложена од кумовите на манастирската слава Ставре Ставре, Славче Ставре и Васил Јанкула, во дворот на манастирот до доцна во ноќта се виеше македонско оро и се пееја македонски песни.

По денешната утринска богослужба, се светеше вода, по што продолжи дружењето на присутните, меѓу нив и иселеници, кои каде и да се, за овој празник се тука во родниот крај. Богослужбите ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири и двајцата Македонци од Мала Преспа.

Организатор на одбележувањето на манастирската слава беше Црковниот одбор, а традиционално по повод денешниот празник посветен на Света великомаченица Марина – Марена – Огнена Марија, честитки упатија, градоначалникот на општина Пустец Пали Колефски, лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, претседателот на друштвото „Преспа“ и поранешен градоначалник Едмонд Темелко, Никола Ѓурѓај, претседател на МД „Илинден“-Тирана, како и познатиот активист Панди Јани и локален лидер на Партија на слободата.

- Честит и вековит да ни е денешниот ден посветен на Света Марена, да ни е на помош и да ни дарува здравје, многу радост, среќа, мир благосостојба. Огнена Марија е симбол на верба, надеж и љубов. Нека нејзината светлина ви го осветли патот и ве води кон напредок и благослови. Нека овој празник биде потсетник за важноста на заедништвото и меѓусебната поддршка во нашата заедница, главно посакуваат во честитките.

Овој манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското Езеро, покрај местото наречено Писан Камен, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност. Во него се наоѓаат поголем дел од моштите на Светицата каде сè уште се случуваат чуда над нејзините мошти

Инаку, селото Туминец е едно од деветте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење – Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Денеска празникот Света Марена се одбележа и во областа Шпат, која е под јурисдикција на Елбасанска митрополија. Во округот Елбасан живее многубројна македонска и друга православна заедница.

The post Одбележувањето на патронот на манастирот „Света Марина“ во Туминец, Мала Преспа appeared first on Република.

]]>

Во присуство на голем број верници од Мала Преспа, поранешни жители и нивните потомци од оваа област, но и Македонци од Корча, Подградец, и други градови во Албанија, како и Ресен, Прилеп и Битола, одбележан беше патронот на манастирот „Света Марина“ во Туминец, Мала Преспа. Одбележувањето почна синоќа, со вечерна богослужба, а по вечерата приложена од кумовите на манастирската слава Ставре Ставре, Славче Ставре и Васил Јанкула, во дворот на манастирот до доцна во ноќта се виеше македонско оро и се пееја македонски песни. По денешната утринска богослужба, се светеше вода, по што продолжи дружењето на присутните, меѓу нив и иселеници, кои каде и да се, за овој празник се тука во родниот крај. Богослужбите ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири и двајцата Македонци од Мала Преспа. Организатор на одбележувањето на манастирската слава беше Црковниот одбор, а традиционално по повод денешниот празник посветен на Света великомаченица Марина – Марена – Огнена Марија, честитки упатија, градоначалникот на општина Пустец Пали Колефски, лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, претседателот на друштвото „Преспа“ и поранешен градоначалник Едмонд Темелко, Никола Ѓурѓај, претседател на МД „Илинден“-Тирана, како и познатиот активист Панди Јани и локален лидер на Партија на слободата.
- Честит и вековит да ни е денешниот ден посветен на Света Марена, да ни е на помош и да ни дарува здравје, многу радост, среќа, мир благосостојба. Огнена Марија е симбол на верба, надеж и љубов. Нека нејзината светлина ви го осветли патот и ве води кон напредок и благослови. Нека овој празник биде потсетник за важноста на заедништвото и меѓусебната поддршка во нашата заедница, главно посакуваат во честитките.
Овој манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското Езеро, покрај местото наречено Писан Камен, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност. Во него се наоѓаат поголем дел од моштите на Светицата каде сè уште се случуваат чуда над нејзините мошти Инаку, селото Туминец е едно од деветте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење – Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители. Денеска празникот Света Марена се одбележа и во областа Шпат, која е под јурисдикција на Елбасанска митрополија. Во округот Елбасан живее многубројна македонска и друга православна заедница.

