трговски маржи Archives - Република https://republika.mk/tema/trgovski-marzi/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 07:21:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трговски маржи Archives - Република https://republika.mk/tema/trgovski-marzi/ 32 32 Мицкоски за Горан Трајковски: Ќе го смениме, но не брзаме https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-za-goran-trajkovski-ke-go-smenime-no-ne-brzame/ Tue, 24 Sep 2024 15:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=819351

Почна да се применува одлуката за ограничени трговски маржи за одредени прехранбени производи, од 28 септември започнува во пракса Законот за нефер трговски практики. Директорот на Државниот пазарен инспекторат Александар Трајковски е функционер назначен од претходната власт, а премиерот Христијан Мицкоски пред медиумите рече дека ќе биде заменет, но дека нема да се брза за таква одлука, пренесува „Фактор“.

„Па да сè уште, точно е директорот од претходната Влада поставен, не брзаме во овие кадровски промени за да не бидеме под критика на јавноста дека ете партизираме и така натаму. Многу внимателно чекориме, сакаме да ги почитуваме сите закони за да немаме после тужби и илјадници би рекол милиони евра пари на народот да се слеваат во приватни џебови, затоа внимателно чекориме во овој процес, но мислам дека набргу, денеска и таа работа ќе биде завршена, ќе дојде ново раководство во Државниот пазарен инспекторат. Очекувам тоа што е договорено, тоа да биде и почитувано“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски на денешното новинарско прашање за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат.

The post Мицкоски за Горан Трајковски: Ќе го смениме, но не брзаме appeared first on Република.

]]>

Маржите за некои производи биле и до 250 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/marzhite-za-nekoi-proizvodi-bile-i-do-250-otsto/ Mon, 03 Apr 2023 12:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=626688

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека маржите за некои производи изнесувале и до 250 отсто. Тој јавно ги повика на телевизиско соочување претставниците од бизнис секторот кои велат дека замрзнувањето на цените не е соодветна мерка.

Бектеши уште еднаш повтори дека владините одлуки со кои цените на повеќето прехранбени производи се ограничени, може да продолжат и по април, односно мај, ако за тоа се процени дека има потреба, за да им се излезе во пресрет на граѓаните и товарот од кризата да не падне само на нивен грб.

Имам многу добра соработка со коморите, се консултираме речиси за сите владини одлуки, вклучувајќи ги и законските одредби за бизнис секторот. Една од главните задачи на стопанските комори е да ги бранат интересите на своите членки, а институциите треба да ги одбранат и потрошувачите и компаниите. Затоа носиме вакви, краткорочни мерки. Ова се административни одлуки, а јас сум повеќе од убеден дека се исправни, и за бизнис секторот и особено за потрошувачите. За изјавите од претставници на бизнис секторот, ги повикувам на телевизија да ги дискутираме табелите кои и тие ги имаат. Ако мислат дека маржата од 150, 200 или 250 отсто е во ред во време на криза и да не се одрекуваат од тоа што го планирале како годишен профит, тоа Владата и Министерството за економија нема да го дозволат, порача Бектеши.

Според него, за над 95 отсто од производите кои беа опфатени со Одлуката за маржите, се донесени мерки за намалување на цените и тие целосно се почитуваат.

Вака ќе продолжиме. Ги повикувам сите трговци и производители да се покажат што поопштествено одговорни, рече министерот и најави дека овој месец ќе има најголемо намалување на цените генерално, посебно на храната и енергенсите.

The post Маржите за некои производи биле и до 250 отсто appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека маржите за некои производи изнесувале и до 250 отсто. Тој јавно ги повика на телевизиско соочување претставниците од бизнис секторот кои велат дека замрзнувањето на цените не е соодветна мерка. Бектеши уште еднаш повтори дека владините одлуки со кои цените на повеќето прехранбени производи се ограничени, може да продолжат и по април, односно мај, ако за тоа се процени дека има потреба, за да им се излезе во пресрет на граѓаните и товарот од кризата да не падне само на нивен грб.
Имам многу добра соработка со коморите, се консултираме речиси за сите владини одлуки, вклучувајќи ги и законските одредби за бизнис секторот. Една од главните задачи на стопанските комори е да ги бранат интересите на своите членки, а институциите треба да ги одбранат и потрошувачите и компаниите. Затоа носиме вакви, краткорочни мерки. Ова се административни одлуки, а јас сум повеќе од убеден дека се исправни, и за бизнис секторот и особено за потрошувачите. За изјавите од претставници на бизнис секторот, ги повикувам на телевизија да ги дискутираме табелите кои и тие ги имаат. Ако мислат дека маржата од 150, 200 или 250 отсто е во ред во време на криза и да не се одрекуваат од тоа што го планирале како годишен профит, тоа Владата и Министерството за економија нема да го дозволат, порача Бектеши.
Според него, за над 95 отсто од производите кои беа опфатени со Одлуката за маржите, се донесени мерки за намалување на цените и тие целосно се почитуваат.
Вака ќе продолжиме. Ги повикувам сите трговци и производители да се покажат што поопштествено одговорни, рече министерот и најави дека овој месец ќе има најголемо намалување на цените генерално, посебно на храната и енергенсите.

