трговија со дете Archives - Република https://republika.mk/tema/trgovija-so-dete/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Jan 2023 13:18:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трговија со дете Archives - Република https://republika.mk/tema/trgovija-so-dete/ 32 32 Хорор во Велес: Ја запознал преку „Инстаграм“, па со месеци ја продавал и ја терал на проституција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/horor-vo-veles-ja-zapoznal-preku-instagram-pa-so-mesetsi-ja-prodaval-i-ja-teral-na-prostitutsija/ Fri, 27 Jan 2023 10:42:32 +0000 https://republika.mk/?p=601583

Дваесет и петгодишен велешанец преку „Инстаграм“ запознал четиринаесетгодишно девојче, кое под закани и уцени, го принудувал да оди во станови што биле изнајмувани на повеќе локации во Велес, на средби со други машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци и во таква состојба вршеле полови дејствија врз девојчето иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.

По спроведена истрага за случајот приведени се пет лица и против нив е поднесена кривична пријава за „трговија со дете“. За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години.

Приведените се на возраст од 25 до 32 години. Четворица од нив се од Велес, а еден од Тетово.

С.Д. (25) од Велес во временскиот период од 09.12.2021 година и во текот на 2022 година вршел продолжени кривични дела трговија со дете, користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал. Тој им овозможил на Д. С. (32) од Тетово, Д. Н. (25), Т. И. (22) и К. Т. (24), сите од Велес, да користат сексуални услуги од малолетничката, а на Д.С. и да изготви порнографски материјал, се наведува во соопштението од МВР.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава во текот на вчерашниот ден донел Наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица. Врз основа на прибраните докази постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г од Кривичниот законик.

Првоосомничениот, дваесет и петгодишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето – жртва им овозможил на останатите осомничени и на други НН лица да вршат полови дејствија со жртвата на трговија со луѓе – по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Тој, во декември 2021 година преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед, се вели во соопштението од ЈОРМ.

На овој начин, првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите, се вели во соопштението, присуствувале осомничени и други НН машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, на предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка со решение определи мерката притвор за четворица осомничени и мерка куќен притвор за еден од осомничените.

The post Хорор во Велес: Ја запознал преку „Инстаграм“, па со месеци ја продавал и ја терал на проституција appeared first on Република.

]]>

Дваесет и петгодишен велешанец преку „Инстаграм“ запознал четиринаесетгодишно девојче, кое под закани и уцени, го принудувал да оди во станови што биле изнајмувани на повеќе локации во Велес, на средби со други машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци и во таква состојба вршеле полови дејствија врз девојчето иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе. По спроведена истрага за случајот приведени се пет лица и против нив е поднесена кривична пријава за „трговија со дете“. За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години. Приведените се на возраст од 25 до 32 години. Четворица од нив се од Велес, а еден од Тетово.
С.Д. (25) од Велес во временскиот период од 09.12.2021 година и во текот на 2022 година вршел продолжени кривични дела трговија со дете, користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал. Тој им овозможил на Д. С. (32) од Тетово, Д. Н. (25), Т. И. (22) и К. Т. (24), сите од Велес, да користат сексуални услуги од малолетничката, а на Д.С. и да изготви порнографски материјал, се наведува во соопштението од МВР.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава во текот на вчерашниот ден донел Наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица. Врз основа на прибраните докази постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г од Кривичниот законик.
Првоосомничениот, дваесет и петгодишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето – жртва им овозможил на останатите осомничени и на други НН лица да вршат полови дејствија со жртвата на трговија со луѓе – по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Тој, во декември 2021 година преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед, се вели во соопштението од ЈОРМ.
На овој начин, првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите, се вели во соопштението, присуствувале осомничени и други НН машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе. Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, на предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка со решение определи мерката притвор за четворица осомничени и мерка куќен притвор за еден од осомничените.

The post Хорор во Велес: Ја запознал преку „Инстаграм“, па со месеци ја продавал и ја терал на проституција appeared first on Република.

]]>
Ужас во Кавадарци: Со месеци принудувал малолетничка да има секс со други за пари https://republika.mk/vesti/uzhas-vo-kavadartsi-so-mesetsi-prinuduval-maloletnichka-da-ima-seks-so-drugi-za-pari/ Mon, 16 Jan 2023 11:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=597469

На 14.01.2023 година, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“, извршено од страна на пет лица.

