Труст Archives - Република https://republika.mk/tema/trust/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jul 2023 14:48:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Труст Archives - Република https://republika.mk/tema/trust/ 32 32 Спасовски за предметот „Труст“ на Кочан: МВР постапува за лоцирање на конфискуваната опрема и механизација https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-za-predmetot-trust-na-kochan-mvr-postapuva-za-lotsirane-na-konfiskuvanata-oprema-i-mehanizatsija/ Thu, 20 Jul 2023 14:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=663644

Полицијата ги презема сите дејства согласно нивните надлежности и постапува за лоцирање на конфускуваната опрема и механизација, информира денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски откако вчера ДКСК соопшти дека со конфискацијата на Трансмет во предметот „Труст“ изиграна и оштетена е државата.

Тоа барање што е доставено до МВР, по него постапуваат службите и ќе имаме точно сознанија и евиденции за тоа со податоците со кои што ние располагаме. Конфискацијата подразбира пресуда во која што точно се наведува што е тоа што треба да се конфискува и Агенцијата за одземен имот на основа на тоа, треба да ги преземе сите дејствија кои што се однесуваат, дали се за возила, дали е за опрема, дали е за згради итн. Тоа што е наша надлежност, тоа што е до нас да ги обезбедиме податоците, ние тоа ќе го направиме на основа на барањата на институции, рече Спасовски при посетата на СВР Битола.

На вчерашната седница на ДКСК, членот Шемши Салаи кажа дека штетата од лошо изведената конфискација на имотот на „Трансмет“ на осудениот Сеад Кочан изнесува над 12,4 милиони евра.

The post Спасовски за предметот „Труст“ на Кочан: МВР постапува за лоцирање на конфискуваната опрема и механизација appeared first on Република.

]]>

Антикорупциската комисија тврди дека постапила во согласност со својата надлежност за предметот „Труст“ https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiskata-komisija-tvrdi-deka-postapila-vo-soglasnost-so-svojata-nadlezhnost-za-predmetot-trust/ Thu, 20 Jul 2023 12:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=663576

Комисијата реагира дека и во овој случај постапила согласно надлежноста и одлучила да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење по предметите по кои постапува, наспроти Обвинителството кое претходно денес и’ порача да се држи до своите надлежности и да не нанесува штета на постапките во тек.

Од комисијата наведуваат дека се поставува прашањето како Јавното обвинителство ја оцени Иницијативата дека е беспредметна и неоснована и дека Комисијата при анализа на предметот немала пред себе бројни докази ниту увид во комплетната фактичка состојба, кога Иницијативата се’ уште не е доставена, а ЈО се’ уште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата на овој предмет.

Во духот на заедничка и организирана борба против корупцијата и организираниот криминал целисходно е ЈО претходно да ги види сите факти и аргументи со кои располагаме, бидејќи целта на ДКСК е да придонесе при расветлувањето на овој случај, а не да ја компромитира постапката што се води во ЈО. Меморандумот за соработка помеѓу институциите е само израз на добра волја за соработка, но надлежностите се јасно дефинирани во законите. ДКСК почитувајќи ги одредбите во Меморандумот за соработка на ДКСК со ЈО, на редовна средба го извести обвинителството дека има сериозни сомнежи во врска со предметот Труст и дека ќе покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење“, велат од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Се додава дека и понатаму ќе продолжат да постапуваат согласно своите законски надлежности и да соработуваат со сите надлежни институции за борба против корупцијата и организираниот криминал, во интерес на владеењето на правото.

https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-preku-soopshtenie-ja-prekina-sorabotkata-so-antikoruptsiskata-komisija/

The post Антикорупциската комисија тврди дека постапила во согласност со својата надлежност за предметот „Труст“ appeared first on Република.

]]>

Комисијата реагира дека и во овој случај постапила согласно надлежноста и одлучила да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење по предметите по кои постапува, наспроти Обвинителството кое претходно денес и’ порача да се држи до своите надлежности и да не нанесува штета на постапките во тек. Од комисијата наведуваат дека се поставува прашањето како Јавното обвинителство ја оцени Иницијативата дека е беспредметна и неоснована и дека Комисијата при анализа на предметот немала пред себе бројни докази ниту увид во комплетната фактичка состојба, кога Иницијативата се’ уште не е доставена, а ЈО се’ уште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата на овој предмет.
Во духот на заедничка и организирана борба против корупцијата и организираниот криминал целисходно е ЈО претходно да ги види сите факти и аргументи со кои располагаме, бидејќи целта на ДКСК е да придонесе при расветлувањето на овој случај, а не да ја компромитира постапката што се води во ЈО. Меморандумот за соработка помеѓу институциите е само израз на добра волја за соработка, но надлежностите се јасно дефинирани во законите. ДКСК почитувајќи ги одредбите во Меморандумот за соработка на ДКСК со ЈО, на редовна средба го извести обвинителството дека има сериозни сомнежи во врска со предметот Труст и дека ќе покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење“, велат од Државната комисија за спречување на корупцијата.
Се додава дека и понатаму ќе продолжат да постапуваат согласно своите законски надлежности и да соработуваат со сите надлежни институции за борба против корупцијата и организираниот криминал, во интерес на владеењето на правото.   https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-preku-soopshtenie-ja-prekina-sorabotkata-so-antikoruptsiskata-komisija/

The post Антикорупциската комисија тврди дека постапила во согласност со својата надлежност за предметот „Труст“ appeared first on Република.

