Трка на поезијата Archives - Република https://republika.mk/tema/trka-na-poezijata/ За подобро да се разбереме Sun, 21 May 2023 13:46:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Трка на поезијата Archives - Република https://republika.mk/tema/trka-na-poezijata/ 32 32 Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова победници на третата „Трка на поезијата“ https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dario-ivanovski-i-adrijana-pop-arsova-pobednitsi-na-tretata-trka-na-poezijata/ Sun, 21 May 2023 13:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=643260

Балканскиот шампион во полумаратон Дарио Ивановски, повторно е победник на 10 километарската трка на атлетската манифестација „Трка на поезијата“ што денеска се одржа во Струга во организација на здружението „Спортски мостови“. Во женска конкуренција 10-те километри прва ги истрча Адријана Поп Арсова.

Втори на целта беа Тирон Мамуша и Биљана Кираџиева, додека третото место во оваа категорија им припадна на Муџахид Мислими и Марина Домазетовска.

На пет километарската трка најбрз од мажите беше Никола Павлов, а во женска конкуренција Николина Милевска. Второто место им припадна на Дамјан Малиновски и Тамара Јолевска Попов, а трети беа Григоријан Никовски и Анастасија Ристова.

На годинашното издание на „Трка на поезијата“, учествувале околу 900 натпреваручави од 11 држави во категориите од 5 и од 10 километри. Вчера на детската трка, наречена „Боград детска трка“, која беше посветена на децата со ретки болести се натпреваруваа 300 дечиња во пет категории.

The post Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова победници на третата „Трка на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Балканскиот шампион во полумаратон Дарио Ивановски, повторно е победник на 10 километарската трка на атлетската манифестација „Трка на поезијата“ што денеска се одржа во Струга во организација на здружението „Спортски мостови“. Во женска конкуренција 10-те километри прва ги истрча Адријана Поп Арсова. Втори на целта беа Тирон Мамуша и Биљана Кираџиева, додека третото место во оваа категорија им припадна на Муџахид Мислими и Марина Домазетовска. На пет километарската трка најбрз од мажите беше Никола Павлов, а во женска конкуренција Николина Милевска. Второто место им припадна на Дамјан Малиновски и Тамара Јолевска Попов, а трети беа Григоријан Никовски и Анастасија Ристова. На годинашното издание на „Трка на поезијата“, учествувале околу 900 натпреваручави од 11 држави во категориите од 5 и од 10 километри. Вчера на детската трка, наречена „Боград детска трка“, која беше посветена на децата со ретки болести се натпреваруваа 300 дечиња во пет категории.  

The post Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова победници на третата „Трка на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Третото издание на „Трка на поезијата“ на 21 мај во Струга https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/tretoto-izdanie-na-trka-na-poezijata-na-21-maj-vo-struga/ Tue, 07 Mar 2023 10:55:31 +0000 https://republika.mk/?p=616809

Во организација на атлетскиот клуб „Спортски Мостови“ на 21 мај годинава во Струга ќе се одржи третото издание на атлетската манифестација „Трка на поезијата“.

Според Марјан Туртуров, кој е дел од организацискиот тим, и годинава ќе се организира градска атлетска трка на 10 километри од натпреварувачки карактер и рекреативна трка на пет километри.

Мотивирани од првото издание каде професионалните тркачи и рекреативците ни ја пружија цела доверба од самиот старт на организирање ваков масовен настан, втората година влеговме со многу поголема самодоверба, со олеснување на рестриктивните мерки од пандемијата и довербата несмеевме да ја губиме, туку само да ја надоградуваме кај нашите учесници, истакна Туртуров.

Тој потсети дека на второто издание од „Трка на поезијата“ учествувале 1.100 натпреварувачи во сите трки.

Со многу љубов и желба успеавме да угостиме вкупно 1.100 учесници на второто издание на сите трки. Голема благодарност до Општина Струга и сите институции, спонзори и помагатели кои безрезервно се вклучија во реализација на овој прекрасен атлетски настан во Струга кој полека израснува во еден од најзначајните настани во самата општина, рече Туртуров.

Манифестацијата, нагласи, почна во екот на пандемијата, во 2021 година, а првото издание се одржа на 23 мај, кога низ струшките улици трчаа 623 учесници.

Започнавме со пандемија и докажавме дека дисциплината и желбата за успех може да донесат одличен резултат за нас како организатори и за цела Струга. Успеавме да пречекаме и без никакви проблеми првата година да спроведеме настан достоен за Струга и за сите професионални и рекреативни атлетичари во Македонија, како и учесници од соседните земји од Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грција, рече Туртуров.

фото: Фејсбук страница на Трка на поезијата

The post Третото издание на „Трка на поезијата“ на 21 мај во Струга appeared first on Република.

]]>

Во организација на атлетскиот клуб „Спортски Мостови“ на 21 мај годинава во Струга ќе се одржи третото издание на атлетската манифестација „Трка на поезијата“. Според Марјан Туртуров, кој е дел од организацискиот тим, и годинава ќе се организира градска атлетска трка на 10 километри од натпреварувачки карактер и рекреативна трка на пет километри.