The post Маржите за некои производи биле и до 250 отсто appeared first on Република.

]]>
Трговците со пелети ставале маржи до 65 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/trgovcite-so-peleti-stavale-marzi-do-65-procenti/ Fri, 12 Aug 2022 10:31:44 +0000 https://republika.mk/?p=539549

Трговците на мало со пелети, ставале маржи до 65 проценти. Ова за „Слободен печат“ го изјавија од Министерството за економија, од каде што потекна и предлогот што го усвои Владата за ограничување на маржата до 10 проценти. Маржа се ограничува и за огревното дрво, кое засега речиси и го нема по складовите, а кое достигна цена од дури 4.800 денари за кубен метар.

Годинава, пред зимската сезона, оние што се обидоа да се снабдат на време, открија дека една вреќа со пелети од 15 килограми веќе почна да се продава по 380 денари, за разлика од лани кога можела да се купи по 200 денари.

Државниот пазарен инспекторат излезе на терен да ги прегледа трговците со пелети. Резултат од направените 131 контрола кај трговците беше утврдени 7 неправилности и изречени глоби од 240 до 860 евра.

Повеќе на „Слободен печат

The post Трговците со пелети ставале маржи до 65 проценти appeared first on Република.

]]>

Трговците на мало со пелети, ставале маржи до 65 проценти. Ова за „Слободен печат“ го изјавија од Министерството за економија, од каде што потекна и предлогот што го усвои Владата за ограничување на маржата до 10 проценти. Маржа се ограничува и за огревното дрво, кое засега речиси и го нема по складовите, а кое достигна цена од дури 4.800 денари за кубен метар. Годинава, пред зимската сезона, оние што се обидоа да се снабдат на време, открија дека една вреќа со пелети од 15 килограми веќе почна да се продава по 380 денари, за разлика од лани кога можела да се купи по 200 денари. Државниот пазарен инспекторат излезе на терен да ги прегледа трговците со пелети. Резултат од направените 131 контрола кај трговците беше утврдени 7 неправилности и изречени глоби од 240 до 860 евра. Повеќе на „Слободен печат

The post Трговците со пелети ставале маржи до 65 проценти appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Го штитиме стандардот на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-go-shtitime-standardot-na-gragjanite/ Wed, 15 Jun 2022 06:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=515314

Владата предводена од СДСМ во време на најголемата светска економска криза продолжува со мерки за ублажување на ценовиот шок и заштита на стандардот на граѓаните, вели СДСМ

„Започнува да се применува мерката за ограничување на маржите за основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало.

Трговска маржа од 5 проценти е утврдена за леб, шеќер и сончогледово масло.

За брашно, макарони и шпагети, македонски ориз, кравјо млеко и јајца маржата се ограничува на најмногу 10 проценти.

Одлуката за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените ќе важи до 30 септември оваа година, со можност да продолжи до крајот на годината.

СДСМ како одговорна партија и во време на криза продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, со мерки за заштита на стандардот на народот и ликвидноста на компаниите“, се вели во соопштението.

The post СДСМ: Го штитиме стандардот на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Владата предводена од СДСМ во време на најголемата светска економска криза продолжува со мерки за ублажување на ценовиот шок и заштита на стандардот на граѓаните, вели СДСМ „Започнува да се применува мерката за ограничување на маржите за основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало. Трговска маржа од 5 проценти е утврдена за леб, шеќер и сончогледово масло. За брашно, макарони и шпагети, македонски ориз, кравјо млеко и јајца маржата се ограничува на најмногу 10 проценти. Одлуката за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените ќе важи до 30 септември оваа година, со можност да продолжи до крајот на годината. СДСМ како одговорна партија и во време на криза продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, со мерки за заштита на стандардот на народот и ликвидноста на компаниите“, се вели во соопштението.

The post СДСМ: Го штитиме стандардот на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Трговците нема да имаат загуби од ограничувањето на маржите https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-trgovcite-nema-da-imaat-zagubi-od-ogranichuvanjeto-na-marzite/ Fri, 11 Mar 2022 11:10:37 +0000 https://republika.mk/?p=471259

Ниту еден од трговците нема да има загуби од Одлуката за ограничување на маржите, имајќи предвид дека се признаваат оперативните трошоци во формирањето на цената, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Само за три производи нема да имаат добивка, а нема супермаркет или маркет што има под 300 – 400 производи. За големите и да не зборуваме, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања откако на прес-конференција во Владата сооошти дека стапува во сила забраната за извоз на пченица, пченка, јачмен, брашно и масло.

