тргопродукт Archives - Република https://republika.mk/tema/trgoprodukt/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Apr 2022 07:50:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тргопродукт Archives - Република https://republika.mk/tema/trgoprodukt/ 32 32 Компанија на Заеви доби 1,4 милиони евра неповратен грант https://republika.mk/vesti/ekonomija/kompanija-na-zaevi-dobi-1-4-milioni-evra-nepovraten-grant/ Fri, 29 Apr 2022 07:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=495069

„Тргопродукт“, најпознатата компанија во сопственост на членовите на фамилијата на поранешниот премиер Зоран Заев, доби неповратен грант од 1,4 милиони евра од ИПАРД-програмата преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, пренесува „Фактор“.

Компанијата од струмичко Дабиље, која се занимава со откуп на овошје и зелечук и го поседува брендот „Мама'с“, на 21 април добила исплата од 86.608.249 денари. Оваа сума следува како учество во инвестициски проект и е втора најголема дадена како грант во историјата на земјоделскиот фонд откако се работи со ИПАРД-програми.

Финансиската поддршка за корисникот ДПОЗ Тргопродукт ДООЕЛ изнесува 86.608.249 денари за набавка на опрема за прием, обработка и преработка на земјоделски производи и опрема за полнење, затворање, пастеризација, пакување и етикетирање на производи, односно 75% ЕУ учество во износ од 64.956.187 денари и 25% национално учество во износ од 21.652.062 денари, се вели во објаснувањето на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Годишно агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции реализирани од правни и физички лица, а има и до 90.000 апликанти.

The post Компанија на Заеви доби 1,4 милиони евра неповратен грант appeared first on Република.

]]>

„Тргопродукт“, најпознатата компанија во сопственост на членовите на фамилијата на поранешниот премиер Зоран Заев, доби неповратен грант од 1,4 милиони евра од ИПАРД-програмата преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, пренесува „Фактор“. Компанијата од струмичко Дабиље, која се занимава со откуп на овошје и зелечук и го поседува брендот „Мама'с“, на 21 април добила исплата од 86.608.249 денари. Оваа сума следува како учество во инвестициски проект и е втора најголема дадена како грант во историјата на земјоделскиот фонд откако се работи со ИПАРД-програми.