центар за промоција на македонскиот јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/tsentar-za-promotsija-na-makedonskiot-jazik/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Jan 2023 15:55:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png центар за промоција на македонскиот јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/tsentar-za-promotsija-na-makedonskiot-jazik/ 32 32 Три години, двајца премиери, истиот проект: По Заев и Ковачевски ќе го „конзервира“ македонскиот јазик во Љубојно https://republika.mk/vesti/makedonija/tri-godini-dvajtsa-premieri-istiot-proekt-po-zaev-i-kovachevski-ke-go-konzervira-makedonskiot-jazik-vo-lubojno/ Sat, 21 Jan 2023 15:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=599165

Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска денеска го посетија старото училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно. Ковачевски најави дека ова училиште ќе се реконструира и ревитализира во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Министерството за култура веќе започна дејствија за реконструкција и ревитализација на објектот на старото училиште, тука во Љубојно, и негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик. Со грижата за овие објекти, коишто се дел од нашето јазично и културно наследство, ја испраќаме пораката дека оваа Влада се определи за заштита и афирмација на македонскиот јазик дома и во светот. И продолжуваме во таа насока, со што го штитиме и афирмираме и нашиот посебен македонски национален идентитет, рече премиерот Ковачевски, за време на посетата на училиштето во Љубојно.

Пред три години, при работна посета на Преспанскиот регион за истата реконструкција и за значењето на ова училиште зборуваше и неговиот претходник во партијата и во владата, Зоран Заев.

Секогаш со посебна драж му се навраќаме на Љубојно во Преспа следејќи го напредокот на иницијатива за основање на Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно. Оваа иницијатива се покрена по повод две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, како и во чест на 76-годишнината од основањето на второто училиште на мајчин, македонски јазик во Љубојно на 15 ноември 1944 година, само една година подоцна, откако првото училиште беше основано во Дебарца и Подвис, уште за време на Втората светска војна во 1943 година. 

Старото училиште „Димитар Влахов“ во селото Љубојно да стане Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик е иницијатива стара три години, на Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик, Марјан Марковиќ, дописен член на МАНУ, Елизабета Бандиловска, професорка на Педагошкиот факултет во Скопје, Ацо Костов, директор на Управата за заштита на културното наследство, како и на тогашниот претседател на СДСМ Зоран Заев.

Иницијативата за Заев беше еден од успесите во 100 дена Влада.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zaev-zadovolen-od-srabotenoto-prodolzuvame-kako-i-vo-prvite-100-dena/

Зборувајќи за достигнувањата на Владата, премиерот Ковачевски го нагласи и значењето на македонскиот јазик во глобални рамки, набројувајќи го договорот ФРОНТЕКС, потпишан на македонски јазик, како и официјализирањето на македонскиот јазик во ООН и ЕУ.

Во овој преспански крај, кога го потпишавме договорот со којшто го осигуравме членството во НАТО, со што ги осигуравме и територијалните граници на нашата татковина, се обврзавме на целосна заштита и на македонскиот јазик и на нашиот посебен македонски идентитет. И денес за сите е јасно дека ние го исполнуваме ветеното.

Како Влада, активно продолжуваме со посветеноста кон нашето историско и културно наследство што нè дефинира и нè определува како народ и како држава, порача премиерот Ковачевски.

Во реалноста и во практиката статусот на македонскиот јазик не е воопшто во поволна ситуација.

Неговото постоење, токму со Преспанскиот договор, се ограничува само на територијата на денешна Република Македонија, па така Македонците во Грција се на праг да го загубат Центарот за македонски јазик отворен во Лерин.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-ke-go-ukine-tsentarot-za-makedonski-jazik-vo-lerin-se-povikuva-na-prespanski/

Во Институтот за македонски јазик по 24 години во 2022 година се отвори место за млади македонисти.

https://republika.mk/vesti/kultura/institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov-po-24-godini-vrabotuva-mlad-kadar/

Да не заборавиме на сите понижувања на јазикот што настанаа во овие два мандати. Почнувајќи од Преспанскиот договор, па кулминирајќ со бугарската пропаганда и Франдускиот предлог. Додека оваа влада зборува за некаковси чист македонски јазик се уште не е донесен Законот за македонски јазик, само 16 бруцоши се запишале на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје, се намалува бројот на часови по македонски јазик во основното образование. Македонскиот јазик се почесто е северномакедонски во светските натписи, а отворањето на Центар за зачувавање на македонскиот јазик во Љубојно за која зборува денес Ковачевски го започнуваат двајца премиери на СДСМ во 3 години.

