тротинети Archives - Република https://republika.mk/tema/trotineti/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Aug 2023 09:50:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тротинети Archives - Република https://republika.mk/tema/trotineti/ 32 32 Од утре во Париз се забранети електронските тротинети https://republika.mk/vesti/svet/od-utre-vo-pariz-se-zabraneti-elektronskite-trotineti/ Thu, 31 Aug 2023 09:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=677531

Од петок, 1 септември, Париз ќе стане првата европска престолнина што ќе ја забрани работата на електронските тротинети на своите улици.

На референдумот одржан во април граѓаните на Париз со речиси 90 отсто ја поддржаа забраната на овие уреди.

Забраната се однесува на изнајмени електрични тротинети што ги нудат неколку компании од 2018 година. Само во мала зона во центарот на Париз ќе биде дозволено нивно работење додека целосно не се укине.

Тие беа понудени поради нивното влијание врз намалувањето на загадувањето, но беа критикувани затоа што, според властите, само во јули во Франција починале десет корисници.

 

The post Од утре во Париз се забранети електронските тротинети appeared first on Република.

]]>

Од петок, 1 септември, Париз ќе стане првата европска престолнина што ќе ја забрани работата на електронските тротинети на своите улици. На референдумот одржан во април граѓаните на Париз со речиси 90 отсто ја поддржаа забраната на овие уреди. Забраната се однесува на изнајмени електрични тротинети што ги нудат неколку компании од 2018 година. Само во мала зона во центарот на Париз ќе биде дозволено нивно работење додека целосно не се укине. Тие беа понудени поради нивното влијание врз намалувањето на загадувањето, но беа критикувани затоа што, според властите, само во јули во Франција починале десет корисници.  

The post Од утре во Париз се забранети електронските тротинети appeared first on Република.

]]>
ЦУК предупредува на ризици од употреба на електрични тротинети https://republika.mk/vesti/makedonija/tsuk-predupreduva-na-rizitsi-od-upotreba-na-elektrichni-trotineti/ Mon, 05 Jun 2023 13:30:03 +0000 https://republika.mk/?p=648072

Центарот за управување со кризи ги повикува надлежните институции да присуствуваат на координативните средби, за да се договараат за употребата и изнајмувањето на електричните тротинети со цел намалување на ризиците по здравјето и да се заштити безбедноста и на возачите и на останатите учесници во сообраќајот, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој кажа дека заклучно со мај годинава со повреди се здобиле 11 лица од кои две со тешки телесни повреди, останатите со телесни повреди. Покрај возачите на електрични тротинети, настрадале и други учесници во сообраќајот, пред се пешаци. Претходната 2022 година, според евиденцијата на МВР имало 49 повредни, од кои осум со тешки телесни повреди, 41 со телесни повреди. Во 2021-та година пак, настрадале 30 лица.

Прес-конференција на директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов во врска со состојбата со пожари на отворен простор.

- Имајќи предвид дека од неодамна во употреба се пуштени 500 електрични тротинети за изнајмување коишто се лесно достапни, вклучително и за деца од уште помала возраст од онаа која ја предвидува законот, за деца од 14 години нагоре како и за возрасни лица во Центарот за управување со кризи закажавме и одржавме две координативни средби. Покрај претставници на ЦУК учествуваа и претставници од МВР и Министерство за транспорт и врски. За жал и покрај уредните покани, некои институции не дојдоа на координативните средби, како Секторот за сообраќај на градот Скопје, трговското друштво „Бин Бин“, ЈП Градски паркинг и Републичкиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата. Се надевам дека на некоја од следните координативни средби ќе дојдат за да поразговараме за опасностите кои се појавуваат од употребата на електричните тротинети, кажа на прес-конференцијата Ангелов.

На координативните средби на ЦУК се посочи дека покрај позитивните страни кои ги има употребата на електричните тротинети има и ризици, кои, како што посочи Ангелов се зголемени откако се пуштени во промет 500 електрични тротинети за изнајмување. Тој кажа дека законската слабост е што тротинетите можат да се користат без дозвола и дека никој не ги проверува корисниците меѓу нив и децата и дали ги познаваат сообраќајните прописи. За Ангелов е слабост и старосната граница, бидејќи деца од 14 години се рамноправни учесници во сообраќајот. Тој рече дека се случува и помали деца да користат тротинети и апелираше до родителите да внимаваат, бидејќи нивните малолетни деца можат да управуваат со изнајмени тротинети.

