труман Archives - Република https://republika.mk/tema/truman/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Apr 2022 20:17:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png труман Archives - Република https://republika.mk/tema/truman/ 32 32 „Воени игри“ го наполнија Медитеранот со американски и руски воени бродови: Носач на авиони, разурнувачи, бомбардери, ракети „Калибар“ https://republika.mk/vesti/svet/voeni-igri-go-napolnija-mediteranot-so-amerikanski-i-ruski-voeni-brodovi-nosach-na-avioni-razurnuvachi-bombarderi-raketi-kalibar/ Sat, 09 Apr 2022 20:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=485992

Во Средоземното Море во изминатиов период се одвива многу чувствителен американско-руски маневар, пишува италијанскиот весник „Ил Џорнале“.

Од една страна, руската морнарица се обидува да изврши притисок врз бродовите на НАТО да ги концентрираат кон Јонското Море, а од друга страна, САД продолжуваат да испраќаат бомбардери Б-52 над Европа за да ја следат ситуацијата одозгора.

Најновата сателитска снимка покажува што се случува во близина на италијанските води на Јонското Море, кај брегот на Калабрија:

„Играта“ што ја играат американскиот носач на авиони „Труман“ и рускиот разурнувач „Кулаков“ изгледа како партија шах: едниот го чека потегот на другиот - пишува весникот.

https://twitter.com/SpartacusGladia/status/1512779244912488458?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512779244912488458%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3910097%2Fmediteran-kljuca-od-ruskih-i-americkih-ratnih-brodova-tu-su-nosac-aviona-truman-bombarderi-ruski-razarac-kulakov-rakete-kalibar

Носачот на авиони „Труман“ е предводник на НАТО флотата во Медитеранот, а друг италијански весник „Република“ пишува дека бродот носи ловци-бомбардери „Ф-18 Хорнет“ кои „вежбаат“ за евентуално да им пружат помош на земјите околу Црното и Балтичкото Море, кои се поблиску до војната во Украина.

Рускиот разурнувач „Кулаков“, пак, е брод од советската ера, кој беше целосно модернизиран во 2010 година. Експертите велат дека е опремен и со крстосувачки ракети „Калибар“, истото оружје со кое Русите ја гаѓаат територијата на Украина.

Бродот е во движење заедно со големиот руски крстосувач „Варјаг“ кој може истовремено да погоди повеќе цели и затоа го нарекуваат „убиец на носачи на авиони“.

„Варјаг“ е трет по големина крстосувач од класата „Глори“, со наведувани ракети, изграден за советската морнарица, а сега и служи на руската морнарица.

Бродот се наоѓа во близина на италијанските води од февруари, како дел од досега невидена концентрацијата на силите на руската морнарица: крстосувачи, борбени авиони, фрегати и подморници, од кои едната веројатно е на нуклеарен погон. Сите бродови се опремени и со руски крстосувачки ракети „Калибар“.

Ваквата концентрација на руски бродови во Средоземното Море е последица на намерата на Москва да го контролира движењето на НАТО, како и да се интервенира за да го спречат влегувањето на непријателските бродови во Црното Море.

Американскиот носач „Труман“, осмиот во американската морнарица од класата „Нимиц“, како обезбедување чека бомбардери „Б-52“ кои го надлетуваат подрачјето каде што се наоѓаат руските екипажи.

Во сегашната ситуација, руските „Варјаг“ и „Кулаков“ го следат „Труман“ во Јонското Море. Но, за Москва тоа маневрирање не е лесно бидејќи долгиот престој на море и создава проблеми на нејзината флота, која не успева да стигне до Крим за снабдување, бидејќи Турција го спречува минувањето на воените бродови низ Босфор.

Се чини дека и Пентагон ги преиспитува своите приоритети: „Труман“ бил изненаден од украинската криза бидејќи пред нејзиниот почеток бил на мисија во водите на Персискиот залив, а му било наредено да застане и подоцна да отплови кон Медитеранот, каде му се придружија неколку крстосувачи.