Имено, В.Д.(39), К.Р.(24), В.Б.(26) и А.Д.(23) од Кавадарци и Н.И (21) од Неготино, во временскиот период од август до 19 септември 2022 година го сториле кривичното дело така што користеле сексуални услуги од малолетничка на различни локации, за паричен надоместок од 1000 до 2000 денари. М.К.(20) со употреба на физичка сила и закани, како и психолошко насилство, ја принудувало малолетничката на вршење полови дејствија и давање сексуални услуги на петте пријавени лица. За М.К од страна на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во моментот се спроведува истрага за сторено кривично дело „Трговија со дете“ (чл.418-г од КЗ), информира МВР.

Како што соопшти МВР, врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на 14.01.2023 година, на подрачјето на Кавадарци извршен е претрес во дом и други простории кај пријавените, при што петте лица се лишени од слобода и против нив од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 14.01.2023 година е поднесена кривична пријава против петте лица за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво во член 418-г став 3 од Кривичниот законик.

The post Ужас во Кавадарци: Со месеци принудувал малолетничка да има секс со други за пари appeared first on Република.

13-годишно девојче со месеци силувано од Белгиец, родителите му ја продале https://republika.mk/vesti/crna-hronika/13-godishno-devojche-so-meseci-siluvano-od-belgiec-roditelite-mu-ja-prodale/ Tue, 17 May 2022 11:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=503320

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи, донело Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица. Со преземените дејствија постои основано сомнение дека обвинетите сториле кривично дело – „Трговија со дете“ по чл. 418-г од Кривичниот законик.

„​Во текот на втората половина во 2021 година осомничениот белгиски државјанин, со намера да користи сексуални услуги од дете, во Белгија истражувал преку интернет и се информирал за деца до кои лесно може да пристапи. За да го оствари својот план ја избрал РС Македонија и стапил во контакт со македонски државјанин кој го поврзал со останатите двајца осомничени, родители на шест малолетни деца. Првоосомничениот во повеќе наврати доаѓал преку ГП Меѓународен Аеродром „Скопје“ каде го пречекувале двајцата осомничени и нивните малолетни деца. Со цел да се стекнат со материјална корист и да заминат за Белгија, тие се согласиле за паричен надомест, на првоосомничениот да му овозможат да користи сексуални услуги врз тринаесетгодишната ќерка, а потоа и да склучи брак со неа. За таа цел, злоупотребувајќи ја својата положба како родители на малолетната жртва, му дозволиле на првоосомничениот да престојува заедно со нив во куќата во која живеело семејството. Тој манипулирал со девојчето дека го сака и ѝ подарил златен накит – бурма и златно ланче, а на родителите им давал пари за потребите на семејството. Родителите на детето секојдневно му помагале на првоосомничениот со крајна цел под изговор за присилен брак да го однесе малолетното дете во Кралството Белгија каде што наводно ќе стапел во брак со неа и му овозможиле да создаде врска на доверба и емоционална близина со девојчето. Злоупотребувајќи ја нејзината доверба, првоосомничениот остварувал полови дејствија со девојчето до 16.05.2022 година кога полициските службеници го откриле настанот“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Денес, на предлог на јавниот обвинител Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје со Решение на тројцата осомничени им определил мерка притвор во траење од 30 дена.

За кривичните дела што им се ставаат на товар на осомничените родители запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет, односно 14 години за белгискиот државјанин.

The post 13-годишно девојче со месеци силувано од Белгиец, родителите му ја продале appeared first on Република.

]]>

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи, донело Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица. Со преземените дејствија постои основано сомнение дека обвинетите сториле кривично дело – „Трговија со дете“ по чл. 418-г од Кривичниот законик. „​Во текот на втората половина во 2021 година осомничениот белгиски државјанин, со намера да користи сексуални услуги од дете, во Белгија истражувал преку интернет и се информирал за деца до кои лесно може да пристапи. За да го оствари својот план ја избрал РС Македонија и стапил во контакт со македонски државјанин кој го поврзал со останатите двајца осомничени, родители на шест малолетни деца. Првоосомничениот во повеќе наврати доаѓал преку ГП Меѓународен Аеродром „Скопје“ каде го пречекувале двајцата осомничени и нивните малолетни деца. Со цел да се стекнат со материјална корист и да заминат за Белгија, тие се согласиле за паричен надомест, на првоосомничениот да му овозможат да користи сексуални услуги врз тринаесетгодишната ќерка, а потоа и да склучи брак со неа. За таа цел, злоупотребувајќи ја својата положба како родители на малолетната жртва, му дозволиле на првоосомничениот да престојува заедно со нив во куќата во која живеело семејството. Тој манипулирал со девојчето дека го сака и ѝ подарил златен накит – бурма и златно ланче, а на родителите им давал пари за потребите на семејството. Родителите на детето секојдневно му помагале на првоосомничениот со крајна цел под изговор за присилен брак да го однесе малолетното дете во Кралството Белгија каде што наводно ќе стапел во брак со неа и му овозможиле да создаде врска на доверба и емоционална близина со девојчето. Злоупотребувајќи ја нејзината доверба, првоосомничениот остварувал полови дејствија со девојчето до 16.05.2022 година кога полициските службеници го откриле настанот“, се вели во соопштението од Обвинителството. Денес, на предлог на јавниот обвинител Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје со Решение на тројцата осомничени им определил мерка притвор во траење од 30 дена. За кривичните дела што им се ставаат на товар на осомничените родители запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет, односно 14 години за белгискиот државјанин.