- Овие за изнајмување се лесно достапни за секого и покрај возрасните, посебно се ранливи децата, некои од нив не знаат да управуваат, некои немаат доволно вештини да управуваат со електрични тротинети. Лицето коешто управува електричен тротинет со брзина од 25 километри на час при несреќен случај може да се здобие со тешки телесни повреди, па дури и со животно-загрозувачи повреди, кажа Ангелов.

Тој предупреди дека дел од возачите користат и слушалки и можат да се доведат и себе си во опасност и останатите учесници во сообраќајот. Спорно, за него е што дел од возачите не носат заштитна кацига. Тој ги повика медиумите да се развие ова тема во јавноста, да се дебатира.

Ангелов како што кажа на прес конференцијата, на референдум во Париз 90 од граѓаните се изјасниле против користење на изнајмени електрични тротинети, зашто создавале безредие и ја намалувале безбедноста и на самите возачи и на останатите граѓани. За една година, како што сподели информации, во Париз загинале тројца возачи и имало 460 повредени лица. Тој ги повика надлежните институции да почнат кампања за правилно употребување на електричните тротинети, бидејќи расте бројот на корисници и додаде дека како ЦУК немаат против користењето, но бараат да се употребуваат согласно законските прописи.

Согласно Законот, возачите на електрични тротинети можат да се движат на велосипедска патека или ако нема, тогаш на пешачка патека или друга површина по десна лента со 25 километри на час, каде што поминуваат пешаци брзината на движењето не смее да биде поголема од шест километри на час. Возачите треба да носат заштитна кацига, во ноќните часови да носат рефлектирачки елеци, не смеат да носат животни.

Прво прашање кое го поставуваме дали законот е доволно добар, дали е безбедно дете од 14 години да има право да управува со електричен тротинет со брзина од 25 километри, колку се почитуваат правилата предвидени со законот, дали и колку забележуваме лица кои возат електрични тротинети без да носат заштитна опрема, колку често забележуваме тротинет фрлен непрописно, попречно на тротоар, улица, паркинг на површини каде се движат пешаци велосипедисти, изјави Ангелов.

Одговарајќи на новинарско прашање што ќе предложат на средбите Ангелов кажа дека очекува во текот на неделава да закажат уште една координативна средба на која очекуваат присуство од сите надлежни институции, додавајќи дека особено е важен градот Скопје, бидејќи засега само во Скопје се изнајмуваат електрични тротинети. Тој повтори дека е важно да дојдат и претставници на компанијата која ги изнајмува и секторот за безбедност на патниот сообраќај од градот Скопје.

 