The post „Воени игри“ го наполнија Медитеранот со американски и руски воени бродови: Носач на авиони, разурнувачи, бомбардери, ракети „Калибар“ appeared first on Република.

]]>

Во Средоземното Море во изминатиов период се одвива многу чувствителен американско-руски маневар, пишува италијанскиот весник „Ил Џорнале“. Од една страна, руската морнарица се обидува да изврши притисок врз бродовите на НАТО да ги концентрираат кон Јонското Море, а од друга страна, САД продолжуваат да испраќаат бомбардери Б-52 над Европа за да ја следат ситуацијата одозгора. Најновата сателитска снимка покажува што се случува во близина на италијанските води на Јонското Море, кај брегот на Калабрија:
„Играта“ што ја играат американскиот носач на авиони „Труман“ и рускиот разурнувач „Кулаков“ изгледа како партија шах: едниот го чека потегот на другиот - пишува весникот.
https://twitter.com/SpartacusGladia/status/1512779244912488458?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512779244912488458%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3910097%2Fmediteran-kljuca-od-ruskih-i-americkih-ratnih-brodova-tu-su-nosac-aviona-truman-bombarderi-ruski-razarac-kulakov-rakete-kalibar Носачот на авиони „Труман“ е предводник на НАТО флотата во Медитеранот, а друг италијански весник „Република“ пишува дека бродот носи ловци-бомбардери „Ф-18 Хорнет“ кои „вежбаат“ за евентуално да им пружат помош на земјите околу Црното и Балтичкото Море, кои се поблиску до војната во Украина. Рускиот разурнувач „Кулаков“, пак, е брод од советската ера, кој беше целосно модернизиран во 2010 година. Експертите велат дека е опремен и со крстосувачки ракети „Калибар“, истото оружје со кое Русите ја гаѓаат територијата на Украина. Бродот е во движење заедно со големиот руски крстосувач „Варјаг“ кој може истовремено да погоди повеќе цели и затоа го нарекуваат „убиец на носачи на авиони“. „Варјаг“ е трет по големина крстосувач од класата „Глори“, со наведувани ракети, изграден за советската морнарица, а сега и служи на руската морнарица. Бродот се наоѓа во близина на италијанските води од февруари, како дел од досега невидена концентрацијата на силите на руската морнарица: крстосувачи, борбени авиони, фрегати и подморници, од кои едната веројатно е на нуклеарен погон. Сите бродови се опремени и со руски крстосувачки ракети „Калибар“. Ваквата концентрација на руски бродови во Средоземното Море е последица на намерата на Москва да го контролира движењето на НАТО, како и да се интервенира за да го спречат влегувањето на непријателските бродови во Црното Море. Американскиот носач „Труман“, осмиот во американската морнарица од класата „Нимиц“, како обезбедување чека бомбардери „Б-52“ кои го надлетуваат подрачјето каде што се наоѓаат руските екипажи. Во сегашната ситуација, руските „Варјаг“ и „Кулаков“ го следат „Труман“ во Јонското Море. Но, за Москва тоа маневрирање не е лесно бидејќи долгиот престој на море и создава проблеми на нејзината флота, која не успева да стигне до Крим за снабдување, бидејќи Турција го спречува минувањето на воените бродови низ Босфор. Се чини дека и Пентагон ги преиспитува своите приоритети: „Труман“ бил изненаден од украинската криза бидејќи пред нејзиниот почеток бил на мисија во водите на Персискиот залив, а му било наредено да застане и подоцна да отплови кон Медитеранот, каде му се придружија неколку крстосувачи.

The post „Воени игри“ го наполнија Медитеранот со американски и руски воени бродови: Носач на авиони, разурнувачи, бомбардери, ракети „Калибар“ appeared first on Република.

]]>