Центар - Јадро Archives - Република https://republika.mk/tema/tsentar-jadro/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 06:58:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Центар - Јадро Archives - Република https://republika.mk/tema/tsentar-jadro/ 32 32 Четврта самостојна изложба на Јулија Манојлоска во Центар-Јадро https://republika.mk/vesti/kultura/chetvrta-samostojna-izlozhba-na-julija-manojloska-vo-tsentar-jadro/ Sun, 08 Sep 2024 06:58:22 +0000 https://republika.mk/?p=814251

На 10 септември, со почеток во 20 часот, во Центар-Јадро, ќе биде отворена четвртата самостојна изложба на Јулија Манојлоска.

Секој сегмент на просторната инсталација насловена „Пред будење“, претставува засебен елемент и дело само по себе. Сите форми кои лебдат се различни идентитети. Ако секаде наоколу постојат различни идентитети и ако ние самите понекогаш сме дел од нив, лебдењето на истите го ставаат уметникот во улога на лутање по есенција. Секоја црна пластична топка е геополитичка, социјална и културна криза која лебди во целосен комфор.

Ако идентитетот како синоним значи еднаквост или истост, тогаш „кругот“ е кршлив.

Делото „Пред будење“ го претставува изминатиот периодот на колективното „спиење“.

И така една црна линија која нацрта една овца еднаш кажа „Пролет е, преживеавме“.

Делото како објект за прв пат беше изложено на ХIV Меѓународно Биенале на млади уметници, во НУ Музејот на современата уметност, во 2023 година.

На оваа самостојна изложба, делото и понатака го претставува изминатиот период, како период пред будење, период на лебдење на идентитетите, но овој пат во просторот на движење, каде нивното присуство почнува да и смета на публиката.

Повторно го истражува волуменот, формата и бојата како обоеност и шаренило. Инсталацијата, односно објектот е просекот на наталожените емоции, црното индиго на идентитети над нашите глави и некритичкиот поглед кон наметнатото.

Манојлоска e родена 1993 година во Скопје. Во 2015 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности, во Скопје, во класа на м-р Јован Шумковски. По завршување на студиите активно се занимава со сликарство и инсталации во областа на современата ликовна уметност. Има учество на повеќе групни и самостојни изложби и проекти од областа на визуелни уметности.

Учествала на 13-то Меѓународно Биенале на млади уметници во Н.У. Музејот на современата уметност во Скопје, во 2021 година. Има самостојна изложба во МКЦ, насловена „Пресоздавање“, во 2021 година и учество на 14-то Меѓународно Биенале на млади уметници во Н.У. Музејот на современата уметност во Скопје, во 2023 година.

The post Четврта самостојна изложба на Јулија Манојлоска во Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>

На 10 септември, со почеток во 20 часот, во Центар-Јадро, ќе биде отворена четвртата самостојна изложба на Јулија Манојлоска. Секој сегмент на просторната инсталација насловена „Пред будење“, претставува засебен елемент и дело само по себе. Сите форми кои лебдат се различни идентитети. Ако секаде наоколу постојат различни идентитети и ако ние самите понекогаш сме дел од нив, лебдењето на истите го ставаат уметникот во улога на лутање по есенција. Секоја црна пластична топка е геополитичка, социјална и културна криза која лебди во целосен комфор. Ако идентитетот како синоним значи еднаквост или истост, тогаш „кругот“ е кршлив. Делото „Пред будење“ го претставува изминатиот периодот на колективното „спиење“. И така една црна линија која нацрта една овца еднаш кажа „Пролет е, преживеавме“. Делото како објект за прв пат беше изложено на ХIV Меѓународно Биенале на млади уметници, во НУ Музејот на современата уметност, во 2023 година. На оваа самостојна изложба, делото и понатака го претставува изминатиот период, како период пред будење, период на лебдење на идентитетите, но овој пат во просторот на движење, каде нивното присуство почнува да и смета на публиката. Повторно го истражува волуменот, формата и бојата како обоеност и шаренило. Инсталацијата, односно објектот е просекот на наталожените емоции, црното индиго на идентитети над нашите глави и некритичкиот поглед кон наметнатото. Манојлоска e родена 1993 година во Скопје. Во 2015 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности, во Скопје, во класа на м-р Јован Шумковски. По завршување на студиите активно се занимава со сликарство и инсталации во областа на современата ликовна уметност. Има учество на повеќе групни и самостојни изложби и проекти од областа на визуелни уметности. Учествала на 13-то Меѓународно Биенале на млади уметници во Н.У. Музејот на современата уметност во Скопје, во 2021 година. Има самостојна изложба во МКЦ, насловена „Пресоздавање“, во 2021 година и учество на 14-то Меѓународно Биенале на млади уметници во Н.У. Музејот на современата уметност во Скопје, во 2023 година.