The post ЦУК предупредува на ризици од употреба на електрични тротинети appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи ги повикува надлежните институции да присуствуваат на координативните средби, за да се договараат за употребата и изнајмувањето на електричните тротинети со цел намалување на ризиците по здравјето и да се заштити безбедноста и на возачите и на останатите учесници во сообраќајот, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој кажа дека заклучно со мај годинава со повреди се здобиле 11 лица од кои две со тешки телесни повреди, останатите со телесни повреди. Покрај возачите на електрични тротинети, настрадале и други учесници во сообраќајот, пред се пешаци. Претходната 2022 година, според евиденцијата на МВР имало 49 повредни, од кои осум со тешки телесни повреди, 41 со телесни повреди. Во 2021-та година пак, настрадале 30 лица. Прес-конференција на директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов во врска со состојбата со пожари на отворен простор.
- Имајќи предвид дека од неодамна во употреба се пуштени 500 електрични тротинети за изнајмување коишто се лесно достапни, вклучително и за деца од уште помала возраст од онаа која ја предвидува законот, за деца од 14 години нагоре како и за возрасни лица во Центарот за управување со кризи закажавме и одржавме две координативни средби. Покрај претставници на ЦУК учествуваа и претставници од МВР и Министерство за транспорт и врски. За жал и покрај уредните покани, некои институции не дојдоа на координативните средби, како Секторот за сообраќај на градот Скопје, трговското друштво „Бин Бин“, ЈП Градски паркинг и Републичкиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата. Се надевам дека на некоја од следните координативни средби ќе дојдат за да поразговараме за опасностите кои се појавуваат од употребата на електричните тротинети, кажа на прес-конференцијата Ангелов.
На координативните средби на ЦУК се посочи дека покрај позитивните страни кои ги има употребата на електричните тротинети има и ризици, кои, како што посочи Ангелов се зголемени откако се пуштени во промет 500 електрични тротинети за изнајмување. Тој кажа дека законската слабост е што тротинетите можат да се користат без дозвола и дека никој не ги проверува корисниците меѓу нив и децата и дали ги познаваат сообраќајните прописи. За Ангелов е слабост и старосната граница, бидејќи деца од 14 години се рамноправни учесници во сообраќајот. Тој рече дека се случува и помали деца да користат тротинети и апелираше до родителите да внимаваат, бидејќи нивните малолетни деца можат да управуваат со изнајмени тротинети. - Овие за изнајмување се лесно достапни за секого и покрај возрасните, посебно се ранливи децата, некои од нив не знаат да управуваат, некои немаат доволно вештини да управуваат со електрични тротинети. Лицето коешто управува електричен тротинет со брзина од 25 километри на час при несреќен случај може да се здобие со тешки телесни повреди, па дури и со животно-загрозувачи повреди, кажа Ангелов. Тој предупреди дека дел од возачите користат и слушалки и можат да се доведат и себе си во опасност и останатите учесници во сообраќајот. Спорно, за него е што дел од возачите не носат заштитна кацига. Тој ги повика медиумите да се развие ова тема во јавноста, да се дебатира. Ангелов како што кажа на прес конференцијата, на референдум во Париз 90 од граѓаните се изјасниле против користење на изнајмени електрични тротинети, зашто создавале безредие и ја намалувале безбедноста и на самите возачи и на останатите граѓани. За една година, како што сподели информации, во Париз загинале тројца возачи и имало 460 повредени лица. Тој ги повика надлежните институции да почнат кампања за правилно употребување на електричните тротинети, бидејќи расте бројот на корисници и додаде дека како ЦУК немаат против користењето, но бараат да се употребуваат согласно законските прописи. Согласно Законот, возачите на електрични тротинети можат да се движат на велосипедска патека или ако нема, тогаш на пешачка патека или друга површина по десна лента со 25 километри на час, каде што поминуваат пешаци брзината на движењето не смее да биде поголема од шест километри на час. Возачите треба да носат заштитна кацига, во ноќните часови да носат рефлектирачки елеци, не смеат да носат животни.
Прво прашање кое го поставуваме дали законот е доволно добар, дали е безбедно дете од 14 години да има право да управува со електричен тротинет со брзина од 25 километри, колку се почитуваат правилата предвидени со законот, дали и колку забележуваме лица кои возат електрични тротинети без да носат заштитна опрема, колку често забележуваме тротинет фрлен непрописно, попречно на тротоар, улица, паркинг на површини каде се движат пешаци велосипедисти, изјави Ангелов.
Одговарајќи на новинарско прашање што ќе предложат на средбите Ангелов кажа дека очекува во текот на неделава да закажат уште една координативна средба на која очекуваат присуство од сите надлежни институции, додавајќи дека особено е важен градот Скопје, бидејќи засега само во Скопје се изнајмуваат електрични тротинети. Тој повтори дека е важно да дојдат и претставници на компанијата која ги изнајмува и секторот за безбедност на патниот сообраќај од градот Скопје.  

The post ЦУК предупредува на ризици од употреба на електрични тротинети appeared first on Република.

]]>
Започнува имплементацијата на проектот „Смарт Аеродром“: Електрични велосипеди и тротинети, паметно осветлување, бесплатен интернет https://republika.mk/vesti/skopje/zapochnuva-implementatsijata-na-proektot-smart-aerodrom-elektrichni-velosipedi-i-trotineti-pametno-osvetluvane-besplaten-internet/ Mon, 05 Jun 2023 10:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=647990

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, утрово на прес конференција ги објави деталите за проектот „Смарт Аеродром“, кој како што најави, ќе биде визионерски потфат што ќе ја искористи моќта на технологијата за да создаде поповрзана, одржлива и помодерна општина. Тој најави дека веднаш откако Советот на Општина Аеродром ќе донесе одлука, преку јавен повик за избор на партнер, ќе биде воспоставено јавно-приватно партнерство со кое ќе се реализира овој проект. На јавниот повик ќе може да аплицираат сите заинтересирани компании кои ги исполнуваат дадените услови.

Проектот „Смарт Аеродром“ претставува сеопфатен напор за интегрирање на напредните технологии во нашата општина, во насока на подобрување на различните аспекти на секојдневното живеење. „Смарт Аеродром“ е проект кој е важен технолошки исчекор напред, проект во чии рамки се пресретнуваат технологија и одржливоста, а се реализира за првпат во Македонија, токму во општината Аеродром.

Зборувајќи за придобивките од проектот, Муцунски на денешната прес-конференција потенцираше дека станува збор за проект кој сериозно ќе го смени ликот на средината, ќе влијае на зголемување на безбедноста и сигурноста, ќе придонесе за ефикасна потрошувачка и заштеда на средства, ќе овозможи олеснет пристап до информации, ќе имплементира одржливи транспортни решенија и ќе придонесе на подобрување на економскиот раст и иновативноста на локално ниво.

