трговска размена Archives - Република https://republika.mk/tema/trgovska-razmena/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 08:24:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трговска размена Archives - Република https://republika.mk/tema/trgovska-razmena/ 32 32 Казахстан најавува повеќе посети и повеќе трговија со Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/kazahstan-najavuva-poveke-poseti-i-poveke-trgovija-so-makedonija/ Sun, 06 Oct 2024 08:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=823337

Дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Казахстан се воспоставени на 1 јуни 1995 година. Досега двете земји имаат потпишано повеќе договори за соработка во различни области. Протоколот за редовни консултации помеѓу МНР-а на двете држави е потпишан во Скопје, ноември 2017 година, а македонската Амбасада во Астана официјално е отворена септември 2021 година за време на првата посета на тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи. Амбасадата на Казахстан пак, официјално почна со работа оваа година во мај.

Меѓу двете земји постојат амбициозни планови за соработка, за која се смета дека би била поинтензивна со укинување на постојниот визен режим меѓу двете земји и поедноставување на административните процедури, како и зајакнување на правната заштита до пристап до поголеми пазари и можност за меѓународни бизниси.

Заменик министерот за надворешни работи на Казахстан Роман Василенко, прашан за потенцијалите на билатералната соработка со Скопје ќе посочи дека Казахстан досега во регионов има отворено амбасади со Србија, Хрватска, Словенија, а од оваа година и во Македонија, како и конзулат во Црна Гора.

Нашата перцепција е дека ова е регион во подем, со многу потенцијал. Некои земји се дел од ЕУ, некои се кандидати за членство и ние им посакуваме среќа на тој пат. Ние гледаме потенцијал во трговијата, рударството, земјоделството и во фармацевтската индустрија. Македонската компанија Алкалоид порано оваа година отвори свое претставништво овде. Мислиме дека нашите односи со овие земји во кои само што ги отворивме нашите амбасади беа некако заспани и сега повторно ги будиме. Во наредниот период ќе видиме повеќе посети, повеќе трговија и повеќе контакти меѓу луѓето, вели Василенко.

Инаку, во однос на трговската размена меѓу двете земји, според Заводот за статистика увозот од Казахстан само за првите седум месеци за 2024 година е 7.764.981 евра и е зголемена споредбено со 2023 за 2.227.472 евра, а извозот од Македонија за Казахстан во првите седум месеци е 261.033 евра.

Казахстан и Македонија планираат наскоро да организираат бизнис форум во Скопје, на кој се очекува присуство на казахстански компании од различни сектори и потенцијални македонски компании.

The post Казахстан најавува повеќе посети и повеќе трговија со Македонија appeared first on Република.

]]>

Дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Казахстан се воспоставени на 1 јуни 1995 година. Досега двете земји имаат потпишано повеќе договори за соработка во различни области. Протоколот за редовни консултации помеѓу МНР-а на двете држави е потпишан во Скопје, ноември 2017 година, а македонската Амбасада во Астана официјално е отворена септември 2021 година за време на првата посета на тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи. Амбасадата на Казахстан пак, официјално почна со работа оваа година во мај. Меѓу двете земји постојат амбициозни планови за соработка, за која се смета дека би била поинтензивна со укинување на постојниот визен режим меѓу двете земји и поедноставување на административните процедури, како и зајакнување на правната заштита до пристап до поголеми пазари и можност за меѓународни бизниси. Заменик министерот за надворешни работи на Казахстан Роман Василенко, прашан за потенцијалите на билатералната соработка со Скопје ќе посочи дека Казахстан досега во регионов има отворено амбасади со Србија, Хрватска, Словенија, а од оваа година и во Македонија, како и конзулат во Црна Гора.
Нашата перцепција е дека ова е регион во подем, со многу потенцијал. Некои земји се дел од ЕУ, некои се кандидати за членство и ние им посакуваме среќа на тој пат. Ние гледаме потенцијал во трговијата, рударството, земјоделството и во фармацевтската индустрија. Македонската компанија Алкалоид порано оваа година отвори свое претставништво овде. Мислиме дека нашите односи со овие земји во кои само што ги отворивме нашите амбасади беа некако заспани и сега повторно ги будиме. Во наредниот период ќе видиме повеќе посети, повеќе трговија и повеќе контакти меѓу луѓето, вели Василенко.
Инаку, во однос на трговската размена меѓу двете земји, според Заводот за статистика увозот од Казахстан само за првите седум месеци за 2024 година е 7.764.981 евра и е зголемена споредбено со 2023 за 2.227.472 евра, а извозот од Македонија за Казахстан во првите седум месеци е 261.033 евра. Казахстан и Македонија планираат наскоро да организираат бизнис форум во Скопје, на кој се очекува присуство на казахстански компании од различни сектори и потенцијални македонски компании.

