Црногорско народно позориште Archives - Република https://republika.mk/tema/tsrnogorsko-narodno-pozorishte/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 09:33:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Црногорско народно позориште Archives - Република https://republika.mk/tema/tsrnogorsko-narodno-pozorishte/ 32 32 Црногорско народно позориште по речиси десет години повторно ќе гостува во Македонскиот народен театар https://republika.mk/vesti/kultura/tsrnogorsko-narodno-pozorishte-po-rechisi-deset-godini-povtorno-ke-gostuva-vo-makedonskiot-naroden-teatar/ Fri, 22 Nov 2024 09:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=840706

Црногорско народно позориште по речиси десет години повторно ќе гостува во Македонскиот народен театар – беше договорено на средбата меѓу директорите Илија Суботиќ, ЦНП и Никола Кимовски, МНТ.

Делегацијата на ЦНП престојуваше во Скопје по повод потпишувањето на меморандумот за продолжување на соработката со Македонскиот народен театар, кој пред сѐ опфаќа меѓусебни гостувања, размена на програми, уметнички и стручен кадар, но и отвора простор за копродукциска соработка. Според директорот на ЦНП, Илија Суботиќ, потпишувањето на договорот ќе овозможи подлабока поврзаност меѓу двете институции, уметниците и публиката.

 

„Соработката меѓу ЦНП и МНТ се заснова на заедничка одговорност кон зачувување и унапредување на театарската уметност во регионот, како и на создавање услови за меѓусебни гостувања и размена на програми кои ќе ги рефлектираат нашите културни идентитети, но и заедничките вредности. На овој начин, не само што придонесуваме за зајакнување на регионалната сцена туку сме фокусирани и на заедничката европска иднина, со цел преку нашата работа да создадеме нови естетски и креативни искуства – сигурен сум на задоволство на публиката на двете земји“, истакна Суботиќ.

The post Црногорско народно позориште по речиси десет години повторно ќе гостува во Македонскиот народен театар appeared first on Република.

]]>

Црногорско народно позориште по речиси десет години повторно ќе гостува во Македонскиот народен театар – беше договорено на средбата меѓу директорите Илија Суботиќ, ЦНП и Никола Кимовски, МНТ. Делегацијата на ЦНП престојуваше во Скопје по повод потпишувањето на меморандумот за продолжување на соработката со Македонскиот народен театар, кој пред сѐ опфаќа меѓусебни гостувања, размена на програми, уметнички и стручен кадар, но и отвора простор за копродукциска соработка. Според директорот на ЦНП, Илија Суботиќ, потпишувањето на договорот ќе овозможи подлабока поврзаност меѓу двете институции, уметниците и публиката.   „Соработката меѓу ЦНП и МНТ се заснова на заедничка одговорност кон зачувување и унапредување на театарската уметност во регионот, како и на создавање услови за меѓусебни гостувања и размена на програми кои ќе ги рефлектираат нашите културни идентитети, но и заедничките вредности. На овој начин, не само што придонесуваме за зајакнување на регионалната сцена туку сме фокусирани и на заедничката европска иднина, со цел преку нашата работа да создадеме нови естетски и креативни искуства – сигурен сум на задоволство на публиката на двете земји“, истакна Суботиќ.

The post Црногорско народно позориште по речиси десет години повторно ќе гостува во Македонскиот народен театар appeared first on Република.

]]>