трибина за зборообразувањето Archives - Република https://republika.mk/tema/tribina-za-zboroobrazuvaneto/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Apr 2024 10:25:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трибина за зборообразувањето Archives - Република https://republika.mk/tema/tribina-za-zboroobrazuvaneto/ 32 32 Ќе имаме нови љубители на јазикот коишто ќе се обидат да направат формат и да го доближат чистиот македонски јазик не само до нивната генерација туку и од оние по нив, кажа Тамара Ќупева од Институтот за македонска литература https://republika.mk/vesti/kultura/ke-imame-novi-lubiteli-na-jazikot-koishto-ke-se-obidat-da-napravat-format-i-da-go-doblizhat-chistiot-makedonski-jazik-ne-samo-do-nivnata-generatsija-tuku-i-od-onie-po-niv-kazha-tamara-kupeva-od-instit/ Wed, 03 Apr 2024 10:25:04 +0000 https://republika.mk/?p=761602

Уверена сум дека ќе имаме нови грижници и нови љубители на јазикот коишто ќе се обидат да направат формат којшто ќе го доближи чистиот, убавиот, креативниот, македонски јазик не само до нив како генерација туку и од оние коишто доаѓаат по нив, кажа вчера научната соработничка Тамара Ќупева од Институтот за македонска литература при УКИМ на панел-дискусијата „Зборообразување – нови димензии на македонскиот јазик“, на која главен фокус беше зборообразувањето како главен начин за креативно збогатување на македонскиот јазик.

Трибината се одржа вчера во Музејот на македонска борба и самостојност, по иницијатива на двајца Зборци, Игор Антов и Виктор Бучковски.

На отворањето на панел-дискусијата, Антов посочи дека процесот на зборообразување е клучен за збогатување на македонскиот јазик и поставувањето на современите темели.

Се надевам дека заедно ќе успееме да ги поставиме современите темели на еден клучен процес за збогатувањето на македонскиот јазик, процесот на зборообразување. Убавината на зборообразувањето се отсликува во самиот збор, составување на два различни зборови се со цел да се добие збор со ново значење. Самата можност за креирање нов збор со ново значење, не само што се повикува на креативниот дел од секој од нас, туку ја рефлектира и нужноста за креирање на се уште несоздадените зборови за модерните феномени, рече Антов.

Нивото на секојдневниот говор, Антов вели е одраз на нивото на развојот на општеството, посочувајќи на агилноста и прецизноста на германскиот јазик како одраз на германскиот систем.

[caption id="attachment_761634" align="alignnone" width="730"] Игор Антов и Виктор Бучковски[/caption]

Прашањето е што одразува секојдневниот македонски јазик или поидеалистичкото прашање би било што може да одразува — шаренило, длабоко разбирање и поврзаност или нешто трето, вели Антов.

Според него, оптимизмот е пригушен од сѐ поприсутната апатија во македонското општество, а како што рече, тоа е пречка во развивањето на македонскиот јазик и свест.

Една од главните идеи на настанот е возобновување на македонскиот оптимизам, може ќе си речете дека сето ова е малку пооптимистичка цел. Оптимизмот кај нас изгледа пригушен од се поприсутната апатија, процес кој истовремено пречи во развивањето на македонскиот јазик, а преку него на македонската свест. Цитатот од великанот Коневски укажува токму од неопходноста од негување на македонскиот јазик и потребата од негово развивање заедно со модерната држава. Јазикот може да биде духовната образувачка сила во нашето општество, но само ако дозволиме, рече Антов.

Ќупева кажа дека можеби е единствената во салава на којашто ѝ се случува реализација на врвниот идеал, а тоа е ученикот да го надмине својот учител.

Поканата на Виктор и особено сега кога тука ги гледам Илина, Теодора, Стефан и еден куп познати луѓе, а особено ученици, сфатив дека ова е всушност денот кога човек, кога бил во настава и работел со млади луѓе толку многу години, веројатно е дека посеал нешто, оставил нешто што сега се случува и го имаме пред нас како една одлична иницијатива. Поканата и идејата на Виктор беше навистина потврда дека има надеж, има генерација која како никулец изникна од никаде во ситуација кога сите помислуваме дека сме уморни од иницијативи коишто би значеле дека нешто ќе се придвижи, рече Ќупева.