The post Казахстан најавува повеќе посети и повеќе трговија со Македонија appeared first on Република.

]]>
Трговската размена меѓу Индија и Русија достигна рекордно ниво https://republika.mk/vesti/svet/trgovskata-razmena-megu-indija-i-rusija-dostigna-rekordno-nivo/ Sun, 25 Feb 2024 09:18:09 +0000 https://republika.mk/?p=747958

Трговскиот промет меѓу Русија и Индија пораснал 1,8 пати во 2023 година, достигнувајќи рекордни 65 милијарди долари, покажуваат податоците на индиската статистичка служба.

Таквите бројки покажуваат дека минатата година, Русија стана четвртиот најголем трговски партнер на официјален Њу Делхи, надминувајќи ја Саудиска Арабија.

Со тоа, Русија станала вториот најголем снабдувач на стоки во Индија, додека извозот на индиски стоки во Русија се зголемил за 1,4 пати.

Истовремено, пад на трговскиот промет е забележан со останатите земји кои беа вклучени во првите пет по обем на трговска размена со Индија: САД -9%; Кина -2%; ОАЕ -7%; Саудиска Арабија -17%.

Во овој период, Русија и Индија го интензивирале напуштањето на доларот и еврото во меѓусебната трговија и се движат кон трговија во националните валути.

The post Трговската размена меѓу Индија и Русија достигна рекордно ниво appeared first on Република.

]]>

Трговскиот промет меѓу Русија и Индија пораснал 1,8 пати во 2023 година, достигнувајќи рекордни 65 милијарди долари, покажуваат податоците на индиската статистичка служба. Таквите бројки покажуваат дека минатата година, Русија стана четвртиот најголем трговски партнер на официјален Њу Делхи, надминувајќи ја Саудиска Арабија. Со тоа, Русија станала вториот најголем снабдувач на стоки во Индија, додека извозот на индиски стоки во Русија се зголемил за 1,4 пати. Истовремено, пад на трговскиот промет е забележан со останатите земји кои беа вклучени во првите пет по обем на трговска размена со Индија: САД -9%; Кина -2%; ОАЕ -7%; Саудиска Арабија -17%. Во овој период, Русија и Индија го интензивирале напуштањето на доларот и еврото во меѓусебната трговија и се движат кон трговија во националните валути.

The post Трговската размена меѓу Индија и Русија достигна рекордно ниво appeared first on Република.

]]>
Вкупната трговска размена во првиот квартал 5, 354 милијарди долари https://republika.mk/vesti/ekonomija/vkupnata-trgovska-razmena-vo-prviot-kvartal-5-354-milijardi-dolari/ Fri, 06 May 2022 11:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=498538

Вкупната стокова размена во првите три месеци од годинава изнесува пет милијарди 354 милиони 410 илјади американски долари. Пораст има и кај извозот и кај увозот.
Според денешните објавени податоци на Државниот завод за статистика, во овој период вкупната вредност на извозот на стоки е 2 милијарди 174 милиони и 918 илјади долари и бележи пораст од 8,6 проценти во споредба со истиот период лани, а вредноста на увeзената стока изнесува три милијарди 179 милиони и 492 илјади долари, што е за 20,4 проценти повеќе.
Трговскиот дефицит изнесува една милијарда 4 милиони и 574 илјади долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени електричната енергија, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во првиот квартал годинава според вкупниот обем на надворешнотрговската размена државава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

The post Вкупната трговска размена во првиот квартал 5, 354 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Вкупната стокова размена во првите три месеци од годинава изнесува пет милијарди 354 милиони 410 илјади американски долари. Пораст има и кај извозот и кај увозот. Според денешните објавени податоци на Државниот завод за статистика, во овој период вкупната вредност на извозот на стоки е 2 милијарди 174 милиони и 918 илјади долари и бележи пораст од 8,6 проценти во споредба со истиот период лани, а вредноста на увeзената стока изнесува три милијарди 179 милиони и 492 илјади долари, што е за 20,4 проценти повеќе. Трговскиот дефицит изнесува една милијарда 4 милиони и 574 илјади долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени електричната енергија, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали. Во првиот квартал годинава според вкупниот обем на надворешнотрговската размена државава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

The post Вкупната трговска размена во првиот квартал 5, 354 милијарди долари appeared first on Република.

]]>