]]>
За Обвинителство беспредметна и непотребна е иницијативата на ДКСК во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“ https://republika.mk/vesti/makedonija/za-obvinitelstvo-bespredmetna-i-nepotrebna-e-initsijativata-na-dksk-vo-vrska-so-konfiskatsijata-na-imotot-vo-predmetot-trust/ Thu, 20 Jul 2023 09:44:51 +0000 https://republika.mk/?p=663443

Јавното обвинителство ја оценува како целосно беспредметна и непотребна иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“.

Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потсетуваат дека има оформен предмет во кој се опфатени неколку кривични пријави и во чии рамки се испитува постапувањето на сите институции при конфискацијата на имотот на „Трансмет“.

Во рамките на тој предмет обезбедена е целокупната документација, вербални и материјални докази и надлежниот јавен обвинител е пред донесување на јавнообвинителска одлука.

Како еден аспект од целиот предмет, нагласуваме дека надлежниот јавен обвинител, согласно сите обезбедени докази и направени проверки, веќе согледа дека во јавнообвинителското постапување во предметот „Труст“ не е направен никаков пропуст. Оттука, со јавната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата веќе е нанесена непотребна штета и на Јавното обвинителство како институција и на јавните обвинители кои постапувале во предметот.

Од излагањето на седницата на Државната комисија за спречување на корупцијата, пак, очигледно е дека Комисијата при анализа на предметот немала пред себе бројни докази ниту увид во комплетната фактичка состојба која јавниот обвинител детално ќе ја образложи при носењето на одлуката и ќе ја поткрепи со соодветен доказен материјал. Заклучоците на Комисијата во поглед на имотот на „Трансмет“ воопшто ги немаат предвид ниту веќе правосилните одлуки на Апелациониот суд, со кои спогодбите за префрлање на имотот од „Трансмет“ на „Пуцко Петрол“ се огласени за ништовни и правно неважечки, онака како што е предвидено во членот 202 од Законот за кривична постапка, и со кои имотот на Сеад Кочан е трајно впишан во сопственост на државата, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Доколку крајната цел не е обид да се влијае на исходот од постапката што ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и свесно да се компромитира, неразбирливо и крајно неодговорно е, како што се наведува во соопштението, Комисијата да поднесува иницијатива за кривично гонење во оваа фаза од постапката и врз основа на нецелосно проверени факти, кои не соодветствуваат на доказите обезбедени во предметот.

Особено е неодговорно од една институција како ДКСК, врз вака нецелосно обработени и неточни факти, да излегува надвор од своите надлежности и да прикажува „шеми“ на наводно организирано дејствување, бидејќи тоа единствено е во надлежност на истражните и на судските органи во државата, се додава во соопштението.

Од Јавното обвинителството апелираат Државната комисија за спречување на корупцијата да се држи до своите законски надлежности и да не нанесува штета на постапките кои се во тек. Јавното обвинителство како единствен орган надлежен за кривичен прогон нема да дозволи и остро ќе се спротивстави на секој обид да се влијае врз постапките.

И покрај сите напори на Јавното обвинителство да остварува коректна соработка со ДКСК и да ја вклучи во активностите за борба против корупцијата, членовите на ова тело, наместо да ја насочат енергијата кон сопствените обврски, постојано се конфронтираат со другите институции, предизвикувајќи огромна штета на напорите за справување со корупцијата, се додава во соопштението.

Поради еднострано целосно непочитување на потпишаниот Меморандум за соработка, а особено прекршување на членовите 2, 3 и 6, Јавното обвинителство ги замрзнува сите активности предвидени и кои произлегуваат од тој меморандум.

The post За Обвинителство беспредметна и непотребна е иницијативата на ДКСК во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“ appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство ја оценува како целосно беспредметна и непотребна иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“.
Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.
Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потсетуваат дека има оформен предмет во кој се опфатени неколку кривични пријави и во чии рамки се испитува постапувањето на сите институции при конфискацијата на имотот на „Трансмет“. Во рамките на тој предмет обезбедена е целокупната документација, вербални и материјални докази и надлежниот јавен обвинител е пред донесување на јавнообвинителска одлука. Како еден аспект од целиот предмет, нагласуваме дека надлежниот јавен обвинител, согласно сите обезбедени докази и направени проверки, веќе согледа дека во јавнообвинителското постапување во предметот „Труст“ не е направен никаков пропуст. Оттука, со јавната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата веќе е нанесена непотребна штета и на Јавното обвинителство како институција и на јавните обвинители кои постапувале во предметот.