Според Ќупева, оваа генерација на која ѝ припаѓа Виктор и сите околу него навистина се генерација која ќе го крене знамето на една нова грижа за јазикот затоа што тие се ментори и лидери на генерација којашто доаѓа по нив.

Генерацијата „алфа“ се деца коишто се родени по 2010 година. Тие секако се разликуваат од генерација на Виктор. Оваа генерација која ја имаме овде, за среќа, имаше едно свое искуство кое што беше надвор од виртуелизација на светот во којшто живеат. Но, новата генерација „алфа“ најмалите се оние со кои што оваа генерација ќе има многу работа или барем ќе се обиде да им помогне, да им го доближи јазикот во борба со дигиталната интелигенција со која што се соочени секој ден. Виктор и неговата верна дружина имаат ковчеже од идеални креативни решенија за зборови коишто навистина кога ќе бидат пуштени во јавност можеби ќе го поминат и тестот на времето. Јазикот се менува и треба да бидеме свесни дека сите треба да учестувавме во тој процес на начин и со постапки коишто доаѓаат од неколку сектори. Но, кога зборуваме за младите, единствениот начин, единствената грижа и нега е токму нивната култура, музика особено разни стилови во музиката. Има бендови коишто пишуваат текстови на еден убав. чист македонски јазик којшто ја потенцира уште повеќе неговата мелодичност, кажа Ќупева.

Славица Велева, професорка по предметот „Зборообразување” на Филолошкиот факултет при УКИМ, кажа дека суштината и убавината на зборообразувањето не е само во системноста, туку за да се искреира збор буквално е потребно креативност и да се чувствува зборот, да се чувствува потребата од зборот.

Професорката Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при УКИМ говореше за избори и правци за зборови коишто веќе постојат и коишто се веќе заборавени или непознати, а можат да послужат и да влезат во нашиот јазичен фонд и да го збогатат.

The post Ќе имаме нови љубители на јазикот коишто ќе се обидат да направат формат и да го доближат чистиот македонски јазик не само до нивната генерација туку и од оние по нив, кажа Тамара Ќупева од Институтот за македонска литература appeared first on Република.

