трупи Archives - Република https://republika.mk/tema/trupi/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Mar 2022 08:00:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трупи Archives - Република https://republika.mk/tema/trupi/ 32 32 НАТО планира повеќе трупи на источното крило по руската инвазија врз Русија https://republika.mk/vesti/svet/nato-planira-povekje-trupi-na-istochnoto-krilo-po-ruskata-invazija-vrz-rusija/ Wed, 16 Mar 2022 08:00:05 +0000 https://republika.mk/?p=473514

НАТО на денешната средба ќе побара од воените команданти да подготват планови за нови начини за одвраќање на Русија по инвазијата на Москва врз Украина, вклучително и дополнителни трупи и ракетна одбрана во Источна Европа, најавија официјални лица и дипломати.

Министрите за одбрана на земјите-членки ќе разговараат и со украинскиот колега Олексеј Резников, кој се очекува да побара повеќе оружје од поединечни земји на Алијансата додека продолжуваат руските напади врз украинските градови и руската војска се обидува да воспостави контрола над Киев.

Мораме да ја ресетираме нашата воена способност за оваа нова реалност. Министрите ќе започнат важна дебата за конкретни мерки за зајакнување на нашата безбедност на долг рок во сите области, изјави вчера генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Најмалку десет земји-членки на Алијансата, меѓу кои САД, Велика Британија и Франција, распоредија поголем број војници, бродови и авиони на источно крило и ги ставија во состојба на готовност. Рускиот претседател Владимир Путин на 27 февруари ги стави нуклеарните сили во состојба на готовност. Руски проектили погодија украинска база во близина на границата со Полска на 13 март. Полска е земја-членката на Северноатлантската алијанса.

The post НАТО планира повеќе трупи на источното крило по руската инвазија врз Русија appeared first on Република.

]]>

НАТО на денешната средба ќе побара од воените команданти да подготват планови за нови начини за одвраќање на Русија по инвазијата на Москва врз Украина, вклучително и дополнителни трупи и ракетна одбрана во Источна Европа, најавија официјални лица и дипломати. Министрите за одбрана на земјите-членки ќе разговараат и со украинскиот колега Олексеј Резников, кој се очекува да побара повеќе оружје од поединечни земји на Алијансата додека продолжуваат руските напади врз украинските градови и руската војска се обидува да воспостави контрола над Киев. Мораме да ја ресетираме нашата воена способност за оваа нова реалност. Министрите ќе започнат важна дебата за конкретни мерки за зајакнување на нашата безбедност на долг рок во сите области, изјави вчера генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Најмалку десет земји-членки на Алијансата, меѓу кои САД, Велика Британија и Франција, распоредија поголем број војници, бродови и авиони на источно крило и ги ставија во состојба на готовност. Рускиот претседател Владимир Путин на 27 февруари ги стави нуклеарните сили во состојба на готовност. Руски проектили погодија украинска база во близина на границата со Полска на 13 март. Полска е земја-членката на Северноатлантската алијанса.

The post НАТО планира повеќе трупи на источното крило по руската инвазија врз Русија appeared first on Република.

]]>
Американската администрација им забрани пристап на новинарите до трупите на САД во Европа https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-administracija-im-zabrani-pristap-na-novinarite-do-trupite-na-sad-vo-evropa/ Thu, 10 Feb 2022 09:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=456638

Новинарите кои известуваат за Пентагон и американската војска изразија незадоволство до американската Влада бидејќи не им е одобрен пристап до трупите од околу 3.000 американски војници, распоредени во Европа.

Новинарите сметаат дека им била ускратена можноста да ги интервјуираат членовите на новопристигнатите трупи кои биле испратени во Полска, Романија и Германија пред евентуалната руска инвазија на Украина.

Тие тврдат дека ваквите ограничувања се исклучително ретки во време на мир, а невообичаени дури и во активните воени зони, пренесуваат американските медиуми.

Здружението на новинари на Пентагон, кое претставува речиси 100 новинари кои известуваат за Министерството за одбрана, соопшти дека администрацијата на Бајден во суштина го забранила пристапот до новораспоредените трупи во Европа.

Во писмото до министерот за одбрана Лојд Остин и советникот за национална безбедност Џејк Саливан, групата го опиша одбивањето на пристап до медиумите како „спротивно на основниот принцип на слободата на печатот. Тоа е лоша услуга за американската јавност во чие име овие војници се распоредени во странство и е спротивно на ветувањата на претседателот Бајден за транспарентност“, се вели во писмото.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби вчера изјави дека одлуките за ограничувањата за известување се дел од пошироката стратегија на американската Влада за управување со украинската криза на „геополитичката сцена“ во потрага по дипломатско решение.

The post Американската администрација им забрани пристап на новинарите до трупите на САД во Европа appeared first on Република.

]]>

Новинарите кои известуваат за Пентагон и американската војска изразија незадоволство до американската Влада бидејќи не им е одобрен пристап до трупите од околу 3.000 американски војници, распоредени во Европа. Новинарите сметаат дека им била ускратена можноста да ги интервјуираат членовите на новопристигнатите трупи кои биле испратени во Полска, Романија и Германија пред евентуалната руска инвазија на Украина. Тие тврдат дека ваквите ограничувања се исклучително ретки во време на мир, а невообичаени дури и во активните воени зони, пренесуваат американските медиуми. Здружението на новинари на Пентагон, кое претставува речиси 100 новинари кои известуваат за Министерството за одбрана, соопшти дека администрацијата на Бајден во суштина го забранила пристапот до новораспоредените трупи во Европа. Во писмото до министерот за одбрана Лојд Остин и советникот за национална безбедност Џејк Саливан, групата го опиша одбивањето на пристап до медиумите како „спротивно на основниот принцип на слободата на печатот. Тоа е лоша услуга за американската јавност во чие име овие војници се распоредени во странство и е спротивно на ветувањата на претседателот Бајден за транспарентност“, се вели во писмото. Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби вчера изјави дека одлуките за ограничувањата за известување се дел од пошироката стратегија на американската Влада за управување со украинската криза на „геополитичката сцена“ во потрага по дипломатско решение.

The post Американската администрација им забрани пристап на новинарите до трупите на САД во Европа appeared first on Република.

]]>