Физибилити студијата, предвидува компанијата која ќе биде избрана како партнер на Општина Аеродром да има обврска да имплементира смарт (штедливо) осветлување на територијата на целата општина што сериозно ќе влијае на заштедата на средства за електрична енергија и ќе биде одговор на зачестените забелешки за постоечкиот систем за осветлување кој е застарен и нефункционален. Дополнително, се предвидува компанијата да постави информативни и комерцијални дигитални дисплеи или т.н. тотеми кои општината ќе има право да ги користи за информирање на граѓаните; да нуди ефикасни услуги за изнајмување електрични велосипеди и електрични тротинети кои ќе може да ги користат граѓаните, да постави полначи за електрични автомобили на локации во Аеродром и да формира т.н. хотспот точки со бесплатен безжичен интернет.

Kомпанијата која ќе биде стратешки партнер на Општина Аеродром во реализацијата на овој проект ќе има обврска целосно да го финансира и одржува целиот проект, а Општина Аеродром, освен што нема да има никакви директни трошоци за негова реализација, туку и преку намалување на потрошувачката на електрична енергија, сериозно ќе ги намали трошоците и ќе оствари заштеда на средства од буџетот.

„Убеден сум дека по успешното завршување на повикот и воспоставување на јавно – приватно партнерство ќе може официјално да му посакаме добредојде на проектот кој ќе даде една нова енергија на иднината и живеењето во нашата општина. Со имплементацијата на проектот, Општина Аеродром ќе стане првата високотехнолошка и паметна општина, како и вистински пример на локална самоуправа која поддржува иновации и промовира одржливост“, заклучи Муцунски во своето обраќање.

 

The post Започнува имплементацијата на проектот „Смарт Аеродром“: Електрични велосипеди и тротинети, паметно осветлување, бесплатен интернет appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, утрово на прес конференција ги објави деталите за проектот „Смарт Аеродром“, кој како што најави, ќе биде визионерски потфат што ќе ја искористи моќта на технологијата за да создаде поповрзана, одржлива и помодерна општина. Тој најави дека веднаш откако Советот на Општина Аеродром ќе донесе одлука, преку јавен повик за избор на партнер, ќе биде воспоставено јавно-приватно партнерство со кое ќе се реализира овој проект. На јавниот повик ќе може да аплицираат сите заинтересирани компании кои ги исполнуваат дадените услови. Проектот „Смарт Аеродром“ претставува сеопфатен напор за интегрирање на напредните технологии во нашата општина, во насока на подобрување на различните аспекти на секојдневното живеење. „Смарт Аеродром“ е проект кој е важен технолошки исчекор напред, проект во чии рамки се пресретнуваат технологија и одржливоста, а се реализира за првпат во Македонија, токму во општината Аеродром. Зборувајќи за придобивките од проектот, Муцунски на денешната прес-конференција потенцираше дека станува збор за проект кој сериозно ќе го смени ликот на средината, ќе влијае на зголемување на безбедноста и сигурноста, ќе придонесе за ефикасна потрошувачка и заштеда на средства, ќе овозможи олеснет пристап до информации, ќе имплементира одржливи транспортни решенија и ќе придонесе на подобрување на економскиот раст и иновативноста на локално ниво. Физибилити студијата, предвидува компанијата која ќе биде избрана како партнер на Општина Аеродром да има обврска да имплементира смарт (штедливо) осветлување на територијата на целата општина што сериозно ќе влијае на заштедата на средства за електрична енергија и ќе биде одговор на зачестените забелешки за постоечкиот систем за осветлување кој е застарен и нефункционален. Дополнително, се предвидува компанијата да постави информативни и комерцијални дигитални дисплеи или т.н. тотеми кои општината ќе има право да ги користи за информирање на граѓаните; да нуди ефикасни услуги за изнајмување електрични велосипеди и електрични тротинети кои ќе може да ги користат граѓаните, да постави полначи за електрични автомобили на локации во Аеродром и да формира т.н. хотспот точки со бесплатен безжичен интернет. Kомпанијата која ќе биде стратешки партнер на Општина Аеродром во реализацијата на овој проект ќе има обврска целосно да го финансира и одржува целиот проект, а Општина Аеродром, освен што нема да има никакви директни трошоци за негова реализација, туку и преку намалување на потрошувачката на електрична енергија, сериозно ќе ги намали трошоците и ќе оствари заштеда на средства од буџетот. „Убеден сум дека по успешното завршување на повикот и воспоставување на јавно – приватно партнерство ќе може официјално да му посакаме добредојде на проектот кој ќе даде една нова енергија на иднината и живеењето во нашата општина. Со имплементацијата на проектот, Општина Аеродром ќе стане првата високотехнолошка и паметна општина, како и вистински пример на локална самоуправа која поддржува иновации и промовира одржливост“, заклучи Муцунски во своето обраќање.  