]]>

Уверена сум дека ќе имаме нови грижници и нови љубители на јазикот коишто ќе се обидат да направат формат којшто ќе го доближи чистиот, убавиот, креативниот, македонски јазик не само до нив како генерација туку и од оние коишто доаѓаат по нив, кажа вчера научната соработничка Тамара Ќупева од Институтот за македонска литература при УКИМ на панел-дискусијата „Зборообразување – нови димензии на македонскиот јазик“, на која главен фокус беше зборообразувањето како главен начин за креативно збогатување на македонскиот јазик. Трибината се одржа вчера во Музејот на македонска борба и самостојност, по иницијатива на двајца Зборци, Игор Антов и Виктор Бучковски. На отворањето на панел-дискусијата, Антов посочи дека процесот на зборообразување е клучен за збогатување на македонскиот јазик и поставувањето на современите темели.
Се надевам дека заедно ќе успееме да ги поставиме современите темели на еден клучен процес за збогатувањето на македонскиот јазик, процесот на зборообразување. Убавината на зборообразувањето се отсликува во самиот збор, составување на два различни зборови се со цел да се добие збор со ново значење. Самата можност за креирање нов збор со ново значење, не само што се повикува на креативниот дел од секој од нас, туку ја рефлектира и нужноста за креирање на се уште несоздадените зборови за модерните феномени, рече Антов.
Нивото на секојдневниот говор, Антов вели е одраз на нивото на развојот на општеството, посочувајќи на агилноста и прецизноста на германскиот јазик како одраз на германскиот систем. [caption id="attachment_761634" align="alignnone" width="730"] Игор Антов и Виктор Бучковски[/caption]
Прашањето е што одразува секојдневниот македонски јазик или поидеалистичкото прашање би било што може да одразува — шаренило, длабоко разбирање и поврзаност или нешто трето, вели Антов.
Според него, оптимизмот е пригушен од сѐ поприсутната апатија во македонското општество, а како што рече, тоа е пречка во развивањето на македонскиот јазик и свест.
Една од главните идеи на настанот е возобновување на македонскиот оптимизам, може ќе си речете дека сето ова е малку пооптимистичка цел. Оптимизмот кај нас изгледа пригушен од се поприсутната апатија, процес кој истовремено пречи во развивањето на македонскиот јазик, а преку него на македонската свест. Цитатот од великанот Коневски укажува токму од неопходноста од негување на македонскиот јазик и потребата од негово развивање заедно со модерната држава. Јазикот може да биде духовната образувачка сила во нашето општество, но само ако дозволиме, рече Антов.
Ќупева кажа дека можеби е единствената во салава на којашто ѝ се случува реализација на врвниот идеал, а тоа е ученикот да го надмине својот учител.
Поканата на Виктор и особено сега кога тука ги гледам Илина, Теодора, Стефан и еден куп познати луѓе, а особено ученици, сфатив дека ова е всушност денот кога човек, кога бил во настава и работел со млади луѓе толку многу години, веројатно е дека посеал нешто, оставил нешто што сега се случува и го имаме пред нас како една одлична иницијатива. Поканата и идејата на Виктор беше навистина потврда дека има надеж, има генерација која како никулец изникна од никаде во ситуација кога сите помислуваме дека сме уморни од иницијативи коишто би значеле дека нешто ќе се придвижи, рече Ќупева.
Според Ќупева, оваа генерација на која ѝ припаѓа Виктор и сите околу него навистина се генерација која ќе го крене знамето на една нова грижа за јазикот затоа што тие се ментори и лидери на генерација којашто доаѓа по нив.
Генерацијата „алфа“ се деца коишто се родени по 2010 година. Тие секако се разликуваат од генерација на Виктор. Оваа генерација која ја имаме овде, за среќа, имаше едно свое искуство кое што беше надвор од виртуелизација на светот во којшто живеат. Но, новата генерација „алфа“ најмалите се оние со кои што оваа генерација ќе има многу работа или барем ќе се обиде да им помогне, да им го доближи јазикот во борба со дигиталната интелигенција со која што се соочени секој ден. Виктор и неговата верна дружина имаат ковчеже од идеални креативни решенија за зборови коишто навистина кога ќе бидат пуштени во јавност можеби ќе го поминат и тестот на времето. Јазикот се менува и треба да бидеме свесни дека сите треба да учестувавме во тој процес на начин и со постапки коишто доаѓаат од неколку сектори. Но, кога зборуваме за младите, единствениот начин, единствената грижа и нега е токму нивната култура, музика особено разни стилови во музиката. Има бендови коишто пишуваат текстови на еден убав. чист македонски јазик којшто ја потенцира уште повеќе неговата мелодичност, кажа Ќупева.
Славица Велева, професорка по предметот „Зборообразување” на Филолошкиот факултет при УКИМ, кажа дека суштината и убавината на зборообразувањето не е само во системноста, туку за да се искреира збор буквално е потребно креативност и да се чувствува зборот, да се чувствува потребата од зборот. Професорката Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при УКИМ говореше за избори и правци за зборови коишто веќе постојат и коишто се веќе заборавени или непознати, а можат да послужат и да влезат во нашиот јазичен фонд и да го збогатат.  

The post Ќе имаме нови љубители на јазикот коишто ќе се обидат да направат формат и да го доближат чистиот македонски јазик не само до нивната генерација туку и од оние по нив, кажа Тамара Ќупева од Институтот за македонска литература appeared first on Република.

]]>
Трибина за зборообразувањето и иднината на македонскиот јазик во Музејот на македонската борба https://republika.mk/vesti/kultura/tribina-za-zboroobrazuvaneto-i-idninata-na-makedonskiot-jazik-vo-muzejot-na-makedonskata-borba/ Tue, 02 Apr 2024 07:09:36 +0000 https://republika.mk/?p=761126

Панел-дискусија за процесот на зборообразување во македонскиот јазик ќе се одржи денеска, на 2 април во 18 часот, во Музејот на македонска борба и самостојност. Настанот е организиран од група негови ентузијастични љубители, „современи зборци, понесени од љубовта кон нашиот јазик, неговата недокажана приказна, секојдневно соочени со потребата за негов развој“.

Говорници во дискусијата ќе бидат проф. д-р Славица Велева, професорка по предметот Зборообразување на Филолошкиот факултет при УКИМ, Фросина Пармаковска, авторка, проф. д-р Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија, кои ќе ги споделат своите истражувања, искуства и размислувања за значењето и влијанието на зборообразувањето како алатка за развој на македонскиот јазик. Настанот ќе биде модериран од новинарот Васко Попетревски.