The post Три години, двајца премиери, истиот проект: По Заев и Ковачевски ќе го „конзервира“ македонскиот јазик во Љубојно appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска денеска го посетија старото училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно. Ковачевски најави дека ова училиште ќе се реконструира и ревитализира во Центар за промоција на македонскиот јазик.
Министерството за култура веќе започна дејствија за реконструкција и ревитализација на објектот на старото училиште, тука во Љубојно, и негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик. Со грижата за овие објекти, коишто се дел од нашето јазично и културно наследство, ја испраќаме пораката дека оваа Влада се определи за заштита и афирмација на македонскиот јазик дома и во светот. И продолжуваме во таа насока, со што го штитиме и афирмираме и нашиот посебен македонски национален идентитет, рече премиерот Ковачевски, за време на посетата на училиштето во Љубојно.
Пред три години, при работна посета на Преспанскиот регион за истата реконструкција и за значењето на ова училиште зборуваше и неговиот претходник во партијата и во владата, Зоран Заев.
Секогаш со посебна драж му се навраќаме на Љубојно во Преспа следејќи го напредокот на иницијатива за основање на Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно. Оваа иницијатива се покрена по повод две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, како и во чест на 76-годишнината од основањето на второто училиште на мајчин, македонски јазик во Љубојно на 15 ноември 1944 година, само една година подоцна, откако првото училиште беше основано во Дебарца и Подвис, уште за време на Втората светска војна во 1943 година. 
Старото училиште „Димитар Влахов“ во селото Љубојно да стане Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик е иницијатива стара три години, на Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик, Марјан Марковиќ, дописен член на МАНУ, Елизабета Бандиловска, професорка на Педагошкиот факултет во Скопје, Ацо Костов, директор на Управата за заштита на културното наследство, како и на тогашниот претседател на СДСМ Зоран Заев. Иницијативата за Заев беше еден од успесите во 100 дена Влада. https://republika.mk/vesti/makedonija/zaev-zadovolen-od-srabotenoto-prodolzuvame-kako-i-vo-prvite-100-dena/ Зборувајќи за достигнувањата на Владата, премиерот Ковачевски го нагласи и значењето на македонскиот јазик во глобални рамки, набројувајќи го договорот ФРОНТЕКС, потпишан на македонски јазик, како и официјализирањето на македонскиот јазик во ООН и ЕУ.
Во овој преспански крај, кога го потпишавме договорот со којшто го осигуравме членството во НАТО, со што ги осигуравме и територијалните граници на нашата татковина, се обврзавме на целосна заштита и на македонскиот јазик и на нашиот посебен македонски идентитет. И денес за сите е јасно дека ние го исполнуваме ветеното. Како Влада, активно продолжуваме со посветеноста кон нашето историско и културно наследство што нè дефинира и нè определува како народ и како држава, порача премиерот Ковачевски.
Во реалноста и во практиката статусот на македонскиот јазик не е воопшто во поволна ситуација. Неговото постоење, токму со Преспанскиот договор, се ограничува само на територијата на денешна Република Македонија, па така Македонците во Грција се на праг да го загубат Центарот за македонски јазик отворен во Лерин. https://republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-ke-go-ukine-tsentarot-za-makedonski-jazik-vo-lerin-se-povikuva-na-prespanski/ Во Институтот за македонски јазик по 24 години во 2022 година се отвори место за млади македонисти. https://republika.mk/vesti/kultura/institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov-po-24-godini-vrabotuva-mlad-kadar/ Да не заборавиме на сите понижувања на јазикот што настанаа во овие два мандати. Почнувајќи од Преспанскиот договор, па кулминирајќ со бугарската пропаганда и Франдускиот предлог. Додека оваа влада зборува за некаковси чист македонски јазик се уште не е донесен Законот за македонски јазик, само 16 бруцоши се запишале на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје, се намалува бројот на часови по македонски јазик во основното образование. Македонскиот јазик се почесто е северномакедонски во светските натписи, а отворањето на Центар за зачувавање на македонскиот јазик во Љубојно за која зборува денес Ковачевски го започнуваат двајца премиери на СДСМ во 3 години.

The post Три години, двајца премиери, истиот проект: По Заев и Ковачевски ќе го „конзервира“ македонскиот јазик во Љубојно appeared first on Република.

]]>