The post Започнува имплементацијата на проектот „Смарт Аеродром“: Електрични велосипеди и тротинети, паметно осветлување, бесплатен интернет appeared first on Република.

]]>
Софија ќе забрани возење електрични тротинети во паркови, на тротоари и на пешачки патеки https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/sofija-ke-zabrani-vozene-elektrichni-trotineti-vo-parkovi-na-trotoari-i-na-peshachki-pateki/ Wed, 31 May 2023 12:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=646474

Во Софија ќе биде забрането возење електрични тротинети во паркови, градини, на плоштади, тротоари и низ пешачки патеки. За непочитување на забраната предвидена е парична казна од 50 лева (околу 25 евра).

Забраната за возење на електрични тротинети е на иницијатива на групите ГЕРБ-СДС и Патриоти за Софија во Советот на општина Софија. Двете партии имаат мнозинство во Советот и новите регулативи најверојатно ќе бидат усвоени до средината на јули доколку не наидат на сериозно противење во јавноста.

Тие вклучуваат повеќе правила за паркирање на тротинетите за да се избегне нивното расфрлање низ градот. За почитување на правилата ќе се бара помош од компаниите кои издаваат електрични тротинети. И за нив се предвидени и казни.

Целта на ограничувањата е да се подобри безбедноста на пешаците и да се избегнат сообраќајни несреќи.

Нема официјални податоци за бројот на електрични тротинети, познато е само дека трите компании за изнајмување имаат околу 2.000 електрични тротинети.

 

The post Софија ќе забрани возење електрични тротинети во паркови, на тротоари и на пешачки патеки appeared first on Република.

]]>

Во Софија ќе биде забрането возење електрични тротинети во паркови, градини, на плоштади, тротоари и низ пешачки патеки. За непочитување на забраната предвидена е парична казна од 50 лева (околу 25 евра). Забраната за возење на електрични тротинети е на иницијатива на групите ГЕРБ-СДС и Патриоти за Софија во Советот на општина Софија. Двете партии имаат мнозинство во Советот и новите регулативи најверојатно ќе бидат усвоени до средината на јули доколку не наидат на сериозно противење во јавноста. Тие вклучуваат повеќе правила за паркирање на тротинетите за да се избегне нивното расфрлање низ градот. За почитување на правилата ќе се бара помош од компаниите кои издаваат електрични тротинети. И за нив се предвидени и казни. Целта на ограничувањата е да се подобри безбедноста на пешаците и да се избегнат сообраќајни несреќи. Нема официјални податоци за бројот на електрични тротинети, познато е само дека трите компании за изнајмување имаат околу 2.000 електрични тротинети.  

The post Софија ќе забрани возење електрични тротинети во паркови, на тротоари и на пешачки патеки appeared first on Република.

]]>
Ќе го исклучиш, а тој продолжува да наплаќа: Граѓани пријавуваат неправилности со изнајмување тротинети https://republika.mk/vesti/skopje/ke-go-iskluchish-a-toj-prodolzhuva-da-naplaka-gragani-prijavuvaat-nepravilnosti-so-iznajmuvane-trotineti/ Tue, 23 May 2023 09:01:35 +0000 https://republika.mk/?p=643856

Жителите на Скопје пред неколку дена добија 500 електрични тротинети на располагање, паркирани на повеќе локации низ Скопје.

Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи се споделуваа фотографии од тротинетите кои во рекорден рок беа уништени, со оштетени инсталации, фрлени во контејнер и во тревници...

И додека се одвива дебата за тоа дали ваквото однесување ја покажува нашата некултура и негрижа, се појавија нови проблеми со системот за електронска наплата на изнајмувањето. Имено, едно семејство од Скопје доживеало голгота затоа што после плаќањето на користењето електричен тротинет, апликацијата продолжила да им повлекува средства од сметката иако според инструкциите го прекинале користењето на услугата.

Родителот се пожалил дека системот поради „багови“ во софтверот кој најверојатно не бил тестиран или не било забележано дека има аномалии при тестирањето, продолжува да наплаќа од сумата.

