Тредс Archives - Република https://republika.mk/tema/treds/ За подобро да се разбереме Mon, 31 Jul 2023 08:24:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Тредс Archives - Република https://republika.mk/tema/treds/ 32 32 Корисниците сè повеќе го игнорираат „Тредс“ на Цукерберг https://republika.mk/zivot/tehnologija/korisnitsite-se-poveke-go-ignoriraat-treds-na-tsukerberg/ Mon, 31 Jul 2023 08:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=667157

По првичната возбуда во првите недели од новата социјална мрежа, Threads веќе не привлекува толку големо внимание.

Марк Цукерберг и Мета го лансираа Тредс како главен конкурент на Твитер (Икс) на Маск. На самиот почеток, во текот на првите недели, Тредс стана најбрзо растечката апликација во светот и за само неколку дена привлече повеќе од 100 милиони корисници.

Сепак, по првичната возбуда предизвикана од новитетот на Интернет, корисниците ја преземале апликацијата, гледале што има на неа, креирале профили - а потоа голем број од нив ја напуштиле мрежата и повеќе не се вратиле.

Според Ројтерс, речиси половина од оние корисници кои првично креирале профили на оваа мрежа не се вратиле.

Очигледно Цукерберг го очекувал тоа, што го потврдил и на средбата со акционерите. Сепак, тој смета дека бројот на корисници на Tредс ќе се стабилизира, а во тоа ќе помогнат новите функции кои се подготвуваат за платформата.

Останува да се види колку добро новите функции ќе ги привлечат и задржат корисниците. Во минатото, Мета не можеше да ги задржи корисниците на своите нови проекти, а главен пример за тоа е Метаверс, кој се покажа како проект кој не беше толку популарен и профитабилен како што се очекуваше.

The post Корисниците сè повеќе го игнорираат „Тредс“ на Цукерберг appeared first on Република.

]]>

По првичната возбуда во првите недели од новата социјална мрежа, Threads веќе не привлекува толку големо внимание. Марк Цукерберг и Мета го лансираа Тредс како главен конкурент на Твитер (Икс) на Маск. На самиот почеток, во текот на првите недели, Тредс стана најбрзо растечката апликација во светот и за само неколку дена привлече повеќе од 100 милиони корисници. Сепак, по првичната возбуда предизвикана од новитетот на Интернет, корисниците ја преземале апликацијата, гледале што има на неа, креирале профили - а потоа голем број од нив ја напуштиле мрежата и повеќе не се вратиле. Според Ројтерс, речиси половина од оние корисници кои првично креирале профили на оваа мрежа не се вратиле. Очигледно Цукерберг го очекувал тоа, што го потврдил и на средбата со акционерите. Сепак, тој смета дека бројот на корисници на Tредс ќе се стабилизира, а во тоа ќе помогнат новите функции кои се подготвуваат за платформата. Останува да се види колку добро новите функции ќе ги привлечат и задржат корисниците. Во минатото, Мета не можеше да ги задржи корисниците на своите нови проекти, а главен пример за тоа е Метаверс, кој се покажа како проект кој не беше толку популарен и профитабилен како што се очекуваше.

The post Корисниците сè повеќе го игнорираат „Тредс“ на Цукерберг appeared first on Република.

]]>