The post Четврта самостојна изложба на Јулија Манојлоска во Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>
Изложба на уметничкиот проект „Човеколики неволји“ во Центар – Јадро https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-umetnichkiot-proekt-chovekoliki-nevolji-vo-tsentar-jadro/ Sun, 12 Feb 2023 14:28:13 +0000 https://republika.mk/?p=608038

Во Центар-Јадро во понеделник (13 февруари) од 20 часот ќе биде отворена изложбата на уметничкиот проект „Човеколики неволји“.

Се работи за партиципативен проект составен од видео перформанс, звучен пејсаж и инсталација.

Авторка е Ивана Мирчевска, а учествуваат Ангела Манчевска, Дијана Велковска, Ивана Самадова, Јован Гаковски, Кристијан Стефановски, Риџет Ферати и Кристина Крстеска.

„Превземјаќи ја оптиката на Земјата како историска фигура и дискурзивно битие, проектот се повикува на локалните еколошки предизвици, истражувајќи ги проблематичните граници меѓу формите создадени од човекот и нечовечките нешта. ‘Човеколкиувањето’, или, антропоморфизирањето, претставува културна практика на припишување човечки карактеристики на Земјата, најчесто женски атрибути, однесувања и појави. Всушност, денешниот дискурс кој ја објаснува тековната состојба на Земјата преку поимот на ‘Антропоцен’ (ера во која човечкото влијание доминира врз природниот тек на процесите на природата) има човечки лик“, стои во најавата.

Проектот поаѓа од интеракцијата на учесниците со нивните не-човечки алтер-ега: водени тела, воздух, обликоменувач, мицелиумска мрежа, почва, коски и желка.

Истражувајќи форми на меѓутелесна комуникација, вмрежување и заедништво, помеѓу учесниците и алтер-егата, како и помеѓу алтер-егата кога делуваат заедно, проектот обработува разни форми на уметнички процес и продукција, проселедени со посета на локални индустриски урнатини (поранешната фабрика „Стаклара“ и населбата „Керамидница“), антропогените шуми како Гази Баба и Марково Крувче, неолитската населба Tумба Маџари, базенот на Езерото Треска и пермакултурната градина Бостание.

На алтер-eгата им приоѓаме како човеколки неволји. Како објекти со антропоморфни карактеристики кои произлегуваат од проблематичната интеракција помеѓу луѓето и околината. Kако поглед или средба заснована на неможноста за меѓусебно разбирање, препознавање на едни со други, понекогаш со страв, почесто со доминација и понекогаш со задоволство, се вели во најавата.

Преку користење на текст, објекти, телесни движења и гестови, инстаграм филтри и звучна медитација, како и преку препознавањето на нашето ограничено разбирање за алтер-егата, тие самите ја трансформираат нашата желба за припишување човеколки карактеристики.

Создадените алтер ега нѐ покануваат да ги прифатиме човековите сетилни и технолошки граници, во пресрет на заедничката прекаријатна еколошка сегашност“, стои во најавата.

Соработници: Ишјан Твин, Маја Цибрева, Амир Карахасан

The post Изложба на уметничкиот проект „Човеколики неволји“ во Центар – Јадро appeared first on Република.

]]>

Во Центар-Јадро во понеделник (13 февруари) од 20 часот ќе биде отворена изложбата на уметничкиот проект „Човеколики неволји“. Се работи за партиципативен проект составен од видео перформанс, звучен пејсаж и инсталација. Авторка е Ивана Мирчевска, а учествуваат Ангела Манчевска, Дијана Велковска, Ивана Самадова, Јован Гаковски, Кристијан Стефановски, Риџет Ферати и Кристина Крстеска.
„Превземјаќи ја оптиката на Земјата како историска фигура и дискурзивно битие, проектот се повикува на локалните еколошки предизвици, истражувајќи ги проблематичните граници меѓу формите создадени од човекот и нечовечките нешта. ‘Човеколкиувањето’, или, антропоморфизирањето, претставува културна практика на припишување човечки карактеристики на Земјата, најчесто женски атрибути, однесувања и појави. Всушност, денешниот дискурс кој ја објаснува тековната состојба на Земјата преку поимот на ‘Антропоцен’ (ера во која човечкото влијание доминира врз природниот тек на процесите на природата) има човечки лик“, стои во најавата.
Проектот поаѓа од интеракцијата на учесниците со нивните не-човечки алтер-ега: водени тела, воздух, обликоменувач, мицелиумска мрежа, почва, коски и желка. Истражувајќи форми на меѓутелесна комуникација, вмрежување и заедништво, помеѓу учесниците и алтер-егата, како и помеѓу алтер-егата кога делуваат заедно, проектот обработува разни форми на уметнички процес и продукција, проселедени со посета на локални индустриски урнатини (поранешната фабрика „Стаклара“ и населбата „Керамидница“), антропогените шуми како Гази Баба и Марково Крувче, неолитската населба Tумба Маџари, базенот на Езерото Треска и пермакултурната градина Бостание.