За нивна среќа, во кол-центарот кој работи на англиски и на турски јазик, службеник го решил проблемот. Таткото на девојката која го користела електричниот тротинет објави дека треба да се внимава затоа што е можно апликацијата од картичка да ги извлече сите средства, а пресметките велат дека за 24 часа тоа се 13.000 денари.

Јас не велам дека тоа е секојдневно. Тоа се функционални "bug"-ови во една апликација кои не мора да се појават секогаш (грешки при изработка на софтверот кои се појавуваат во текот на неговото користење и нарушуваат употреба на одредени негови функции). Може скоро никогаш да не се појават, но може во еден период да се појават и премногу често бидејќи при тестирањето на апликацијата пред да се пушти во јавна употреба истата, не биле пронајдени тие "bug"- ови што во конкретниов случај е еден огромен пропуст на фирмата која го тестирала софтверот.

И замислете да се појави овој функционален "bug" и да се активира како синоќа што се активираше во апликацијата инсталирана на телефонот на ќерка ми. Апликацијата продолжува во позадина да си брои пари. И ете вашето дете платило за услугата пред 10 дена и 10 дена не ја гледа апликацијата. После 10 дена детето повторно ја вклучува апликацијата и сака повторно да изнајми електричен тротинет. Приметува дека апликацијата сеуште брои. Цената е 9 ден. за една минута. За 24 часа ќе ви набилда сметка од 13.000 ден. За 10 дена 130.000 ден. Вистински хорор. 10 просечни тротинети ќе купите за тие пари. Нема каде да се обратите. Долгот е направен мора да си го платите. Немоќни сте. Што правиме? Залудно е кубење коси. Се' е залудно. Уште и извршител ќе ви се јави за да си го подмирите долгот доколку во зададениот рок не го подмирите. Значи за наплата најверојатно дека се' е одлично организирано. Во рок од неколку дена (има рок, не сум во потполност сигурен кој е вистинскиот) треба да си го подмирите долгот. Во спротивно ќе си имате присилна наплата. Додека не го платите долгот не можете да го избришете акаунтот од апликацијата. Не можете да се скриете. Ве имаат и ве гледаат кои сте. Ви го имаат телефонот. Не зборувам ништо на памет.

До 04 ч. синоќа лутавме и едвај ја исклучивме активноста на тротинетот преку online help со некој момак Ахмед, најверојатно од Турска (не тврдам) кој беше најверојатно задолжен синоќа како техничка поддршка во Help центарот со кој на крај успеавме некако да искомуницираме во потполност. Му благодарам и за тоа“, гласи дел од Фејсбук статусот на родителот.

The post Ќе го исклучиш, а тој продолжува да наплаќа: Граѓани пријавуваат неправилности со изнајмување тротинети appeared first on Република.

]]>

Жителите на Скопје пред неколку дена добија 500 електрични тротинети на располагање, паркирани на повеќе локации низ Скопје. Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи се споделуваа фотографии од тротинетите кои во рекорден рок беа уништени, со оштетени инсталации, фрлени во контејнер и во тревници... И додека се одвива дебата за тоа дали ваквото однесување ја покажува нашата некултура и негрижа, се појавија нови проблеми со системот за електронска наплата на изнајмувањето. Имено, едно семејство од Скопје доживеало голгота затоа што после плаќањето на користењето електричен тротинет, апликацијата продолжила да им повлекува средства од сметката иако според инструкциите го прекинале користењето на услугата. Родителот се пожалил дека системот поради „багови“ во софтверот кој најверојатно не бил тестиран или не било забележано дека има аномалии при тестирањето, продолжува да наплаќа од сумата. За нивна среќа, во кол-центарот кој работи на англиски и на турски јазик, службеник го решил проблемот. Таткото на девојката која го користела електричниот тротинет објави дека треба да се внимава затоа што е можно апликацијата од картичка да ги извлече сите средства, а пресметките велат дека за 24 часа тоа се 13.000 денари.
Јас не велам дека тоа е секојдневно. Тоа се функционални "bug"-ови во една апликација кои не мора да се појават секогаш (грешки при изработка на софтверот кои се појавуваат во текот на неговото користење и нарушуваат употреба на одредени негови функции). Може скоро никогаш да не се појават, но може во еден период да се појават и премногу често бидејќи при тестирањето на апликацијата пред да се пушти во јавна употреба истата, не биле пронајдени тие "bug"- ови што во конкретниов случај е еден огромен пропуст на фирмата која го тестирала софтверот.
И замислете да се појави овој функционален "bug" и да се активира како синоќа што се активираше во апликацијата инсталирана на телефонот на ќерка ми. Апликацијата продолжува во позадина да си брои пари. И ете вашето дете платило за услугата пред 10 дена и 10 дена не ја гледа апликацијата. После 10 дена детето повторно ја вклучува апликацијата и сака повторно да изнајми електричен тротинет. Приметува дека апликацијата сеуште брои. Цената е 9 ден. за една минута. За 24 часа ќе ви набилда сметка од 13.000 ден. За 10 дена 130.000 ден. Вистински хорор. 10 просечни тротинети ќе купите за тие пари. Нема каде да се обратите. Долгот е направен мора да си го платите. Немоќни сте. Што правиме? Залудно е кубење коси. Се' е залудно. Уште и извршител ќе ви се јави за да си го подмирите долгот доколку во зададениот рок не го подмирите. Значи за наплата најверојатно дека се' е одлично организирано. Во рок од неколку дена (има рок, не сум во потполност сигурен кој е вистинскиот) треба да си го подмирите долгот. Во спротивно ќе си имате присилна наплата. Додека не го платите долгот не можете да го избришете акаунтот од апликацијата. Не можете да се скриете. Ве имаат и ве гледаат кои сте. Ви го имаат телефонот. Не зборувам ништо на памет.
До 04 ч. синоќа лутавме и едвај ја исклучивме активноста на тротинетот преку online help со некој момак Ахмед, најверојатно од Турска (не тврдам) кој беше најверојатно задолжен синоќа како техничка поддршка во Help центарот со кој на крај успеавме некако да искомуницираме во потполност. Му благодарам и за тоа“, гласи дел од Фејсбук статусот на родителот.

