тројца малолетници Archives - Република https://republika.mk/tema/trojtsa-maloletnitsi/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 16:04:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тројца малолетници Archives - Република https://republika.mk/tema/trojtsa-maloletnitsi/ 32 32 Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник https://republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-maloletnitsi-so-petardi-i-zhizhitsi-go-predizvikale-pozharot-kaj-rasadnik/ Fri, 06 Sep 2024 16:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=813900

Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник во Кисела Вода. Само еден од нив има 14 години, а другите двајца биле помали. Затоа и само 14-годишникот заработи кривична пријава за предвидување општа опасност.

Малолетниците имале среќа што избегале, па не се повредени во пожарот.

На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца во ризик кои не наполниле 14 години и од тие причини не се кривично одговорни, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник, Кисела Вода. Како последица на тоа, бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија. Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери, велат од ОЈО.

Јавното обвинителство поднесе барање за поведување подготвителна постапка за 14-годишниот малолетник. Иако станува збор за кривично дело, кое според Кривичниот законик може да биде казнето со затвор од шест месеци до пет години, постапката е сосема различна со оглед на тоа што станува збор за малолетно лице. Постапката ја води Судија за деца од Основниот кривичен суд и за неа важи посебен Закон – за права на децата.

Токму тој Закон опишува како може да биде казнето едно дете.

На дете од 14 до 16 годишна возраст за дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело можат да му се изречат само воспитни мерки, се вели во Законот за права на децата.

Тоа значи дека малолетникот ќе може да добие мерка – укор, засилен надзор од родителите или да биде упатен во воспитна установа или воспитно-поправен дом.

 

The post Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник appeared first on Република.

]]>

Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник во Кисела Вода. Само еден од нив има 14 години, а другите двајца биле помали. Затоа и само 14-годишникот заработи кривична пријава за предвидување општа опасност. Малолетниците имале среќа што избегале, па не се повредени во пожарот.
На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца во ризик кои не наполниле 14 години и од тие причини не се кривично одговорни, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник, Кисела Вода. Како последица на тоа, бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија. Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери, велат од ОЈО.
Јавното обвинителство поднесе барање за поведување подготвителна постапка за 14-годишниот малолетник. Иако станува збор за кривично дело, кое според Кривичниот законик може да биде казнето со затвор од шест месеци до пет години, постапката е сосема различна со оглед на тоа што станува збор за малолетно лице. Постапката ја води Судија за деца од Основниот кривичен суд и за неа важи посебен Закон – за права на децата. Токму тој Закон опишува како може да биде казнето едно дете.
На дете од 14 до 16 годишна возраст за дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело можат да му се изречат само воспитни мерки, се вели во Законот за права на децата.
Тоа значи дека малолетникот ќе може да добие мерка – укор, засилен надзор од родителите или да биде упатен во воспитна установа или воспитно-поправен дом.  

The post Тројца малолетници со петарди и жижици го предизвикале пожарот кај Расадник appeared first on Република.

]]>
Тројца од малолетниците ќе бидат пуштени од Токискологија, еден ќе остане за дополнителни прегледи https://republika.mk/zivot/zdravje/trojtsa-od-maloletnitsite-ke-bidat-pushteni-od-tokiskologija-eden-ke-ostane-za-dopolnitelni-pregledi/ Mon, 15 Jul 2024 12:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=797071

Тројца од четворицата малолетници кои во петокот беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија откако беа пронајдени во тешка состојба по конзумирање психотропни супстанци, денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Четвртото лице ќе биде задржан на Клиниката за токсикологија на дополнителни иследувања.

Директорот на Клиниката, Андон Чибишев вели дека кај малолетниците што ќе бидат пуштени дома параметрите биле задоволителни.

Кај тројца малолетници, параметрите се задоволителни и ќе бидат пуштени. Еден од пациентите ќе остане заради дополнителни иследувања“, вели Чибишев во изјава за МИА.

Директорот вчера рече дека одлуката за нивно пуштање од Клиниката ќе биде донесена по денешната утринска визита.

Состојбата на малолетниците е стабилна уште од саботата, кога Чибишев рече дека тие се свесни и контактибилни и без посериозни повреди на главата или телото.

Анализите што биле направени, како што рече директорот на Токсикологија Андон Чибишев, докажале дека кај малолетниците имало присуство на психотропни супстанци, но не и алкохол.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера информираа дека е приведен 40-годишениот скопјанец Д.Ѓ., во чиј двор од куќа беа пронајдени четворица малолетници од кои двајца во бессознание.

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) рекоа дека до Основниот кривичен суд е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Во описот на случајот од ОЈО е наведено дека осомничениот со децата почнал да консумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови, што ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил да ги испијат за подобро расположение. Тој им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохол, иако бил свесен за штетната последица. Осомничениот ги затекнал децата во сериозно влошена здравствена состојба што самиот ја предизвикал, но и покрај тоа, ги оставил без помош.

https://republika.mk/zivot/zdravje/maloletnitsite-primeni-na-toksikologija-vo-bezsoznanie-se-vo-stabilna-sostojba/

The post Тројца од малолетниците ќе бидат пуштени од Токискологија, еден ќе остане за дополнителни прегледи appeared first on Република.

]]>

Тројца од четворицата малолетници кои во петокот беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија откако беа пронајдени во тешка состојба по конзумирање психотропни супстанци, денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Четвртото лице ќе биде задржан на Клиниката за токсикологија на дополнителни иследувања. Директорот на Клиниката, Андон Чибишев вели дека кај малолетниците што ќе бидат пуштени дома параметрите биле задоволителни.
Кај тројца малолетници, параметрите се задоволителни и ќе бидат пуштени. Еден од пациентите ќе остане заради дополнителни иследувања“, вели Чибишев во изјава за МИА.
Директорот вчера рече дека одлуката за нивно пуштање од Клиниката ќе биде донесена по денешната утринска визита. Состојбата на малолетниците е стабилна уште од саботата, кога Чибишев рече дека тие се свесни и контактибилни и без посериозни повреди на главата или телото. Анализите што биле направени, како што рече директорот на Токсикологија Андон Чибишев, докажале дека кај малолетниците имало присуство на психотропни супстанци, но не и алкохол. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера информираа дека е приведен 40-годишениот скопјанец Д.Ѓ., во чиј двор од куќа беа пронајдени четворица малолетници од кои двајца во бессознание. Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) рекоа дека до Основниот кривичен суд е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Во описот на случајот од ОЈО е наведено дека осомничениот со децата почнал да консумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови, што ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил да ги испијат за подобро расположение. Тој им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохол, иако бил свесен за штетната последица. Осомничениот ги затекнал децата во сериозно влошена здравствена состојба што самиот ја предизвикал, но и покрај тоа, ги оставил без помош. https://republika.mk/zivot/zdravje/maloletnitsite-primeni-na-toksikologija-vo-bezsoznanie-se-vo-stabilna-sostojba/

The post Тројца од малолетниците ќе бидат пуштени од Токискологија, еден ќе остане за дополнителни прегледи appeared first on Република.

]]>