трон Archives - Република https://republika.mk/tema/tron/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Jun 2022 09:12:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трон Archives - Република https://republika.mk/tema/tron/ 32 32 Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон https://republika.mk/vesti/svet/kralicata-elizabeta-slavi-70-godini-na-britanskiot-tron/ Thu, 02 Jun 2022 09:12:59 +0000 https://republika.mk/?p=510070

Британската кралица Елизабета им се заблагодари на сите кои ќе учествуваат на четиридневното одбележување на нејзиниот платински јубилеј, што ќе опфати низа прослави по повод 70 години од британскиот трон.

Милиони луѓе ширум Британија и светот денеска треба да се придружат во славењето на 96-годишната кралица која владее подолго од кој било претходник, објави британската влада.

Им благодарам на сите што учествуваа во здружувањето на заедниците, семејството, соседите и пријателите за да ја одбележат мојата платинска годишнина во Обединетото Кралство и Комонвелтот.

Продолжувам да бидам инспирирана од добрата волја што ми се покажа и се надевам дека наредните денови ќе дадат можност да размислувам за сето она што е постигнато во последните 70 години додека гледаме кон иднината со доверба и ентузијазам, порача кралицата Елизабета.

Поради возраста и неодамнешните потешкотии со движењето, Елизабета мораше да откаже дел од програмата и нејзиното учество на прославите ќе биде ограничено. Дел од свечените должности ќе преземат нејзиниот син и наследник, 73-годишниот принц Чарлс, и неговиот најстар син, 39-годишниот принц Вилијам.

На централната прослава нема да присуствуваат 62-годишниот принц Ендрју, кој се спогоди во февруари во случајот обвинет за сексуална злоупотреба на малолетник, и принцот Хари, кој сега живее во Лос Анџелес.

The post Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон appeared first on Република.

]]>

Британската кралица Елизабета им се заблагодари на сите кои ќе учествуваат на четиридневното одбележување на нејзиниот платински јубилеј, што ќе опфати низа прослави по повод 70 години од британскиот трон. Милиони луѓе ширум Британија и светот денеска треба да се придружат во славењето на 96-годишната кралица која владее подолго од кој било претходник, објави британската влада.
Им благодарам на сите што учествуваа во здружувањето на заедниците, семејството, соседите и пријателите за да ја одбележат мојата платинска годишнина во Обединетото Кралство и Комонвелтот. Продолжувам да бидам инспирирана од добрата волја што ми се покажа и се надевам дека наредните денови ќе дадат можност да размислувам за сето она што е постигнато во последните 70 години додека гледаме кон иднината со доверба и ентузијазам, порача кралицата Елизабета.
Поради возраста и неодамнешните потешкотии со движењето, Елизабета мораше да откаже дел од програмата и нејзиното учество на прославите ќе биде ограничено. Дел од свечените должности ќе преземат нејзиниот син и наследник, 73-годишниот принц Чарлс, и неговиот најстар син, 39-годишниот принц Вилијам. На централната прослава нема да присуствуваат 62-годишниот принц Ендрју, кој се спогоди во февруари во случајот обвинет за сексуална злоупотреба на малолетник, и принцот Хари, кој сега живее во Лос Анџелес.

The post Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон appeared first on Република.

]]>