The post Ќе го исклучиш, а тој продолжува да наплаќа: Граѓани пријавуваат неправилности со изнајмување тротинети appeared first on Република.

]]>
Зелената партија на градоначалникот на Париз предложи забрана за јавно достапни електрични тротинети од февруари 2023 https://republika.mk/vesti/svet/zelenata-partija-na-gradonachalnikot-na-pariz-predlozi-zabrana-za-javno-dostapni-elektrichni-trotineti-od-fevruari-2023/ Fri, 28 Oct 2022 08:04:45 +0000 https://republika.mk/?p=566661

Зелената партија на градоначалникот предложи забрана за јавно достапни електрични тротинети од февруари 2023 година, кога истекува договорот со добавувачите.

Според нивните тврдења, електричните тротинети го затрупале градот, предизвикуваат несреќи со смртни последици, а корисниците дури ги фрлаат и во реката.

Одговорот на обвинувањата на градоначалникот доаѓа токму од главните добавувачи – Dott, TIER и Lime – кои имаат 15.000 електрични тротинети по градските улици.

За да докажат дека нивните превозни средства не се виновни за хаосот во градот, на градоначалникот му донеле докази дека електричните тротинети станале главен превоз во градот и дека се опремени со технологија која го спречува брзото возење и дека тие се паркираат на одредени места.

„Нашето истражување покажува дека повеќе од половина од Парижаните веќе користеле електричен тротинет, вклучително и огромното мнозинство од оние на возраст меѓу 18 и 34 години (82 проценти)“, вели во изјава за Euronews, Николас Горс, генерален директор на Dott во Франција.

„Само во септември 450.000 луѓе се возеле со нашите тротинети во Париз. Развиваме сензори кои ќе спречат две лица да користат ист тротинет во исто време, што е вообичаена глетка во Франција“.

Ја ограничивме брзината и ги спречивме возачите да возат побрзо од 20 или дури 10 km/h во области со многу пешаци, пред училишта или трговски центри. Што се однесува до фрлањето тротинети во река, тоа се ретки случаи, но вистината е дека еднаш месечно им плаќаме на нуркачите да ги најдат на дното на реката.

Заедно со другите оператори презентиравме амбициозни предлози. Градот Париз моментално ги испитува и за нив ќе се разговара на претстојниот состанок“ – заклучува Горсе.

Истражувањето на Harris Interactive нарачано од Dott, Tier и Lime претходно оваа година покажало дека доколку електричните тротинети се забранат во Париз, 35 отсто од нивните клиенти наместо тоа би користеле приватни автомобили или такси.

The post Зелената партија на градоначалникот на Париз предложи забрана за јавно достапни електрични тротинети од февруари 2023 appeared first on Република.