Според Бектеши, за време на викендот или на почетокот од идната недела ќе има конкретни резултати од анализата како се применува Одлуката на терен.

Најважно е што Одлуката е донесена во целосна соработка со коморите и е потврдено дека ќе биде одржлива по барање на големите ланци, трговците на мало и на големо, подвлече министерот.

The post Бектеши: Трговците нема да имаат загуби од ограничувањето на маржите appeared first on Република.

Бектеши: Нема место за паника, ќе нема ценовни шокови, располагаме со доволно производи и стоковни резерви https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-nema-mesto-za-panika-nitu-kje-ima-cenovni-shokovi-raspolagame-so-dovolno-proizvodi-i-stokovni-rezervi/ Tue, 01 Mar 2022 13:36:53 +0000 https://republika.mk/?p=465932

Нема место за паника, нема да има притисок врз цените, ниту ќе има ценовни шокови. Земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Моментно нема потреба да се стават во фунција, имајќи предвид и дека производителите на овие основни производи имаат залихи за период над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој апелира сите трговци да ја почитуваат владината одлука за трговските маржи зашто од неа, како што истакна, нема никој да загуби и највеќе ќе добијат потрошувачите, односно граѓаните на државата.

Според Бектеши, анализите покажуваат дека руско-украинскиот конфликт директно не би влијаел врз македонската економија, имајќи ја предвид трговската рамзнеа.

-Кризата индиректно може да влијае, посебно во делот на енергенсите зашто директно сме поврзани со над 70 отсто од трговската размена со ЕУ, но ги преземаме сите соодветни мерки на дневна основа за да нема ценовни шокови, посебно за клучните производи кои се најважни за потрошувачите и нашите граѓани, истакна министерот.

Одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало стапи во сила денеска, а минатиот вторник ја донесе Владата по предлог на Министерството за економија. Со тоа, престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи.

Новата одлука, во која на листата на основни прехранбени производи се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта, ќе важи до 31 мај годинава.

Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот. Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици.

Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука согласно Законот за трговија ќе следуваат глоби во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец.

The post Бектеши: Нема место за паника, ќе нема ценовни шокови, располагаме со доволно производи и стоковни резерви appeared first on Република.

]]>

Нема место за паника, нема да има притисок врз цените, ниту ќе има ценовни шокови. Земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Моментно нема потреба да се стават во фунција, имајќи предвид и дека производителите на овие основни производи имаат залихи за период над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој апелира сите трговци да ја почитуваат владината одлука за трговските маржи зашто од неа, како што истакна, нема никој да загуби и највеќе ќе добијат потрошувачите, односно граѓаните на државата. Според Бектеши, анализите покажуваат дека руско-украинскиот конфликт директно не би влијаел врз македонската економија, имајќи ја предвид трговската рамзнеа.
-Кризата индиректно може да влијае, посебно во делот на енергенсите зашто директно сме поврзани со над 70 отсто од трговската размена со ЕУ, но ги преземаме сите соодветни мерки на дневна основа за да нема ценовни шокови, посебно за клучните производи кои се најважни за потрошувачите и нашите граѓани, истакна министерот.
Одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало стапи во сила денеска, а минатиот вторник ја донесе Владата по предлог на Министерството за економија. Со тоа, престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Новата одлука, во која на листата на основни прехранбени производи се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта, ќе важи до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот. Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици. Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука согласно Законот за трговија ќе следуваат глоби во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец.

The post Бектеши: Нема место за паника, ќе нема ценовни шокови, располагаме со доволно производи и стоковни резерви appeared first on Република.

]]>
Владата ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-gi-ogranichi-trgovskite-marzi-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ Tue, 22 Feb 2022 13:30:08 +0000 https://republika.mk/?p=461975

Владата на предлог на Министерството за економија на денешната седница донесе Одлука за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало што ќе важат од 1 март до 31 мај годинава.

Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.

Со оглед на информациите и анализите на терен дека трошоците на производителите на основни прехранбени производи растат, оваа одлука има за цел да се ограничат трговците да прават профит на грбот на граѓаните и на производителите. Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи одлуката за замрзнати цени на основните прехранбени производи - рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека на листата на основни прехранбени производи сега се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта.

Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици - прецизира Бектеши.

Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука, како што најави, ќе следуваат глоби.

За прекршување на овие мерки согласно член 30 од Законот за трговија предвидени се глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец - рече Бектеши.

Во наредниот период, како што кажа, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците и ги повика граѓаните кои ќе утврдат зголемување на цените на основните прехранбени производи да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на ДПИ.

Министерството за економија е во финална анализа и преку инклузивен процес ќе почне дискусија за подготовка на Закон за нефер трговски практики во синџирот за снабдување со храна кој ќе биде готов до крајот на март и ќе биде пуштен во собраниска процедура - информира Бектеши.

The post Владата ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Владата на предлог на Министерството за економија на денешната седница донесе Одлука за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало што ќе важат од 1 март до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.