„Ќе отвориме дискусија“, велат организаторите на Фејсбук, „ќе се запознаеме со теоретскиот и практичниот дел од процесот на создавање нови зборови и ќе го поставиме прашањето дали сме доволно продуктивни во негувањето и развојот на нашиот јазик.“

– Преку дискусијата, ќе се осврнеме на потребата од повторна кодификација на македонскиот јазик, разгледувајќи дали постојат аспекти што бараат освежување или модернизација во согласност со современите теченија. Дискусијата се надеваме ќе нѐ наведе кон размислување за зборовите што се сметаат за дел од македонската јазична средина, а сепак не се официјално признаени во речниците, истражувајќи ги нивните корени и значење.

Покрај тоа, ќе разгледаме од каде произлегува потребата за нови зборови и зошто оваа потреба е клучна за еволуцијата на јазикот.

Дали технолошкиот напредок, социокултурните промени или нешто трето е тоа што го принудува јазикот како жива материја да расте и да се развива? Но битно е и да ги поставиме и личните прашања – колкава е нашата улога во активното обликување на јазикот и дали сме мрзливи во употребата и развојот на македонскиот јазик или пак нашата креативност цвета на друг јазичен терен? На настанот ќе разговараме за овие прашања и ќе бараме начини како активно да придонесеме кон збогатувањето на нашиот јазик.

Овој настан е место каде што љубителите на македонскиот јазик, историја и култура, ќе можат да разменат идеи и да најдат сопствен начин за збогатување на нашето јазично наследство. Придружете ни се и бидете дел од разговорот за иднината на македонскиот јазик. Влезот е бесплатен – велат организаторите Игор Антов и Виктор Бучковски.

Се надеваме дека тие со оваа и со други акции ќе успеат да му го вбризгаат насушно потребниот идеализам и оптимизам на македонскиот прекрасен, но напатен и запуштен јазик.

The post Трибина за зборообразувањето и иднината на македонскиот јазик во Музејот на македонската борба appeared first on Република.

]]>

Панел-дискусија за процесот на зборообразување во македонскиот јазик ќе се одржи денеска, на 2 април во 18 часот, во Музејот на македонска борба и самостојност. Настанот е организиран од група негови ентузијастични љубители, „современи зборци, понесени од љубовта кон нашиот јазик, неговата недокажана приказна, секојдневно соочени со потребата за негов развој“. Говорници во дискусијата ќе бидат проф. д-р Славица Велева, професорка по предметот Зборообразување на Филолошкиот факултет при УКИМ, Фросина Пармаковска, авторка, проф. д-р Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија, кои ќе ги споделат своите истражувања, искуства и размислувања за значењето и влијанието на зборообразувањето како алатка за развој на македонскиот јазик. Настанот ќе биде модериран од новинарот Васко Попетревски. „Ќе отвориме дискусија“, велат организаторите на Фејсбук, „ќе се запознаеме со теоретскиот и практичниот дел од процесот на создавање нови зборови и ќе го поставиме прашањето дали сме доволно продуктивни во негувањето и развојот на нашиот јазик.“
– Преку дискусијата, ќе се осврнеме на потребата од повторна кодификација на македонскиот јазик, разгледувајќи дали постојат аспекти што бараат освежување или модернизација во согласност со современите теченија. Дискусијата се надеваме ќе нѐ наведе кон размислување за зборовите што се сметаат за дел од македонската јазична средина, а сепак не се официјално признаени во речниците, истражувајќи ги нивните корени и значење. Покрај тоа, ќе разгледаме од каде произлегува потребата за нови зборови и зошто оваа потреба е клучна за еволуцијата на јазикот. Дали технолошкиот напредок, социокултурните промени или нешто трето е тоа што го принудува јазикот како жива материја да расте и да се развива? Но битно е и да ги поставиме и личните прашања – колкава е нашата улога во активното обликување на јазикот и дали сме мрзливи во употребата и развојот на македонскиот јазик или пак нашата креативност цвета на друг јазичен терен? На настанот ќе разговараме за овие прашања и ќе бараме начини како активно да придонесеме кон збогатувањето на нашиот јазик. Овој настан е место каде што љубителите на македонскиот јазик, историја и култура, ќе можат да разменат идеи и да најдат сопствен начин за збогатување на нашето јазично наследство. Придружете ни се и бидете дел од разговорот за иднината на македонскиот јазик. Влезот е бесплатен – велат организаторите Игор Антов и Виктор Бучковски.