требуш Archives - Република https://republika.mk/tema/trebush/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jun 2024 10:09:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png требуш Archives - Република https://republika.mk/tema/trebush/ 32 32 Израел користи средновековно оружје за да го напаѓа Либан https://republika.mk/vesti/svet/izrael-koristi-srednovekovno-oruzhje-za-da-go-napaga-liban/ Sun, 16 Jun 2024 12:02:16 +0000 https://republika.mk/?p=788069

Израелските војници користат средновековно оружје за да фрлаат огнени топки преку границата во Либан, додека прекуграничните судири меѓу Израел и проиранскиот Хезболах се интензивираат.

Требушот, опсадно оружје слично на катапулт, ретко се користи од 16 век, коментира американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен, а израелската армија соопшти дека тоа е локална иницијатива која не прераснала во широка употреба.

Израелскиот јавен сервис Кан известува дека таквото оружје најверојатно ќе се користи за палење грмушки за да им се помогне на израелските сили да ги „идентификуваат екстремистите“ кои се обидуваат да стигнат до границата.

Оваа недела на социјалните мрежи беше објавено видео од „оружјето во акција“. Си-Ен-Ен не можеше да процени кога е снимено, но беше геолокациран на израелско-либанската граница.

https://www.youtube.com/watch?v=P8RTVHJgksY&feature=youtu.be

И додека имаше извештаи за употреба на катапулти од страна на украинските демонстранти за време на протестите во 2014 година и од сириските бунтовници една година претходно, оружјето е остаток од минато воено време.

Си-Ен-Ен известува, повикувајќи се на податоци од енциклопедија Британика, дека последната забележана употреба на требушети била од шпанскиот конквистадор Хернан Кортес против Ацтеките во Мексико во 1521 година.

Требушетите и катапултите почнале да се користат сè помалку од пронаоѓањето на барутот.

The post Израел користи средновековно оружје за да го напаѓа Либан appeared first on Република.

]]>

Израелските војници користат средновековно оружје за да фрлаат огнени топки преку границата во Либан, додека прекуграничните судири меѓу Израел и проиранскиот Хезболах се интензивираат. Требушот, опсадно оружје слично на катапулт, ретко се користи од 16 век, коментира американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен, а израелската армија соопшти дека тоа е локална иницијатива која не прераснала во широка употреба. Израелскиот јавен сервис Кан известува дека таквото оружје најверојатно ќе се користи за палење грмушки за да им се помогне на израелските сили да ги „идентификуваат екстремистите“ кои се обидуваат да стигнат до границата. Оваа недела на социјалните мрежи беше објавено видео од „оружјето во акција“. Си-Ен-Ен не можеше да процени кога е снимено, но беше геолокациран на израелско-либанската граница. https://www.youtube.com/watch?v=P8RTVHJgksY&feature=youtu.be И додека имаше извештаи за употреба на катапулти од страна на украинските демонстранти за време на протестите во 2014 година и од сириските бунтовници една година претходно, оружјето е остаток од минато воено време. Си-Ен-Ен известува, повикувајќи се на податоци од енциклопедија Британика, дека последната забележана употреба на требушети била од шпанскиот конквистадор Хернан Кортес против Ацтеките во Мексико во 1521 година. Требушетите и катапултите почнале да се користат сè помалку од пронаоѓањето на барутот.

The post Израел користи средновековно оружје за да го напаѓа Либан appeared first on Република.

]]>