The post 13-годишно девојче со месеци силувано од Белгиец, родителите му ја продале appeared first on Република.

]]>
Го тепале ако не соберел 1.000 денари дневно со питање: Истрага против мајка и очув за трговија со дете https://republika.mk/vesti/crna-hronika/go-tepale-ako-ne-soberel-1-000-denari-dnevno-so-pitanje-istraga-protiv-majka-i-ochuv-za-trgovija-so-dete/ Fri, 11 Mar 2022 15:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=471391

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна постапка во соработка со Министерството за внатрешни работи, денеска постапувајќи по кривичната пријава донесе Наредба за спроведување на истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело трговија со дете, од член 418-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈО, во текот на месец август и септември минатата година, осомничените заедно со деветгодишниот син на осомничената, со автобус заминале од Дебар за Струга, каде се сместиле во изнајмена соба во близина на пазарот. Мајката и очувот употребувајќи сила и закана го подвеле детето на питачење и искористувајќи ја неговата немоќ барале со питачење секојдневно да заработува по 500 – 1000 денари. Доколку детето не успеало да собере толку пари било казнувано со физичко малтретирање и тепање, а храна добивало само еден оброк во текот на денот. Осомничените парите ги користеле за набавка на наркотична дрога која ја конзумирале во присуство на детето. На 14.9.2021 година, откако мајката го истепала, детето вознемирено и истоштено побарало заштита од вработени во угостителски објект, по што било однесено во ЈЗУ Општа болнива Струга каде му биле констатитрани повреди по главата и телото.

Во текот на денешниот ден осомничените бea изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Обвинителот ценејќи дека постои реална опасност обвинетите да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, да го повторат делото или да влијаат врз сведоците, на судот му предложи на двете осомничени лица да им биде определена мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со Решение определи мерка притвор за двајцата осомничени во траење од 30 дена, стои во соопштението на ЈО.

Согласно Кривичниот законик за сторителите на кривичното дело трговија со дете е предвидена казна затвор од најмалку десет години.

The post Го тепале ако не соберел 1.000 денари дневно со питање: Истрага против мајка и очув за трговија со дете appeared first on Република.

]]>

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна постапка во соработка со Министерството за внатрешни работи, денеска постапувајќи по кривичната пријава донесе Наредба за спроведување на истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело трговија со дете, од член 418-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈО, во текот на месец август и септември минатата година, осомничените заедно со деветгодишниот син на осомничената, со автобус заминале од Дебар за Струга, каде се сместиле во изнајмена соба во близина на пазарот. Мајката и очувот употребувајќи сила и закана го подвеле детето на питачење и искористувајќи ја неговата немоќ барале со питачење секојдневно да заработува по 500 – 1000 денари. Доколку детето не успеало да собере толку пари било казнувано со физичко малтретирање и тепање, а храна добивало само еден оброк во текот на денот. Осомничените парите ги користеле за набавка на наркотична дрога која ја конзумирале во присуство на детето. На 14.9.2021 година, откако мајката го истепала, детето вознемирено и истоштено побарало заштита од вработени во угостителски објект, по што било однесено во ЈЗУ Општа болнива Струга каде му биле констатитрани повреди по главата и телото. Во текот на денешниот ден осомничените бea изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Обвинителот ценејќи дека постои реална опасност обвинетите да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, да го повторат делото или да влијаат врз сведоците, на судот му предложи на двете осомничени лица да им биде определена мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со Решение определи мерка притвор за двајцата осомничени во траење од 30 дена, стои во соопштението на ЈО. Согласно Кривичниот законик за сторителите на кривичното дело трговија со дете е предвидена казна затвор од најмалку десет години.

The post Го тепале ако не соберел 1.000 денари дневно со питање: Истрага против мајка и очув за трговија со дете appeared first on Република.