]]>

Зелената партија на градоначалникот предложи забрана за јавно достапни електрични тротинети од февруари 2023 година, кога истекува договорот со добавувачите. Според нивните тврдења, електричните тротинети го затрупале градот, предизвикуваат несреќи со смртни последици, а корисниците дури ги фрлаат и во реката. Одговорот на обвинувањата на градоначалникот доаѓа токму од главните добавувачи – Dott, TIER и Lime – кои имаат 15.000 електрични тротинети по градските улици. За да докажат дека нивните превозни средства не се виновни за хаосот во градот, на градоначалникот му донеле докази дека електричните тротинети станале главен превоз во градот и дека се опремени со технологија која го спречува брзото возење и дека тие се паркираат на одредени места.
„Нашето истражување покажува дека повеќе од половина од Парижаните веќе користеле електричен тротинет, вклучително и огромното мнозинство од оние на возраст меѓу 18 и 34 години (82 проценти)“, вели во изјава за Euronews, Николас Горс, генерален директор на Dott во Франција. „Само во септември 450.000 луѓе се возеле со нашите тротинети во Париз. Развиваме сензори кои ќе спречат две лица да користат ист тротинет во исто време, што е вообичаена глетка во Франција“. Ја ограничивме брзината и ги спречивме возачите да возат побрзо од 20 или дури 10 km/h во области со многу пешаци, пред училишта или трговски центри. Што се однесува до фрлањето тротинети во река, тоа се ретки случаи, но вистината е дека еднаш месечно им плаќаме на нуркачите да ги најдат на дното на реката.
Заедно со другите оператори презентиравме амбициозни предлози. Градот Париз моментално ги испитува и за нив ќе се разговара на претстојниот состанок“ – заклучува Горсе. Истражувањето на Harris Interactive нарачано од Dott, Tier и Lime претходно оваа година покажало дека доколку електричните тротинети се забранат во Париз, 35 отсто од нивните клиенти наместо тоа би користеле приватни автомобили или такси.

The post Зелената партија на градоначалникот на Париз предложи забрана за јавно достапни електрични тротинети од февруари 2023 appeared first on Република.

]]>
Град Скопје утре ќе објави јавни повици за субвенционирање за набавка на велосипеди и тротинети https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-utre-kje-objavi-javni-povici-za-subvencioniranje-za-nabavka-na-velosipedi-i-trotineti/ Thu, 25 Aug 2022 14:30:22 +0000 https://republika.mk/?p=544064

Град Скопје соопшти дека утре на својата веб страница ќе објави два јавни повици за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Градот Скопје за купување велосипеди и електрични тротинети во 2022 година, на кои граѓаните ќе можат да аплицираат.

Според соопштението, средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50 отсто од вредноста на еден велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице, додека за електричните тротинети средствата за субвенционирање се во износ од 30 проценти од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Подетални информации за правото на учество на јавните повици, условите коишто треба да ги исполни барателот, начинот на пријавување, на спроведување на повиците и начинот на остварување на правото на надоместок граѓаните ќе можат да добијат на веб страната на Град Скопје.

Освен тоа, граѓаните од интернет страницата на Градот Скопје ќе можат да го симнат и образецот за Барање за субвенција за купување, како и образецот Изјава, која треба да се завери на нотар. Јавните повици ќе бидат објавени издвоено на веб страницата, а соодветната документација ќе можат да ја поднесат до архивата на Град Скопје.

Повикот ќе трае до 1 ноември 2022 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

 

The post Град Скопје утре ќе објави јавни повици за субвенционирање за набавка на велосипеди и тротинети appeared first on Република.

]]>

Град Скопје соопшти дека утре на својата веб страница ќе објави два јавни повици за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Градот Скопје за купување велосипеди и електрични тротинети во 2022 година, на кои граѓаните ќе можат да аплицираат. Според соопштението, средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50 отсто од вредноста на еден велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице, додека за електричните тротинети средствата за субвенционирање се во износ од 30 проценти од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Подетални информации за правото на учество на јавните повици, условите коишто треба да ги исполни барателот, начинот на пријавување, на спроведување на повиците и начинот на остварување на правото на надоместок граѓаните ќе можат да добијат на веб страната на Град Скопје. Освен тоа, граѓаните од интернет страницата на Градот Скопје ќе можат да го симнат и образецот за Барање за субвенција за купување, како и образецот Изјава, која треба да се завери на нотар. Јавните повици ќе бидат објавени издвоено на веб страницата, а соодветната документација ќе можат да ја поднесат до архивата на Град Скопје. Повикот ќе трае до 1 ноември 2022 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.  

The post Град Скопје утре ќе објави јавни повици за субвенционирање за набавка на велосипеди и тротинети appeared first on Република.

]]>