The post Одбележувањето на патронот на манастирот „Света Марина“ во Туминец, Мала Преспа appeared first on Република.

]]>
Се слушна долгоочекуваниот екот од новата камбанарија на манастирот „Света Марена“ во Туминец, Мала Преспа https://republika.mk/vesti/makedonija/se-slushna-dolgoochekuvaniot-ekot-od-novata-kambanarija-na-manastirot-sveta-marena-vo-tuminets-mala-prespa/ Tue, 02 Jan 2024 11:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=728966

Пред еден од најголемите христијански празници, Рождеството Христово-Божик, се слушна екот од новата камбанарија во манастирот „Света Марена“ кај Туминец, Мала Преспа, која му недостигаше на овој божји храм.

По долго исчекување нашиот познат манастир доби најсовремена камбанарија. Тоа благодарение на помошта на Македонците од Мала Преспа и од цела Македонија, кои живеат во Канада. Тие на дарителна вечер, во февруари минатата година, организирана од македонската црква „Света Недела“ во Канада, собраа 20 илјади канадски долари, наменети токму за манастирот и камбанаријата, изјавија за МИА од Црковниот одбор.

Додаваат дека по обезбедените средства, во присуство на Македонци од Мала Преспа, изградбата почнала во средината на март, со благослов на корчанскиот владика г. Јован.

Благодарност до нашите браќа и сестри во Канада, но и до сите кои донираа за манастирот. Нека ги прати божјиот благослов и да им даде здравје и благосотојба. Нека камбаната бие само за убави нешта. Посакуваме и среќно ново 2024 господово лето, со желби за добро здравје, мир и багосостојба, посакуваат од одборот.

Селото Туминец е едно од деветте населени места во Мала Преспа, кое се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители

Манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Лоциран е на 50-тина метри од брегот на Преспанско Езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност.

Патрон на манастирот е Света Огнена Марина – Марена, што се слави на 30 јули, празник кој Македонците во Мала Преспа, традиционално го слават заедно и каде и да се иселени тие за овој празник се тука. Во манастирската црква се чуваат поголем дел од моштите на светицата, каде сè уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post Се слушна долгоочекуваниот екот од новата камбанарија на манастирот „Света Марена“ во Туминец, Мала Преспа appeared first on Република.

]]>

Пред еден од најголемите христијански празници, Рождеството Христово-Божик, се слушна екот од новата камбанарија во манастирот „Света Марена“ кај Туминец, Мала Преспа, која му недостигаше на овој божји храм.
По долго исчекување нашиот познат манастир доби најсовремена камбанарија. Тоа благодарение на помошта на Македонците од Мала Преспа и од цела Македонија, кои живеат во Канада. Тие на дарителна вечер, во февруари минатата година, организирана од македонската црква „Света Недела“ во Канада, собраа 20 илјади канадски долари, наменети токму за манастирот и камбанаријата, изјавија за МИА од Црковниот одбор.
Додаваат дека по обезбедените средства, во присуство на Македонци од Мала Преспа, изградбата почнала во средината на март, со благослов на корчанскиот владика г. Јован.
Благодарност до нашите браќа и сестри во Канада, но и до сите кои донираа за манастирот. Нека ги прати божјиот благослов и да им даде здравје и благосотојба. Нека камбаната бие само за убави нешта. Посакуваме и среќно ново 2024 господово лето, со желби за добро здравје, мир и багосостојба, посакуваат од одборот.
Селото Туминец е едно од деветте населени места во Мала Преспа, кое се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители Манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Лоциран е на 50-тина метри од брегот на Преспанско Езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност. Патрон на манастирот е Света Огнена Марина – Марена, што се слави на 30 јули, празник кој Македонците во Мала Преспа, традиционално го слават заедно и каде и да се иселени тие за овој празник се тука. Во манастирската црква се чуваат поголем дел од моштите на светицата, каде сè уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post Се слушна долгоочекуваниот екот од новата камбанарија на манастирот „Света Марена“ во Туминец, Мала Преспа appeared first on Република.

]]>