]]>
Три лица обвинети за трговија со дете и силување https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-lica-obvineti-za-trgovija-so-dete-i-siluvanje/ Tue, 25 Jan 2022 19:29:14 +0000 https://republika.mk/?p=449402

По спроведената истражна постапка предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица. Спроред дејствијата опишани во четири точки во Обвинителниот акт првообвинетиот сторил две кривични дела и тоа продолжено кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, второобвинетата сторила продолжено кривично дело Трговија со дете, а третообвинетиот сторил продолжено кривично дело Трговија со дете и кривично дело Силување.

Во временски период од четири години, првообвинетиот искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во семејната куќа секојдневно вршел обљуба врз неговата малолетна ќерка. Во текот на месец март 2018 година злоупотребувајќи ја својата положба како татко, на интернет нашол маж од Косово и го продал девојчето заради склучување присилен брак. По два месеци девојчето дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот не ја вратил назад во Косово со оправдување дека било многу далеку и продолжил да врши обљуба врз неа. Во месец декември 2018 година, девојчето заедно со еден од нејзините браќа и второобвинетата – нивната мајка, избегале од семејната куќа и се упатиле во куќата на третоосомничениот.

Второобвинетата во тригодишен временски период искорисила ист траен однос и исти прилики и злоупотребувајќи ја својата положба како мајка на девојчето, со сила го подвела да врши полови дејствија за паричен надомест со третообвинетиот. Таа откако го запознала третообвинетиот со својата малолетна ќерка, употребувајќи физичка сила ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш и од по 500,00 денари му овозможила да врши полови дејствија со нејзината ќерка.

Третообвинетиот, искористувајќи исти прилики, за паричен надомест во тригодишен временски период во својата куќа користел сексуални услуги од дете кое не наполнило 14 години. Истиот во текот на месец декември 2018 година, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот, извршил и друго полово дејствие врз малолетниот брат на девојчето.

За кривичните дела што им се ставаат на товар запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет односно 12 години.

Со обвинителниот акт, предметниот обвинител му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор спрема обвинетите, при што како клучен фактор при одлуката за продолжување на мерката притвор ќе треба да ги има предвид начинот и мотивот на извршување на кривичните дела, односно дека истите се сторени со директна умисла од страна на обвинетите, како и околноста што предметните кривични дела директно го кршат Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија (МД-44/03-95).​

The post Три лица обвинети за трговија со дете и силување appeared first on Република.

]]>

По спроведената истражна постапка предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица. Спроред дејствијата опишани во четири точки во Обвинителниот акт првообвинетиот сторил две кривични дела и тоа продолжено кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, второобвинетата сторила продолжено кривично дело Трговија со дете, а третообвинетиот сторил продолжено кривично дело Трговија со дете и кривично дело Силување. Во временски период од четири години, првообвинетиот искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во семејната куќа секојдневно вршел обљуба врз неговата малолетна ќерка. Во текот на месец март 2018 година злоупотребувајќи ја својата положба како татко, на интернет нашол маж од Косово и го продал девојчето заради склучување присилен брак. По два месеци девојчето дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот не ја вратил назад во Косово со оправдување дека било многу далеку и продолжил да врши обљуба врз неа. Во месец декември 2018 година, девојчето заедно со еден од нејзините браќа и второобвинетата – нивната мајка, избегале од семејната куќа и се упатиле во куќата на третоосомничениот. Второобвинетата во тригодишен временски период искорисила ист траен однос и исти прилики и злоупотребувајќи ја својата положба како мајка на девојчето, со сила го подвела да врши полови дејствија за паричен надомест со третообвинетиот. Таа откако го запознала третообвинетиот со својата малолетна ќерка, употребувајќи физичка сила ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш и од по 500,00 денари му овозможила да врши полови дејствија со нејзината ќерка. Третообвинетиот, искористувајќи исти прилики, за паричен надомест во тригодишен временски период во својата куќа користел сексуални услуги од дете кое не наполнило 14 години. Истиот во текот на месец декември 2018 година, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот, извршил и друго полово дејствие врз малолетниот брат на девојчето. За кривичните дела што им се ставаат на товар запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет односно 12 години. Со обвинителниот акт, предметниот обвинител му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор спрема обвинетите, при што како клучен фактор при одлуката за продолжување на мерката притвор ќе треба да ги има предвид начинот и мотивот на извршување на кривичните дела, односно дека истите се сторени со директна умисла од страна на обвинетите, како и околноста што предметните кривични дела директно го кршат Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија (МД-44/03-95).​

The post Три лица обвинети за трговија со дете и силување appeared first on Република.

]]>